Даниела Николова Archives - Република https://republika.mk/tema/daniela-nikolova/ За подобро да се разбереме Wed, 23 Aug 2023 10:44:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Даниела Николова Archives - Република https://republika.mk/tema/daniela-nikolova/ 32 32 СДСМ: Ако нема уставни измени ќе има 10 милијарди помалку од фондовите на ЕУ https://republika.mk/vesti/makedonija/sdsm-ako-nema-ustavni-izmeni-ke-ima-10-milijardi-pomalku-od-fondovite-na-eu/ Wed, 23 Aug 2023 10:44:37 +0000 https://republika.mk/?p=674923

Со блокадата на уставните измени, ДПМНЕ и Мицкоски не само што ја оддалечуваат државата од европскиот пат, туку негативно влијаат и врз економскиот развој,вели Даниела Николова, пратеничка на СДСМ

ЕУ е нашиот главени трговски партнер, со 77,5% од извозот на земјата и 51% од нејзиниот увоз.Дополнително, ЕУ е наш најголем финансиски поддржувач, донатор и кредитор во сите области, таа ни помага во европеизирањето на македонскиот бизнис модел.Блокадата од страна на ДПМНЕ може да ја чини нашата земја 10 милијарди евра помалку фондови од ЕУ-вели Николова.

Само во досегашниот евроинтегративен процес на земјата, преку ИПА, грантови за енергетската криза, макроекономска помош, поддршка за малите и средните компании, помошта за ублажување на економските последици од пандемијата, образовните и други програми во државата се слеаја над 1,2 милијарди евра од европските фондови.

Во иднина, преку забрзување на евроинтеграциите и полноправното членство, програмите и фондовите на ЕУ можат да бидат 11 пати повисоки од оние што досега ги имаме.

Но, блокадите на ДПМНЕ и Мицкоски можат да доведат до загуба на овие значајни финансиски прилики за државата, бизнисот и граѓаните.

Мицкоски и ДПМНЕ исто така, ја ускратуваат шансата за голем скок на платите и раст животниот стандард на граѓаните, со оглед на фактот што, во првите пет години по зачленувањето во ЕУ, растот на платите во земјите членки на ЕУ се движеше од над 50 отсто, па се до 100 отсто.

Првите пет години по членството, кај државите од ЕУ, стапките на раст на БДП се зголемиле од 80 до 90 отсто, но во случај на прекин на интеграциските процеси, тие стапки за нашата држава може да останат недостижни, исто како и пристапот на македонските компании на европскиот пазар со 500 милиони.

Придобивките од членството во ЕУ се огромни, сега имаме единствена можност, отворена врата за европскиот пат и оваа шанса треба да се искористи, затоа што 80 отсто од граѓаните јасно се определени за членство во ЕУ.

Почитувани,

Како што обезбедивме членство во НАТО, како што обезбедивме почеток на преговори со ЕУ, така заедно со европскиот блок ќе обезбедиме и полноправно членство во ЕУ.

Имаме одговорност и обврска пред граѓаните и државата да ја обезбедиме европската иднина.

The post СДСМ: Ако нема уставни измени ќе има 10 милијарди помалку од фондовите на ЕУ appeared first on Република.

]]>

  Со блокадата на уставните измени, ДПМНЕ и Мицкоски не само што ја оддалечуваат државата од европскиот пат, туку негативно влијаат и врз економскиот развој,вели Даниела Николова, пратеничка на СДСМ
ЕУ е нашиот главени трговски партнер, со 77,5% од извозот на земјата и 51% од нејзиниот увоз.Дополнително, ЕУ е наш најголем финансиски поддржувач, донатор и кредитор во сите области, таа ни помага во европеизирањето на македонскиот бизнис модел.Блокадата од страна на ДПМНЕ може да ја чини нашата земја 10 милијарди евра помалку фондови од ЕУ-вели Николова.  
Само во досегашниот евроинтегративен процес на земјата, преку ИПА, грантови за енергетската криза, макроекономска помош, поддршка за малите и средните компании, помошта за ублажување на економските последици од пандемијата, образовните и други програми во државата се слеаја над 1,2 милијарди евра од европските фондови. Во иднина, преку забрзување на евроинтеграциите и полноправното членство, програмите и фондовите на ЕУ можат да бидат 11 пати повисоки од оние што досега ги имаме. Но, блокадите на ДПМНЕ и Мицкоски можат да доведат до загуба на овие значајни финансиски прилики за државата, бизнисот и граѓаните.
Мицкоски и ДПМНЕ исто така, ја ускратуваат шансата за голем скок на платите и раст животниот стандард на граѓаните, со оглед на фактот што, во првите пет години по зачленувањето во ЕУ, растот на платите во земјите членки на ЕУ се движеше од над 50 отсто, па се до 100 отсто.
Првите пет години по членството, кај државите од ЕУ, стапките на раст на БДП се зголемиле од 80 до 90 отсто, но во случај на прекин на интеграциските процеси, тие стапки за нашата држава може да останат недостижни, исто како и пристапот на македонските компании на европскиот пазар со 500 милиони. Придобивките од членството во ЕУ се огромни, сега имаме единствена можност, отворена врата за европскиот пат и оваа шанса треба да се искористи, затоа што 80 отсто од граѓаните јасно се определени за членство во ЕУ. Почитувани, Како што обезбедивме членство во НАТО, како што обезбедивме почеток на преговори со ЕУ, така заедно со европскиот блок ќе обезбедиме и полноправно членство во ЕУ. Имаме одговорност и обврска пред граѓаните и државата да ја обезбедиме европската иднина.

The post СДСМ: Ако нема уставни измени ќе има 10 милијарди помалку од фондовите на ЕУ appeared first on Република.

]]>
Николова: Ширите лаги за бугаризација и асимилација https://republika.mk/vesti/makedonija/nikolova-shirite-lagi-za-bugarizacija-i-asimilacija/ Fri, 15 Jul 2022 10:44:42 +0000 https://republika.mk/?p=529270

Пратеничката на СДСМ Даниела Николова денеска од собраниската говорница ѝ порача да опозицијата дека нивното викање и закани се за народот да не ја чуе вистината, за да ги скрие своите лаги и манипулации.

Вие сте очајни во постапките, кои покажуваат дека единствено ви е важна власта, зборувате за идентитет, за македонски јазик, а не прифаќате решенија, кои го гарантираат тоа, извадивте куп бугарски пасоши, на маиците ви е Гоце Делчев, ама во душата го носите Тодор Александров, зборувате за важноста на македонски јазик, а сакавте да ја затворите Катедрата за македонски јазик на УКИМ, на Фејсбук пишувате статуси „ајмо звиждаљке“, нели на чист македонски јазик, истакна Николова.

Пратеничката Николова додаде дека ВМРО-ДПМНЕ е една антиевропска коалиција, која сака да дојде на власт само затоа што е исплашена од пресудите за својот криминал и не можат да се помират дека двете стратешки одредници на нашата држава – НАТО и ЕУ се реализираат токму во време на СДСМ, па затоа шири лаги за бугаризација и асимилација, како што ширеше лаги за кантонизација, федерализација, бегалски кампови и казни за неучење албански јазик.

Има ли поголемо зло од тоа на своите граѓани да им ја одземете европската иднина, да ги приморате да вадат туѓи пасоши да заминат во ЕУ, зборувате за иселување младите, а сте против тоа да им отворите европска перспектива, нема да ви успее и овој пат, порача пратеничката на СДСМ Даниела Николова.

The post Николова: Ширите лаги за бугаризација и асимилација appeared first on Република.

Николова: СДСМ успешно менаџира со кризата https://republika.mk/vesti/makedonija/nikolova-sdsm-uspeshno-menadzira-so-krizata/ Mon, 16 May 2022 10:55:14 +0000 https://republika.mk/?p=502860

СДСМ преку парламентарното мнозинство и Владата што ги предводи, успешно се справува со последиците од глобалната економска криза, рече на денешната прес-конференција Даниела Николова, пратеничка на СДСМ.

Се реализира пакет од 26 антикризни мерки за помош и поддршка на граѓаните и економијата, а преку одговорни политики, ќе се заштедат дополнителни сто милиони евра кои во иднина би се искористиле за нови антикризни мерки. И додека СДСМ се бори против последиците од кризата, ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се обидуваат по секоја цена да ја закочат работата на институциите. Помина една недела од најавените нови засилени блокади на ВМРО-ДПМНЕ, но тие не успеаја. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ по налог на Мицкоски го одолговлекуваа усвојувањето на дневниот ред, правеа хаос на седниците и на крај ВМРО-ДПМНЕ не доби ништо, но затоа нанесе штета врз граѓаните. Над 17.000 тутунари се уште се без субвенции затоа што од страна на ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата закочена е работата на Комисијата за земјоделство, иако во Буџетот има обезбедено средства за исплата на субвенциите. Ваквото однесување на ВМРО-ДПМНЕ не е ништо ново. Тоа го гледавме и во време на пандемијата со коронависрусот, и кога се зголемуваа платите и пензиите, но и кога државата стануваше полноправна членка на НАТО Алијансата. И тогаш како и сега Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ беа на спротивната страна од интересите на граѓаните и државата и се обидуваа да го закочат напредокот. Откако им пропадна првичниот обид за блокада на Собранието, денес ВМРО-ДПМНЕ најавува нови блокади и деструкции, со цел по секоја цена да направат штета врз државата и да ги задоволат личните желби на Мицкоски. Но во белиот дворец треба да знаат дека и овие нови деструктивни идеи за блокада ќе бидат поразени, СДСМ нема да дозволи граѓаните да бидат жртви на себичните интереси на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски. Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ повторно ќе ги порази нови деструктивни постапки на ВМРО-ДПМНЕ и нема да дозволи нови штети врз граѓаните, економијата и државата. Во време на криза, кога сите капацитети треба да бидат ангажирани во справување со последиците, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да покажат барем малку одговорност и да се откажат од блокадите и деструкциите. Мицкоски да собере храброст да се откаже од подаништвото кон Груевски, криминалецот во бегство кој и повеќе од очигледно дека целосно ја контролира партијата. ВМРО-ДПМНЕ останува нереформирана партија, заробена партија во криминал и режимска матрица чие дејствување е на штета на граѓаните и државата, вели таа.

The post Николова: СДСМ успешно менаџира со кризата appeared first on Република.

Владата спречи нов ценовен шок врз граѓаните, вели пратеничката Николова од СДСМ https://republika.mk/vesti/ekonomija/vladata-sprechi-nov-cenoven-shok-vrz-gragjanite-veli-pratenichkata-nikolova-od-sdsm/ Tue, 15 Mar 2022 11:05:55 +0000 https://republika.mk/?p=473086

Владата предводена од СДСМ со навремени и ефикасни мерки го штити стандардот на граѓаните од ценовни шокови во време на светска економска и енергетска криза, рече на денешната прес-конференција пратеничката од СДСМ Даниела Николова, додавајќи дека пакетот од 26 антикризни мерки вреден 400 милиони евра обезбедува повеќе пари кај граѓаните, пониски трошоци и помош за домашните компании.

Со намалување на маржите во комбинација со мерката на нула отсто ДДВ за основните прехранбени производи, цените на основните прехранбени производи како лебот, млекото, брашното, маслото, јајцата, шеќерот, месото и оризот остануваат стабилни.
Со усвоените измени и дополнувања на законите на ДДВ и за акцизата во Собранието намалени се цените на нафтените деривати и горивата за транспорт.
Благодарение на овие антикризни мерки, цената на горивата кај нас се намалува, додека насекаде во регионот таа расте. Бензинот БС-95 сега е намален за 6,5 денари, а дизелот за 9 денари.
Преку одговорен пристап го штитиме стандардот на сите категории граѓани. Околу 330.000 пензионери за месеците април, мај и јуни ќе добијат дополнителни ваучери од по 1.000 денари месечно, а исти вакви ваучери ќе добијат и околу 36.000 домаќинства, приматели на гарантирана минимална помош, рече таа.

https://youtu.be/tahNBB4nao8

The post Владата спречи нов ценовен шок врз граѓаните, вели пратеничката Николова од СДСМ appeared first on Република.

]]>

Владата предводена од СДСМ со навремени и ефикасни мерки го штити стандардот на граѓаните од ценовни шокови во време на светска економска и енергетска криза, рече на денешната прес-конференција пратеничката од СДСМ Даниела Николова, додавајќи дека пакетот од 26 антикризни мерки вреден 400 милиони евра обезбедува повеќе пари кај граѓаните, пониски трошоци и помош за домашните компании.
Со намалување на маржите во комбинација со мерката на нула отсто ДДВ за основните прехранбени производи, цените на основните прехранбени производи како лебот, млекото, брашното, маслото, јајцата, шеќерот, месото и оризот остануваат стабилни. Со усвоените измени и дополнувања на законите на ДДВ и за акцизата во Собранието намалени се цените на нафтените деривати и горивата за транспорт. Благодарение на овие антикризни мерки, цената на горивата кај нас се намалува, додека насекаде во регионот таа расте. Бензинот БС-95 сега е намален за 6,5 денари, а дизелот за 9 денари. Преку одговорен пристап го штитиме стандардот на сите категории граѓани. Околу 330.000 пензионери за месеците април, мај и јуни ќе добијат дополнителни ваучери од по 1.000 денари месечно, а исти вакви ваучери ќе добијат и околу 36.000 домаќинства, приматели на гарантирана минимална помош, рече таа.
https://youtu.be/tahNBB4nao8

The post Владата спречи нов ценовен шок врз граѓаните, вели пратеничката Николова од СДСМ appeared first on Република.

]]>
Семејството на познатата македонска поетеса Светлана Христова- Јоциќ подари обемен личен фонд на Музејот на македонската борба за самостојност https://republika.mk/vesti/kultura/semejstvoto-na-poznatata-makedonska-poetesa-svetlana-hristova-jocikj-podari-obemen-lichen-fond-na-muzejot-na-makedonskata-borba-za-samostojnost/ Wed, 16 Feb 2022 10:08:07 +0000 https://republika.mk/?p=459223

Музејот на македонската борба и самостојност во текот на 2021 година започна со дополнување на музејскиот фонд преку дарови на лични предмети од семејства на познати историски личности, иницијатива која продолжува и оваа година.

Семејството на познатата македонска поетеса Светлана Христова- Јоциќ подари обемен личен фонд на Музејот на македонската борба за самостојност. По неколкуте работни средби со директорката Даниела Николова, познатиот ликовен уметник Сергеј Андреевски, син на Светлана Христова- Јоциќ, со задоволство ја прифати нашата иницијатива да биде дел од семејствата кои ќе донираат лични фондови на музејот, каде овој материјал соодветно ќе се чува и презентира. Фондот вклучува лични документи и предмети како дипломи, награди, признанија, реферати, лични ракописи и слично, вели директорката Даниела Николова.

Светлана Христова–Јоциќ е македонска поетеса, есеист, писател и поранешен претседател и истакнат член на ДПМ.

The post Семејството на познатата македонска поетеса Светлана Христова- Јоциќ подари обемен личен фонд на Музејот на македонската борба за самостојност appeared first on Република.