Даут Харадинај Archives - Република https://republika.mk/tema/daut-haradinaj/ За подобро да се разбереме Sat, 23 Nov 2024 15:48:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Даут Харадинај Archives - Република https://republika.mk/tema/daut-haradinaj/ 32 32 Даут Харадинај: Српската воена реторика ја зголемува нашата волја за одбрана на секоја педа на Косово https://republika.mk/vesti/balkan/daut-haradinaj-srpskata-voena-retorika-ja-zgolemuva-nashata-volja-za-odbrana-na-sekoja-peda-na-kosovo/ Sat, 23 Nov 2024 16:34:38 +0000 https://republika.mk/?p=841129

Членот на раководството на опозициската Алијанса за иднината на Косово, Даут Харадинај вели дека „воено-подбуцнувачките ставови во Србија од страна на остатоците на (поранешниот српски претседател, Слободан) Милошевиќ не се ниту повеќе ниту помалку од нечија потреба за политички опстанок во Србија“, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во објава на неговата страница на Фејсбук, Харадинај, кој е поранешен борец на Ослободителната војска на Косово (ОВК), вели дека „Косово и неговите безбедносни сојузници денес се стотици пати посилни и подобро подготвени отколку во 98-99 година“, кога се случи војната против Србија во Косово.

„Воено-подбуцнувачките ставови во Србија од страна на остатоците на Милошевиќ не се ниту повеќе ниту помалку од нечија потреба за политички опстанок во Србија. Косово и неговите безбедносни сојузници денес се стотици пати посилни и подобро подготвени отколку во 98-99 година. Овие реторики на балканскиот губитник само ја зголемуваат нашата волја да бидеме подготвени да ја браниме секоја педа од нашата територија, исто како што направивме против балканскиот касапин“, напиша Харадинај.

Тој нагласува дека фокусот на Косово е зачленувањето во Северноатлантската алијанса.

„Фокусирани сме да станеме дел од НАТО и со тоа засекогаш завршуваат безбедносните дебати за Косово“, порача Даут Харадинај.

The post Даут Харадинај: Српската воена реторика ја зголемува нашата волја за одбрана на секоја педа на Косово appeared first on Република.

]]>

Членот на раководството на опозициската Алијанса за иднината на Косово, Даут Харадинај вели дека „воено-подбуцнувачките ставови во Србија од страна на остатоците на (поранешниот српски претседател, Слободан) Милошевиќ не се ниту повеќе ниту помалку од нечија потреба за политички опстанок во Србија“, јави дописникот на МИА од Приштина. Во објава на неговата страница на Фејсбук, Харадинај, кој е поранешен борец на Ослободителната војска на Косово (ОВК), вели дека „Косово и неговите безбедносни сојузници денес се стотици пати посилни и подобро подготвени отколку во 98-99 година“, кога се случи војната против Србија во Косово.