даночно затајување Archives - Република https://republika.mk/tema/danochno-zatajuvanje/ За подобро да се разбереме Fri, 30 Aug 2024 16:55:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png даночно затајување Archives - Република https://republika.mk/tema/danochno-zatajuvanje/ 32 32 МВР: Струмичанка затаила данок од над шест милиони денари https://republika.mk/vesti/crna-hronika/mvr-strumichanka-zataila-danok-od-nad-shest-milioni-denari/ Fri, 30 Aug 2024 16:55:14 +0000 https://republika.mk/?p=811666

За да се стекне со против правна корист, управителка на струмичка фирма го оштетила буџетот на РСМ за вкупен износ од 6,6 милиони денари, поради што ѝ е поднесена кривична пријава, информира Министерството за внатрешни работи (МВР).

„СВР Струмица поднесе кривична пријава против правно лице од Струмица и управителот на правното лице Н.К. (31) од Струмица за кривично дело „даночно затајување“ по чл. 279 ст. 1 од КЗ. На барање од СВР Струмица, УЈП Генерална дирекција Скопје изврши надворешна контрола на финансиското работење на правното лице и од нивна страна доставени се записници за извршена контрола за деловната 2021 и 2022 година, во кои е констатирано дека првопријавеното правно лице како даночен обврзник и второпријавената како управител на правното лице за деловната 2021 година помалку пресметал и платил персонален данок на добивка во износ од 2.975.466 денари“, информира МВР.

Со контролата било утврдено дека во 2022 година помалку е пресметано и платено персонален данок на добивка, во износ од 3.335.998 денари.

„Од горенаведеното констатирано е дека пријавената, како управител на правното лице, со цел да се стекне со против правна корист, го оштетила Буџетот на РСМ за вкупен износ од 6.604.860 денари. Кривичната пријава е доставена до ОЈО Струмица“, се додава во соопштението на МВР.

The post МВР: Струмичанка затаила данок од над шест милиони денари appeared first on Република.

]]>

Битолски газда и вработена со даночно затајување го оштетиле буџетот со 19,5 милиони денари https://republika.mk/vesti/makedonija/bitolski-gazda-i-vrabotena-so-danochno-zatajuvane-go-oshtetile-budhetot-so-19-5-milioni-denari/ Sat, 25 Nov 2023 09:39:20 +0000 https://republika.mk/?p=716100

Основното јавно обвинителство Битола донело наредба за спроведување истражна постапка против две лица, од кои едното е осомничено за продолжено кривично дело – Даночно затајување од член 279 став 2 од Кривичниот законик, додека второто му помогнало при извршување на делото.

Како што соопшти утрово Јавното обвинителство, осомничениот 62-годишен сопственик и управител на правно лице во Битола, со помош на осомничената 41-годишна вработена, избегнал плаќање на данок на добивка и противправно ја намалил обврската за ДДВ на правно лице.

На крајот на 2019, според сметководствената евиденција, најмалку 11 физички лица имале доспеани, а неподмирени обврски кон правното лице. Тие ги исполниле своите обврски со исплата на готовина лично на рака на осомничениот, преку плаќање во готовина или преку компензација со опрема. Иако ги подмириле долговите, нивните обврски спрема правното лице фигурирале во сметководствената евиденција како отворени, односно не биле книжени, со што првоосомничениот за нив не пресметал, не пријавил и не платил данок на добивка по даночна стапка од 10%. Постои основано сомнение дека на овој начин го оштетил Буџетот во вкупен износ од 7.210.321 денари, се наведува во соопштението.

Во текот на 2019 година, додека била отворена претстечајна постапка и постоела забрана за отуѓување на имотот на правното лице, второосомничената, како што велат од Обвинителството, изготвила девет фактури за продажба со вкалкулиран износ на ДДВ, кои првоосомничениот ги потпишал, а со кои префрлал товарни, приклучни возила и работни машини од фирмата во претстечајна постапка кон друго правно лице во негова сопственост. Со фактурите тие извршиле пренос на сопственоста на возилата, а при тоа не извршиле плаќање на фактурите, со што овозможиле неосновано да се зголемат влезните побарувања за ДДВ во новото правно лице и незаконски да се намали неговата обврската за ДДВ во износ од 500.400 денари, оштетувајќи го Буџетот за оваа сума.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола поднел предлог за определување мерка куќен притвор за првоосомничениот, додека за второосомничената се определени мерки на претпазливост.

Кривичната пријава на Управата за финансиска полиција за работата на овие фирми, покрај двајцата осомничени, опфаќа уште три физички лица – адвокат, привремен стечаен управник и нотар, како и едно правно лице. Тие се пријавени за кривични дела во кои кривичниот прогон се презема во скратена постапка – Фалсификување или уништување деловни книги, Намерно предизвикување стечај, Оштетување и повластување доверители, Злоупотреба на службена положба и овластување и Злоупотреба на постапката за стечај. Осомничени се дека сите заедно предизвикале вкупна штета на Буџетот од околу 19,5 милиони денари.

Основното јавно обвинителство Битола против нив презема дејствија во скратена постапка.

The post Битолски газда и вработена со даночно затајување го оштетиле буџетот со 19,5 милиони денари appeared first on Република.

]]>

Основното јавно обвинителство Битола донело наредба за спроведување истражна постапка против две лица, од кои едното е осомничено за продолжено кривично дело – Даночно затајување од член 279 став 2 од Кривичниот законик, додека второто му помогнало при извршување на делото. Како што соопшти утрово Јавното обвинителство, осомничениот 62-годишен сопственик и управител на правно лице во Битола, со помош на осомничената 41-годишна вработена, избегнал плаќање на данок на добивка и противправно ја намалил обврската за ДДВ на правно лице.
На крајот на 2019, според сметководствената евиденција, најмалку 11 физички лица имале доспеани, а неподмирени обврски кон правното лице. Тие ги исполниле своите обврски со исплата на готовина лично на рака на осомничениот, преку плаќање во готовина или преку компензација со опрема. Иако ги подмириле долговите, нивните обврски спрема правното лице фигурирале во сметководствената евиденција како отворени, односно не биле книжени, со што првоосомничениот за нив не пресметал, не пријавил и не платил данок на добивка по даночна стапка од 10%. Постои основано сомнение дека на овој начин го оштетил Буџетот во вкупен износ од 7.210.321 денари, се наведува во соопштението.
Во текот на 2019 година, додека била отворена претстечајна постапка и постоела забрана за отуѓување на имотот на правното лице, второосомничената, како што велат од Обвинителството, изготвила девет фактури за продажба со вкалкулиран износ на ДДВ, кои првоосомничениот ги потпишал, а со кои префрлал товарни, приклучни возила и работни машини од фирмата во претстечајна постапка кон друго правно лице во негова сопственост. Со фактурите тие извршиле пренос на сопственоста на возилата, а при тоа не извршиле плаќање на фактурите, со што овозможиле неосновано да се зголемат влезните побарувања за ДДВ во новото правно лице и незаконски да се намали неговата обврската за ДДВ во износ од 500.400 денари, оштетувајќи го Буџетот за оваа сума. Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола поднел предлог за определување мерка куќен притвор за првоосомничениот, додека за второосомничената се определени мерки на претпазливост. Кривичната пријава на Управата за финансиска полиција за работата на овие фирми, покрај двајцата осомничени, опфаќа уште три физички лица – адвокат, привремен стечаен управник и нотар, како и едно правно лице. Тие се пријавени за кривични дела во кои кривичниот прогон се презема во скратена постапка – Фалсификување или уништување деловни книги, Намерно предизвикување стечај, Оштетување и повластување доверители, Злоупотреба на службена положба и овластување и Злоупотреба на постапката за стечај. Осомничени се дека сите заедно предизвикале вкупна штета на Буџетот од околу 19,5 милиони денари. Основното јавно обвинителство Битола против нив презема дејствија во скратена постапка.

The post Битолски газда и вработена со даночно затајување го оштетиле буџетот со 19,5 милиони денари appeared first on Република.

]]>
Италија заплени околу 780 милиони евра од Ер-би-ен-би поради можно даночно затајување https://republika.mk/vesti/svet/italija-zapleni-okolu-780-milioni-evra-od-er-bi-en-bi-poradi-mozhno-danochno-zatajuvane/ Tue, 07 Nov 2023 13:46:57 +0000 https://republika.mk/?p=699226

Италијански судија нареди заплена на 779,5 милиони евра од европската филијала на Ер-би-ен-би (Airbnb) и тројца поранешни менаџери на компанијата во истрагата за можно даночно затајување, објави Обвинителството во Милано.

Државните обвинители се сомневаат дека Ер-би-ен-би на изнајмувачите не им наплатила данок од 21 отсто за сместување и не им ги вратила сумите на италијанските даночни власти, согласно законот од 2017 година.

Обвинителството посочува дека Ер-би-ен-би не ги намирила даночните обврски од 2017 до 2021 година.

Ер-би-ен-би се обиде да го оспори италијанскиот закон од 2017 година пред Европскиот суд, кој пресуди во корист на италијанската Влада.

Владата на премиерката Џорџа Мелони планира да ја заостри наплатата на даноците за краткорочно изнајмување на недвижности и најавува зголемување на даночната стапка од 21 на 26 отсто за издавачите.

The post Италија заплени околу 780 милиони евра од Ер-би-ен-би поради можно даночно затајување appeared first on Република.

]]>

Италијански судија нареди заплена на 779,5 милиони евра од европската филијала на Ер-би-ен-би (Airbnb) и тројца поранешни менаџери на компанијата во истрагата за можно даночно затајување, објави Обвинителството во Милано. Државните обвинители се сомневаат дека Ер-би-ен-би на изнајмувачите не им наплатила данок од 21 отсто за сместување и не им ги вратила сумите на италијанските даночни власти, согласно законот од 2017 година. Обвинителството посочува дека Ер-би-ен-би не ги намирила даночните обврски од 2017 до 2021 година. Ер-би-ен-би се обиде да го оспори италијанскиот закон од 2017 година пред Европскиот суд, кој пресуди во корист на италијанската Влада. Владата на премиерката Џорџа Мелони планира да ја заостри наплатата на даноците за краткорочно изнајмување на недвижности и најавува зголемување на даночната стапка од 21 на 26 отсто за издавачите.

The post Италија заплени околу 780 милиони евра од Ер-би-ен-би поради можно даночно затајување appeared first on Република.

]]>
„Ханза“ и „Уникон“ паднаа за даночно затајување од над 180 илјади евра https://republika.mk/vesti/crna-hronika/hanza-i-unikon-padnaa-za-danochno-zatajuvane-od-nad-180-iljadi-evra/ Fri, 19 May 2023 12:40:11 +0000 https://republika.mk/?p=642674

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе кривична пријава против две физички лица и две правни лица, поради постоење на основано сомнение дека ги сториле кривичните дела „даночно затајување" по чл.279 и „фалсификување или уништување на деловни книги“ по чл.280 од Кривичниот Законик, со што го оштетиле Буџетот во вкупен износ од 11.175.459 денари (над 180 илјади евра).

Во текот на 2022 година, соопштија денеска од Управата за финансиска полиција, првопријавеното физичко лице во својство на сопственик и управител на третопријавениот правен субјект Друштво за производство, трговија на големо и мало и услуги Ханза ДООЕЛ увоз-извоз Куманово, свесно и со однапред утврдена намера, со цел да се стекне со противправна имотна корист за себе и за правниот субјект, деловниот објект во сопственост на третопријавениот правен субјект, кој го легализарал во текот на 2022, не го евидентирал во сметководствената евиденција и го продал за износ од 25.653.000 денари со вкалкулирано ДДВ, од кој износ, 17.110.000 денари ги затворил со компензација склучена помеѓу третопријавениот правен субјект Ханза ДООЕЛ, четвртопријавениот правен субјект Уником Градинг ДООЕЛ Скопје и друг правен субјект, а износ од 3.377.844 денари привопријавениот ги примил на својата лична сметка со Договор за цесија.

Со ваквите дејствија првопријавеното физичко лице во својство на управител на третопријавениот правен субјект Друштво за производство, трговија на големо и мало и услуги Ханза ДООЕЛ увоз-извоз Куманово ги сторил кривичните дела „Даночно затајување„ по чл.279 ст.2 в.в с.т.1 и „Фалсификување или уништување на деловни книги“ по чл.280 ст.2 в.в. ст.1. од Кривичниот Законик, со што се стекнал со противправна имотна корист за себе и за правниот субјект на начин што не пријавил и не платил Данок на додадена вредност во износ од 3.913.170 денари, Данок на добивка во износ од 2.565.300 денари и Персонален данок на доход во износ од 375.278 денари, односно, не ги подмирил законските даночни обврски во вкупен износ од 6.853.748 денари и го оштетил Буџетот, појаснуваат од Управата за финансиска полиција.

Второпријавеното физичко лице во својство на сопственик и управител на четвртопријавениот правен субјект Друштво за градежништво и услуги Уником Градинг ДООЕЛ Скопје по предходен договор со првопријавеното физичко лице, со цел да се стекнат со противправна имотна корист за себе и за четвртопријавениот правен субјект Друштво за градежништво и услуги Уником Градинг ДООЕЛ Скопје спротивно на законските одредби го извршил кривичнито делo „Даночнo затајување" по чл. 279 ст.2 и ст.3 в.в. ст.1 од Кривичниот законик, на начин што во сметководствената евиденција на четвртопријавениот правен субјект Друштво за градежништво и услуги Уником Градинг ДООЕЛ Скопје не ги евидентирал излезните фактури издадени спрема третопријавениот правен субјект во вкупен износ 17.110.000 денари со вклучен ДДВ, и врз основа на истите само по неколку дена од издавањето ги искористил за да склучи компензација помеѓу третопријавениот правен субјект Ханза ДООЕЛ увоз-извоз Куманово, четвртопријавениот правен субјект Унико Градинг ДООЕЛ Скопје и друг правен субјект и на тој начин ги намирил обврските спрема овие правни субјекти, со што не пријавил и не платил Данок на додадена вредност во износ од 2.610.711 денари и Данок на добивка во износ од 1.711.000 денари, односно, не ги подмирил законските даночни обврски во вкупен износ од 4.321.711 денари и го оштетил Буџетот.

Со ваквите незаконски активности и дејствија, во текот на 2022 година пријавените го оштетиле Буџетот во вкупен износ од 11.175.459 денари, се наведува во соопштението од Управата за финансиска полиција.

The post „Ханза“ и „Уникон“ паднаа за даночно затајување од над 180 илјади евра appeared first on Република.

]]>

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе кривична пријава против две физички лица и две правни лица, поради постоење на основано сомнение дека ги сториле кривичните дела „даночно затајување" по чл.279 и „фалсификување или уништување на деловни книги“ по чл.280 од Кривичниот Законик, со што го оштетиле Буџетот во вкупен износ од 11.175.459 денари (над 180 илјади евра). Во текот на 2022 година, соопштија денеска од Управата за финансиска полиција, првопријавеното физичко лице во својство на сопственик и управител на третопријавениот правен субјект Друштво за производство, трговија на големо и мало и услуги Ханза ДООЕЛ увоз-извоз Куманово, свесно и со однапред утврдена намера, со цел да се стекне со противправна имотна корист за себе и за правниот субјект, деловниот објект во сопственост на третопријавениот правен субјект, кој го легализарал во текот на 2022, не го евидентирал во сметководствената евиденција и го продал за износ од 25.653.000 денари со вкалкулирано ДДВ, од кој износ, 17.110.000 денари ги затворил со компензација склучена помеѓу третопријавениот правен субјект Ханза ДООЕЛ, четвртопријавениот правен субјект Уником Градинг ДООЕЛ Скопје и друг правен субјект, а износ од 3.377.844 денари привопријавениот ги примил на својата лична сметка со Договор за цесија.
Со ваквите дејствија првопријавеното физичко лице во својство на управител на третопријавениот правен субјект Друштво за производство, трговија на големо и мало и услуги Ханза ДООЕЛ увоз-извоз Куманово ги сторил кривичните дела „Даночно затајување„ по чл.279 ст.2 в.в с.т.1 и „Фалсификување или уништување на деловни книги“ по чл.280 ст.2 в.в. ст.1. од Кривичниот Законик, со што се стекнал со противправна имотна корист за себе и за правниот субјект на начин што не пријавил и не платил Данок на додадена вредност во износ од 3.913.170 денари, Данок на добивка во износ од 2.565.300 денари и Персонален данок на доход во износ од 375.278 денари, односно, не ги подмирил законските даночни обврски во вкупен износ од 6.853.748 денари и го оштетил Буџетот, појаснуваат од Управата за финансиска полиција.
Второпријавеното физичко лице во својство на сопственик и управител на четвртопријавениот правен субјект Друштво за градежништво и услуги Уником Градинг ДООЕЛ Скопје по предходен договор со првопријавеното физичко лице, со цел да се стекнат со противправна имотна корист за себе и за четвртопријавениот правен субјект Друштво за градежништво и услуги Уником Градинг ДООЕЛ Скопје спротивно на законските одредби го извршил кривичнито делo „Даночнo затајување" по чл. 279 ст.2 и ст.3 в.в. ст.1 од Кривичниот законик, на начин што во сметководствената евиденција на четвртопријавениот правен субјект Друштво за градежништво и услуги Уником Градинг ДООЕЛ Скопје не ги евидентирал излезните фактури издадени спрема третопријавениот правен субјект во вкупен износ 17.110.000 денари со вклучен ДДВ, и врз основа на истите само по неколку дена од издавањето ги искористил за да склучи компензација помеѓу третопријавениот правен субјект Ханза ДООЕЛ увоз-извоз Куманово, четвртопријавениот правен субјект Унико Градинг ДООЕЛ Скопје и друг правен субјект и на тој начин ги намирил обврските спрема овие правни субјекти, со што не пријавил и не платил Данок на додадена вредност во износ од 2.610.711 денари и Данок на добивка во износ од 1.711.000 денари, односно, не ги подмирил законските даночни обврски во вкупен износ од 4.321.711 денари и го оштетил Буџетот. Со ваквите незаконски активности и дејствија, во текот на 2022 година пријавените го оштетиле Буџетот во вкупен износ од 11.175.459 денари, се наведува во соопштението од Управата за финансиска полиција.

The post „Ханза“ и „Уникон“ паднаа за даночно затајување од над 180 илјади евра appeared first on Република.

]]>
Арачиновец пријавен за даночно затајување https://republika.mk/vesti/crna-hronika/arachinovets-prijaven-za-danochno-zatajuvane/ Thu, 20 Apr 2023 12:21:24 +0000 https://republika.mk/?p=632488

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против И.И.(63) од село Арачиново, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување“.

Пријавениот, во текот на 2020 година преку сопствената банкарска трансакциска сметка во вкупно 18 наврати реализирал прилив на парични средства во вкупен износ од 4.837.240 денари, за кои до Управата за јавни приходи не пријавил и не платил данок на личен доход во износ од 10% или 483.724 денари и за тој износ го оштетил Буџетот, се наведува во соопштението од МВР.

The post Арачиновец пријавен за даночно затајување appeared first on Република.

Скопјанец затаил 157.983 денари данок, не пројавил брз трансфер на пари во повеќе наврати https://republika.mk/vesti/crna-hronika/skopjanec-zatail-157-983-denari-danok-ne-projavil-brz-transfer-na-pari-vo-povekje-navrati/ Sun, 04 Sep 2022 08:02:38 +0000 https://republika.mk/?p=547263

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.Б.(45) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување”.

Пријавениот, како физичко лице – даночен обврзник, во текот на 2021 година преку брз трансфер на пари во повеќе наврати примил парични средства во девизи во вкупен износ во денарска противредност од 1.579.834 денари.

Меѓутоа, реализираните приходи тој не ги пријавил и не поднел задолжителна годишна даночна пријава до Управата за јавни приходи со што избегнал плаќање на данок на личен доход во вкупен износ од 157.983 денари согласно Законот за персонален данок на доход и одредбите од Законот за даночна постапка, со што го оштетил буџетот на Република Македонија за истиот износ.

The post Скопјанец затаил 157.983 денари данок, не пројавил брз трансфер на пари во повеќе наврати appeared first on Република.

]]>

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.Б.(45) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување”. Пријавениот, како физичко лице – даночен обврзник, во текот на 2021 година преку брз трансфер на пари во повеќе наврати примил парични средства во девизи во вкупен износ во денарска противредност од 1.579.834 денари. Меѓутоа, реализираните приходи тој не ги пријавил и не поднел задолжителна годишна даночна пријава до Управата за јавни приходи со што избегнал плаќање на данок на личен доход во вкупен износ од 157.983 денари согласно Законот за персонален данок на доход и одредбите од Законот за даночна постапка, со што го оштетил буџетот на Република Македонија за истиот износ.

The post Скопјанец затаил 157.983 денари данок, не пројавил брз трансфер на пари во повеќе наврати appeared first on Република.

]]>
Скопјанец кој се барал за затајување на данок уапсен на Табановце https://republika.mk/vesti/crna-hronika/skopjanec-koj-se-baral-za-zatajuvanje-na-danok-uapsen-na-tabanovce/ Mon, 15 Aug 2022 08:34:40 +0000 https://republika.mk/?p=540430

На граничен премин Табановце, полициски службеници изутринава го привеле Ф.Ј.(43) од Скопје, кој се барал за издржување мерка притвор поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување“ по чл.279 ст.2 од Кривичниот законик, соопшти МВР.

Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка по што ќе биде спроведен во казнено-поправна установа за издржување на притворот.

The post Скопјанец кој се барал за затајување на данок уапсен на Табановце appeared first on Република.

]]>

На граничен премин Табановце, полициски службеници изутринава го привеле Ф.Ј.(43) од Скопје, кој се барал за издржување мерка притвор поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување“ по чл.279 ст.2 од Кривичниот законик, соопшти МВР. Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка по што ќе биде спроведен во казнено-поправна установа за издржување на притворот.

The post Скопјанец кој се барал за затајување на данок уапсен на Табановце appeared first on Република.

]]>