данок за солидарност Archives - Република https://republika.mk/tema/danok-za-solidarnost/ За подобро да се разбереме Thu, 12 Oct 2023 09:27:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png данок за солидарност Archives - Република https://republika.mk/tema/danok-za-solidarnost/ 32 32 Азески: Законот за данок за солидарност го обедини бизнисот https://republika.mk/vesti/ekonomija/azeski-zakonot-za-danok-za-solidarnost-go-obedini-biznisot/ Thu, 12 Oct 2023 09:27:00 +0000 https://republika.mk/?p=690421

Комората продолжува активно да работи на иницијативата за оспорување на Законот за данок за солидарност пред Уставниот суд на Република Македонија. Иницијативата значи обединување на целата бизниc-заедница во однос на овој закон, што е редок позитивен пример и покажува дека Клубот 100 при нашата комора правилно постапил реагирајќи на правните и процедурални пропусти во самиот закон, вели во интервју за порталот Пари, претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески.

„Има и втора придобивка за нас, а тоа е таа дека првпат иницијатори за оспорување на законското решение кое има финансиски последици врз компаниите да се оние бизнис-субјекти врз кои Законот нема финансиско влијание. Значи, компаниите кои не се опфатени со овој закон и кои немаат обврска да го платат овој данок се иницијаторите Законот да се достави до Уставниот суд, а тоа зборува многу за улогата што ја има Комората, пред сѐ, во поврзувањето или во вмрежувањето и во застапувањето на бизнис-заедницата гледана како една целина. Бизнисот е целосно усогласен во однос на забелешките кон Законот за данок за солидарност“, нагласи Азески.

Доставата до Уставниот суд, потенцираше Азески, зависи од потребните процедури и правни механизми. Но, секако, Законот ќе се најде пред Уставниот суд.

„Ова е трет закон оваа година што ќе го оспориме на Уставен суд, што доволно зборува за тоа дека се исцрпени можностите за преговарање и за почитување на нашите аргументи. И ние во тоа не гледаме ништо необично. Ние сакаме да има дијалог, да има различни мислења. Сакам да појаснам дека Законот за данок за солидарност нема никаква врска со оспорување на солидарноста. Има врска со определени процедури и основни принципи на работа што мора да се почитуваат“.

На прашањето дали Комората ќе повика на непослушност, односно компаниите од страна на компаниите Азески нагласи дека Комората поддржува законска и легитимна процедура и дека непослушноста не е опција што ја промовира.

„Главна цел на Комората е да ги заштити интересите на своите членки и да им помогнеме во процесот на законска заштита, а таа го прави тоа. Прашањето околу Законот за данок за солидарност беше предмет на дискусија и на консултации со членките на Комората. Упативме дописи со аргументи образложени на повеќе страни, усогласени и потпишани од највисоките органи и тела на Комората, предводени од Клуб 100, а поддржани и од Управниот одбор, Надзорниот одбор, од Собранието на Комората, Советот на странски инвеститори и од другите бизнис-организации.Нашите очекувања се дека Уставниот суд на Република Македонија ќе биде на висина на својата улога и одлуката ќе ја донесе врз основа на законитоста и на уставните одредби“, вели Азески.

The post Азески: Законот за данок за солидарност го обедини бизнисот appeared first on Република.

]]>

Комората продолжува активно да работи на иницијативата за оспорување на Законот за данок за солидарност пред Уставниот суд на Република Македонија. Иницијативата значи обединување на целата бизниc-заедница во однос на овој закон, што е редок позитивен пример и покажува дека Клубот 100 при нашата комора правилно постапил реагирајќи на правните и процедурални пропусти во самиот закон, вели во интервју за порталот Пари, претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески. „Има и втора придобивка за нас, а тоа е таа дека првпат иницијатори за оспорување на законското решение кое има финансиски последици врз компаниите да се оние бизнис-субјекти врз кои Законот нема финансиско влијание. Значи, компаниите кои не се опфатени со овој закон и кои немаат обврска да го платат овој данок се иницијаторите Законот да се достави до Уставниот суд, а тоа зборува многу за улогата што ја има Комората, пред сѐ, во поврзувањето или во вмрежувањето и во застапувањето на бизнис-заедницата гледана како една целина. Бизнисот е целосно усогласен во однос на забелешките кон Законот за данок за солидарност“, нагласи Азески. Доставата до Уставниот суд, потенцираше Азески, зависи од потребните процедури и правни механизми. Но, секако, Законот ќе се најде пред Уставниот суд. „Ова е трет закон оваа година што ќе го оспориме на Уставен суд, што доволно зборува за тоа дека се исцрпени можностите за преговарање и за почитување на нашите аргументи. И ние во тоа не гледаме ништо необично. Ние сакаме да има дијалог, да има различни мислења. Сакам да појаснам дека Законот за данок за солидарност нема никаква врска со оспорување на солидарноста. Има врска со определени процедури и основни принципи на работа што мора да се почитуваат“. На прашањето дали Комората ќе повика на непослушност, односно компаниите од страна на компаниите Азески нагласи дека Комората поддржува законска и легитимна процедура и дека непослушноста не е опција што ја промовира. „Главна цел на Комората е да ги заштити интересите на своите членки и да им помогнеме во процесот на законска заштита, а таа го прави тоа. Прашањето околу Законот за данок за солидарност беше предмет на дискусија и на консултации со членките на Комората. Упативме дописи со аргументи образложени на повеќе страни, усогласени и потпишани од највисоките органи и тела на Комората, предводени од Клуб 100, а поддржани и од Управниот одбор, Надзорниот одбор, од Собранието на Комората, Советот на странски инвеститори и од другите бизнис-организации.Нашите очекувања се дека Уставниот суд на Република Македонија ќе биде на висина на својата улога и одлуката ќе ја донесе врз основа на законитоста и на уставните одредби“, вели Азески.

The post Азески: Законот за данок за солидарност го обедини бизнисот appeared first on Република.

]]>
Бизнис заедницата бара повлекување и запирање на Предлог-законот за данок на солидарност https://republika.mk/vesti/ekonomija/biznis-zaednitsata-bara-povlekuvane-i-zapirane-na-predlog-zakonot-za-danok-na-solidarnost/ Wed, 05 Jul 2023 09:37:34 +0000 https://republika.mk/?p=658269

Бизнисот бара повлекување и запирање на Предлог-законот за данок на солидарност, соопшти денеска Стопанската комора. Според Клуб 100, како најрепрезентативно тело на раководење во Комората, „јасна е намерата на Владата дека овој закон сака да го протне со европско знаме, а тоа ќе нанесе поголема штета, одошто добро“.

Клуб 100, како најрепрезентативно тело на раководење во Стопанската комора, ја повикува Владата да го повлече Предлог-законот за данок на солидарност и со тоа да покаже сериозен однос кон укажувањето на најголемата и најбројна бизнис асоцијација во државата. Исто така, сакаме да напоменеме дека е јасна намерата на Владата дека овој закон сака да го протне со европско знаме, кој ќе нанесе поголема штета него добро, наведува Комората.

Според Комората, ваков данок, што се носи ад-хок, во втората половина на деловната година, создава несигурност кај постојните и потенцијалните инвеститори.

Стопанската комора уште еднаш ги афирмира своите забелешки во однос на предложениот закон.

Укажуваме на селективен пристап зашто се опфатени само поголемите компании кои остваруваат приход поголем од 615 000 000 денари, се врши оданочување на добивката што ја оствариле компаниите, независно дали е таа резултат на пазарните услови (остварена екстра добивка поради движења на пазарите на енергенси или други причини кои довеле до конјуктурни поместувања на пазарот) или е резултат на нивното работење, односно резултат на зголемени инвестиции, подобрена продуктивност, освојување на нови пазари, дестимулирање на успешните компании кои се инвестициски ориентирани, односно во неповолна положба се доведуваат компании кои инвестирале во претходните години, ефектот што се очекува од примената на законот во смисла на обезбедување дополнителни средства во државниот буџетот, може да изостане за делот на добивката на компаниите кои се корисници на државна помош, од причина што ќе се намали нивниот индивидуален износ на доделена државна помош, и по тој основ нема да се зголемат приходите во буџетот, потенцира Комората.

Воедно потсетува и дека изминатиот период во континуитет укажувала дека носењето вакво законско решение за измината фискална година (конкретно за 2022 година), создава несигурност кај постојните и потенцијалните инвеститори, особено ако се има предвид дека правната сигурност е еден од врвните приоритети за кои се залага како застапувач на интересите на бизнис заедницата во земјата.

The post Бизнис заедницата бара повлекување и запирање на Предлог-законот за данок на солидарност appeared first on Република.

]]>

Бизнисот бара повлекување и запирање на Предлог-законот за данок на солидарност, соопшти денеска Стопанската комора. Според Клуб 100, како најрепрезентативно тело на раководење во Комората, „јасна е намерата на Владата дека овој закон сака да го протне со европско знаме, а тоа ќе нанесе поголема штета, одошто добро“.
Клуб 100, како најрепрезентативно тело на раководење во Стопанската комора, ја повикува Владата да го повлече Предлог-законот за данок на солидарност и со тоа да покаже сериозен однос кон укажувањето на најголемата и најбројна бизнис асоцијација во државата. Исто така, сакаме да напоменеме дека е јасна намерата на Владата дека овој закон сака да го протне со европско знаме, кој ќе нанесе поголема штета него добро, наведува Комората.
Според Комората, ваков данок, што се носи ад-хок, во втората половина на деловната година, создава несигурност кај постојните и потенцијалните инвеститори. Стопанската комора уште еднаш ги афирмира своите забелешки во однос на предложениот закон.