Даравелски Archives - Република https://republika.mk/tema/daravelski/ За подобро да се разбереме Tue, 14 Feb 2023 14:19:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Даравелски Archives - Република https://republika.mk/tema/daravelski/ 32 32 На Даравелски повторно ќе му се суди https://republika.mk/vesti/makedonija/na-daravelski-povtorno-ke-mu-se-sudi/ Tue, 14 Feb 2023 14:19:35 +0000 https://republika.mk/?p=608955

Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје, дозволи повторување на кривичната постапка против Драган Даравелски кој беше осуден на седум години затворска казна за кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување. Тој минатиот месец беше уапсен на граничниот премин Табановце при обид за влез во државава одкако по промената на власт во 2002 година пребегна во Србија.

Основното јавно обвинителство поднело жалба против решението на Советот, а денеска е добиена одлука на Вторстепениот суд со која решението на Кривичниот совет се потврдува во целост. Решението во текот на денешниот ден ќе биде доставено до странките и КПУ Идризово, соопшти денеска Основниот Кривичниот суд Скопје.

-По добиено барање од адвокатот на Даравлески за повторување на кривичната постапка, оформи предмет и изврши увид во списите на кривично правниот предмет К.бр. 809/05, предметот за извршување на досудената санкција на Основниот суд Куманово со КУИКП бр. 162/10, предметот на кривичниот совет со КС – КР бр. 1085/15, известувањето од КПУ Идризово и прибави мислење од надлежното ОЈО Скопје. Постапувајќи по барањето и по детална анaлиза на прибавените списи и докумeнтација, Кривичниот совет на 3 февруари 2023 година донесе решение со кое утврди дека барањето е основано и се дозволува повторување на кривичната постапка против обвинетиот, се наведува во соопштението на Судот.

Советот, како што се наведува, го ценел чл.3 ст.2 од Втор додатен протокол на Европската конвенција за екстрадиција како и одредбата од чл.424 ст.1 од ЗКП, според која кривичната постапка во која некое лице е осудено во отсуство, а настапила можност повторно да му се суди во негово присуство ќе се повтори ако осудениот или неговиот бранител поднесе барање за повторување на постапката во рок од една година од денот кога осудениот дознал за пресудата со која е осуден во отсуство.

Од Судот појаснуваат дека кривичната постапка против обвинетиот Драган Даравелски не е запрена, односно со конкретното решение се дозволува повторување на постапката и ќе биде оформен нов предмет кој ќе биде распределен на понатамошно постапување.

Според пресудата, тој го оштетил државниот буџет за 2,5 милиони евра во периодот од 1999 до 2002 година. Министерството за правда повеќе пати побара негова екстрадиција, откако тој пребегна во Србија. Даравелски беше уапсен во Белград во 2016 година по потерница од македонските власти, но тогаш српските власти не го екстрадираа, бидејќи имал српско државјанство.

The post На Даравелски повторно ќе му се суди appeared first on Република.

]]>

Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје, дозволи повторување на кривичната постапка против Драган Даравелски кој беше осуден на седум години затворска казна за кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување. Тој минатиот месец беше уапсен на граничниот премин Табановце при обид за влез во државава одкако по промената на власт во 2002 година пребегна во Србија. Основното јавно обвинителство поднело жалба против решението на Советот, а денеска е добиена одлука на Вторстепениот суд со која решението на Кривичниот совет се потврдува во целост. Решението во текот на денешниот ден ќе биде доставено до странките и КПУ Идризово, соопшти денеска Основниот Кривичниот суд Скопје. -По добиено барање од адвокатот на Даравлески за повторување на кривичната постапка, оформи предмет и изврши увид во списите на кривично правниот предмет К.бр. 809/05, предметот за извршување на досудената санкција на Основниот суд Куманово со КУИКП бр. 162/10, предметот на кривичниот совет со КС – КР бр. 1085/15, известувањето од КПУ Идризово и прибави мислење од надлежното ОЈО Скопје. Постапувајќи по барањето и по детална анaлиза на прибавените списи и докумeнтација, Кривичниот совет на 3 февруари 2023 година донесе решение со кое утврди дека барањето е основано и се дозволува повторување на кривичната постапка против обвинетиот, се наведува во соопштението на Судот. Советот, како што се наведува, го ценел чл.3 ст.2 од Втор додатен протокол на Европската конвенција за екстрадиција како и одредбата од чл.424 ст.1 од ЗКП, според која кривичната постапка во која некое лице е осудено во отсуство, а настапила можност повторно да му се суди во негово присуство ќе се повтори ако осудениот или неговиот бранител поднесе барање за повторување на постапката во рок од една година од денот кога осудениот дознал за пресудата со која е осуден во отсуство. Од Судот појаснуваат дека кривичната постапка против обвинетиот Драган Даравелски не е запрена, односно со конкретното решение се дозволува повторување на постапката и ќе биде оформен нов предмет кој ќе биде распределен на понатамошно постапување. Според пресудата, тој го оштетил државниот буџет за 2,5 милиони евра во периодот од 1999 до 2002 година. Министерството за правда повеќе пати побара негова екстрадиција, откако тој пребегна во Србија. Даравелски беше уапсен во Белград во 2016 година по потерница од македонските власти, но тогаш српските власти не го екстрадираа, бидејќи имал српско државјанство.

The post На Даравелски повторно ќе му се суди appeared first on Република.

]]>
Даравелски треба да одлежи пет години затвор, останува во „Идризово“ до 2028 година https://republika.mk/vesti/makedonija/daravelski-treba-da-odlezhi-pet-godini-zatvor-ostanuva-vo-idrizovo-do-2028-godina/ Wed, 11 Jan 2023 11:34:17 +0000 https://republika.mk/?p=595763

Поранешниот директор на Царинската управа, Драган Даравелски треба да остане пет години во затворот „Идризово“. Според пресметките на судот во Куманово, кој е надлежен за случајот, апсолутна застареност на извршувањето на затворската казна која што му изречена настапува во 2028 година.

Од известувањето кое го добивме од судот во Куманово апсолутна застареност на извршувањето на казната по пресуда на Основниот суд Скопје 1,К.бр.809/05 настапува на 26 .03 2028 година“, потврдуваат од Министерството за правда за Дојче веле.

Оттаму велат дека изминативе години неколкупати била побарана екстрадиција на Даравелски кој се наоѓаше во Белград, но и покрај неколкуте ургенции повратен одговор од Србија немало.

Екстрадиции биле побарани 2004, 2013 година, а за последен пат е барана екстрадиција во јуни 2020 година. „Со оглед на тоа што се барани екстрадиции, затоа и апсолутната застареност е 2028 година“, велат од Министерството за правда.

Даравелски беше осуден на седум години затвор во отсуство во 2007 година за злоупотреба на службената положба и овластувања и се бараше со меѓународна потерница. Според пресудата, тој го оштетил државниот буџет за 2,5 милиони евра во периодот од 1999 до 2002 година.

Со оглед на тоа дека е осуден во отсуство, се споменува можноста да бара повторно судење, што пак наметнува нова опасност од застареност, бидејќи од извршувањето на кривичното дело се поминати 20 години. Во однос на оваа дилема, од Министерството за правда велат дека се надлежни да постапуваат само во постапка за екстрадиција. „Дали ќе му биде повторена постапката или не, тоа е во надлежност на судот. Судот е тој кој констатира застареност“, укажуваат од ресорното министерство.

The post Даравелски треба да одлежи пет години затвор, останува во „Идризово“ до 2028 година appeared first on Република.

]]>

Поранешниот директор на Царинската управа, Драган Даравелски треба да остане пет години во затворот „Идризово“. Според пресметките на судот во Куманово, кој е надлежен за случајот, апсолутна застареност на извршувањето на затворската казна која што му изречена настапува во 2028 година.
Од известувањето кое го добивме од судот во Куманово апсолутна застареност на извршувањето на казната по пресуда на Основниот суд Скопје 1,К.бр.809/05 настапува на 26 .03 2028 година“, потврдуваат од Министерството за правда за Дојче веле.
Оттаму велат дека изминативе години неколкупати била побарана екстрадиција на Даравелски кој се наоѓаше во Белград, но и покрај неколкуте ургенции повратен одговор од Србија немало.
Екстрадиции биле побарани 2004, 2013 година, а за последен пат е барана екстрадиција во јуни 2020 година. „Со оглед на тоа што се барани екстрадиции, затоа и апсолутната застареност е 2028 година“, велат од Министерството за правда.
Даравелски беше осуден на седум години затвор во отсуство во 2007 година за злоупотреба на службената положба и овластувања и се бараше со меѓународна потерница. Според пресудата, тој го оштетил државниот буџет за 2,5 милиони евра во периодот од 1999 до 2002 година. Со оглед на тоа дека е осуден во отсуство, се споменува можноста да бара повторно судење, што пак наметнува нова опасност од застареност, бидејќи од извршувањето на кривичното дело се поминати 20 години. Во однос на оваа дилема, од Министерството за правда велат дека се надлежни да постапуваат само во постапка за екстрадиција. „Дали ќе му биде повторена постапката или не, тоа е во надлежност на судот. Судот е тој кој констатира застареност“, укажуваат од ресорното министерство.

The post Даравелски треба да одлежи пет години затвор, останува во „Идризово“ до 2028 година appeared first on Република.

]]>