д-р Ирина Сотирова Бухова Archives - Република https://republika.mk/tema/d-r-irina-sotirova-buhova/ За подобро да се разбереме Tue, 28 Nov 2023 11:59:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png д-р Ирина Сотирова Бухова Archives - Република https://republika.mk/tema/d-r-irina-sotirova-buhova/ 32 32 Бухова со реакција: Додека бев директорка на ДЗСИ немаше никаква пријава, заклучоците на Анкетната комисија се неиздржани https://republika.mk/vesti/makedonija/buhova-so-reaktsija-dodeka-bev-direktorka-na-dzsi-nemashe-nikakva-prijava-zakluchotsite-na-anketnata-komisija-se-neizdrzhani/ Tue, 28 Nov 2023 11:59:30 +0000 https://republika.mk/?p=717151

Како поранешна директорка на Државната здравствена и санитарна инспекција најостро реагирам на предлог заклучоците за моја политичка одговорност на Анкетната комисија при Собранието за случајот со онкологија, се вели во писмената реакција на д-р Ирина Сотирова Бухова.

ДЗСИ нема никаква законска надлежност во делот на препишување на терапија, распоредување на терапија и контрола над начинот на кој се аплицира терапијата. Во прилог на ова говорат и законските надлежности на инспекторите од ДЗСИ, од каде е јасно дека инспекторатот не е органот кој е надлежен за преземање на активности и проверки во конкретниот случај. Дополнително во рамки на инспекторатот додека јас сум била директор немало никаква пријава и инспекторатот немал никакви сознанија за евентуални неправилности, за да реагира и ги проследи сознанијата до надлежните институции, се вели во писмената реакција на д-р Сотирова Бухова.

Таа смета дека предлог заклучоците се неиздржани и се одраз на политички реваншизам.

Како здравствен работник јас ја подржувам работата како на анкетната комисија така и на секој орган кој би придонел до расчистување на сите околности за овој случај, но не можам да останам нема на злоупотребата на овој процес за нелегитимно собирање политички поени и неоснована политичка дискредитација, се додава во рекацијата.

Анкетната комисија за скандалот во Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија утврди политична одговорност кај поранешниот министер за здравство Венко Филипче, екс медицинскиот директор на Онкологија, Нино Васев, Нехат Нухи – поранешен организационен директор на УКРО, кај поранешната директорка на Државниот санитарен и здравствен инспекторат Ирина Сотирова Бухова, како и кај екс директорите на ФЗОМ Стево Крстевски и Фатон Ахмети.

https://republika.mk/vesti/makedonija/anketnata-komisija-za-onkologija-utvrdi-politichka-odgovornost-na-listata-se-filipche-vasev-nuhi-sotirova-buhova-krstevski-i-ahmeti/

The post Бухова со реакција: Додека бев директорка на ДЗСИ немаше никаква пријава, заклучоците на Анкетната комисија се неиздржани appeared first on Република.

]]>

Како поранешна директорка на Државната здравствена и санитарна инспекција најостро реагирам на предлог заклучоците за моја политичка одговорност на Анкетната комисија при Собранието за случајот со онкологија, се вели во писмената реакција на д-р Ирина Сотирова Бухова.
ДЗСИ нема никаква законска надлежност во делот на препишување на терапија, распоредување на терапија и контрола над начинот на кој се аплицира терапијата. Во прилог на ова говорат и законските надлежности на инспекторите од ДЗСИ, од каде е јасно дека инспекторатот не е органот кој е надлежен за преземање на активности и проверки во конкретниот случај. Дополнително во рамки на инспекторатот додека јас сум била директор немало никаква пријава и инспекторатот немал никакви сознанија за евентуални неправилности, за да реагира и ги проследи сознанијата до надлежните институции, се вели во писмената реакција на д-р Сотирова Бухова.
Таа смета дека предлог заклучоците се неиздржани и се одраз на политички реваншизам.
Како здравствен работник јас ја подржувам работата како на анкетната комисија така и на секој орган кој би придонел до расчистување на сите околности за овој случај, но не можам да останам нема на злоупотребата на овој процес за нелегитимно собирање политички поени и неоснована политичка дискредитација, се додава во рекацијата.
Анкетната комисија за скандалот во Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија утврди политична одговорност кај поранешниот министер за здравство Венко Филипче, екс медицинскиот директор на Онкологија, Нино Васев, Нехат Нухи – поранешен организационен директор на УКРО, кај поранешната директорка на Државниот санитарен и здравствен инспекторат Ирина Сотирова Бухова, како и кај екс директорите на ФЗОМ Стево Крстевски и Фатон Ахмети. https://republika.mk/vesti/makedonija/anketnata-komisija-za-onkologija-utvrdi-politichka-odgovornost-na-listata-se-filipche-vasev-nuhi-sotirova-buhova-krstevski-i-ahmeti/

The post Бухова со реакција: Додека бев директорка на ДЗСИ немаше никаква пријава, заклучоците на Анкетната комисија се неиздржани appeared first on Република.

]]>
Анкетната комисија за Онкологија утврди политичка одговорност, на листата се Филипче, Васев, Нухи, Сотирова-Бухова, Крстевски и Ахмети https://republika.mk/vesti/makedonija/anketnata-komisija-za-onkologija-utvrdi-politichka-odgovornost-na-listata-se-filipche-vasev-nuhi-sotirova-buhova-krstevski-i-ahmeti/ Mon, 27 Nov 2023 10:33:34 +0000 https://republika.mk/?p=716665

Анкетната комисија за скандалот во ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија утврди политична одговорност кај поранешниот министер за здравство Венко Филипче, екс медицинскиот директор на Онкологија, Нино Васев, Нехат Нухи – поранешен организационен директор на УКРО, кај поранешната директорка на Државниот санитарен и здравствен инспекторат Ирина Сотирова Бухова, како и кај екс директорите на ФЗОМ Стево Крстевски и Фатон Ахмети.

Во заклучоците се наведува дека одговорноста е утврдена заради прекршување на уставни начела, непостапување согласно надлежностите кои се пропишани во законите од областа на здравствениот систем, како и прекршување на позитивни прописи од подзаконските акти со кои се уредуваат организацијата, работењето и контролата на здравствените установи.

Во образложението се наведува:

-Kлучниот документ кој ги утврдува неправилностите во работата на Клиниката за онкологија е извештајот на Државниот завод за ревизија за 2021 година, кој извештај ДЗР како овластена институција јавно го објавила во април 2023 година, а извештајот уште во текот на изготвувањето им бил претставен на раководните лица во Министерството за здравство, како и на директорите во ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија. Извештајот на ДЗР ги констатирал следните состојби:

1) се констатираат слабости во планирањето, реализацијата и контролата на условниот
надоместок за набавка на биолошка терапија и отсуство на медицински протоколи/ упатства со кои ќе се воспостават правила и утврдат критериуми за приклучување на пациентите на биолошка терапија;
2) пописот на средствата и обврските не е во целост спроведен и утврдено е непочитување на одредбите од Правилникот за сметководството за буџетите и буџетските корисници;
3) биле преземени обврски над одобрениот буџет за 2021 година и Клиниката се јавува
како тужена страна во судски постапки по однос на неплатени фактури за набавка
на лекови и медицински материјали;
4) неусогласеност на сметководствената и материјалната евиденција на залихите со состојбата по спроведениот попис;
5) утврдена е несоодветна примена на Закон за јавни набавки за дел од спроведените постапки за јавни набавки;
6) во постапката за сервисирање на опрема за која економските оператори имаат монополска позиција/ексклузивно право, се склучуваат договори за целосен сервис пришто не постои можност да се спореди/утврди реалноста на исплатените средства во однос на обемот на извршените услуги;
7) констатирано е дека набавениот линеарен акцелератор не е ставен во употреба, поради тоа што Клиниката не располагала со соодветен простор;

Врз основ на доставениот извештај на ДЗР за 2021 година, како и матерјалите доставени од Министерството за здравство, Фондот за здравствено осигурување, Државниот санитарен и здравствен инспекторат, МАЛМЕД и ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија, а по барање на Анкетната комисија за скандалот на Клиниката за онкологија, како и исказите на сведоците и/или експертите кои дадоа искази пред Анкетната комисија, а во врска со скандалот во ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија, по пат на дедукција се утврди дека:

1. Д-р. Венко Филипче, како тогашен министер за здравство во критичниот период на кој се однесува и извештајот на ДЗР, не постапил согласно надлежностите од Законот за здравствената заштита, и тоа конкретно: член 17, член 27, член 92-г, член 110, член 226-б, член226-и и член 295. Исто така не постапил во согласност со Законот за јавни набавки, и тоа конкретно: член 2(1)т.11, член 76 и член 77 (2 и 5). Не е постапено соодветно на член 4 (1), член 13 (1, 2, 4) и член 22 од Законот за организација и работа на органите на државната управа. По однос на Законот за здравственото осигурување не постапил согласно членот 59.

2. Д-р Нино Васев, како тогашен медицински директор на ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија, не постапил согласно законските одреби предвидени во Законот за здравствена заштита, и тоа поточно: член 37, член 92-в, член 92-г, член 105, член 110, член 112, член 226-и, член 235 и член 237. Исто така не постапил согласно членот 9 од Законот за здравственото осигурување. Како директор не ги применил и важечките прописи од Правилникот за сметководство на буџетите и буџетските корисници, и тоа конкретно: член 12 (2), член 29, член 31-а, член 31-в и член 33.

3. Д-р Нехат Нухи, тогашен организациски директор на ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија, не постапил согласно Законот за здравствена заштита, и тоа конкретно: член 92-г, 92-в, член 105 и член 110. Посочениот организациски директор во предметниот период не ги применил и важечките прописи од Правилникот за сметководство на буџетите и буџетските корисници, и тоа конкретно: член 12 (2), член 29, член 31-а, член 31-в и член 33. Дополнително не ги применил важечките одредби од Законот за сметководство на буџети и буџетските корисници, и тоа: член 2, член 6 (2), член 7 и член 12. По однос на Законот за Здравственото осигурување не е постапено согласно член 9. По однос на Законот за јавна внатрешна финансиска контрола не постапил во согласност со членот 7, додека од Законот за буџети не се соодветно применети членот 3 (2)т.8, членот 7 (2). Исто така не постапил согласно Законот за јавни набавки, и тоа конкретно: член 2(1)т.11, член 4, член 5 (1, 2), член 6 (1, 2), член 39 (1), член 75 (1, 2) и член 77 (2, 5). Во негова надлежност е и непостапувањето согласно Законот за финансиска дисциплина, конкретно на членот 6 (1). Од Законот за донации и спонзорства не е постапено согласно член 3 (1)

4. Д-р Ирена Сотирова Бухова, како тогашен директор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, нецелосно ги применила важечките одредби од Законот за здравствената заштита, и тоа конкретно на членот 300. По однос на Законот за санитарната и здравствената инспекција, несоодветно ги применила членовите: чл.2, чл.5 (1, 2, 8, 9), чл 16, чл.17 (2), чл.19 (4) и член 24.

5. Стево Крстевски и Фатон Ахмети, во критичниот период и двајцата како директори на Фондот за здравствено осигурување нецолосно ги примениле законските одредби кои се однесуваат на нивните контролни надлежности кон јавните здравствени установи. По однос на Законот за здравственото осигурување ова се однесува конкретно на член 9, член 54 (12, 13), член 68 (2) и член 71. Исто така, не ги примениле соодветно прописите од Правилникот за овластувања и начин на работа на контролата на Фондот за здравствено осигурување, и тоа конкретно член 1, член 6 и член 7, стои во образложението на Анкетната комисија.

 

The post Анкетната комисија за Онкологија утврди политичка одговорност, на листата се Филипче, Васев, Нухи, Сотирова-Бухова, Крстевски и Ахмети appeared first on Република.

]]>

Анкетната комисија за скандалот во ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија утврди политична одговорност кај поранешниот министер за здравство Венко Филипче, екс медицинскиот директор на Онкологија, Нино Васев, Нехат Нухи – поранешен организационен директор на УКРО, кај поранешната директорка на Државниот санитарен и здравствен инспекторат Ирина Сотирова Бухова, како и кај екс директорите на ФЗОМ Стево Крстевски и Фатон Ахмети. Во заклучоците се наведува дека одговорноста е утврдена заради прекршување на уставни начела, непостапување согласно надлежностите кои се пропишани во законите од областа на здравствениот систем, како и прекршување на позитивни прописи од подзаконските акти со кои се уредуваат организацијата, работењето и контролата на здравствените установи. Во образложението се наведува: -Kлучниот документ кој ги утврдува неправилностите во работата на Клиниката за онкологија е извештајот на Државниот завод за ревизија за 2021 година, кој извештај ДЗР како овластена институција јавно го објавила во април 2023 година, а извештајот уште во текот на изготвувањето им бил претставен на раководните лица во Министерството за здравство, како и на директорите во ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија. Извештајот на ДЗР ги констатирал следните состојби: 1) се констатираат слабости во планирањето, реализацијата и контролата на условниот надоместок за набавка на биолошка терапија и отсуство на медицински протоколи/ упатства со кои ќе се воспостават правила и утврдат критериуми за приклучување на пациентите на биолошка терапија; 2) пописот на средствата и обврските не е во целост спроведен и утврдено е непочитување на одредбите од Правилникот за сметководството за буџетите и буџетските корисници; 3) биле преземени обврски над одобрениот буџет за 2021 година и Клиниката се јавува како тужена страна во судски постапки по однос на неплатени фактури за набавка на лекови и медицински материјали; 4) неусогласеност на сметководствената и материјалната евиденција на залихите со состојбата по спроведениот попис; 5) утврдена е несоодветна примена на Закон за јавни набавки за дел од спроведените постапки за јавни набавки; 6) во постапката за сервисирање на опрема за која економските оператори имаат монополска позиција/ексклузивно право, се склучуваат договори за целосен сервис пришто не постои можност да се спореди/утврди реалноста на исплатените средства во однос на обемот на извршените услуги; 7) констатирано е дека набавениот линеарен акцелератор не е ставен во употреба, поради тоа што Клиниката не располагала со соодветен простор; Врз основ на доставениот извештај на ДЗР за 2021 година, како и матерјалите доставени од Министерството за здравство, Фондот за здравствено осигурување, Државниот санитарен и здравствен инспекторат, МАЛМЕД и ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија, а по барање на Анкетната комисија за скандалот на Клиниката за онкологија, како и исказите на сведоците и/или експертите кои дадоа искази пред Анкетната комисија, а во врска со скандалот во ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија, по пат на дедукција се утврди дека: 1. Д-р. Венко Филипче, како тогашен министер за здравство во критичниот период на кој се однесува и извештајот на ДЗР, не постапил согласно надлежностите од Законот за здравствената заштита, и тоа конкретно: член 17, член 27, член 92-г, член 110, член 226-б, член226-и и член 295. Исто така не постапил во согласност со Законот за јавни набавки, и тоа конкретно: член 2(1)т.11, член 76 и член 77 (2 и 5). Не е постапено соодветно на член 4 (1), член 13 (1, 2, 4) и член 22 од Законот за организација и работа на органите на државната управа. По однос на Законот за здравственото осигурување не постапил согласно членот 59. 2. Д-р Нино Васев, како тогашен медицински директор на ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија, не постапил согласно законските одреби предвидени во Законот за здравствена заштита, и тоа поточно: член 37, член 92-в, член 92-г, член 105, член 110, член 112, член 226-и, член 235 и член 237. Исто така не постапил согласно членот 9 од Законот за здравственото осигурување. Како директор не ги применил и важечките прописи од Правилникот за сметководство на буџетите и буџетските корисници, и тоа конкретно: член 12 (2), член 29, член 31-а, член 31-в и член 33. 3. Д-р Нехат Нухи, тогашен организациски директор на ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија, не постапил согласно Законот за здравствена заштита, и тоа конкретно: член 92-г, 92-в, член 105 и член 110. Посочениот организациски директор во предметниот период не ги применил и важечките прописи од Правилникот за сметководство на буџетите и буџетските корисници, и тоа конкретно: член 12 (2), член 29, член 31-а, член 31-в и член 33. Дополнително не ги применил важечките одредби од Законот за сметководство на буџети и буџетските корисници, и тоа: член 2, член 6 (2), член 7 и член 12. По однос на Законот за Здравственото осигурување не е постапено согласно член 9. По однос на Законот за јавна внатрешна финансиска контрола не постапил во согласност со членот 7, додека од Законот за буџети не се соодветно применети членот 3 (2)т.8, членот 7 (2). Исто така не постапил согласно Законот за јавни набавки, и тоа конкретно: член 2(1)т.11, член 4, член 5 (1, 2), член 6 (1, 2), член 39 (1), член 75 (1, 2) и член 77 (2, 5). Во негова надлежност е и непостапувањето согласно Законот за финансиска дисциплина, конкретно на членот 6 (1). Од Законот за донации и спонзорства не е постапено согласно член 3 (1) 4. Д-р Ирена Сотирова Бухова, како тогашен директор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, нецелосно ги применила важечките одредби од Законот за здравствената заштита, и тоа конкретно на членот 300. По однос на Законот за санитарната и здравствената инспекција, несоодветно ги применила членовите: чл.2, чл.5 (1, 2, 8, 9), чл 16, чл.17 (2), чл.19 (4) и член 24. 5. Стево Крстевски и Фатон Ахмети, во критичниот период и двајцата како директори на Фондот за здравствено осигурување нецолосно ги примениле законските одредби кои се однесуваат на нивните контролни надлежности кон јавните здравствени установи. По однос на Законот за здравственото осигурување ова се однесува конкретно на член 9, член 54 (12, 13), член 68 (2) и член 71. Исто така, не ги примениле соодветно прописите од Правилникот за овластувања и начин на работа на контролата на Фондот за здравствено осигурување, и тоа конкретно член 1, член 6 и член 7, стои во образложението на Анкетната комисија.  

The post Анкетната комисија за Онкологија утврди политичка одговорност, на листата се Филипче, Васев, Нухи, Сотирова-Бухова, Крстевски и Ахмети appeared first on Република.

]]>
Поранешната директорка на ДСЗИ сведочеше пред Анкетна комисија за работењето на Онкологија https://republika.mk/vesti/makedonija/poraneshnata-direktorka-na-dszi-svedocheshe-pred-anketna-komisija-za-raboteneto-na-onkologija/ Sat, 28 Oct 2023 11:45:13 +0000 https://republika.mk/?p=695785

Поранешната директорката на Државен санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) Ирина Сотирова Бухова денеска сведочеше на седница на собраниската Анкетна комисија која го истражува работењето на Клиниката за онкологија.

Прашана од страна на претседателката на Анкетната комисија Рашела Мизрахи дали имало вонреден инспекциски надзор во Клиниката за онкологија за време на нејзиното директорување, Сотирова Бухова одговори дека во текој на нејзиниот мандат стасани се четири претставки од пациенти, кои влегуваат во вонредни инспекциски надзори. Таа раководеше со ДСЗИ од август 2017 година до септември 2021 година.

Кога Инспекторот оди во надзор, најпрвин врши контрола на хигиена, каде спаѓаат повеќе параметри, како што се дезинфекција, дезинсекција, динамика на чистење и одржување на хигиена, однос кон панциентите, поплака и издавање на соодветни решенија. Во текот на мојот мандат стасани се четири претставки од пациенти и тие влегуваат во вонредни инспекциски надзори. Извршени се четири вонредни инспекциски надзори и на сите подносители за барање на надзор им е одговорено -рече Сотирова Бухова.

Таа појасни дека сите потребни документи ги има во Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Сотирова Бухова потврди дека во текот на нејзиното директорување, Министерството за здравство нема побарано вонреден надзор за Клиниката за онкологија.

Секој надзор, редовен или вонреден, завршува со записник. Записникот го потпишува инспекторот кој го врши надзорот и одговорното лице, кое задолжително е присутно на тој надзор. Сите записници се потпишани од двете страни. Во ДСЗИ постои секој документ архивиран за кој било редовен или вонреден надзор. Јас можам да ви доставам тоа што го имам од вонредните инспекциски надзори кои сум ги добила на мое барање, но имајќи во предвид дека поканата за присуство на оваа седница ја добив пред помалку од 40 часа, мора да сфатите дека не можев да обезбедам ниту тоа што мислев дека мене ми е потребно, за да бидам исрцпна и да ги задоволам одоговорите на вашите прашања - посочи Сотирова Бухова.

Како што информираше, во ДСЗИ постои сериозна архива која го има секој вонреден и редовен инспекциски надзор, секој записник и секое издадено решение. Решението, како што рече, е со архивски број и го има доставено до секоја Клиника, па и до Онкологија. Додаде дека четирите инспекциски надзори се на барање на пациентите.

Во главно, трите барања за надзор се за незадоволство од однесувањето на одредени доктори, а едниот заврши со непронаоѓање на пациент кој наводно го поднел барањето за вонреден инспекциски надзор. Јас немам информација дека Државниот завод за ревизија има забелешки во однос на надзорите и дека ДСЗИ дал решенија, кои потоа ги нотира Државниот завод за ревизија - додаде Сотирова Бухова.

На прашањето од страна на пратеничката Иванка Василевска, дали како професионалец би поднела оставка доколку сега е директорка, Сотирова Бухова одговори дека не сака да зборува шпекулативно. Но, посочи, кога уште би раководела со таа институција, не би дозволила вакво прашање да дојде на дневен ред.

Обично не сакам да зборувам шпекулативно. Се уште се работи на тоа да се увиди дали постоела или не постоела таква постапка на Клиниката на Онкологија. Најпрвин треба да се докаже, а потоа да се преземат одредени санкции. Лично јас кога би раководела со таа институција, не би дозволела вакво прашање да дојде на дневен ред - рече Сотирова Бухова.

Пратеникот Љупчо Пренџов на седницата праша дали има морална одговорност, на што Сотирова Бухова одговори дека за време на нејзиното директорување, со извонредни напори се справувале со пандемијата и не го разбира прашањето за морална одговорност.

Во мое време немаше никаква претставка од ваков вид, за да можам да одговорам. На хипотетички прашања не можам да одговарам. Зборувам за времето на моето директорување. Тогаш немаше вакви надзори и немаше потреба од вакви надзори. Не можам да одговорам на хипотетички прашања. ДЗСИ застана исправено пред предизвикот на пандемијата - додаде Сотирова Бухова.

Пратеникот Зоран Коцески на седницата и постави неколку прашања. Тој потсети дека првата кражба на лекови од медицинска сестра се случила во 2020 година и ја праша Сотирова Бухова дали бил извршен вонреден надзор во тој период. На ова, Сотирова Бухова одговори дека во тој период, до ДСЗИ не стигнало барање за вршење на инспекциски надзор ниту од Јавното обвинителство, ниту од МВР, ниту пак од министерот за здравство.

Во 2020 година до ДСЗИ нема стасано барање од никој, ниту пак претставка, за да може да постапува. Второ, за да се работи за кражба на лекови не постапува ДСЗИ, постапуваат другите институции. Ниту МВР ниту Јавното обвинителство не побарале надзор за овој случај во 2020 година. Нема побарано вонреден надзор ниту министерот за здравство - рече Сотирова Бухова.

Прашана дали и колку извештаи доставиле во тој период и што содржат тие извештаи, Сотирова Бухова одговори дека извештаите по извршени редовни инспекциски надзори на квартално ниво ги има во ДСЗИ. Како што додаде, редовните надзори не се вршени во 2020 и 2021 година заради пандемија и пандемиските услови.

Во врска со Като системот, Сотирова Бухова рече дека тој не е во ингеренции на ДСЗИ, затоа што е апаратура која се користи за лекување на пациентите.

Во однос на опремата, доколку ДСЗИ е повикан со инициран надзор, тогаш ја запишува во записник опремата со која располага одредена клиника. Но, во редовните надзори не е опфатено опремата да биде забележувана. Постои протокол за редовни надзори, во тој протокол не е опфатена опремата која ја има институцијата, додаде Сотирова Бухова.

The post Поранешната директорка на ДСЗИ сведочеше пред Анкетна комисија за работењето на Онкологија appeared first on Република.

]]>

Поранешната директорката на Државен санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) Ирина Сотирова Бухова денеска сведочеше на седница на собраниската Анкетна комисија која го истражува работењето на Клиниката за онкологија. Прашана од страна на претседателката на Анкетната комисија Рашела Мизрахи дали имало вонреден инспекциски надзор во Клиниката за онкологија за време на нејзиното директорување, Сотирова Бухова одговори дека во текој на нејзиниот мандат стасани се четири претставки од пациенти, кои влегуваат во вонредни инспекциски надзори. Таа раководеше со ДСЗИ од август 2017 година до септември 2021 година.
Кога Инспекторот оди во надзор, најпрвин врши контрола на хигиена, каде спаѓаат повеќе параметри, како што се дезинфекција, дезинсекција, динамика на чистење и одржување на хигиена, однос кон панциентите, поплака и издавање на соодветни решенија. Во текот на мојот мандат стасани се четири претставки од пациенти и тие влегуваат во вонредни инспекциски надзори. Извршени се четири вонредни инспекциски надзори и на сите подносители за барање на надзор им е одговорено -рече Сотирова Бухова.
Таа појасни дека сите потребни документи ги има во Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Сотирова Бухова потврди дека во текот на нејзиното директорување, Министерството за здравство нема побарано вонреден надзор за Клиниката за онкологија.
Секој надзор, редовен или вонреден, завршува со записник. Записникот го потпишува инспекторот кој го врши надзорот и одговорното лице, кое задолжително е присутно на тој надзор. Сите записници се потпишани од двете страни. Во ДСЗИ постои секој документ архивиран за кој било редовен или вонреден надзор. Јас можам да ви доставам тоа што го имам од вонредните инспекциски надзори кои сум ги добила на мое барање, но имајќи во предвид дека поканата за присуство на оваа седница ја добив пред помалку од 40 часа, мора да сфатите дека не можев да обезбедам ниту тоа што мислев дека мене ми е потребно, за да бидам исрцпна и да ги задоволам одоговорите на вашите прашања - посочи Сотирова Бухова.
Како што информираше, во ДСЗИ постои сериозна архива која го има секој вонреден и редовен инспекциски надзор, секој записник и секое издадено решение. Решението, како што рече, е со архивски број и го има доставено до секоја Клиника, па и до Онкологија. Додаде дека четирите инспекциски надзори се на барање на пациентите.
Во главно, трите барања за надзор се за незадоволство од однесувањето на одредени доктори, а едниот заврши со непронаоѓање на пациент кој наводно го поднел барањето за вонреден инспекциски надзор. Јас немам информација дека Државниот завод за ревизија има забелешки во однос на надзорите и дека ДСЗИ дал решенија, кои потоа ги нотира Државниот завод за ревизија - додаде Сотирова Бухова.
На прашањето од страна на пратеничката Иванка Василевска, дали како професионалец би поднела оставка доколку сега е директорка, Сотирова Бухова одговори дека не сака да зборува шпекулативно. Но, посочи, кога уште би раководела со таа институција, не би дозволила вакво прашање да дојде на дневен ред.
Обично не сакам да зборувам шпекулативно. Се уште се работи на тоа да се увиди дали постоела или не постоела таква постапка на Клиниката на Онкологија. Најпрвин треба да се докаже, а потоа да се преземат одредени санкции. Лично јас кога би раководела со таа институција, не би дозволела вакво прашање да дојде на дневен ред - рече Сотирова Бухова.
Пратеникот Љупчо Пренџов на седницата праша дали има морална одговорност, на што Сотирова Бухова одговори дека за време на нејзиното директорување, со извонредни напори се справувале со пандемијата и не го разбира прашањето за морална одговорност.
Во мое време немаше никаква претставка од ваков вид, за да можам да одговорам. На хипотетички прашања не можам да одговарам. Зборувам за времето на моето директорување. Тогаш немаше вакви надзори и немаше потреба од вакви надзори. Не можам да одговорам на хипотетички прашања. ДЗСИ застана исправено пред предизвикот на пандемијата - додаде Сотирова Бухова.
Пратеникот Зоран Коцески на седницата и постави неколку прашања. Тој потсети дека првата кражба на лекови од медицинска сестра се случила во 2020 година и ја праша Сотирова Бухова дали бил извршен вонреден надзор во тој период. На ова, Сотирова Бухова одговори дека во тој период, до ДСЗИ не стигнало барање за вршење на инспекциски надзор ниту од Јавното обвинителство, ниту од МВР, ниту пак од министерот за здравство.
Во 2020 година до ДСЗИ нема стасано барање од никој, ниту пак претставка, за да може да постапува. Второ, за да се работи за кражба на лекови не постапува ДСЗИ, постапуваат другите институции. Ниту МВР ниту Јавното обвинителство не побарале надзор за овој случај во 2020 година. Нема побарано вонреден надзор ниту министерот за здравство - рече Сотирова Бухова.
Прашана дали и колку извештаи доставиле во тој период и што содржат тие извештаи, Сотирова Бухова одговори дека извештаите по извршени редовни инспекциски надзори на квартално ниво ги има во ДСЗИ. Како што додаде, редовните надзори не се вршени во 2020 и 2021 година заради пандемија и пандемиските услови. Во врска со Като системот, Сотирова Бухова рече дека тој не е во ингеренции на ДСЗИ, затоа што е апаратура која се користи за лекување на пациентите. Во однос на опремата, доколку ДСЗИ е повикан со инициран надзор, тогаш ја запишува во записник опремата со која располага одредена клиника. Но, во редовните надзори не е опфатено опремата да биде забележувана. Постои протокол за редовни надзори, во тој протокол не е опфатена опремата која ја има институцијата, додаде Сотирова Бухова.

The post Поранешната директорка на ДСЗИ сведочеше пред Анкетна комисија за работењето на Онкологија appeared first on Република.

]]>