дадо топиќ Archives - Република https://republika.mk/tema/dado-topikj/ За подобро да се разбереме Fri, 16 Aug 2024 08:07:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png дадо топиќ Archives - Република https://republika.mk/tema/dado-topikj/ 32 32 Дадо Топиќ на Охрид фест ќе одбележи 60 години музика: Во Македонија луѓето ме застануваат на секој чекор и се заблагодаруваат за песната „Македонија“ https://republika.mk/scena/dado-topik-na-ohrid-fest-ke-odbelezhi-60-godini-muzika-vo-makedonija-lugeto-me-zastanuvaat-na-sekoj-chekor-i-se-zablagodaruvaat-za-pesnata-makedonija/ Fri, 16 Aug 2024 08:06:55 +0000 https://republika.mk/?p=807077

Дадо Топиќ изрази желба наградата и одбележувањето на големиот јубилеј- 60 години професионална работа, да се случи токму на „Охрид фест“. Ова е поради големата љубов што тој ја чувствува кон нашата земја, поради приемот кај публиката, убавите спомени од минатогодишното издание на „Охрид фест“ и секако, поради почитта кон Григор Копров. Неговата желба е безусловно прифатена од фестивалот, бидејќи почитта е обострана, па така на Интернационлна вечер на Охрид фест, на 31 август, повторно ќе го видиме и чуеме Дадо Топиќ.

Сосема спонтано посакав овој мој јубилеј да го прославам токму на „Охрид фест, вели музичарот. Во Македонија се чувствувам величенствено, луѓето ме застануваат на секој чекор, на аеродром, на улица, во ресторан, сите се заблагодаруваат за песната „Македонија“, велат: Дадо ни подари најубава песна, тоа е нашата химна“ а тоа се зборови што не можат да се заборават. Инаку минатата година, песната наполни 50 години и „Македонија“ ја имам постојано на репертоар. Луѓето ме прашуваат за значењето на песната. „Тамо где вечно сунце сја, тамо је Македонија“ е посветена на сонцето, го имате на знамето, имате многу сончеви денови во годината, богата историја, мирен, музикален и срдечен народ, а таа песна, наградена на ланскиот „Охрид фест“ ја доби плакетата што ја краси мојата работна соба... Мојата љубов кон Македонија потекнува од најраната младост. Мајка ми беше многу музикална и кога се чистеше пченката по далматинските села, таа пееше македонски песни, јас слушав, регистрирав и полека си потпевнував во себе. Инаку, мојот менаџер Илија Јовановиќ има одлична соработка со Охрид фест, пријатели сме со Григор Копров, неуморен директор и идеен творец на фестивалот кој наголемо го реализира 31-вото издание. Ве очекува изненадување за фестивалот, нека остане тајна уште некој ден... И за крај, со нетрпение чекам да дојдеме во Охрид, би сакал за време на гостувањето да ги посетиме Билјанини извори и така да го прославиме мојот јубилеј, кој ќе биде одбележен со низа концерти низ поголеми градови во регионот. Во меѓувреме ја очекуваме биографијата, монографијата и збирка на песни што ги напишав. Се гледаме на „Охрид фест“, вели Топиќ.

The post Дадо Топиќ на Охрид фест ќе одбележи 60 години музика: Во Македонија луѓето ме застануваат на секој чекор и се заблагодаруваат за песната „Македонија“ appeared first on Република.

]]>

Јелена Томашевиќ, Дадо Топиќ, Гоца Тржан…. на „Охрид фест“ https://republika.mk/scena/estrada/jelena-tomashevik-dado-topik-gotsa-trzhan-na-ohrid-fest/ Tue, 02 Jul 2024 12:13:41 +0000 https://republika.mk/?p=792777

Подготовките за претстојното 31. издание на популарниот „Охрид фест - Охридски трубадури“ се во полн ек: годинава фестивалот ќе се случува на 30 и 31 август на добро познатата, величенствената сцена на Долни Сарај.
„Охрид фест“ е еден од најпознатите музички фестивали кои низ својата историја оставија сериозна трага во нашата музичка индустрија но е познат и надвор од границите: изминатите три децении допре до над 200 милиони гледачи, се емитуваше во педесетина земји во Европа и низ светот, во фестивалската биографија е запишано дека на него настапија пејачи од 37 земји, но тој е и значаен симбол на градот Охрид.

-Токму затоа „Охрид фест“ широко ги отвара вратите за сите охриѓани и за оние што во тој период ќе бидат во убавиот Охрид, бидејќи влезот е слободен- информира Григор Копров, првиот човек на фестивалот. „Што се однесува до ова издание, со целото искуство што го имам и со здружени сили на тимот со кој работиме со години, не очекува одличен фестивал, со многу добри песни, со настапи на нашите докажани имиња, гости од странство, ѕвездите од екс -ју но и многу млади пејачи. Новината е што од годинава имаме соработката со Канал 5, соработка на која искрено се радувам- заврши Копров.

Традиционално фестивалот ќе започне со Фолк вечер низ која ќе води шармантната Ирена Спировска и каде покрај докажаните Благоја Грујовски, Катерина Танева, Благица Павловска, Петар Нечовски, Милица Кузмановска, група „Биоритам“.., шанса за убав старт ќе имаат и нови музички надежи.
Интернационалната вечер е резервирана за поп- музиката и младите но и за етаблирани имиња од Србија, Хрватска, Босна, Словенија, Бугарија...
Омилената водителска двојка Марјана Станојковска и Васил Зафирчев ќе бидат на своите позиции а на фестивалот ќе ги видиме Јелена Томашевиќ, Дадо Топиќ, Гоца Тржан, Срѓан Марјановиќ, Брано Ликиќ, Тони Мишел, Принц од Врање...

Охрид- фест ги подржува младите но е познат и како фестивал кој има долга меморија и ги почитува уметниците кои оставиле трага во музиката, не го заборава квалитетот на уметниците кои за адутот го имаат траењето. Во тој контекст, за безвременска песна е прогласена „Одисеја“ што маестрално ја пее Лео Мартин, композиција која го издржа тестот на времето од 1973 година.

Организаторите најавуваат уште изненадувања, а
директниот пренос на „Охрид фест“, на 30 и 31 август, од 21 часот годинава ќе се случува на телевизија Канал 5.
„Охрид- фест“ останува доследен на себе си, да слушате, гледате и уживате во музиката!

The post Јелена Томашевиќ, Дадо Топиќ, Гоца Тржан…. на „Охрид фест“ appeared first on Република.

]]>

Подготовките за претстојното 31. издание на популарниот „Охрид фест - Охридски трубадури“ се во полн ек: годинава фестивалот ќе се случува на 30 и 31 август на добро познатата, величенствената сцена на Долни Сарај. „Охрид фест“ е еден од најпознатите музички фестивали кои низ својата историја оставија сериозна трага во нашата музичка индустрија но е познат и надвор од границите: изминатите три децении допре до над 200 милиони гледачи, се емитуваше во педесетина земји во Европа и низ светот, во фестивалската биографија е запишано дека на него настапија пејачи од 37 земји, но тој е и значаен симбол на градот Охрид. -Токму затоа „Охрид фест“ широко ги отвара вратите за сите охриѓани и за оние што во тој период ќе бидат во убавиот Охрид, бидејќи влезот е слободен- информира Григор Копров, првиот човек на фестивалот. „Што се однесува до ова издание, со целото искуство што го имам и со здружени сили на тимот со кој работиме со години, не очекува одличен фестивал, со многу добри песни, со настапи на нашите докажани имиња, гости од странство, ѕвездите од екс -ју но и многу млади пејачи. Новината е што од годинава имаме соработката со Канал 5, соработка на која искрено се радувам- заврши Копров. Традиционално фестивалот ќе започне со Фолк вечер низ која ќе води шармантната Ирена Спировска и каде покрај докажаните Благоја Грујовски, Катерина Танева, Благица Павловска, Петар Нечовски, Милица Кузмановска, група „Биоритам“.., шанса за убав старт ќе имаат и нови музички надежи. Интернационалната вечер е резервирана за поп- музиката и младите но и за етаблирани имиња од Србија, Хрватска, Босна, Словенија, Бугарија... Омилената водителска двојка Марјана Станојковска и Васил Зафирчев ќе бидат на своите позиции а на фестивалот ќе ги видиме Јелена Томашевиќ, Дадо Топиќ, Гоца Тржан, Срѓан Марјановиќ, Брано Ликиќ, Тони Мишел, Принц од Врање... Охрид- фест ги подржува младите но е познат и како фестивал кој има долга меморија и ги почитува уметниците кои оставиле трага во музиката, не го заборава квалитетот на уметниците кои за адутот го имаат траењето. Во тој контекст, за безвременска песна е прогласена „Одисеја“ што маестрално ја пее Лео Мартин, композиција која го издржа тестот на времето од 1973 година. Организаторите најавуваат уште изненадувања, а директниот пренос на „Охрид фест“, на 30 и 31 август, од 21 часот годинава ќе се случува на телевизија Канал 5. „Охрид- фест“ останува доследен на себе си, да слушате, гледате и уживате во музиката!

The post Јелена Томашевиќ, Дадо Топиќ, Гоца Тржан…. на „Охрид фест“ appeared first on Република.

]]>
Дадо Топиќ на јубилејниот „Охрид фест“ ќе прослави роденден и 50 години од песната „Македонија“ https://republika.mk/scena/muzika/dado-topik-na-jubilejniot-ohrid-fest-ke-proslavi-rodenden-i-50-godini-od-pesnata-makedonija/ Tue, 29 Aug 2023 09:02:34 +0000 https://republika.mk/?p=676825

Легендарниот Дадо Топиќ („Македонија“, „Дали знаш да те волим“, „Елизабет“, „За који живот да се родим“...) на јубилејното издание на „Охрид фест“, во Интернационалната вечер на 2 септември, ќе ја добие наградата за ширење музика на Балканот. Инаку, ова е интересна година - „Охрид фест“ ќе го има 30-тото издание, песната „Македонија“ одбележува 50 години постоење, а Дадо на 4 септември полни 74 години, и сите овие убави поводи ќе ги прослави токму кај нас, во Македонија.

Со голема радост доаѓам во Македонија, во Охрид, вели Дадо. - Не можете ниту да сфатите колку луѓето ја сакаат Македонија и колку знаат за неа, за македонската убавина, естетиката, хармонијата на ритамот и јазикот. Македонија има свој идентитет во музиката. Одамна не сум бил кај вас, ми значи поддршката од топлиот југ, се радувам на средбата со публиката. Патем, Копров ми кажа дека има песна за мене, значи можна е и соработка, а „Охрид фест“ е фестивал на кој му посакувам уште толку години.

На Интернационалната вечер ќе ја изведете легендарната „Македонија“ песна која со ист интензитет трае веќе 5 децении.

Луѓето го препознаваат македонското, има многу македонци во целиот свет, и сите тие првин ја бараат „Македонија“. Инаку, уште како мал ги засакав македонските песни, како дете ги слушав, ми се врежаа во меморијата а резултат на тоа е песната „Македонија“ која е мега слушана на сите континенти. Јас само го напишав текстот и музиката, а се`друго направија луѓето, тие не даваат да се заборави. Затоа и трае 5 децении.

Имате континуирана кариера, постојано патувате, настапувате. Што ќе направите прво откако ќе стигнете во Македонија?

Не останаа многу музичари од мојата генерација а јас ете имам кариера во континуитет. Фала му на Господ, здравјето добро ме служи, па ќе бидам на пат се додека ме бараат...А штом ќе стигнам во Македонија се знае: и јас не сум имун на вашата кујна, ќе уживам во македонските специјалитети, превкусен зеленчук, салати, тавче гравче, пинџур, и само тоа го јадам.

Фото:Марина Пешиќ

The post Дадо Топиќ на јубилејниот „Охрид фест“ ќе прослави роденден и 50 години од песната „Македонија“ appeared first on Република.