д-р Ратко Давидовски Archives - Република https://republika.mk/tema/d-r-ratko-davidovski/ За подобро да се разбереме Wed, 23 Aug 2023 12:22:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png д-р Ратко Давидовски Archives - Република https://republika.mk/tema/d-r-ratko-davidovski/ 32 32 Д-р Давидовски: Од горењето на сметот се појавуваат канцерогени материи, мора да се превенираат пожари на отпад https://republika.mk/vesti/makedonija/d-r-davidovski-od-goreneto-na-smetot-se-pojavuvaat-kantserogeni-materii-mora-da-se-preveniraat-pozhari-na-otpad/ Wed, 23 Aug 2023 13:58:42 +0000 https://republika.mk/?p=674997

Раководителот на одделението по хигиена и здравствена екологија при Центар за јавно здравје Тетово д-р Ратко Давидовски предупредува дека мора да се превенираат и спречуваат пожари на комунален отпад поради појавата на канцерогените материи.

Овие два дена нарушувањето на квалитетот на воздухот е докажано со евиденција на зголеменото присуство на ПМ10 и ПМ2,5 кои се мерат, но според Давидовски уште поопасни материи се создаваат при горењето отпад за кои државата нема мерења.

Овие два дена за жал после подолг период, дојде до нарушување на квалитетот на воздухот односно покачување на ПМ10 и ПМ 2,5 се должи на горењето на комунален отпад на импровизирана привремена депонија и ние сите го почувствуваме а посебно хроничните болни и децата. Имаме акутно влошување на хронични состојби кај луѓето со ХОББ, со астма, со бронхитис. Имаме непријатности кај сите и кај здравите луѓе, навечер не можеме око да склопиме. Најголема опасност покрај овие мерлививе концентрации, при горење на депонии, е појавата на диоксини и фурани докажани канцерогени материи од прв ред, изјави д-р Давидовски.

Тој потсетува дека при секое депонирање на смет настануваа сложени хемиско-биолошки процеси на разградување на комунален отпад.

Ние не смееме да имаме ваква импровизација на депонија. Треба да имаме една регионална депонија со сите хигиено-технички норми запазени да не се случува ова што се случува. Кога би имале уредена депонија со сите параметри што треба ги има таа депонија со слој на земја кој постојано би се компостирал мислам дека не би се случувало вакви работи. Крајно време е да се преземат мерки за да изгради една регионална депонија која ќе ги задоволува европски норми, изјави д-р Давидовски.

На повик на командирот на Територијалната противпожарна единица Тетово на местото дојде и директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов.

Иако вчера даде ТППЕ се од себе поради спецификите на гаснење донесовме одлука депонијата да биде затрупана. Денес се работи, сопственикот ќе се обиде со поголем број на тешка механизација да ја затрупа и да спречи понатамошно горење, изјави Ангелов.

Депонијата со смет кај Волковија се гаси втор ден, а чадот и миризбата се чувствуваат во Тетово и Гостивар и повеќе села помеѓу нив.

The post Д-р Давидовски: Од горењето на сметот се појавуваат канцерогени материи, мора да се превенираат пожари на отпад appeared first on Република.

]]>

Раководителот на одделението по хигиена и здравствена екологија при Центар за јавно здравје Тетово д-р Ратко Давидовски предупредува дека мора да се превенираат и спречуваат пожари на комунален отпад поради појавата на канцерогените материи. Овие два дена нарушувањето на квалитетот на воздухот е докажано со евиденција на зголеменото присуство на ПМ10 и ПМ2,5 кои се мерат, но според Давидовски уште поопасни материи се создаваат при горењето отпад за кои државата нема мерења.