Даниел Лорер Archives - Република https://republika.mk/tema/daniel-lorer/ За подобро да се разбереме Wed, 26 Apr 2023 10:43:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Даниел Лорер Archives - Република https://republika.mk/tema/daniel-lorer/ 32 32 Лорер: Со ГЕРБ-СДС имаме разбирање за законодавната програма, а допрва ќе следи и владината програма https://republika.mk/vesti/balkan/lorer-so-gerb-sds-imame-razbirane-za-zakonodavnata-programa-a-doprva-ke-sledi-i-vladinata-programa/ Wed, 26 Apr 2023 10:43:25 +0000 https://republika.mk/?p=634232

Веќе се разбравме со ГЕРБ-СДС за законодавната програма, а допрва ни претстојат разговорите за владината програма, за која, исто така, има разбирање, коментираше денеска пратеникот од коалицијата „Промените продолжуваат и Демократска Бугарија“, Даниел Лорер.

Ја разбираме нашата политичка одговорност, задачите што ни претстојат како парламент - оттука многу добро ја разбираме политичката ситуација во која бугарските гласачи нè ставија и не испратија овде да одлучуваме, пред новинарите во парламентот изјави Лорер, запрашан зошто тие го критикуваат раководството на ГЕРБ, а истовремено работат заедно со нив за приоритетите на идната влада.

Пратениците од коалицијата „ПП-ДБ“ на брифинг во бугарското Народно собрание го коментираа инцидентот со саемот во Пловдив и го критикуваа раководството на ГЕРБ во локалната власт во Варна и Пловдив поради инцидентот со акциите на саемот.

Сфаќајќи што одлучи бугарскиот гласач, „ПП-ДБ“ и „ГЕРБ-СДС“ веќе имаат законодавна програма за која има разбирање, објасни Лорер. Тој додаде дека треба да имаат и владина програма за која ќе има и разбирање и тогаш се надева дека составот на владата што ќе го соопшти коалицијата „ПП-ДБ“ ќе наиде на поддршка од ГЕРБ, а можеби и од други политички сили.

На прашањето дали во вакво сценарио нема опасност поддршката за кабинетот во секој момент да биде повлечена, Лорер одговори: ако има нешто што ние како „ПП-ДБ“ го докажавме тоа е дека не се плашиме да влеземе. во тешки битки.

Лорер не негираше дека постои ризик ваквата влада да падне.

Народното собрание, на крајот, одлучува. Затоа овие прелиминарни чекори на разбирање за законодавната програма и приоритетите на управувањето се толку важни да се случат во јавноста, коментираше претставникот на „ПП-ДБ“.

Сите треба да знаат што ќе прави оваа влада и кога некој ќе реши да ја смени, затоа што им станало непријатно, да им објасни на гласачите зошто го прави тоа, додаде пратеникот.

The post Лорер: Со ГЕРБ-СДС имаме разбирање за законодавната програма, а допрва ќе следи и владината програма appeared first on Република.

]]>

Веќе се разбравме со ГЕРБ-СДС за законодавната програма, а допрва ни претстојат разговорите за владината програма, за која, исто така, има разбирање, коментираше денеска пратеникот од коалицијата „Промените продолжуваат и Демократска Бугарија“, Даниел Лорер. Ја разбираме нашата политичка одговорност, задачите што ни претстојат како парламент - оттука многу добро ја разбираме политичката ситуација во која бугарските гласачи нè ставија и не испратија овде да одлучуваме, пред новинарите во парламентот изјави Лорер, запрашан зошто тие го критикуваат раководството на ГЕРБ, а истовремено работат заедно со нив за приоритетите на идната влада. Пратениците од коалицијата „ПП-ДБ“ на брифинг во бугарското Народно собрание го коментираа инцидентот со саемот во Пловдив и го критикуваа раководството на ГЕРБ во локалната власт во Варна и Пловдив поради инцидентот со акциите на саемот. Сфаќајќи што одлучи бугарскиот гласач, „ПП-ДБ“ и „ГЕРБ-СДС“ веќе имаат законодавна програма за која има разбирање, објасни Лорер. Тој додаде дека треба да имаат и владина програма за која ќе има и разбирање и тогаш се надева дека составот на владата што ќе го соопшти коалицијата „ПП-ДБ“ ќе наиде на поддршка од ГЕРБ, а можеби и од други политички сили. На прашањето дали во вакво сценарио нема опасност поддршката за кабинетот во секој момент да биде повлечена, Лорер одговори: ако има нешто што ние како „ПП-ДБ“ го докажавме тоа е дека не се плашиме да влеземе. во тешки битки. Лорер не негираше дека постои ризик ваквата влада да падне. Народното собрание, на крајот, одлучува. Затоа овие прелиминарни чекори на разбирање за законодавната програма и приоритетите на управувањето се толку важни да се случат во јавноста, коментираше претставникот на „ПП-ДБ“. Сите треба да знаат што ќе прави оваа влада и кога некој ќе реши да ја смени, затоа што им станало непријатно, да им објасни на гласачите зошто го прави тоа, додаде пратеникот.

The post Лорер: Со ГЕРБ-СДС имаме разбирање за законодавната програма, а допрва ќе следи и владината програма appeared first on Република.

]]>
Зошто не зборуваме дека еден од напаѓачите е Бугарин, а самиот Пендиков не е? https://republika.mk/vesti/makedonija/zoshto-ne-zboruvame-deka-eden-od-napagachite-e-bugarin-a-samiot-pendikov-ne-e/ Mon, 30 Jan 2023 11:59:46 +0000 https://republika.mk/?p=602622

Поранешниот бугарски министер за иновации, Даниел Лорер, од коалицијата на Кирил Петков објави дека еден од напаѓачите на претепаниот Христијан Пендиков во Охрид бил бугарски државјанин и прашува „зошто да не зборуваме за него?“. Тој потсетува дека самиот Пендиков, од друга страна, не е бугарски државјанин, иако има бугарска самосвест, што значи дека неговиот случај бил тешко политизиран во Бугарија.

Господинот кој беше нападнат во Македонија не е бугарски државјанин. Тој се дефинира себеси како личност со бугарска самосвест. Бугарија пред сè мора да ги заштити своите граѓани. Меѓутоа, еден од оние што го нападнаа е бугарски државјанин. Зошто да не зборуваме за него? Што правиме во врска со него?, праша Лорер во интервју за бугарска Нова.

Ставовите на Лорер се на линија со македонскиот претседател Стево Пендаровски кој исто така изјави дека случајот со Пендиков бил исполитизиран во соседна Бугарија.

Точно така, прашањето се политизира. Нашата позиција е тензиите да се намалат за да може да почне да работи дипломатијата. Ние треба да им дадеме време на македонските институции да откријат дали навистина станува збор за случај на омраза што е апсолутно недозволиво и тогаш ЕУ треба да ја одигра својата улога или не. Тоа е нешто кое што треба да го утврдат македонските институции и треба да им го дадеме неопходното време, вели Лорер и ги пофали макеоднските институции за првичната брза реакција на случајот.

Зборовите на Лорер брзо наидоа на коментари во Бугарија од партијата СДС, коалиционер на ГЕРБ на Бојко Борисов, која вели дека тој не го разбрал проблемот во неговата суштина и дека „не разбира што значи бугарска самосвест во РСМ“.

The post Зошто не зборуваме дека еден од напаѓачите е Бугарин, а самиот Пендиков не е? appeared first on Република.

Лорер: Мојата посета во Скопје се случи точно по програмата https://republika.mk/vesti/makedonija/lorer-mojata-poseta-vo-skopje-se-sluchi-tochno-po-programata/ Wed, 02 Feb 2022 19:06:13 +0000 https://republika.mk/?p=453201

Министерот за иновации и раст на Бугарија, Даниел Лорер во гостување во емисијата „Лице в лице“ на бугарската телевизија БТВ изјави дека бугарските посети во Македонија не се избрзани и се многу доцни.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Лорер истакна дека е пронајден дијалогот со македонските колеги во точка на замрзнување, кога двете држави не се договориле и два добри соседи коишто не комуницирале.

Министерот посочи дека неговата посета се одвивала според програмата што била поставена од двете влади, за преговори и нема ништо изненадувачки во неа, ниту пак кој ќе ја води, бидејќи била договорена неколку дена претходно.

Тој додаде и дека распоредот за постигнување резултати е многу интензивен.

-Националниот интерес, исто така, налага да бидеме опкружени со богати и социјално праведни соседи, рече Лорер, кој ја пофали средбата со неговиот македонски колега, Фатмир Битиќи.

Министерот појасни дека ќе започне да се практикува механизам со кој ако бугарска компанија има проблем да инвестира во Македонија, тој проблем ќе може да се реши. Тој додава и дека бугарските компании немаат потреба некој да ги донесе во Македонија, оти само го прават тоа.

The post Лорер: Мојата посета во Скопје се случи точно по програмата appeared first on Република.

]]>

Министерот за иновации и раст на Бугарија, Даниел Лорер во гостување во емисијата „Лице в лице“ на бугарската телевизија БТВ изјави дека бугарските посети во Македонија не се избрзани и се многу доцни. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Лорер истакна дека е пронајден дијалогот со македонските колеги во точка на замрзнување, кога двете држави не се договориле и два добри соседи коишто не комуницирале. Министерот посочи дека неговата посета се одвивала според програмата што била поставена од двете влади, за преговори и нема ништо изненадувачки во неа, ниту пак кој ќе ја води, бидејќи била договорена неколку дена претходно. Тој додаде и дека распоредот за постигнување резултати е многу интензивен.
-Националниот интерес, исто така, налага да бидеме опкружени со богати и социјално праведни соседи, рече Лорер, кој ја пофали средбата со неговиот македонски колега, Фатмир Битиќи.
Министерот појасни дека ќе започне да се практикува механизам со кој ако бугарска компанија има проблем да инвестира во Македонија, тој проблем ќе може да се реши. Тој додава и дека бугарските компании немаат потреба некој да ги донесе во Македонија, оти само го прават тоа.

The post Лорер: Мојата посета во Скопје се случи точно по програмата appeared first on Република.

]]>
Лорер: Бугарски национален интерес е Република Македонија да влезе во ЕУ https://republika.mk/vesti/balkan/lorer-bugarski-nacionalen-interes-e-republika-makedonija-da-vleze-vo-eu/ Mon, 03 Jan 2022 12:41:38 +0000 https://republika.mk/?p=440022

Бугарски национален интерес е Република Македонија да се приклучи кон Европската Унија, пат на кој следен чекор е почеток на преговори со Скопје. Отворањето на преговорите со Република  Македонија треба да биде важна цел за бугарската дипломатија - изјави бугарскиот министер за иновации Даниел Лорер за БНР.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Лорер нагласил дека бугарски национален интерес е и Бугарија да се претвори во исклучително богата и социјално праведна држава, која е опколена со исти такви соседи.

Бугарскиот министер за иновации посочи дека за соседите на Бугарија патот кон богатството и социјалната правда минува низ членството во ЕУ.

Со еден продолжен и позитивен дијалог со македонската страна ќе бидат постигнати условите, не само историски, туку и економски, академски, како и културни за врските меѓу двете држави. Тоа треба да се случи за да се почуствува секоја од двете страни далеку посигурна во тој дијалог - нагласи Лорер.

Тој, за изјавата на Слави Трифонов, Бугарија да и дозволи влез на Македонија во Европска Унија, ако Соединетите Американски Држави ги укинат визите за бугарските граѓани и земјата веднаш да стане членка на Шенген зоната, рече дека мислењето на Трифонов е интересно, бидејќи на тој начин тој поврзува еден билатерален спор со Европската Унија и САД.

The post Лорер: Бугарски национален интерес е Република Македонија да влезе во ЕУ appeared first on Република.

]]>

Бугарски национален интерес е Република Македонија да се приклучи кон Европската Унија, пат на кој следен чекор е почеток на преговори со Скопје. Отворањето на преговорите со Република  Македонија треба да биде важна цел за бугарската дипломатија - изјави бугарскиот министер за иновации Даниел Лорер за БНР.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, Лорер нагласил дека бугарски национален интерес е и Бугарија да се претвори во исклучително богата и социјално праведна држава, која е опколена со исти такви соседи. Бугарскиот министер за иновации посочи дека за соседите на Бугарија патот кон богатството и социјалната правда минува низ членството во ЕУ.