дарко лешоски Archives - Република https://republika.mk/tema/darko-leshoski/ За подобро да се разбереме Mon, 12 Feb 2024 10:55:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png дарко лешоски Archives - Република https://republika.mk/tema/darko-leshoski/ 32 32 Шарените се свртеа против СДС: Поетот Лешоски со песната „Преживување“ го опиша хаосот со патните исправи https://republika.mk/vesti/makedonija/sharenite-se-svrtea-protiv-sds-poetot-leshoski-so-pesnata-prezhivuvane-go-opisha-haosot-so-patnite-ispravi/ Mon, 12 Feb 2024 10:47:35 +0000 https://republika.mk/?p=743146

Поетот Дарко Лешовски со песната „Преживување“ од македонскиот писателски гениј Блаже Конески на еден сликовит и драматичен начин ја опишува катстрофата со престанокот на важењето на патните исправи со името Република Македонија за граѓаните на нашата држава.

Какви порази сме морале да издржиме, какви срамови, какви поруги. Боже, умот дури ми се свртува! Ни помагало нешто, нè крепело нешто, некаква смешка, некаква површност, – и по сето тоа во нас некаква надеж, некаква желба, некаква скриена смисла безрасудно пак изртува!“ - се вели во песната на Конески.

Дарко Лешоски е македонски поет од новата генерација кој беше еден од најгласните поддржувачи на Шарената револуција и поранешен член во кабинетот на Зоран Заев, креаторот на Преспанскиот договор заради кој се случи ваквиот хаос со парните исправи.

The post Шарените се свртеа против СДС: Поетот Лешоски со песната „Преживување“ го опиша хаосот со патните исправи appeared first on Република.

]]>

Поетот Дарко Лешовски со песната „Преживување“ од македонскиот писателски гениј Блаже Конески на еден сликовит и драматичен начин ја опишува катстрофата со престанокот на важењето на патните исправи со името Република Македонија за граѓаните на нашата држава.
Какви порази сме морале да издржиме, какви срамови, какви поруги. Боже, умот дури ми се свртува! Ни помагало нешто, нè крепело нешто, некаква смешка, некаква површност, – и по сето тоа во нас некаква надеж, некаква желба, некаква скриена смисла безрасудно пак изртува!“ - се вели во песната на Конески.
Дарко Лешоски е македонски поет од новата генерација кој беше еден од најгласните поддржувачи на Шарената револуција и поранешен член во кабинетот на Зоран Заев, креаторот на Преспанскиот договор заради кој се случи ваквиот хаос со парните исправи.

The post Шарените се свртеа против СДС: Поетот Лешоски со песната „Преживување“ го опиша хаосот со патните исправи appeared first on Република.

]]>
Лешоски: Европа кон Бугарија се однесува како мајка која го прикрива синот силеџија https://republika.mk/vesti/makedonija/leshoski-evropa-kon-bugarija-se-odnesuva-kako-majka-koja-go-prikriva-sinot-siledzija/ Wed, 20 Jul 2022 16:36:12 +0000 https://republika.mk/?p=531520

Поетот Дарко Лешоски со послание до Европејците го кометира потпишувањето на погубниот Договор за пријателство со Бугарија, од кој произлегоа сите зла за Македонија.

Испадна дека вие сте Балканци за нас. Испадна дека се караме по дома ние Македонците зошто на некој во Унијата ваша му е мал, pardon my french, а вие сте колку него подеднакво – неурачунливи, пишува Лешоски.

„Послание до Европјаните“

Бев на три метра од потпишувањето на Договорот за пријателство со Република Бугарија. Го слушав шкрипењето од пенкалата по хартијата. Мислев дека е добро. И дека ќе му кажам на Вапцаров со гордост дека бев таму кога ќе дојде време да се видиме очи в очи. Ако сме планирани да се видиме на исти места отаде Вселена. Јас бев, сум и секогаш ќе сум убеден дека нема поголем Европјанин од Македонецот. Тоа ќе е така дури дишам. Никој на светов тоа чувство не може да ми го земе, а камо дека сум Македонец. Зошто знам од кај сум. Чив сум. И глобализацијата на светот од каде тргнала.

Ја знам истата верзија на таа историја, онака како што ја учите на Оксфорд и Сорбона. Мене „црната Атена“ која хара со векови низ Балканот и одмора во крвта на балканските националисти, крвта ми ја препознавала како лажна и без „пост-вистини“ од вашите најлиберални или најнационалистичките европски или балкански квази-политички или уште полошо квази-академски гнезда. Препознавањето на тие „валкани кујни“ мене ми е генетско, а не камо ли кризите на балканските либида. Тоа мене ми е природно. Јас бев убеден дека „бугарското“ и „балканското“ излегло од Бугарија. Jас се смеам на историското потекло на фразата „bugger off!“ ама и на оној вицот: „Што се добива кога ќе се искапе валкан Македонец?“ - Еми мрсна вода и чист Блгарин!

Сум се смеел и ќе се смеам дури сум жив зошто знам дека смеата ослободува, (а не работата, како што мислеле многумина во Европа некогаш, па и во Бугарија да бидеме искрени, па и во Југославија да бидеме уште поискрени и кај нас уште најискрени – фашисти имало секаде, АМА некаде повеќе, а некаде помалку, сегде!) Зошто сум знаел кој сум, а не ми ни паѓало на памет да му кажувам некому друг што е.

Сум се смеел зошто сум знаел и сметал дека Европа е добро. Дека Бугарите или останатите соседи пораснале и се Европјани колку нас. Или било кој од останатите нации на Европа. Испадна дека ние сме Французи за вас - Французите. Данци за вас. Ние работевме и работиме на унапредувањето на сечии права - освен на правото да бидеш Македонец, кој говори Македонски јазик. Испадна дека ние сме Швеѓани, за вас...

Млаки и млитави бирократи кои според Језекиила природно устата ги блуе и исфрла, телото не ја прима таа вистина.

Од каде тие фрустрации кон некој толку мал? Од каде желбата да се посматра насилството немо драга Европо, драги Европјани?

Навистина е импресивно ама испадна дека вие сте Македонци за нас... Со сите најдолни стереотипи кои се врзани за зборот „македонче“ (за мене еден од најодвратните зборови на светот). Црното за вас е како за нас Македонците - „сивкасто“ ако некој е твој.

Црно ако не е твој.

Бело ако е некој баш твој.

Испадна дека вие сте Балканци за нас. Испадна дека се караме по дома ние Македонците зошто на некој во Унијата ваша му е мал, pardon my french, а вие сте колку него подеднакво – неурачунливи.

Вие сте непресметливи драги и почитувани Европјани, Бугари како и да е. Ќе речеш што е тоа непресметлив? Па еве ова е: Вие Европјани или Бугари - исто му доаѓа. Тоа е непресметливост. Ама Грците не се Бугари, ќе речеш, ама ние па не може ич па да сме Бугари што ве толелиравме со транспренти на сред вашиот парламент „Македонија е Бугарија!“ – пошто не сме членки на ЕУ. Не сме во ЕУ, Бугарија е во ЕУ - дакле не сме Бугари. Дакле (што би рекле Бугарите) - не сме Бугари. Ете во кратки црти тоа е таа ваша непресметливост. Еден за сите - сите за нигде. Вие сте непресметливи.

Вие сте драги Европјани, мајка на млад силеџија која го брани со едиповски елан. И тоа беше и е срамно да се гледа. Нажалост, од утре за мене цела Европска Унија сте...Бугари. Бугарска Унија. Вие лечите и лечевте комплекси на нас. Вие се уште не сте ги надраснале памфлетите на Даниел Дефо. Ниту оние на Волтер, ниту на лорд Рочестер, ниту на Орвел...дури ни покојни. Историја како што велите.

Испадна дека ние сме господа. Ама баш господа за сите вас, членки.
Вие сте Бугарија. Итар Пејо. Ние сме Болен Дојчин - за греота. Историја која досадно и наново се повторува. Нека ви служи на чест, Европо… Мене ми беше тешко да ве гледам цел изминат период како се унижувате и поголтнувате, измислувате протоколи и други смешни патокази, ми беше тешко да ја гледам моќната Европа како се унижува да не понижи нас. Станавте помали од нас. Мали. Многу мали. Направивте од нашиот сон за Европа само еден ждриг, подриг од бирократ, прејаден ќебапи со чубрица. Вие станавте песаментеиро мои Европјани.

„Песаментаиро“ (Португалски јазик) и мислам дека е именка. Песаментеиро е непознат човек што се преправа дека е роднина на починатиот за да земе нешто од храната што се раздава за душа.

Вие се преправавте дека не познавате дури ние ја оплакуваме нашата несреќа и ни нудите сочувство. Се преправате се уште.

А имавте шанса да не заштитите. А и да не познавате. Ние веќе триесет години ве молиме да не запознаете. Вие одбравте да сте слаби. Ам баш слаби. Греој. Вашиот кукавичлок е речиси триесет години долг и на еднакво ниво од маж кој заведува жена која нема намера да ја сака. Немоќ скриена зад патријархална ароганција на право на вето и даден збор кој не смее да се погази колку и да е лага.

Ние сме Мадс Микелсен во „Jagten“ кога влегува во црквата со насолзени очи за вас, „чесните“ и „принципиелните“.

Одземање на силата. Вие сте старозаветен Бог што се понижи да го унижи Јова. Вие сте старата дама Историја. Вие сте Стар Завет. Очајно и немо посматрање и финансирање на својата пропаст како погледот од астронаутот од Кјубриковата Одисеја 2001. Најстрашната приказна откако постои Вселената.

Од утре ние сме со Бугарија очи в очи. И ќе се лажеме дека преговараме со Европјани, ќе се лажеме дека преговараме за некакви критериуми од „нормална природа“ – мито, корупција, владеење на право, добро здравство, енергетска ефикасност, а наместо тоа ќе се расправаме за дијалекти, за право на постоење и дистинкција, ќе се лажеме за факти апсолвирани од целата светска славистика, ќе се лажеме сами меѓу нас во Македонија, ќе се лажат сами тие во Бугарија, онака како мазгата што кажува со гордост дека коњот и е вујко, а крие дека магарето и е татко. Нашите народи се уморни од себелажење.

Јас не сум уморен да сум Македонец. Ниту Европјанин. Ама уморен сум кога ќе вриснам: „Мајко овој твој син ме тепа и ме гази“ - ти Европо да молчиш. И затоа мојата сушност се накрева и мене ми е тешко повеќе тебе Европо да те сметам за дом или за мајка. Ама немам избор. Ниту за себелажење немам избор. Од тебе сум. И знам дека ниеден твој народ или син ја нема нашата космичка сила да чувствуваме длабоко како океан и со "македонска понизност" што е сила, иако ни се сметала за слабост секогаш. Сила која ти ја немаш да ти простиме онака како што мајка си ти не можеш да ја бираш. Една Турција која ти долго не ја сакаш, го знае тоа и го научи за нас и таа ќе ми е секогаш повеќе мајка од тебе, макар со поглед да те стопли и да рече:

Не, не дели го детето на пола. Како мајката пред Соломона.“

А велиш, ти си ми мајка. Велиш јас тебе ко Македонец ти припаѓам.

Далеку сте вие од нас драга Европо. Можеби онолку века колку од важноста на Крстета Петков Мисирков или Конески за нас до неважноста на оној несреќник Ванчо Михајлов роден во Македонија, по негова желба син на Бугарија . Koj смее тоа негово право да му го одземе? Никој!
Далеку колку од визијата на Свети Кирила спроти зачмаеноста на папата дека дождот врне за сите и сите имаат право на свој јазик да го узнаат Бога.

Вие сте знаење и сила.

Ние само желба за видело, желба за подобра иднина.

Кога човек ќе го изгуби разумот велат тој станува само душа и го носат во лудница.

Кога ќе ја изгуби душата, а ќе го задржи разумот, чудовиште… фашиста.

Вие сте др. Фаустус од драмата на Дуковски кога вели: „Осеќаш ли како влага знање у тебе?“

Кој е што изгуби овде драги Европјани? Кој е луд?! М.М.Е кој прв почна!

Ние сме сиромашна, еколошки загадена, дигитално слабо писмена и можеби најстрашното - помалку од десет проценти од нас имаат доверба во правосудниот систем, дека црното е црно, а белото бело. Системот на вредности нам ни е многу еродиран. Ни треба нам вистинска помош. Суштинска и несебична. Не лажни сочувства се до повторното експлодирање на следниот балкански силеџија.

Но, ние на сите тие маки, треба уште јазикот кој го зборуваме и имињата на нашите прадедовци одамна згниени во гробовите да ги браниме наново и наново? Да имам јас право да кажам дека не зборувам на нечиј дијалект, ами на мојот јазик? Зарем не беше данскиот јазик литературен јазик на Норвешка цели три века? Ќе ја остави ли без членство во ЕУ, ќе ја уценува ли Данска, Норвешка утре? Смешно нели? Зарем навистина немате попаметна работа од тоа да штитите апсурди и насилства? Како ние да немаме попаметна работа? Како вие да немате попаметна работа... Земјата гори, луѓето умираат, зимата се заканува и намигнува како чума.

Да зборувам на мојот дијалект драги Европјани, на стар вевчански во мојот случај (кој полека ,но природно изумира) како што зборуваше баба ми, или пак „бошкачки“, како што зборуваше дедо ми некогаш со мене за да го знам и да не изгине („дијалект во дијалектот“ би било можеби најлесно да се објасни тој систем) ќе си помисли било која културна или историска комисија дека лаам, дека лаам како од некој јазичен изолат, мои драги Европјани, дека Баскијци сте имале овде, а не пак да треба да се правдам дека мојот јазик е дијалект на нечиј друг.

Ние немаме патишта мои несреќни Европјани, кај нас се вршат клинички експериментти по болници без да знаеме, а вие барате да се откажуваме од било какви историски, јазични или територијални претензии преку било какви договори? Кој е овде луд?!

Вие политичарите европски знаете и мислите дека зборовите се Сила. Сила која светови создава.Ние поетите или писателите знаеме дека тие се само замена и полнета слама, за онаму каде има двојни стандарди и Бог - нема. Темелите ваши. И како тие многу лесно се рушат.
Еве вака... Како сега.

Пред крајот, ние Македонците, а и останатите народи на Балканот знаеме пред сите вас драги Европјани дека „големите“ земји се како блокови во „Тетрис“, големата Македонија ја гледавме така, моќната Византија ја гледавме така, големата Османска империја, големата Бугарија, големата Србија, конечно - Југославија... кога со сила ти сакаш да станеш или останеш цела, а за едни си мајка, за други маќеа - ти исчезнуваш!

Мои драги Европјани, вашиот Кафка (кој во овие моменти на апсурд е повеќе мој отколку ваш, а и по емоционална и душевна интелегенција) има еден пасаж во неговите писма до Милена: „Јас тебе ти припаѓам, го прифатила ти тоа или не некогаш“.

Така и јас тебе. Како Македонец, на Македонија и на Европа (а не на само една твоја членка). Вие мене, јас вам.

Простете ми што не можам да се радувам мои драги Европјани... кога по некое улично куче со години ти фрлаш камења, ако се наведнеш да му дадеш леб тоа инстиктивно ќе се исплаши пак. Ќе избега. Колку и добро да му мислиш. Треба време - за да ти поверува пак.

Само имај на ум драга и учена Европо, колевко на знаењето и културата, дека ние Македонците сме подеднакво блиски и до Грците и Албанците како народи, а не само до Бугарите и дека епитафот од Казанѕакис ни е близок и нам: „Δεν ελπίζω τίποτα. Δε φοβάμαι τίποτα. Είμαι λέφτερος.“

А тој на македонски јазик гласи: „Не се надевам на ништо, не се плашам од ништо. Јас сум слободен.“)

И за крај, ако еден ден не пуштите да влеземе во ЕУ, да работиме заедно и да се дружиме и да се развиваме, разберете ја можноста од некоја банална и ступидна предлог- регулатива (можеби ќе биде само една плус на стотиците други кои ги имате) и опростете ни ја како хир или фрустрација, а таа би била: Нам Македонците да не закопуваат простум кога ќе починеме.

Простум! Само тоа.

За да се одмориме од клечење и молење да бидеме Македонци. Од клечење и молење, пред сите вас.

Барем, мртви. А и за историјата во иднина да биде појасна и полесна за идните генерации. Така барем ќе знаат дека не имало некогаш.

И знам дека ова можеби ви звучи смешно или патетично, ама верувајте нема ништо попатетично од тоа колку вие се понижувавте да ги заштитите нашите соседи и да им угодите. Ни доаѓа тешка зима. Во такви зими дури и ежовите знаат да се стутулат еден до еден доволно блиску да им се греат еден од друг телата, доволно далеку да не си ги истераат очите со своите боцки. Се надевам имате и вие ежови во Европа па сте виделе како јас дете од село. А таму не само што сум видел ежови, ами и ова ме научиле и го знам:

„Сите човечки суштествa се раѓaaт слободни и еднакви по достоинство и правa. Tиe се обдарени со разум и совест и требa да се однесувaaт еден кон друг во дуxот на општо човечкaтa припaдност.“

Бог да го благослови мојот народ и да ги чува твоите народи Европо, да не сетат никогаш ни дел од нашите понижувања!

Со почит,

Дарко Лешоски, Долна Маала, од село Вевчани, општина Вевчани, Република Вевчани во Република Македонија, на неколку километри од границата со Република Албанија. Европа. Планета Земја.

The post Лешоски: Европа кон Бугарија се однесува како мајка која го прикрива синот силеџија appeared first on Република.

]]>

Поетот Дарко Лешоски со послание до Европејците го кометира потпишувањето на погубниот Договор за пријателство со Бугарија, од кој произлегоа сите зла за Македонија.
Испадна дека вие сте Балканци за нас. Испадна дека се караме по дома ние Македонците зошто на некој во Унијата ваша му е мал, pardon my french, а вие сте колку него подеднакво – неурачунливи, пишува Лешоски.
„Послание до Европјаните“ Бев на три метра од потпишувањето на Договорот за пријателство со Република Бугарија. Го слушав шкрипењето од пенкалата по хартијата. Мислев дека е добро. И дека ќе му кажам на Вапцаров со гордост дека бев таму кога ќе дојде време да се видиме очи в очи. Ако сме планирани да се видиме на исти места отаде Вселена. Јас бев, сум и секогаш ќе сум убеден дека нема поголем Европјанин од Македонецот. Тоа ќе е така дури дишам. Никој на светов тоа чувство не може да ми го земе, а камо дека сум Македонец. Зошто знам од кај сум. Чив сум. И глобализацијата на светот од каде тргнала. Ја знам истата верзија на таа историја, онака како што ја учите на Оксфорд и Сорбона. Мене „црната Атена“ која хара со векови низ Балканот и одмора во крвта на балканските националисти, крвта ми ја препознавала како лажна и без „пост-вистини“ од вашите најлиберални или најнационалистичките европски или балкански квази-политички или уште полошо квази-академски гнезда. Препознавањето на тие „валкани кујни“ мене ми е генетско, а не камо ли кризите на балканските либида. Тоа мене ми е природно. Јас бев убеден дека „бугарското“ и „балканското“ излегло од Бугарија. Jас се смеам на историското потекло на фразата „bugger off!“ ама и на оној вицот: „Што се добива кога ќе се искапе валкан Македонец?“ - Еми мрсна вода и чист Блгарин! Сум се смеел и ќе се смеам дури сум жив зошто знам дека смеата ослободува, (а не работата, како што мислеле многумина во Европа некогаш, па и во Бугарија да бидеме искрени, па и во Југославија да бидеме уште поискрени и кај нас уште најискрени – фашисти имало секаде, АМА некаде повеќе, а некаде помалку, сегде!) Зошто сум знаел кој сум, а не ми ни паѓало на памет да му кажувам некому друг што е. Сум се смеел зошто сум знаел и сметал дека Европа е добро. Дека Бугарите или останатите соседи пораснале и се Европјани колку нас. Или било кој од останатите нации на Европа. Испадна дека ние сме Французи за вас - Французите. Данци за вас. Ние работевме и работиме на унапредувањето на сечии права - освен на правото да бидеш Македонец, кој говори Македонски јазик. Испадна дека ние сме Швеѓани, за вас... Млаки и млитави бирократи кои според Језекиила природно устата ги блуе и исфрла, телото не ја прима таа вистина. Од каде тие фрустрации кон некој толку мал? Од каде желбата да се посматра насилството немо драга Европо, драги Европјани? Навистина е импресивно ама испадна дека вие сте Македонци за нас... Со сите најдолни стереотипи кои се врзани за зборот „македонче“ (за мене еден од најодвратните зборови на светот). Црното за вас е како за нас Македонците - „сивкасто“ ако некој е твој. Црно ако не е твој. Бело ако е некој баш твој. Испадна дека вие сте Балканци за нас. Испадна дека се караме по дома ние Македонците зошто на некој во Унијата ваша му е мал, pardon my french, а вие сте колку него подеднакво – неурачунливи. Вие сте непресметливи драги и почитувани Европјани, Бугари како и да е. Ќе речеш што е тоа непресметлив? Па еве ова е: Вие Европјани или Бугари - исто му доаѓа. Тоа е непресметливост. Ама Грците не се Бугари, ќе речеш, ама ние па не може ич па да сме Бугари што ве толелиравме со транспренти на сред вашиот парламент „Македонија е Бугарија!“ – пошто не сме членки на ЕУ. Не сме во ЕУ, Бугарија е во ЕУ - дакле не сме Бугари. Дакле (што би рекле Бугарите) - не сме Бугари. Ете во кратки црти тоа е таа ваша непресметливост. Еден за сите - сите за нигде. Вие сте непресметливи. Вие сте драги Европјани, мајка на млад силеџија која го брани со едиповски елан. И тоа беше и е срамно да се гледа. Нажалост, од утре за мене цела Европска Унија сте...Бугари. Бугарска Унија. Вие лечите и лечевте комплекси на нас. Вие се уште не сте ги надраснале памфлетите на Даниел Дефо. Ниту оние на Волтер, ниту на лорд Рочестер, ниту на Орвел...дури ни покојни. Историја како што велите. Испадна дека ние сме господа. Ама баш господа за сите вас, членки. Вие сте Бугарија. Итар Пејо. Ние сме Болен Дојчин - за греота. Историја која досадно и наново се повторува. Нека ви служи на чест, Европо… Мене ми беше тешко да ве гледам цел изминат период како се унижувате и поголтнувате, измислувате протоколи и други смешни патокази, ми беше тешко да ја гледам моќната Европа како се унижува да не понижи нас. Станавте помали од нас. Мали. Многу мали. Направивте од нашиот сон за Европа само еден ждриг, подриг од бирократ, прејаден ќебапи со чубрица. Вие станавте песаментеиро мои Европјани. „Песаментаиро“ (Португалски јазик) и мислам дека е именка. Песаментеиро е непознат човек што се преправа дека е роднина на починатиот за да земе нешто од храната што се раздава за душа. Вие се преправавте дека не познавате дури ние ја оплакуваме нашата несреќа и ни нудите сочувство. Се преправате се уште. А имавте шанса да не заштитите. А и да не познавате. Ние веќе триесет години ве молиме да не запознаете. Вие одбравте да сте слаби. Ам баш слаби. Греој. Вашиот кукавичлок е речиси триесет години долг и на еднакво ниво од маж кој заведува жена која нема намера да ја сака. Немоќ скриена зад патријархална ароганција на право на вето и даден збор кој не смее да се погази колку и да е лага. Ние сме Мадс Микелсен во „Jagten“ кога влегува во црквата со насолзени очи за вас, „чесните“ и „принципиелните“. Одземање на силата. Вие сте старозаветен Бог што се понижи да го унижи Јова. Вие сте старата дама Историја. Вие сте Стар Завет. Очајно и немо посматрање и финансирање на својата пропаст како погледот од астронаутот од Кјубриковата Одисеја 2001. Најстрашната приказна откако постои Вселената. Од утре ние сме со Бугарија очи в очи. И ќе се лажеме дека преговараме со Европјани, ќе се лажеме дека преговараме за некакви критериуми од „нормална природа“ – мито, корупција, владеење на право, добро здравство, енергетска ефикасност, а наместо тоа ќе се расправаме за дијалекти, за право на постоење и дистинкција, ќе се лажеме за факти апсолвирани од целата светска славистика, ќе се лажеме сами меѓу нас во Македонија, ќе се лажат сами тие во Бугарија, онака како мазгата што кажува со гордост дека коњот и е вујко, а крие дека магарето и е татко. Нашите народи се уморни од себелажење. Јас не сум уморен да сум Македонец. Ниту Европјанин. Ама уморен сум кога ќе вриснам: „Мајко овој твој син ме тепа и ме гази“ - ти Европо да молчиш. И затоа мојата сушност се накрева и мене ми е тешко повеќе тебе Европо да те сметам за дом или за мајка. Ама немам избор. Ниту за себелажење немам избор. Од тебе сум. И знам дека ниеден твој народ или син ја нема нашата космичка сила да чувствуваме длабоко како океан и со "македонска понизност" што е сила, иако ни се сметала за слабост секогаш. Сила која ти ја немаш да ти простиме онака како што мајка си ти не можеш да ја бираш. Една Турција која ти долго не ја сакаш, го знае тоа и го научи за нас и таа ќе ми е секогаш повеќе мајка од тебе, макар со поглед да те стопли и да рече: Не, не дели го детето на пола. Како мајката пред Соломона.“ А велиш, ти си ми мајка. Велиш јас тебе ко Македонец ти припаѓам. Далеку сте вие од нас драга Европо. Можеби онолку века колку од важноста на Крстета Петков Мисирков или Конески за нас до неважноста на оној несреќник Ванчо Михајлов роден во Македонија, по негова желба син на Бугарија . Koj смее тоа негово право да му го одземе? Никој! Далеку колку од визијата на Свети Кирила спроти зачмаеноста на папата дека дождот врне за сите и сите имаат право на свој јазик да го узнаат Бога. Вие сте знаење и сила. Ние само желба за видело, желба за подобра иднина. Кога човек ќе го изгуби разумот велат тој станува само душа и го носат во лудница. Кога ќе ја изгуби душата, а ќе го задржи разумот, чудовиште… фашиста. Вие сте др. Фаустус од драмата на Дуковски кога вели: „Осеќаш ли како влага знање у тебе?“ Кој е што изгуби овде драги Европјани? Кој е луд?! М.М.Е кој прв почна! Ние сме сиромашна, еколошки загадена, дигитално слабо писмена и можеби најстрашното - помалку од десет проценти од нас имаат доверба во правосудниот систем, дека црното е црно, а белото бело. Системот на вредности нам ни е многу еродиран. Ни треба нам вистинска помош. Суштинска и несебична. Не лажни сочувства се до повторното експлодирање на следниот балкански силеџија. Но, ние на сите тие маки, треба уште јазикот кој го зборуваме и имињата на нашите прадедовци одамна згниени во гробовите да ги браниме наново и наново? Да имам јас право да кажам дека не зборувам на нечиј дијалект, ами на мојот јазик? Зарем не беше данскиот јазик литературен јазик на Норвешка цели три века? Ќе ја остави ли без членство во ЕУ, ќе ја уценува ли Данска, Норвешка утре? Смешно нели? Зарем навистина немате попаметна работа од тоа да штитите апсурди и насилства? Како ние да немаме попаметна работа? Како вие да немате попаметна работа... Земјата гори, луѓето умираат, зимата се заканува и намигнува како чума. Да зборувам на мојот дијалект драги Европјани, на стар вевчански во мојот случај (кој полека ,но природно изумира) како што зборуваше баба ми, или пак „бошкачки“, како што зборуваше дедо ми некогаш со мене за да го знам и да не изгине („дијалект во дијалектот“ би било можеби најлесно да се објасни тој систем) ќе си помисли било која културна или историска комисија дека лаам, дека лаам како од некој јазичен изолат, мои драги Европјани, дека Баскијци сте имале овде, а не пак да треба да се правдам дека мојот јазик е дијалект на нечиј друг. Ние немаме патишта мои несреќни Европјани, кај нас се вршат клинички експериментти по болници без да знаеме, а вие барате да се откажуваме од било какви историски, јазични или територијални претензии преку било какви договори? Кој е овде луд?! Вие политичарите европски знаете и мислите дека зборовите се Сила. Сила која светови создава.Ние поетите или писателите знаеме дека тие се само замена и полнета слама, за онаму каде има двојни стандарди и Бог - нема. Темелите ваши. И како тие многу лесно се рушат. Еве вака... Како сега. Пред крајот, ние Македонците, а и останатите народи на Балканот знаеме пред сите вас драги Европјани дека „големите“ земји се како блокови во „Тетрис“, големата Македонија ја гледавме така, моќната Византија ја гледавме така, големата Османска империја, големата Бугарија, големата Србија, конечно - Југославија... кога со сила ти сакаш да станеш или останеш цела, а за едни си мајка, за други маќеа - ти исчезнуваш! Мои драги Европјани, вашиот Кафка (кој во овие моменти на апсурд е повеќе мој отколку ваш, а и по емоционална и душевна интелегенција) има еден пасаж во неговите писма до Милена: „Јас тебе ти припаѓам, го прифатила ти тоа или не некогаш“. Така и јас тебе. Како Македонец, на Македонија и на Европа (а не на само една твоја членка). Вие мене, јас вам. Простете ми што не можам да се радувам мои драги Европјани... кога по некое улично куче со години ти фрлаш камења, ако се наведнеш да му дадеш леб тоа инстиктивно ќе се исплаши пак. Ќе избега. Колку и добро да му мислиш. Треба време - за да ти поверува пак. Само имај на ум драга и учена Европо, колевко на знаењето и културата, дека ние Македонците сме подеднакво блиски и до Грците и Албанците како народи, а не само до Бугарите и дека епитафот од Казанѕакис ни е близок и нам: „Δεν ελπίζω τίποτα. Δε φοβάμαι τίποτα. Είμαι λέφτερος.“ А тој на македонски јазик гласи: „Не се надевам на ништо, не се плашам од ништо. Јас сум слободен.“) И за крај, ако еден ден не пуштите да влеземе во ЕУ, да работиме заедно и да се дружиме и да се развиваме, разберете ја можноста од некоја банална и ступидна предлог- регулатива (можеби ќе биде само една плус на стотиците други кои ги имате) и опростете ни ја како хир или фрустрација, а таа би била: Нам Македонците да не закопуваат простум кога ќе починеме. Простум! Само тоа. За да се одмориме од клечење и молење да бидеме Македонци. Од клечење и молење, пред сите вас. Барем, мртви. А и за историјата во иднина да биде појасна и полесна за идните генерации. Така барем ќе знаат дека не имало некогаш. И знам дека ова можеби ви звучи смешно или патетично, ама верувајте нема ништо попатетично од тоа колку вие се понижувавте да ги заштитите нашите соседи и да им угодите. Ни доаѓа тешка зима. Во такви зими дури и ежовите знаат да се стутулат еден до еден доволно блиску да им се греат еден од друг телата, доволно далеку да не си ги истераат очите со своите боцки. Се надевам имате и вие ежови во Европа па сте виделе како јас дете од село. А таму не само што сум видел ежови, ами и ова ме научиле и го знам: „Сите човечки суштествa се раѓaaт слободни и еднакви по достоинство и правa. Tиe се обдарени со разум и совест и требa да се однесувaaт еден кон друг во дуxот на општо човечкaтa припaдност.“ Бог да го благослови мојот народ и да ги чува твоите народи Европо, да не сетат никогаш ни дел од нашите понижувања! Со почит, Дарко Лешоски, Долна Маала, од село Вевчани, општина Вевчани, Република Вевчани во Република Македонија, на неколку километри од границата со Република Албанија. Европа. Планета Земја.

The post Лешоски: Европа кон Бугарија се однесува како мајка која го прикрива синот силеџија appeared first on Република.

]]>
Лешоски: Ако бугарските барања се и европски, шибајте Бујар! Ние сакавме во Европа, не во Бугарија! https://republika.mk/vesti/makedonija/leshoski-ako-bugarskite-baranja-se-i-evropski-shibajte-bujar-nie-sakavme-vo-evropa-ne-vo-bugarija/ Sat, 02 Jul 2022 16:25:36 +0000 https://republika.mk/?p=522700

И поетот Дарко Лешоски застана против одификуваниот француски предлог, во кој се вградени сите бугарски окупаторски барања. Срамота е, ако на Бугарите им се дозволи да бидат конститутивен народ во Македонија, како Албанците или Власите, вели Лешоски. Обраќајќи му се на министерот за надворешни работи Бујар Османи, Лешоски прашува далу утре ќе го гони ако за некој бугарски поет напише дека е неталентиран.

Драг Бујар, на почетокот да биде појасно, еден мој многу драг и починат тетин велеше има два типа на разговор: од прочитано и од прекажано (рекла-казала, козерија)
Ова моево е од прочитано, го прочитав Предлогот.

Ако се бугарските барања и европски барања шибајте Бујар! Ние вистина е, сакавме во Европа. Во Европа, не во Бугарија. И не е проблем за мене и бугарскиот народ да е конститутивен дел од Уставот, Бујар. Проблем е што ќе се еднакво или поагресивно конститутивен (како што само тие знаат, ако постои таков термин, мада во бугарската дипломатија и криптовалути - сешто постои!), ќе се еднакво конститутивни како твојот албанскиот или влашкиот народ на пример. А знаеме и јас и ти дека тоа не се! Навреда е према Македонците и према останатите народи. Македонците се најширокиот народ на светот, сите соседи тоа го знаат. Со факти и квадрати земјиште.

Срамота е! И за крај и само за пример, утре мене ќе ми дојде преку глава некој поет од Бугарија, ќе кажам или ќе ми се испушти ќе напишам дека е трут или неталентиран - ќе ме гоните прекршочно или кривично, врзани ќе ти се рацете драг Бујар. Тој мене ќе ми рече: " мрсник", ќе мора да молчиш, нема да можеш да не одбраниш ако ти дошло до тоа или ако мислиш дека сум во право- се во име на таа бугарско-европска иднина. Тоа е таа "годишна средба" од предлогот Бујар. Лов на вештерки. Бугарска верзија од Шпанската инвизиција од "Монти Пајтон". И не е проблем што се млатат коприви со туѓ курац Бујар, проблем е што обично тој курац е стално наш. Доста е Бујар, биди Бујар, не биди Бугар! Што велеше еден мој драг Велештанец, "ако не знајш кој си чуни - не секирај се, ќе ти кажет!“.

Со добри намери,
Дарко

П.С: Нема ништо пострашно на светов од млад човек кој е Никој, кого му кажуваат кој е и чив е, а не го прашуваат него. Кој нема што да изгуби.Ниедна војска на светов! Нека влезе во записник, како што ти кажа.

The post Лешоски: Ако бугарските барања се и европски, шибајте Бујар! Ние сакавме во Европа, не во Бугарија! appeared first on Република.

]]>

И поетот Дарко Лешоски застана против одификуваниот француски предлог, во кој се вградени сите бугарски окупаторски барања. Срамота е, ако на Бугарите им се дозволи да бидат конститутивен народ во Македонија, како Албанците или Власите, вели Лешоски. Обраќајќи му се на министерот за надворешни работи Бујар Османи, Лешоски прашува далу утре ќе го гони ако за некој бугарски поет напише дека е неталентиран. Драг Бујар, на почетокот да биде појасно, еден мој многу драг и починат тетин велеше има два типа на разговор: од прочитано и од прекажано (рекла-казала, козерија) Ова моево е од прочитано, го прочитав Предлогот. Ако се бугарските барања и европски барања шибајте Бујар! Ние вистина е, сакавме во Европа. Во Европа, не во Бугарија. И не е проблем за мене и бугарскиот народ да е конститутивен дел од Уставот, Бујар. Проблем е што ќе се еднакво или поагресивно конститутивен (како што само тие знаат, ако постои таков термин, мада во бугарската дипломатија и криптовалути - сешто постои!), ќе се еднакво конститутивни како твојот албанскиот или влашкиот народ на пример. А знаеме и јас и ти дека тоа не се! Навреда е према Македонците и према останатите народи. Македонците се најширокиот народ на светот, сите соседи тоа го знаат. Со факти и квадрати земјиште. Срамота е! И за крај и само за пример, утре мене ќе ми дојде преку глава некој поет од Бугарија, ќе кажам или ќе ми се испушти ќе напишам дека е трут или неталентиран - ќе ме гоните прекршочно или кривично, врзани ќе ти се рацете драг Бујар. Тој мене ќе ми рече: " мрсник", ќе мора да молчиш, нема да можеш да не одбраниш ако ти дошло до тоа или ако мислиш дека сум во право- се во име на таа бугарско-европска иднина. Тоа е таа "годишна средба" од предлогот Бујар. Лов на вештерки. Бугарска верзија од Шпанската инвизиција од "Монти Пајтон". И не е проблем што се млатат коприви со туѓ курац Бујар, проблем е што обично тој курац е стално наш. Доста е Бујар, биди Бујар, не биди Бугар! Што велеше еден мој драг Велештанец, "ако не знајш кој си чуни - не секирај се, ќе ти кажет!“. Со добри намери, Дарко П.С: Нема ништо пострашно на светов од млад човек кој е Никој, кого му кажуваат кој е и чив е, а не го прашуваат него. Кој нема што да изгуби.Ниедна војска на светов! Нека влезе во записник, како што ти кажа.

The post Лешоски: Ако бугарските барања се и европски, шибајте Бујар! Ние сакавме во Европа, не во Бугарија! appeared first on Република.

]]>