дебарско Archives - Република https://republika.mk/tema/debarsko/ За подобро да се разбереме Fri, 15 Nov 2024 17:07:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png дебарско Archives - Република https://republika.mk/tema/debarsko/ 32 32 Внимателно да се вози по патиштата во Дебарско поради влажните коловози и чести одрони https://republika.mk/zivot/servisi/vnimatelno-da-se-vozi-po-patishtata-vo-debarsko-poradi-vlazhnite-kolovozi-i-chesti-odroni/ Fri, 15 Nov 2024 17:07:29 +0000 https://republika.mk/?p=838254

Во поширокиот дебарски регион поради дождот, присутен во изминатите два дена има појава на мали, но чести одрони на влажните коловози, поради што се препорачува внимателно возење.

Екипи на дебарската секција на ЈП за одржување магистрални и регионални патишта, се постојано на терен во расчистување на одроните и сообраќајот се одвива без проблеми.

Работиме со постојано дежурство, со комплетни екипи и потребната механизација. Нашите екипи се постојано на терен во расчистување на помалите, но чести одрони камен на коловозите. Поради одроните и влажните коловози апелираме на внимателно возење и строго почитување на сообраќајните правила и прописи, вели за МИА, Деар Лиманоски, раководител на секцијата.

Тој посочува дека во моментов на патните правци кои се под надлежност на секцијата нема снежни врнежи и нагласи дека располагаат со доволна количина абразивен материјал и соодветна механизација.

Во нашиот пункт, лоциран во селото Долно Косоврасти моментно имаме доволно резерва на сол и ризла, што сметаме дека е доволно за одржување на патиштата кои се под наша надлежност. Но, доколку има потреба, ќе набавиме дополнителни количини. Исто така располагаме и со потребната механизација, вели Лиманоски.

Под надлежност на секцијата се патишта во должина од над 110 километри кои минуваат низ поширокиот дебарскиот регион, кој е познат по обилните снежни врнежи и чести лавини и одрони.

Тоа се делниците Дебар - Жировница (патен правец Дебар - Маврово), Дебар - Глобочица (патен правец Дебар - Струга), патот кон граничниот премин „Блато“, кракот Бошков Мост кон селата на Мала Река, како и патот Мелнички Мост - Центар Жупа.

The post Внимателно да се вози по патиштата во Дебарско поради влажните коловози и чести одрони appeared first on Република.

]]>

Во поширокиот дебарски регион поради дождот, присутен во изминатите два дена има појава на мали, но чести одрони на влажните коловози, поради што се препорачува внимателно возење. Екипи на дебарската секција на ЈП за одржување магистрални и регионални патишта, се постојано на терен во расчистување на одроните и сообраќајот се одвива без проблеми.
Работиме со постојано дежурство, со комплетни екипи и потребната механизација. Нашите екипи се постојано на терен во расчистување на помалите, но чести одрони камен на коловозите. Поради одроните и влажните коловози апелираме на внимателно возење и строго почитување на сообраќајните правила и прописи, вели за МИА, Деар Лиманоски, раководител на секцијата.
Тој посочува дека во моментов на патните правци кои се под надлежност на секцијата нема снежни врнежи и нагласи дека располагаат со доволна количина абразивен материјал и соодветна механизација.
Во нашиот пункт, лоциран во селото Долно Косоврасти моментно имаме доволно резерва на сол и ризла, што сметаме дека е доволно за одржување на патиштата кои се под наша надлежност. Но, доколку има потреба, ќе набавиме дополнителни количини. Исто така располагаме и со потребната механизација, вели Лиманоски.
Под надлежност на секцијата се патишта во должина од над 110 километри кои минуваат низ поширокиот дебарскиот регион, кој е познат по обилните снежни врнежи и чести лавини и одрони. Тоа се делниците Дебар - Жировница (патен правец Дебар - Маврово), Дебар - Глобочица (патен правец Дебар - Струга), патот кон граничниот премин „Блато“, кракот Бошков Мост кон селата на Мала Река, како и патот Мелнички Мост - Центар Жупа.

The post Внимателно да се вози по патиштата во Дебарско поради влажните коловози и чести одрони appeared first on Република.

]]>
Невреме со силен ветер, дожд, град и електрични празнења попладнево во Дебарско https://republika.mk/vesti/makedonija/nevreme-so-silen-veter-dozhd-grad-i-elektrichni-praznena-popladnevo-vo-debarsko/ Fri, 19 Jul 2024 14:44:20 +0000 https://republika.mk/?p=798510

Попладнево Дебарско го зафати невреме проследено со силен дожд, ветер, град и електрични празнења.

Улиците беа преполни со вода, има паднати гранки од неколку дрвја, но за среќа штетите кај земјоделските посеви, според надлежните, се незначителни, поради малиот обем на зрната град.

Засега нема пријави на поголеми штети. Не се исклучува да има поплавени подрумски простории но граѓаните вообичаено не пријавуваат, изјави за МИА Фемија Ајроски, раководител на Регионалниот ЦУК- Дебар.

Поради влажни коловози и помали одрони од камен и земја се препорачува внимателно возење и строго почитување на сообраќајната сигнализација по патиштата во поширокиот дебарски регион, порачуваат од секцијата на ЈП за одржување на магистрални и регионални патишта. 

The post Невреме со силен ветер, дожд, град и електрични празнења попладнево во Дебарско appeared first on Република.

]]>

Попладнево Дебарско го зафати невреме проследено со силен дожд, ветер, град и електрични празнења. Улиците беа преполни со вода, има паднати гранки од неколку дрвја, но за среќа штетите кај земјоделските посеви, според надлежните, се незначителни, поради малиот обем на зрната град.