Даниел Лазаревиќ Archives - Република https://republika.mk/tema/daniel-lazarevikj/ За подобро да се разбереме Thu, 03 Mar 2022 08:23:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Даниел Лазаревиќ Archives - Република https://republika.mk/tema/daniel-lazarevikj/ 32 32 Македонец од Украина: Војната не е убава за никого, се знае кој профитира, политичарите од двете страни доколку сакаат може да седнат и да разговораат https://republika.mk/vesti/makedonija/makedonec-od-ukraina-vojnata-ne-e-ubava-za-nikogo-se-znae-koj-profitira-politicharite-od-dvete-strani-dokolku-sakaat-moze-da-sednat-i-da-razgovoraat/ Thu, 03 Mar 2022 08:23:19 +0000 https://republika.mk/?p=466788

Македонскиот државјанин, Даниел Лазаревиќ, кој е женет за Украинка, со своето семејство е заглавен во централниот дел на Украина во близина на Кременчук кај Дњепар.

Тој во разговор за „Утрински брифинг“ сведочи за моменталната состојба во Украина.

Моментално сум во Централна Украина, блиску до реката Дњепар. Овде нема воени случувања, но ситуацијата е напната и луѓето не очекуваа дека вакво нешто може да се случи. Се слушнаа неколку ракети како пролетаа, но не видовме авиони, хеликоптери. Моментално овде е мирно - вели Лазаревиќ.

Според него, во делот каде што е тој, нема проблеми со снабдувањето во продавниците со намирници.

Продукти во продавниците има, но не можеме да купиме поголеми количества, оти се гледа се да се распореди на жителите кои живеат тука. Скривници има. Претежно тука се куќи и секоја куќа има свој подрум - вели Лазаревиќ.

Во однос на плаќањето, тој  вели дека имало одредени проблеми зошто повеќе се барало плаќање во готовина.

Првиот ден од инвазијата сите банки беа затворени. Дури и на бензинските бараа да се плаќа во кеш. Моментално се работи нормално, но колку пари можат да се извлечат не можам да кажам. 24 часа нема ТВ пренос, има само преку сателит. Обична ТВ која оди преку аналогни антени не функционира. Тие канали се исклучени, бидејќи во Киев беше бомбардирана телевизиската кула. Преку интернет има голема цензура. Дури јас се обидов да пратам некои видеа, но се цензурирани. Војна има, но се уште е далеку од местото каде што живеам - вели Лазаревиќ.

За можноста да се врати во Македонија со своето семејство, вели дека досега не добил одговор од македонското МНР:

Јас пред два дена воспоставив контакт со македонското МНР, бидејќи имам две деца. Ќеркичката две години, синот девет. Доколку има контингент за повлекување ми рекоа дека ќе ми се јават, но веќе 30 саати немам одговор - додава Лазаревиќ.

На крајот, Лазарев дава свој став за целокупните случувања во Украина.

Војната не е убава за никого, се знае кој профитира. Не му го посакувам ова на никого. Обичниот народ ги губи животите на своите синови и ќерки. Би ги обвинил политичарите од двете страни. Доколку сакаат може да седнат и да разговораат. Тие се вжештени глави, а народот ќе страда - вели Лазаревиќ.

The post Македонец од Украина: Војната не е убава за никого, се знае кој профитира, политичарите од двете страни доколку сакаат може да седнат и да разговораат appeared first on Република.

]]>

Македонскиот државјанин, Даниел Лазаревиќ, кој е женет за Украинка, со своето семејство е заглавен во централниот дел на Украина во близина на Кременчук кај Дњепар. Тој во разговор за „Утрински брифинг“ сведочи за моменталната состојба во Украина.