Даеела Арсовска Archives - Република https://republika.mk/tema/daeela-arsovska/ За подобро да се разбереме Thu, 21 Apr 2022 10:58:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Даеела Арсовска Archives - Република https://republika.mk/tema/daeela-arsovska/ 32 32 Арсовска: По четири децении ја реконструираме улицата Скоевска во Радишани https://republika.mk/vesti/skopje/arsovska-po-chetiri-decenii-ja-rekonstruirame-ulicata-skoevska-vo-radishani/ Thu, 21 Apr 2022 10:58:47 +0000 https://republika.mk/?p=491716

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска и градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, денеска извршија увид во состојбата на улицата Скоевска во населбата Радишани, за чија што целосна реконструкција Градот Скопје издвои 24 милиони денари.

По четири децении на барање на жителите на Радишани, за првпат се реконструира улицата Скоевска, која е една од поважните сообраќајници во оваа населба. Покрај главната улица, со проектот ќе се опфатат и три нејзини краци, со што вкупно се реконструира овој потег од околу 1.800 метри. Градот Скопје е во постојана комуникација со граѓаните, ги слушаме нивните барања и посветено работиме на обезбедување ефикасни и безбедни решенија кои пред се нудат квалитетни услови за живот, посочи градоначалничката Арсовска.

Таа додаде дека покрај оваа улица, годинава се предвидува и реконструкција на дел од улицата Бутелска во должина од околу еден километар, за што тендерските постапки се во тек, а предвидена е реконструкција и на уште неколку сообраќајници во оваа општина.

Градоначалникот Костовски изрази задоволство од реализацијата на овој проект, бидејќи со него ќе се реши 40 годишниот проблем на преку 7000 жители во населбата Радишани и ќе се зголеми безбедноста во сообраќајот, а граѓаните ќе добијат комплетно реконструирана улица.

Освен вложувањата во сообраќајната инфраструктура, Град Скопје изминатиов период на територијата на општина Бутел реализира повеќе активности за зголемување на зелените површини. Досега завршен е зелениот коридор во населбата Бутел 1 на површина од 1.496 квадратни метри, а се подигаат нови паркови и зелени површини на повеќе други локации.

 

The post Арсовска: По четири децении ја реконструираме улицата Скоевска во Радишани appeared first on Република.

]]>

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска и градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, денеска извршија увид во состојбата на улицата Скоевска во населбата Радишани, за чија што целосна реконструкција Градот Скопје издвои 24 милиони денари.
По четири децении на барање на жителите на Радишани, за првпат се реконструира улицата Скоевска, која е една од поважните сообраќајници во оваа населба. Покрај главната улица, со проектот ќе се опфатат и три нејзини краци, со што вкупно се реконструира овој потег од околу 1.800 метри. Градот Скопје е во постојана комуникација со граѓаните, ги слушаме нивните барања и посветено работиме на обезбедување ефикасни и безбедни решенија кои пред се нудат квалитетни услови за живот, посочи градоначалничката Арсовска.
Таа додаде дека покрај оваа улица, годинава се предвидува и реконструкција на дел од улицата Бутелска во должина од околу еден километар, за што тендерските постапки се во тек, а предвидена е реконструкција и на уште неколку сообраќајници во оваа општина. Градоначалникот Костовски изрази задоволство од реализацијата на овој проект, бидејќи со него ќе се реши 40 годишниот проблем на преку 7000 жители во населбата Радишани и ќе се зголеми безбедноста во сообраќајот, а граѓаните ќе добијат комплетно реконструирана улица. Освен вложувањата во сообраќајната инфраструктура, Град Скопје изминатиов период на територијата на општина Бутел реализира повеќе активности за зголемување на зелените површини. Досега завршен е зелениот коридор во населбата Бутел 1 на површина од 1.496 квадратни метри, а се подигаат нови паркови и зелени површини на повеќе други локации.  

The post Арсовска: По четири децении ја реконструираме улицата Скоевска во Радишани appeared first on Република.

]]>