Дан и Лиа Пержовски Archives - Република https://republika.mk/tema/dan-i-lia-perzhovski/ За подобро да се разбереме Mon, 23 Sep 2024 07:42:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Дан и Лиа Пержовски Archives - Република https://republika.mk/tema/dan-i-lia-perzhovski/ 32 32 Светски реномираните уметници Дан и Лиа Пержовски на изложбата во МСУ ќе пренесат дел од уметничкиот концепт изложен во Њујорк https://republika.mk/vesti/kultura/svetski-renomiranite-umetnitsi-dan-i-lia-perzhovski-na-izlozhbata-vo-msu-ke-prenesat-del-od-umetnichkiot-kontsept-izlozhen-vo-nujork/ Mon, 23 Sep 2024 07:42:22 +0000 https://republika.mk/?p=818849

Светски реномираните уметници Дан и Лиа Пержовски, кои пристигнаа во Скопје веќе ги исцртуваат ѕидовите на Музејот на современата уметност – Скопје, и се подготвуваат за нивната самостојна изложба, која ќе биде отворена во четврток, 26 септември, во 20 часот. Кураторка на изложбата е Мира Гаќина.

Пред официјалното отворање на изложбата, во 19.30 часот, Дан и Лиа ќе направат музејска тура за посетителите, кои се заинтересирани одблизу да ја доживеат нивната уметничка практика, која ги поместува границите на современата уметност денес.

Уметничкиот пар досега ги има исцртано ѕидовите во МоМА Њујорк, Тејт Модерн во Лондон, Центарот Помпиду-Бобур во Париз, ВанАбе Музејот во Ајндховен... така што ова е исклучително ретка можност да ги имаме во МСУ – Скопје.

Дан Пержовски, чие изразно средство е цртежот ќе се претстави со проектот „Обновени вести“ (ReNews), фокусиран на актуелните општествени и политички настани преку оригинална визуелна перспектива. Замислен како динамична и еволутивна визуелна хроника, која реагира на тековните настани и промените во светот. Уметникот користи различни медиуми, често комбинирајќи графики, текстови и илустрации за да создаде креативен и критички поглед на актуелните случувања. Овој проект вклучува и компоненти како што се стрипови, колажи и слики, кои на интензивен начин ја истражуваат и визуелизираат комплексноста на современата политика и општество. Дан Пержовски се фокусира на тоа како медиумите и информациите влијаат на нашето разбирање на светот, и „Обновени вести“ е негов обид да ги истражи и предизвика традиционалните наративи и начин на известување. Со тоа, ги поттикнува гледачите да размислуваат за информираноста, пропагандата и моќта на медиумите.

Дел од неговата изложба е и интерактивна. На поставката ќе има ѕид, каде посетителите ќе можат да цртаат или напишат нешто доколку имаат што да кажат.

Моите цртежи се инспирирани од медиумите, особено од печатените медиуми. И многу често преку цртежот ја визуелизирам сржта, она што е нагласено во информацијата. Теми како војна, емигратски кризи, богати наспроти сиромашни... се теми кои постојано се повторуваат во различни околности. Дел од овој концепт веќе го имам изложено во Њујорк пред неколку години, во продолжена и надополнета верзија го пренесувам и во МСУ, бидејќи е се уште актуелен, вели Дан.

На изложбата во МСУ ќе бидат изложени и цртежите кои Дан ги има донирано на МСУ- Скопје.

Лиа Пержовски истражувачка, уредничка и концептуална уметница ќе се претстави со проектот „Сет за преживување (избор од Музејот на знаењето)“ - (Survival Kit (a selection from Knowledge Museum)) во кој истражува концепти поврзани со знаењето, образованието и социјалните структури, преку серија интерактивни и концептуални дела. Сет за преживување е интердисциплинарен проект кој вклучува различни медиуми и формати, како: графики, објекти и документи. Оваа селекција е изработена како обид да се создаде едукативен ресурс, кој преку визуелната уметност го истражува и предизвикува размислување за историјата, културата и секојдневниот живот.

Проектот вклучува и различни интерактивни компоненти, кои ги поттикнуваат гледачите да се вклучат и да размислуваат на поинаков начин, користејќи ги визуелните елементи за да создадат нови перспективи и критичко размислување.

Во мојот изложбен простор креирав две институции, архива од современата уметност и музеј на знаењето. Денес светот живее во хибридна војна, освен воените жаришта, тука се и пандемиите, глобалното затоплување... Па затоа изложив објекти - неопходен сет за камуфлажа и преживување. Но она што им е најмногу потребно на луѓето денес е знаењето. Земјите се менуваат многу брзо, затоа треба да бидеме адаптибилни и покреативни. Во рамки на изложбата направив и времеплов на уметноста од нејзините почетоци до денес. Изложбата е повеќеслојна и покрај уметноста и знаењето се занимава и со аспектите кои го градат идентитетот на еден човек, вели Лиа.

 

The post Светски реномираните уметници Дан и Лиа Пержовски на изложбата во МСУ ќе пренесат дел од уметничкиот концепт изложен во Њујорк appeared first on Република.

]]>

Светски реномираните уметници Дан и Лиа Пержовски, кои пристигнаа во Скопје веќе ги исцртуваат ѕидовите на Музејот на современата уметност – Скопје, и се подготвуваат за нивната самостојна изложба, која ќе биде отворена во четврток, 26 септември, во 20 часот. Кураторка на изложбата е Мира Гаќина. Пред официјалното отворање на изложбата, во 19.30 часот, Дан и Лиа ќе направат музејска тура за посетителите, кои се заинтересирани одблизу да ја доживеат нивната уметничка практика, која ги поместува границите на современата уметност денес. Уметничкиот пар досега ги има исцртано ѕидовите во МоМА Њујорк, Тејт Модерн во Лондон, Центарот Помпиду-Бобур во Париз, ВанАбе Музејот во Ајндховен... така што ова е исклучително ретка можност да ги имаме во МСУ – Скопје. Дан Пержовски, чие изразно средство е цртежот ќе се претстави со проектот „Обновени вести“ (ReNews), фокусиран на актуелните општествени и политички настани преку оригинална визуелна перспектива. Замислен како динамична и еволутивна визуелна хроника, која реагира на тековните настани и промените во светот. Уметникот користи различни медиуми, често комбинирајќи графики, текстови и илустрации за да создаде креативен и критички поглед на актуелните случувања. Овој проект вклучува и компоненти како што се стрипови, колажи и слики, кои на интензивен начин ја истражуваат и визуелизираат комплексноста на современата политика и општество. Дан Пержовски се фокусира на тоа како медиумите и информациите влијаат на нашето разбирање на светот, и „Обновени вести“ е негов обид да ги истражи и предизвика традиционалните наративи и начин на известување. Со тоа, ги поттикнува гледачите да размислуваат за информираноста, пропагандата и моќта на медиумите. Дел од неговата изложба е и интерактивна. На поставката ќе има ѕид, каде посетителите ќе можат да цртаат или напишат нешто доколку имаат што да кажат.
Моите цртежи се инспирирани од медиумите, особено од печатените медиуми. И многу често преку цртежот ја визуелизирам сржта, она што е нагласено во информацијата. Теми како војна, емигратски кризи, богати наспроти сиромашни... се теми кои постојано се повторуваат во различни околности. Дел од овој концепт веќе го имам изложено во Њујорк пред неколку години, во продолжена и надополнета верзија го пренесувам и во МСУ, бидејќи е се уште актуелен, вели Дан.
На изложбата во МСУ ќе бидат изложени и цртежите кои Дан ги има донирано на МСУ- Скопје. Лиа Пержовски истражувачка, уредничка и концептуална уметница ќе се претстави со проектот „Сет за преживување (избор од Музејот на знаењето)“ - (Survival Kit (a selection from Knowledge Museum)) во кој истражува концепти поврзани со знаењето, образованието и социјалните структури, преку серија интерактивни и концептуални дела. Сет за преживување е интердисциплинарен проект кој вклучува различни медиуми и формати, како: графики, објекти и документи. Оваа селекција е изработена како обид да се создаде едукативен ресурс, кој преку визуелната уметност го истражува и предизвикува размислување за историјата, културата и секојдневниот живот. Проектот вклучува и различни интерактивни компоненти, кои ги поттикнуваат гледачите да се вклучат и да размислуваат на поинаков начин, користејќи ги визуелните елементи за да создадат нови перспективи и критичко размислување.
Во мојот изложбен простор креирав две институции, архива од современата уметност и музеј на знаењето. Денес светот живее во хибридна војна, освен воените жаришта, тука се и пандемиите, глобалното затоплување... Па затоа изложив објекти - неопходен сет за камуфлажа и преживување. Но она што им е најмногу потребно на луѓето денес е знаењето. Земјите се менуваат многу брзо, затоа треба да бидеме адаптибилни и покреативни. Во рамки на изложбата направив и времеплов на уметноста од нејзините почетоци до денес. Изложбата е повеќеслојна и покрај уметноста и знаењето се занимава и со аспектите кои го градат идентитетот на еден човек, вели Лиа.
 

The post Светски реномираните уметници Дан и Лиа Пержовски на изложбата во МСУ ќе пренесат дел од уметничкиот концепт изложен во Њујорк appeared first on Република.

]]>
Изложба на водечките современи уметници Дан и Лиа Пержовски во МСУ https://republika.mk/vesti/kultura/izlozhba-na-vodechkite-sovremeni-umetnitsi-dan-i-lia-perzhovski-vo-msu/ Fri, 13 Sep 2024 08:06:26 +0000 https://republika.mk/?p=815885

Дан и Лиа Пержовски, кои ги исцртуваат ѕидовите на МоМА Њујорк, Тејт Модерн во Лондон, Центарот Помпиду-Бобур во Париз, ВанАбе Музејот во Ајндховен... ќе имаат самостојна изложба во Музејот на современата уметност – Скопје.

Ова е исклучително ретка можност во Скопје да присуствуваат светски познати уметници, кои ги поместуваат границите на современите уметнички практики денес.

Изложбата на светски реномираните уметници Дан Пержовски, чие изразно средство е цртежот и Лиа Пержовски истражувачка, уредничка и концептуална уметница ќе биде отворена на 26 септември во 20 часот.

Дан Пержовски ќе се претстави со уметничкиот проект „Обновени вести“ - (ReNews), а Лиа Пержовски со „Сет за преживување (избор од Музејот на знаењето)“ - (Survival Kit (a selection from Knowledge Museum))

Кураторка на изложбата е Мира Гаќина.

Изложбата претставува уникатен поглед на делата на двајца водечки современи уметници, кои ги истражуваат културните, социјалните и политичките реалности на денешницата.

Дан Пержовски е познат по своите минималистички, брзи цртежи, кои често се исполнети со иронија, хумор и политички коментари. Користи различни форми на цртање – од ѕидни инсталации, уметнички книги, до активистички цртежи – за да ја критикува и анализира современата реалност. Неговите дела адресираат теми како што се воените конфликти, миграцијата, политичките системи и глобалните економски предизвици. Тој цртањето го трансформира во медиум за комуникација на актуелни општествени теми, а неговите инсталации се карактеризираат со спонтаност и непосредност, што ги прави уникатни и привремени. Најчесто ги создава своите цртежи во светски познатите музејски простори, како оние во Музејот на модерна уметност во Њујорк, каде што ги создаваше пред очите на посетителите. Друга изложба на Пержовски пак е нацртана на ѕидовите од португалска банка и се состои од стрип цртежи, кои се однесуваат на повеќе европски прашања како што е прифаќањето на Романија во ЕУ и легализацијата на абортусот во Португалија. Неговата работа ги одразува, над се, човечките прашања, и општествените односи.

Пержовски има реализирано бројни самостојни изложби во МоМА Њујорк, Тејт Модерн во Лондон, ВанАбе Музејот во Ајндховен, МАКРО во Рим, Киазма Хелсинки и Лудвиг Музејот во Келн. Учествува на бројни престижни групни изложби и манифестации, како Документа 15, Биеналето во Венеција, Биеналата во Истанбул, Лион, Џакарта, Сао Пауло и Сиднеј. Од 2010 година, Пержовски го продуцира цртачкиот проект во јавен простор насловен „Хоризонтален весник“, во Сибиу Романија.

Лиа Пержовски е концептуална уметница и истражувачка, која преку својата работа создава врски помеѓу уметноста, науката и образованието. Нејзиниот проект „Музеј на знаењето“ (Knowledge Museum) е долгогодишен истражувачки напор за архивирање и пренесување на информации од различни полиња на знаењето. Нејзините дела често ги доведуваат во прашање нормите на гледање и разбирање на светот, разгледувајќи како перцепцијата е обликувана од општествените, политичките и културните контексти. Таа е основач на неколку платформи и институции како „CCA“ - архивата за современа уметност Букурешт и „КМ“ - Музејот на знаењето, како и „TSK“ – Телескопскиот простор на знаењето. Лиа Пержовски има реализирано самостојни изложби во Нашер музејот во Далас, Галеријата Иван во Букурешт, Музејот ESPAI Castellon во Шпанија, како и редица групни изложби, меѓу кои во Центарот Помпиду-Бобур во Париз, Тејт Модерн Лондон, МАКБА Барселона и Биеналата во Сао Пауло и Сиднеј.

Оваа изложба ги испреплетува нивните заеднички пристапи, притоа нудејќи повеќестрана визија за тоа како уметноста може да служи како медиум за општествена критика и трансформација. И покрај различните медиуми во кои работат, и двајцата уметници ја делат заедничката цел да ја искористат уметноста како инструмент за ангажирање и промена, вели кураторката Гаќина.

Проектот „Сет за преживување (избор од Музејот на знаењето)“ на Лиа Пержовски е дел од нејзиниот поширок проект познат како „Музеј на знаењето“, во кој истражува концепти поврзани со знаењето, образованието и социјалните структури преку серија интерактивни и концептуални дела. Сет за преживување е интердисциплинарен проект кој вклучува различни медиуми и формати, како: графики, објекти и документи. Оваа селекција е изработена како обид да се создаде едукативен ресурс, кој преку визуелната уметност го истражува и предизвикува размислување за историјата, културата и секојдневниот живот. Проектот може да вклучува и различни интерактивни компоненти кои ги поттикнуваат гледачите да се вклучат и размислуваат на поинаков начин, користејќи ги визуелните елементи за да создадат нови перспективи и критичко размислување.

Проектот „Обновени вести“ на Дан Пержовски се фокусира на актуелните општествени и политички настани преку оригинална визуелна перспектива. Замислен како динамична и еволутивна визуелна хроника, која реагира на тековните настани и промените во светот. Уметникот користи различни медиуми, често комбинирајќи графики, текстови и илустрации за да создаде креативен и критички поглед на актуелните случувања. Овој проект често вклучува и компоненти како што се стрипови, колажи и слики, кои на интензивен начин ја истражуваат и визуелизираат комплексноста на современата политика и општество. Дан Пержовски се фокусира на тоа како медиумите и информациите влијаат на нашето разбирање на светот, и „Обновени вести“ е негов обид да ги истражи и предизвика традиционалните наративи и начин на известување. Со тоа, уметникот ги поттикнува гледачите да размислуваат за информираноста, пропагандата и моќта на медиумите.

Дан и Лиа Пержовски учествуваа на групната изложба „Лаф муабет“ (Small Тalk) организирана во МСУ - Скопје, 2001 година. Тие се на листата донатори на колекцијата МСУ-Скопје. Мината година престојуваа во МСУ, каде одржаа предавање на тема „Постојано репозиционирање, помеѓу локалното и глобалното“ и работилница „Цртање, разговарање и споделување“.

The post Изложба на водечките современи уметници Дан и Лиа Пержовски во МСУ appeared first on Република.

]]>

Дан и Лиа Пержовски, кои ги исцртуваат ѕидовите на МоМА Њујорк, Тејт Модерн во Лондон, Центарот Помпиду-Бобур во Париз, ВанАбе Музејот во Ајндховен... ќе имаат самостојна изложба во Музејот на современата уметност – Скопје. Ова е исклучително ретка можност во Скопје да присуствуваат светски познати уметници, кои ги поместуваат границите на современите уметнички практики денес. Изложбата на светски реномираните уметници Дан Пержовски, чие изразно средство е цртежот и Лиа Пержовски истражувачка, уредничка и концептуална уметница ќе биде отворена на 26 септември во 20 часот. Дан Пержовски ќе се претстави со уметничкиот проект „Обновени вести“ - (ReNews), а Лиа Пержовски со „Сет за преживување (избор од Музејот на знаењето)“ - (Survival Kit (a selection from Knowledge Museum)) Кураторка на изложбата е Мира Гаќина. Изложбата претставува уникатен поглед на делата на двајца водечки современи уметници, кои ги истражуваат културните, социјалните и политичките реалности на денешницата. Дан Пержовски е познат по своите минималистички, брзи цртежи, кои често се исполнети со иронија, хумор и политички коментари. Користи различни форми на цртање – од ѕидни инсталации, уметнички книги, до активистички цртежи – за да ја критикува и анализира современата реалност. Неговите дела адресираат теми како што се воените конфликти, миграцијата, политичките системи и глобалните економски предизвици. Тој цртањето го трансформира во медиум за комуникација на актуелни општествени теми, а неговите инсталации се карактеризираат со спонтаност и непосредност, што ги прави уникатни и привремени. Најчесто ги создава своите цртежи во светски познатите музејски простори, како оние во Музејот на модерна уметност во Њујорк, каде што ги создаваше пред очите на посетителите. Друга изложба на Пержовски пак е нацртана на ѕидовите од португалска банка и се состои од стрип цртежи, кои се однесуваат на повеќе европски прашања како што е прифаќањето на Романија во ЕУ и легализацијата на абортусот во Португалија. Неговата работа ги одразува, над се, човечките прашања, и општествените односи. Пержовски има реализирано бројни самостојни изложби во МоМА Њујорк, Тејт Модерн во Лондон, ВанАбе Музејот во Ајндховен, МАКРО во Рим, Киазма Хелсинки и Лудвиг Музејот во Келн. Учествува на бројни престижни групни изложби и манифестации, како Документа 15, Биеналето во Венеција, Биеналата во Истанбул, Лион, Џакарта, Сао Пауло и Сиднеј. Од 2010 година, Пержовски го продуцира цртачкиот проект во јавен простор насловен „Хоризонтален весник“, во Сибиу Романија. Лиа Пержовски е концептуална уметница и истражувачка, која преку својата работа создава врски помеѓу уметноста, науката и образованието. Нејзиниот проект „Музеј на знаењето“ (Knowledge Museum) е долгогодишен истражувачки напор за архивирање и пренесување на информации од различни полиња на знаењето. Нејзините дела често ги доведуваат во прашање нормите на гледање и разбирање на светот, разгледувајќи како перцепцијата е обликувана од општествените, политичките и културните контексти. Таа е основач на неколку платформи и институции како „CCA“ - архивата за современа уметност Букурешт и „КМ“ - Музејот на знаењето, како и „TSK“ – Телескопскиот простор на знаењето. Лиа Пержовски има реализирано самостојни изложби во Нашер музејот во Далас, Галеријата Иван во Букурешт, Музејот ESPAI Castellon во Шпанија, како и редица групни изложби, меѓу кои во Центарот Помпиду-Бобур во Париз, Тејт Модерн Лондон, МАКБА Барселона и Биеналата во Сао Пауло и Сиднеј.
Оваа изложба ги испреплетува нивните заеднички пристапи, притоа нудејќи повеќестрана визија за тоа како уметноста може да служи како медиум за општествена критика и трансформација. И покрај различните медиуми во кои работат, и двајцата уметници ја делат заедничката цел да ја искористат уметноста како инструмент за ангажирање и промена, вели кураторката Гаќина.
Проектот „Сет за преживување (избор од Музејот на знаењето)“ на Лиа Пержовски е дел од нејзиниот поширок проект познат како „Музеј на знаењето“, во кој истражува концепти поврзани со знаењето, образованието и социјалните структури преку серија интерактивни и концептуални дела. Сет за преживување е интердисциплинарен проект кој вклучува различни медиуми и формати, како: графики, објекти и документи. Оваа селекција е изработена како обид да се создаде едукативен ресурс, кој преку визуелната уметност го истражува и предизвикува размислување за историјата, културата и секојдневниот живот. Проектот може да вклучува и различни интерактивни компоненти кои ги поттикнуваат гледачите да се вклучат и размислуваат на поинаков начин, користејќи ги визуелните елементи за да создадат нови перспективи и критичко размислување. Проектот „Обновени вести“ на Дан Пержовски се фокусира на актуелните општествени и политички настани преку оригинална визуелна перспектива. Замислен како динамична и еволутивна визуелна хроника, која реагира на тековните настани и промените во светот. Уметникот користи различни медиуми, често комбинирајќи графики, текстови и илустрации за да создаде креативен и критички поглед на актуелните случувања. Овој проект често вклучува и компоненти како што се стрипови, колажи и слики, кои на интензивен начин ја истражуваат и визуелизираат комплексноста на современата политика и општество. Дан Пержовски се фокусира на тоа како медиумите и информациите влијаат на нашето разбирање на светот, и „Обновени вести“ е негов обид да ги истражи и предизвика традиционалните наративи и начин на известување. Со тоа, уметникот ги поттикнува гледачите да размислуваат за информираноста, пропагандата и моќта на медиумите. Дан и Лиа Пержовски учествуваа на групната изложба „Лаф муабет“ (Small Тalk) организирана во МСУ - Скопје, 2001 година. Тие се на листата донатори на колекцијата МСУ-Скопје. Мината година престојуваа во МСУ, каде одржаа предавање на тема „Постојано репозиционирање, помеѓу локалното и глобалното“ и работилница „Цртање, разговарање и споделување“.

The post Изложба на водечките современи уметници Дан и Лиа Пержовски во МСУ appeared first on Република.

]]>
Светски познатиот уметнички тандем Дан и Лиа Пержовски гости на МСУ Скопје https://republika.mk/vesti/kultura/svetski-poznatiot-umetnichki-tandem-dan-i-lia-perzhovski-gosti-na-msu-skopje/ Tue, 04 Apr 2023 07:57:39 +0000 https://republika.mk/?p=627002

Уметничкиот тандем Дан и Лиа Пержовски, кој преку цртежи ги потполнува ѕидовите на МоМА Њујорк, Тејт Модерн во Лондон, Центарот Помпиду-Бобур во Париз, ВанАбе Музејот во Ајндховен, за првпат доаѓа во Музејот на современата уметност – Скопје. Ова е исклучително ретка можност во Скопје да присуствуваат светски познати уметници, кои ги поместуваат границите на современите уметнички практики денес.

Познатиот уметник чие изразно средство е цртежот Дан Пержовски, за првпат ќе биде гостин во Музејот на современата уметност заедно со Лиа Пержовски истражувачка, уредничка и концептуална уметница.

Утре, на 5 април во 19 часот, Дан и Лиа Пержовски ќе одржат предавање во МСУ насловено „Постојано репозиционирање, помеѓу локалното и глобалното“. Влезот е слободен за сите оние кои сакаат да ја искористат оваа ретка можност да го запознаат одблиску уметничкиот тандем. Предавањето се реализира во рамките на Интердисциплинарната програма на МСУ - Скопје.

На 6 април во 12 часот во МСУ – Скопје, Дан и Лиа Пержовски ќе одржат и работилница на тема „Цртање, разговарање и споделување“.

Ден Пержовски е светски познат автор кој го користи цртежот преку бројни форми, цртежи на ѕид, цртачки перформанси, активистички цртеж, уметнички книги, проекти изведени во јавен простор, печатење и независно издаваштво. Пержовски преку своите цртежи, ја адресира важноста на бројни општествени теми, како што се актуелните воени, финансиски и мигрантски кризи, проблемите поврзани со комуникацијата денес, политичките уредувања, како и прашања поврзани со современата уметност.Пержовски го трансформираше цртежот во медиум за информации и политички коментари. Изразувајќи сложени идеи преку брзо направени цртежи, инсталациите на Дан сугерираат како уметноста, или уметничкиот цртеж може да биде ангажиран.

Дан најчесто ги создава своите цртежи во светски познатите музејски простори, како оние во Музејот на модерна уметност во Њујорк, каде што ги создаваше пред очите на посетителите. Друга изложба на Пержовски пак е нацртана на ѕидовите од португалска банка и се состои од стрип цртежи, кои се однесуваат на повеќе европски прашања како што е прифаќањето на Романија во ЕУ и легализацијата на абортусот во Португалија. Неговата работа ги одразува, над се, човечките прашања, и општествените односи.

Пержовски има реализирано бројни самостојни изложби во МоМА Њујорк, Тејт Модерн во Лондон, ВанАбе Музејот во Ајндховен, МАКРО во Рим, Киазма Хелсинки и Лудвиг Музејот во Келн. Учествува на бројни престижни групни изложби и манифестации, како Документа 15, Биеналето во Венеција, Биеналата во Истанбул, Лион, Џакарта, Сао Пауло и Сиднеј. Од 2010 година, Пержовски го продуцира цртачкиот проект во јавен простор насловен „Хоризонтален весник“, во Сибиу Романија.

Лиа Пержовски е истражувачка, уредничка и концептуална уметница. Таа е основач на неколку платформи и институции како „CCA“ - архивата за современа уметност Букурешт и „КМ“ - Музејот на знаењето, како и „TSK“ – Телескопскиот простор на знаењето. Лиа Пержовски има реализирано самостојни изложби во Нашер музејот во Далас, Галеријата Иван во Букурешт, Музејот ESPAI Castellon во Шпанија, како и редица групни изложби, меѓу кои во Центарот Помпиду-Бобур во Париз, Тејт Модерн Лондон, МАКБА Барселона и Биеналата во Сао Пауло и Сиднеј.

The post Светски познатиот уметнички тандем Дан и Лиа Пержовски гости на МСУ Скопје appeared first on Република.

]]>

Уметничкиот тандем Дан и Лиа Пержовски, кој преку цртежи ги потполнува ѕидовите на МоМА Њујорк, Тејт Модерн во Лондон, Центарот Помпиду-Бобур во Париз, ВанАбе Музејот во Ајндховен, за првпат доаѓа во Музејот на современата уметност – Скопје. Ова е исклучително ретка можност во Скопје да присуствуваат светски познати уметници, кои ги поместуваат границите на современите уметнички практики денес. Познатиот уметник чие изразно средство е цртежот Дан Пержовски, за првпат ќе биде гостин во Музејот на современата уметност заедно со Лиа Пержовски истражувачка, уредничка и концептуална уметница. Утре, на 5 април во 19 часот, Дан и Лиа Пержовски ќе одржат предавање во МСУ насловено „Постојано репозиционирање, помеѓу локалното и глобалното“. Влезот е слободен за сите оние кои сакаат да ја искористат оваа ретка можност да го запознаат одблиску уметничкиот тандем. Предавањето се реализира во рамките на Интердисциплинарната програма на МСУ - Скопје. На 6 април во 12 часот во МСУ – Скопје, Дан и Лиа Пержовски ќе одржат и работилница на тема „Цртање, разговарање и споделување“. Ден Пержовски е светски познат автор кој го користи цртежот преку бројни форми, цртежи на ѕид, цртачки перформанси, активистички цртеж, уметнички книги, проекти изведени во јавен простор, печатење и независно издаваштво. Пержовски преку своите цртежи, ја адресира важноста на бројни општествени теми, како што се актуелните воени, финансиски и мигрантски кризи, проблемите поврзани со комуникацијата денес, политичките уредувања, како и прашања поврзани со современата уметност.Пержовски го трансформираше цртежот во медиум за информации и политички коментари. Изразувајќи сложени идеи преку брзо направени цртежи, инсталациите на Дан сугерираат како уметноста, или уметничкиот цртеж може да биде ангажиран. Дан најчесто ги создава своите цртежи во светски познатите музејски простори, како оние во Музејот на модерна уметност во Њујорк, каде што ги создаваше пред очите на посетителите. Друга изложба на Пержовски пак е нацртана на ѕидовите од португалска банка и се состои од стрип цртежи, кои се однесуваат на повеќе европски прашања како што е прифаќањето на Романија во ЕУ и легализацијата на абортусот во Португалија. Неговата работа ги одразува, над се, човечките прашања, и општествените односи. Пержовски има реализирано бројни самостојни изложби во МоМА Њујорк, Тејт Модерн во Лондон, ВанАбе Музејот во Ајндховен, МАКРО во Рим, Киазма Хелсинки и Лудвиг Музејот во Келн. Учествува на бројни престижни групни изложби и манифестации, како Документа 15, Биеналето во Венеција, Биеналата во Истанбул, Лион, Џакарта, Сао Пауло и Сиднеј. Од 2010 година, Пержовски го продуцира цртачкиот проект во јавен простор насловен „Хоризонтален весник“, во Сибиу Романија. Лиа Пержовски е истражувачка, уредничка и концептуална уметница. Таа е основач на неколку платформи и институции како „CCA“ - архивата за современа уметност Букурешт и „КМ“ - Музејот на знаењето, како и „TSK“ – Телескопскиот простор на знаењето. Лиа Пержовски има реализирано самостојни изложби во Нашер музејот во Далас, Галеријата Иван во Букурешт, Музејот ESPAI Castellon во Шпанија, како и редица групни изложби, меѓу кои во Центарот Помпиду-Бобур во Париз, Тејт Модерн Лондон, МАКБА Барселона и Биеналата во Сао Пауло и Сиднеј.

The post Светски познатиот уметнички тандем Дан и Лиа Пержовски гости на МСУ Скопје appeared first on Република.

]]>