даночна пријава Archives - Република https://republika.mk/tema/danochna-prijava/ За подобро да се разбереме Fri, 26 Jul 2024 12:10:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png даночна пријава Archives - Република https://republika.mk/tema/danochna-prijava/ 32 32 Даночна пријава за ДДВ навреме до УЈП поднеле 95 проценти од даночните обврзници https://republika.mk/vesti/ekonomija/danochna-prijava-za-ddv-navreme-do-ujp-podnele-95-protsenti-od-danochnite-obvrznitsi/ Fri, 26 Jul 2024 12:10:56 +0000 https://republika.mk/?p=800531

Даночна пријава за Данок на додадена вредност (ДДВ) навреме поднеле 95 проценти од даночните обврзници, додека 5,1 проценти, односно 1983 даночни обврзници, не поднеле ДДВ-04 до истекот на рокот, вчера во 23.59 часот.

Управата за јавни приходи (УЈП) апелира сите што задоцниле да ја исполнат обврската, да ја поднесат даночната пријава.

Соопшти дека за 9 проценти има повеќе навремено поднесените даночни пријави во овој, втор квартал од годината, во однос на претходниот квартал.

Управата за јавни приходи со повеќе потсетувања за навремено поднесување на даночните пријави овозможи во екот на летните одмори поднесувањето на образецот ДДВ-04 да се одвива без продолжување на рокот и без застој, на задоволство на двете страни - и на УЈП, и на даночните обврзници. Преку постојана комуникација со сметководителите со потсетување и известување да не се чека последниот ден за поднесување на даночните пријави, придонесовме оваа мисија заеднички да ја реализираме, наведува УЈП.

Во соопштението додава дека ќе продолжи со ваквата комуникација со даночните обврзници и сметководителите „за навремено и точно поднесување на сите видови даночни пријави“.

The post Даночна пријава за ДДВ навреме до УЈП поднеле 95 проценти од даночните обврзници appeared first on Република.

]]>

Даночна пријава за Данок на додадена вредност (ДДВ) навреме поднеле 95 проценти од даночните обврзници, додека 5,1 проценти, односно 1983 даночни обврзници, не поднеле ДДВ-04 до истекот на рокот, вчера во 23.59 часот. Управата за јавни приходи (УЈП) апелира сите што задоцниле да ја исполнат обврската, да ја поднесат даночната пријава. Соопшти дека за 9 проценти има повеќе навремено поднесените даночни пријави во овој, втор квартал од годината, во однос на претходниот квартал. Управата за јавни приходи со повеќе потсетувања за навремено поднесување на даночните пријави овозможи во екот на летните одмори поднесувањето на образецот ДДВ-04 да се одвива без продолжување на рокот и без застој, на задоволство на двете страни - и на УЈП, и на даночните обврзници. Преку постојана комуникација со сметководителите со потсетување и известување да не се чека последниот ден за поднесување на даночните пријави, придонесовме оваа мисија заеднички да ја реализираме, наведува УЈП. Во соопштението додава дека ќе продолжи со ваквата комуникација со даночните обврзници и сметководителите „за навремено и точно поднесување на сите видови даночни пријави“.

The post Даночна пријава за ДДВ навреме до УЈП поднеле 95 проценти од даночните обврзници appeared first on Република.

]]>
Бајден ја објави даночната пријава https://republika.mk/vesti/svet/bajden-ja-objavi-danochnata-prijava/ Tue, 16 Apr 2024 07:50:19 +0000 https://republika.mk/?p=766549

Американскиот претседател Џо Бајден денеска ја објави својата даночна пријава - традиција која беше прекината во времето на неговиот претходник Доналд Трамп.

Практиката не е задолжителна, но нејзината цел е да ја зајакне довербата на граѓаните во политичките лидери. Даночните пријави ги објавуваат и кандидатите кои учествуваат на локалните и националните избори.

Според нивните даночни пријави, Џо и Џил Бајден заработиле 619.976 долари во 2023 година, од кои повеќето потекнуваат од годишната плата на претседателот од 400.000 долари и годишната плата од 85.985 долари на неговата сопруга Џил Бајден, која работи како учителка во државата Вирџинија.

Бајденови минатата година заработија повеќе пари отколку во 2022 година (580.000 долари) и во 2021 година (610.000 долари).

„Претседателот Бајден верува дека сите претседатели треба да бидат отворени и искрени со американскиот народ“, се вели во соопштението на Белата куќа.

Поранешниот претседател Доналд Трамп не ги објави своите даночни пријави во периодот на неговата администрација од 2017 до 2021 година.

The post Бајден ја објави даночната пријава appeared first on Република.

]]>

Американскиот претседател Џо Бајден денеска ја објави својата даночна пријава - традиција која беше прекината во времето на неговиот претходник Доналд Трамп. Практиката не е задолжителна, но нејзината цел е да ја зајакне довербата на граѓаните во политичките лидери. Даночните пријави ги објавуваат и кандидатите кои учествуваат на локалните и националните избори. Според нивните даночни пријави, Џо и Џил Бајден заработиле 619.976 долари во 2023 година, од кои повеќето потекнуваат од годишната плата на претседателот од 400.000 долари и годишната плата од 85.985 долари на неговата сопруга Џил Бајден, која работи како учителка во државата Вирџинија. Бајденови минатата година заработија повеќе пари отколку во 2022 година (580.000 долари) и во 2021 година (610.000 долари). „Претседателот Бајден верува дека сите претседатели треба да бидат отворени и искрени со американскиот народ“, се вели во соопштението на Белата куќа. Поранешниот претседател Доналд Трамп не ги објави своите даночни пријави во периодот на неговата администрација од 2017 до 2021 година.

The post Бајден ја објави даночната пријава appeared first on Република.

]]>