данска премиерка Archives - Република https://republika.mk/tema/danska-premierka/ За подобро да се разбереме Thu, 15 Dec 2022 10:50:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png данска премиерка Archives - Република https://republika.mk/tema/danska-premierka/ 32 32 Данската премиерка Фредериксен ја претстави новата влада https://republika.mk/vesti/svet/danskata-premierka-frederiksen-ja-pretstavi-novata-vlada/ Thu, 15 Dec 2022 10:50:15 +0000 https://republika.mk/?p=585893

Данската премиерка Мете Фредериксен денеска го претстави својот кабинет, во кој се вклучени министри од три коалиции и ги надминува поделбите лево-десно, а во неа се и лидерот на Либералната партија, Елеман Јенсен, како министер за одбрана и поранешен премиер Ларс Локе Расмусен како министер за надворешни работи.

За првпат по 44 години е формирана ваква центристичка влада, со што се стави крај на децениската конфронтација меѓу двата блока.

Владата ќе има 23 министерства, од кои социјалдемократите на Фредериксен ќе добијат 11, додека либералите седум, а умерените пет.

Новата владејачка коалиција беше објавена во вторникот вечерта, на крајот од 42-от ден од разговорите по општите избори одржани на 1 ноември.

Трите партии контролираат 89 места во 179-члениот парламент и се поддржани од четворица пратеници кои ги претставуваат полунезависните дански територии Гренланд и Фарските Острови.

Последен пат со Данска владееше центристичка коалиција во 1978 година, кога социјалдемократите ги здружија силите со либералите, а таа коалиција траеше само осум месеци.

The post Данската премиерка Фредериксен ја претстави новата влада appeared first on Република.

]]>

Данската премиерка Мете Фредериксен денеска го претстави својот кабинет, во кој се вклучени министри од три коалиции и ги надминува поделбите лево-десно, а во неа се и лидерот на Либералната партија, Елеман Јенсен, како министер за одбрана и поранешен премиер Ларс Локе Расмусен како министер за надворешни работи. За првпат по 44 години е формирана ваква центристичка влада, со што се стави крај на децениската конфронтација меѓу двата блока. Владата ќе има 23 министерства, од кои социјалдемократите на Фредериксен ќе добијат 11, додека либералите седум, а умерените пет. Новата владејачка коалиција беше објавена во вторникот вечерта, на крајот од 42-от ден од разговорите по општите избори одржани на 1 ноември. Трите партии контролираат 89 места во 179-члениот парламент и се поддржани од четворица пратеници кои ги претставуваат полунезависните дански територии Гренланд и Фарските Острови. Последен пат со Данска владееше центристичка коалиција во 1978 година, кога социјалдемократите ги здружија силите со либералите, а таа коалиција траеше само осум месеци.

The post Данската премиерка Фредериксен ја претстави новата влада appeared first on Република.

]]>