д-р Јовев Archives - Република https://republika.mk/tema/d-r-jovev/ За подобро да се разбереме Tue, 06 Jun 2023 11:13:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png д-р Јовев Archives - Република https://republika.mk/tema/d-r-jovev/ 32 32 Д-р Јовев е разрешен поради тоа што дежурал двапати без согласност од министерот https://republika.mk/vesti/makedonija/d-r-jovev-e-razreshen-poradi-toa-shto-dezhural-dvapati-bez-soglasnost-od-ministerot/ Tue, 06 Jun 2023 10:58:06 +0000 https://republika.mk/?p=648392

Кардиохирургот проф. д-р Сашко Јовев е разрешен поради тоа што дежурал двапати во 2022 година без согласност од тогашниот министер за здравство Беким Сали, кажа денеска адвокатот на д-р Јовев, Мите Михајловски.

Тој го објасни решението за разрешување на д-р Јовев и најави правна процедура за решението.

Замислете, доаѓа некој со итна потреба на клиниката и портирот да му рече: Извинете, немаме согласност од министерот, дојдете утре. Само тоа е причината. Само дежурството, рече адвокатот Михајловски.

Д-р Јовев кажа дека е нормално да се дежура и да се покриваат колеги, како што работат сите клиники.

Разрешениот директор на Универзитатската клиника за кардиологија проф. д-р Јовев не смета дека е жртва на политички реваншизам, туку дека станува збор за суета и недоразибрање од страна на министерот за здравство Фатмир Меџити.

Во оваа држава само успехот не се простува, рече д-р Јовев.

Проф. д-р Јовев, кардихирург од светски глас, познат по тоа што го предводеше тимот што ги изврши првите трансплантации на срце во Македонија, е разрешен од функцијата директор на Државна кардиохирургија. Решението е на актуелниот министер за здравство Фатмир Меџити. Според неофицијални имформации, Меџити одлучил таа функција да ја преземе лекар од Тетово кој не е кардиохирург.

Меџити најави брифинг за доцна попладне, на кој ќе бидат образложени најдените нерегуларности.

https://republika.mk/vesti/makedonija/smetam-deka-ne-sum-zhrtva-na-politichki-revanshizam-no-ova-preoaga-vo-takvo-neshto-initsijalnata-kapisla-e-sueta-i-nedorazibirane-reche-razresheniot-d-r-jovev/

The post Д-р Јовев е разрешен поради тоа што дежурал двапати без согласност од министерот appeared first on Република.

]]>

Кардиохирургот проф. д-р Сашко Јовев е разрешен поради тоа што дежурал двапати во 2022 година без согласност од тогашниот министер за здравство Беким Сали, кажа денеска адвокатот на д-р Јовев, Мите Михајловски. Тој го објасни решението за разрешување на д-р Јовев и најави правна процедура за решението.
Замислете, доаѓа некој со итна потреба на клиниката и портирот да му рече: Извинете, немаме согласност од министерот, дојдете утре. Само тоа е причината. Само дежурството, рече адвокатот Михајловски.
Д-р Јовев кажа дека е нормално да се дежура и да се покриваат колеги, како што работат сите клиники. Разрешениот директор на Универзитатската клиника за кардиологија проф. д-р Јовев не смета дека е жртва на политички реваншизам, туку дека станува збор за суета и недоразибрање од страна на министерот за здравство Фатмир Меџити.
Во оваа држава само успехот не се простува, рече д-р Јовев.
Проф. д-р Јовев, кардихирург од светски глас, познат по тоа што го предводеше тимот што ги изврши првите трансплантации на срце во Македонија, е разрешен од функцијата директор на Државна кардиохирургија. Решението е на актуелниот министер за здравство Фатмир Меџити. Според неофицијални имформации, Меџити одлучил таа функција да ја преземе лекар од Тетово кој не е кардиохирург. Меџити најави брифинг за доцна попладне, на кој ќе бидат образложени најдените нерегуларности. https://republika.mk/vesti/makedonija/smetam-deka-ne-sum-zhrtva-na-politichki-revanshizam-no-ova-preoaga-vo-takvo-neshto-initsijalnata-kapisla-e-sueta-i-nedorazibirane-reche-razresheniot-d-r-jovev/  

The post Д-р Јовев е разрешен поради тоа што дежурал двапати без согласност од министерот appeared first on Република.

]]>
Сметам дека не сум жртва на политички реваншизам, но ова преоаѓа во такво нешто, иницијалната каписла е суета и недоразибирање, рече разрешениот д-р Јовев https://republika.mk/vesti/makedonija/smetam-deka-ne-sum-zhrtva-na-politichki-revanshizam-no-ova-preoaga-vo-takvo-neshto-initsijalnata-kapisla-e-sueta-i-nedorazibirane-reche-razresheniot-d-r-jovev/ Tue, 06 Jun 2023 10:38:32 +0000 https://republika.mk/?p=648383

Разрешениот директор на Универзитатската клиника за кардиологија проф. д-р Сашко Јовев не смета дека е жртва на политички реваншизам, туку дека станува збор за суета и недоразибрање од страна на министерот за здравство Фатмир Меџити.

Сметам дека не сум жртва на политички реваншизам, но ова преоаѓа во такво нешто. Иницијалната каписла воопшто не е политика, туку може да е некоја суета и недоразибирање. Како да оди нагоре, како да сакаат да жртвуваат некој кој направил во овој живот и за оваа земја, изјави денеска на прес-конфренција д-р Јовев пред Клиниката за кардиологија во Скопје.

Додека д-р Јовев даваше изјава зад него стоеше целиот тим со кој работи, како што рече тој 24/7. Освен медицински персонал, на д-р Јовев, кој заедно со поголема екипа пред три години ја изврши првата трансплантација на срце во Македонија, дојда да му изразат поддршка поранешни и сегашни пациенти, пензионирални доктори, медицински персонал, колеги, пријатели.

Јас 25 години се трудев да отворам кардиохирургија. Многу генерации наназад моите ја создаваа оваа држава, имаат чесно и интелектуално портфолио. Не може да си играте играчки со такви луѓе. Воопшто не почна политички, но како се развиваше, може да има, за мене беспотребен политички пазар, рече д-р Јовев.

Тој истакна дека иако е многу поддржан од СДСМ, одамна не е партиски кадар.

Заменик-министерката за здравство Маја Манолева апсолутно ме поддржа, Тие имаа повеќе состаноци за моја поддршка. Од премерот засега немам добиено известување. Тој сметаше дека не треба да се меша во мојата и работата на министерот, а јас не чувстувавам вина да се расправам со министерот зошто некој протокол порано некому пратил покана или не. СДСМ сериозно ми дадоа поддршка, застанаа на моја страна, се надевам дека ќе изработат нешто, рече д-р Јовев.

https://republika.mk/vesti/makedonija/medhiti-nema-politika-vo-razreshuvaneto-na-d-r-jovev-sekade-kade-shto-ima-zloubotrebi-ke-ima-sanktsionirane/

The post Сметам дека не сум жртва на политички реваншизам, но ова преоаѓа во такво нешто, иницијалната каписла е суета и недоразибирање, рече разрешениот д-р Јовев appeared first on Република.

Елеонора, ќерка на чиј татко Д-р Јовев му трансплантираше ново срце имаше што да му каже на Министерот кој го разреши https://republika.mk/vesti/makedonija/eleonora-kerka-na-chij-tatko-d-r-jovev-mu-transplantirashe-novo-srtse-imashe-shto-da-mu-kazhe-na-ministerot-koj-go-razreshi/ Tue, 06 Jun 2023 08:04:55 +0000 https://republika.mk/?p=648276

Елеонора Димовска на својот фејсбук профил сподели објава во која вели:

Во принцип на мојов профил најчесто гледате објави поврзани со шминка, и избегнувам да давам коментар на вакви теми, но овој пат оваа тема многу ме погодува, ме боли! Па затоа решив нешто да Ви кажам. Дали знаете кој е Проф. Др. Сашко Јовев? За тие што не знаете еве јас ќе Ви кажам.

Проф. Др. Сашко Јовев до пред некој час директорот на Кардиохирургија е најуспешниот кардиохирург на нашиве простори па и пошироко. Личноста која ги предводеше сите трансплантации на срце во нашата држава, спаси и продолжи безброј животи, е таа личност денес е разрешена од страна на НАДЛЕЖНИТЕ.

Ако се прашувате зошто и од каде ми е правото јас да зборувам на темава еве и тоа ќе Во го кажам, пред 9 месеци беше направена последната трансплантација на срце, а личноста која го прими срцето беше мојот татко. Па оттука можам да зборувам за она што го направил професорот.

Од една страна за жал, а од друга за голема среќа долг период секое утро, повторувам СЕКОЕ УТРО по неколку часа поминувавме во просториите на државната кардиохирургија, и сведочевме на ангажираноста на професорот, сведочев дека ниту еднаш не пропушти визита, немаше момент некој од пациентите да го побара а он да не е присутен, но по зборовите на НАДЛЕЖНИТЕ можеби и операцијата на татко ми од дома ја правел, не работел ништо 10 години.

И не, не го кажувам ова за да го бранам Професорот, го кажувам ова затоа што не можам да си поверувам каде живеам, во држава каде што се разрешуваат луѓето кои спасуваат животи.

И знаете ли што ми е најголем проблем, тоа што познавајќи го професорот и целиот тим кој што е покрај него после ова ќе ја продолжат нивната кариера негде каде што ќе ги ценат, негде каде што ќе ги почитуваат, негде многу далеку од нашава Македонија, и тука нема да остане стручно лице кое ќе знае да го одржува во живот срцето на татко ми, срцата на сите трансплантираните, срцата на оние кои чекаат трансплантација, ако воопшто ја има во иднина.

Затоа што нивната работа не завршува кога ќе излезеш од болница, на располагање за 24 часа 365 дена во годината, секојдневно ја контролираат терапијата и ја дозираат. И сега навистина сум загрижена кој ќе ја преземе нивната работа, кој ќе го одржува во живот татко ми? или твојот татко, мајка, сестра, брат, сопруг, сопруга…?

До кога ќе молчиме и ќе си прават кој што сака? До кога стручните лица ќе ги бркаме и ќе ставаме на позиција луѓе кои немаат допирна точка со позицијата, прочитавте? новиот раководител на кардиохирургија е кардиолог, повторувам кардиолог е раководител на кардиохирургија а не КАРДИОХИРУРГ.

Искрено се надевам дека сите оние кои учествувале во одлукава се молат еден ден нивниот или животот на нивните блиски да не зависи од РАЗРЕШЕНИОТ, затоа што благодарение на нив, нема да биде тука!

The post Елеонора, ќерка на чиј татко Д-р Јовев му трансплантираше ново срце имаше што да му каже на Министерот кој го разреши appeared first on Република.

]]>

Елеонора Димовска на својот фејсбук профил сподели објава во која вели: Во принцип на мојов профил најчесто гледате објави поврзани со шминка, и избегнувам да давам коментар на вакви теми, но овој пат оваа тема многу ме погодува, ме боли! Па затоа решив нешто да Ви кажам. Дали знаете кој е Проф. Др. Сашко Јовев? За тие што не знаете еве јас ќе Ви кажам. Проф. Др. Сашко Јовев до пред некој час директорот на Кардиохирургија е најуспешниот кардиохирург на нашиве простори па и пошироко. Личноста која ги предводеше сите трансплантации на срце во нашата држава, спаси и продолжи безброј животи, е таа личност денес е разрешена од страна на НАДЛЕЖНИТЕ. Ако се прашувате зошто и од каде ми е правото јас да зборувам на темава еве и тоа ќе Во го кажам, пред 9 месеци беше направена последната трансплантација на срце, а личноста која го прими срцето беше мојот татко. Па оттука можам да зборувам за она што го направил професорот. Од една страна за жал, а од друга за голема среќа долг период секое утро, повторувам СЕКОЕ УТРО по неколку часа поминувавме во просториите на државната кардиохирургија, и сведочевме на ангажираноста на професорот, сведочев дека ниту еднаш не пропушти визита, немаше момент некој од пациентите да го побара а он да не е присутен, но по зборовите на НАДЛЕЖНИТЕ можеби и операцијата на татко ми од дома ја правел, не работел ништо 10 години. И не, не го кажувам ова за да го бранам Професорот, го кажувам ова затоа што не можам да си поверувам каде живеам, во држава каде што се разрешуваат луѓето кои спасуваат животи. И знаете ли што ми е најголем проблем, тоа што познавајќи го професорот и целиот тим кој што е покрај него после ова ќе ја продолжат нивната кариера негде каде што ќе ги ценат, негде каде што ќе ги почитуваат, негде многу далеку од нашава Македонија, и тука нема да остане стручно лице кое ќе знае да го одржува во живот срцето на татко ми, срцата на сите трансплантираните, срцата на оние кои чекаат трансплантација, ако воопшто ја има во иднина. Затоа што нивната работа не завршува кога ќе излезеш од болница, на располагање за 24 часа 365 дена во годината, секојдневно ја контролираат терапијата и ја дозираат. И сега навистина сум загрижена кој ќе ја преземе нивната работа, кој ќе го одржува во живот татко ми? или твојот татко, мајка, сестра, брат, сопруг, сопруга…? До кога ќе молчиме и ќе си прават кој што сака? До кога стручните лица ќе ги бркаме и ќе ставаме на позиција луѓе кои немаат допирна точка со позицијата, прочитавте? новиот раководител на кардиохирургија е кардиолог, повторувам кардиолог е раководител на кардиохирургија а не КАРДИОХИРУРГ. Искрено се надевам дека сите оние кои учествувале во одлукава се молат еден ден нивниот или животот на нивните блиски да не зависи од РАЗРЕШЕНИОТ, затоа што благодарение на нив, нема да биде тука!

The post Елеонора, ќерка на чиј татко Д-р Јовев му трансплантираше ново срце имаше што да му каже на Министерот кој го разреши appeared first on Република.

]]>