д-р Дафина Николова Archives - Република https://republika.mk/tema/d-r-dafina-nikolova/ За подобро да се разбереме Wed, 29 Mar 2023 11:15:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png д-р Дафина Николова Archives - Република https://republika.mk/tema/d-r-dafina-nikolova/ 32 32 Да се врати моралот, етиката и правичноста, партиските вработувања во здравството влијаат на квалитетот на стручноста https://republika.mk/vesti/makedonija/da-se-vrati-moralot-etikata-i-pravichnosta-partiskite-vrabotuvana-vo-zdravstvoto-vlijaat-na-kvalitetot-na-struchnosta/ Wed, 29 Mar 2023 11:14:05 +0000 https://republika.mk/?p=624957

Свесни сме дека политиката ги окупира сите сфери во општеството, за жал не се исклучок ниту медицината, ниту науката, па и тука постои селекција не врз база на наука, стручност и посветеност, туку на база на политичка подобност. И покрај ова, сè уште има колеги кои распознаваат квалитет и се надевам дека повторно ќе се воспостави и врати моралот, етиката и правичноста во општеството, каде критериум ќе биде знаењето, компетенциите и стручноста, смета д-р Дафина Николова, научен соработник на Универзитетската клиника за гастроентерохепатологија.

Д-р Николова е најмладиот доктор на Клиниката за гастоентерохепатологија, таа докторирала на 33 години.

Докторските студии ги запишав уште за време на мојата специјализација, бидејќи освен што знаев дека сакам да работам како доктор и да им помагам на луѓето, сакав и да се бавам со наука и стекнатото знаење да го пренесам и на следните генерации на доктори. Израсната сум во академско семејство на професори, каде науката беше секојдневие и имав прекрасни примери за тоа што значи да поседуваш комуникациски вештини, да имаш виско стручно и научно разбирање во полето на медицината, да поттикнуваш критичко размислување и креативност и да создадеш средина која поттикнува раст и учење. За време на моите студии, една година работев во Клиниката Numberg North, во Нинберг Германија, каде повторнo имав шанса да работам со експерти со добра работна етика и посветеност. Сето ова беше мотив за текот на моето образование и усовршување, а по завршувањето на докторските студии бев избрана за научен соработник од областа на гастроентерохепатологијата каде имам активно учество во бројни истражувања и во едукацијата на медицнскиот кадар во ова поле, вели д-р Николова.

Министерството за образование и наука (МОН) неодамна донесе одлука со која се стави во мирување вонредното средно медицинско образование. Досега вонредно можеше да се заврши средно образование за медицинска сестра, фармацевтски техничар и за други профили од здравствена струка.

[caption id="attachment_624959" align="alignnone" width="1600"] За жал, исполнувањето на критериумите не секогаш зависи од вашата стручност и волја за работа, вели д-р Дафина Николова, научен соработник[/caption]

Мора да признаеме дека партиските вработувања влијаат на квалитетот на стручноста, затоа што како што деновиве пишуваше во јавноста се јавуваат поголем број на сестри, кои вонредно завршиле средно училиште, без речиси никаква практична настава, па се инсуфициентни во потребните вештини, смета д-р Николова.

Таа објаснува кои се критериумите за избор.

Откога ќе докторирате, за да ве изберат во научно, или наставно звање потребно е да исполнувате одредени критериуми односно да стекнете минимум потребни бодови за избор, кои се добиваат преку учество на проекти, изработка на научни трудови и статии, работа со студенти, пишување на стручни прирачници или книги, учество во стручни симпозиуми, комисии и тн. За постигнување на сите наброени критериуми секако е потребна голема посветеност и труд. За жал, исполнувањето на критериумите не секогаш зависи од вашата стручност и волја за работа. Голем дел од одлуките за тоа во кој проект, или стручна комисија ќе бидете вклучен како доктор, зависи од раководителот, или директорот на одделот па може да се случи не секогаш да има рамноправна распределба на работата и пристапност до „стекнување на бодови”. Свесни сме дека политиката ги окупира сите сфери во општеството, за жал не се исклучок ниту медицината, ниту науката, па и тука постои селекција не врз база на наука, стручност и посветеност, туку на база на политичка подобност. И покрај ова, се уште има колеги кои распознаваат квалитет и се надевам дека повторно ќе се воспостави и врати моралот, етиката и правичноста во општеството, каде критериум ќе биде знаењето, компетенциите и стручноста, вели д-р Николова.

Пишувањето на научни трудови е дел од нејзината научна дејност, и како што вели д-р Николова, можност колегите од Македонија и светот да запознаат дел од научната дејност која ја обавуваат на Клиниката за гастроентерохепатологија.

Освен што заедно со моите колеги и соработници објавуваме трудови во македониските и светските научни списанија, јас имав чест во неколку наврати да соработувам со врни доктори и експерти од полето на гастроенетрохепатологијата од Европа и да бидам дел од мултицентртични студии од оваа област. Ќе набројам само неколку списанија каде се објавени трудови од овие студии и кои се светски реномирани, со импакт фактор (ИФ) над 30, а тоа се Lancet Gastroenterology and Hepatology со ИФ 45, Nature Reviews Gastroenterology & Hepatology со ИФ 73, Nature ИФ 69, Journal of hepatology ИФ 30, вели д-р Николова.

Во последните години се поголем број на медицински кадар, доктори и сестри, бараат подобри услови за работа во странство, или пак во приватното здравство, затоа што таму нивниот труд повеќе се вреднува. Освен што условите за работа во приватните болници во Македонија се подобри, со подобро оганизирана работа и поголема достапност на медицински ресурси, дополнително валидацијата која ја добиваат докторите и другиот медицински персонал за сработената работа се значаен фактор зошто се поголем процент на медицински персонал го напушта јавното здравство.

Во минатото, имаше можности за усовршување во странство, спонзорирано од државата, па многу колеги месеци и години поминаа на реномирани клиники низ Европа и САД. Во последните 6 години оваа погодност е укината, па доедукацијата во странство за повеќето колеги станува недостапна, особено ако се земе во обзир економската криза во која се наоѓа земјата, смета д-р Николова.

Според д-р Николова, учењето и наставата треба да бидат такви што понудената лекција ќе се доживее како вреден подарок, а не како тешка должност.

[caption id="attachment_624960" align="alignnone" width="1600"] За функционален образен систем прво е потребна конзистентност и високо образвовани и стручни наставници кои ќе го пренесат знаењето, вели д-р Дафина Николова[/caption]

Не е доволна само желбата да се завршите факултетот по секоја цена за да се стекне титула, туку стекнатата диплома и професионалната експертиза треба да ни бидат алатки за идентификување на проблемитe, создавање на нови решенија во корист на оштеството и негово усовршување. За функционален образен систем прво е потребна конзистентност и високо образвовани и стручни наставници кои ќе го пренесат знаењето. Потоа секако е потребно инкорпорирање на практичните искуства и примена од реалниот свет за учениците подобро да ги разберат и меморираат информациите. Интегрирањето на современа технологија, пристап до ресурци и информации, споделување на искустава со колеги од светот се составен дел од напредните образвовни системи. И на крај – доживотно учење. Континуираното учење и усовршување, да се биде во тек со најновите истражувања и најдобри практики и да се продолжи со тековниот професионален развој е клучно за еден образовен систем да биде успешен, вели д-р Николова.

На прашањето, дали со поинаков пристап кон струката ќе може да се влијае во одливот на медицинските лица надвор од државата, д-р Николова вели:

[caption id="attachment_624961" align="alignnone" width="1600"] д-р Дафина Николова, научен соработник[/caption]

Да се биде лекар е тешка работа која бара високо ниво на посветеност и пожртвуваност. Лекарите се одговорни за здравјето на своите пациенти, што бара големо знаење, вештина и експертиза. Често работиме под притисок, кога мора да носиме брзи одлуки и управуваме со повеќе приоритети истовремено. Дополнително, се соочуваме емоционално предизвикувачки ситуации, како што се грижата за критично болните пациенти, или справувањето со тешки дијагнози. Сето ова го правиме со недоволни ресурси, кадар и инфраструктура. За да се подобри здравствениот систем и за обезбедување на високо квалитетни здравствени услуги потребно е постојано да се инвестира во подобрување на работни услови во насока на достапност на современа терапија и апарати, добра инфраструктура на болниците, можност за континуирана доедукација како и вработување на квалификуван кадар.
И покрај предизвиците, да се биде лекар е многу наградувачка и исполнувачка професија која нуди можност да направите вистинска промена во животите на луѓето. Спасувањето на човечки животи и благодарноста на пациентите се најголемата награда за нас докторите, изјави за „Република“ д-р Николова.

Разговараше: Александра М. Бундалевска

фото: Александар Ивановски

The post Да се врати моралот, етиката и правичноста, партиските вработувања во здравството влијаат на квалитетот на стручноста appeared first on Република.

]]>

Свесни сме дека политиката ги окупира сите сфери во општеството, за жал не се исклучок ниту медицината, ниту науката, па и тука постои селекција не врз база на наука, стручност и посветеност, туку на база на политичка подобност. И покрај ова, сè уште има колеги кои распознаваат квалитет и се надевам дека повторно ќе се воспостави и врати моралот, етиката и правичноста во општеството, каде критериум ќе биде знаењето, компетенциите и стручноста, смета д-р Дафина Николова, научен соработник на Универзитетската клиника за гастроентерохепатологија. Д-р Николова е најмладиот доктор на Клиниката за гастоентерохепатологија, таа докторирала на 33 години.
Докторските студии ги запишав уште за време на мојата специјализација, бидејќи освен што знаев дека сакам да работам како доктор и да им помагам на луѓето, сакав и да се бавам со наука и стекнатото знаење да го пренесам и на следните генерации на доктори. Израсната сум во академско семејство на професори, каде науката беше секојдневие и имав прекрасни примери за тоа што значи да поседуваш комуникациски вештини, да имаш виско стручно и научно разбирање во полето на медицината, да поттикнуваш критичко размислување и креативност и да создадеш средина која поттикнува раст и учење. За време на моите студии, една година работев во Клиниката Numberg North, во Нинберг Германија, каде повторнo имав шанса да работам со експерти со добра работна етика и посветеност. Сето ова беше мотив за текот на моето образование и усовршување, а по завршувањето на докторските студии бев избрана за научен соработник од областа на гастроентерохепатологијата каде имам активно учество во бројни истражувања и во едукацијата на медицнскиот кадар во ова поле, вели д-р Николова.
Министерството за образование и наука (МОН) неодамна донесе одлука со која се стави во мирување вонредното средно медицинско образование. Досега вонредно можеше да се заврши средно образование за медицинска сестра, фармацевтски техничар и за други профили од здравствена струка. [caption id="attachment_624959" align="alignnone" width="1600"] За жал, исполнувањето на критериумите не секогаш зависи од вашата стручност и волја за работа, вели д-р Дафина Николова, научен соработник[/caption]
Мора да признаеме дека партиските вработувања влијаат на квалитетот на стручноста, затоа што како што деновиве пишуваше во јавноста се јавуваат поголем број на сестри, кои вонредно завршиле средно училиште, без речиси никаква практична настава, па се инсуфициентни во потребните вештини, смета д-р Николова.
Таа објаснува кои се критериумите за избор.
Откога ќе докторирате, за да ве изберат во научно, или наставно звање потребно е да исполнувате одредени критериуми односно да стекнете минимум потребни бодови за избор, кои се добиваат преку учество на проекти, изработка на научни трудови и статии, работа со студенти, пишување на стручни прирачници или книги, учество во стручни симпозиуми, комисии и тн. За постигнување на сите наброени критериуми секако е потребна голема посветеност и труд. За жал, исполнувањето на критериумите не секогаш зависи од вашата стручност и волја за работа. Голем дел од одлуките за тоа во кој проект, или стручна комисија ќе бидете вклучен како доктор, зависи од раководителот, или директорот на одделот па може да се случи не секогаш да има рамноправна распределба на работата и пристапност до „стекнување на бодови”. Свесни сме дека политиката ги окупира сите сфери во општеството, за жал не се исклучок ниту медицината, ниту науката, па и тука постои селекција не врз база на наука, стручност и посветеност, туку на база на политичка подобност. И покрај ова, се уште има колеги кои распознаваат квалитет и се надевам дека повторно ќе се воспостави и врати моралот, етиката и правичноста во општеството, каде критериум ќе биде знаењето, компетенциите и стручноста, вели д-р Николова.
Пишувањето на научни трудови е дел од нејзината научна дејност, и како што вели д-р Николова, можност колегите од Македонија и светот да запознаат дел од научната дејност која ја обавуваат на Клиниката за гастроентерохепатологија.
Освен што заедно со моите колеги и соработници објавуваме трудови во македониските и светските научни списанија, јас имав чест во неколку наврати да соработувам со врни доктори и експерти од полето на гастроенетрохепатологијата од Европа и да бидам дел од мултицентртични студии од оваа област. Ќе набројам само неколку списанија каде се објавени трудови од овие студии и кои се светски реномирани, со импакт фактор (ИФ) над 30, а тоа се Lancet Gastroenterology and Hepatology со ИФ 45, Nature Reviews Gastroenterology & Hepatology со ИФ 73, Nature ИФ 69, Journal of hepatology ИФ 30, вели д-р Николова.
Во последните години се поголем број на медицински кадар, доктори и сестри, бараат подобри услови за работа во странство, или пак во приватното здравство, затоа што таму нивниот труд повеќе се вреднува. Освен што условите за работа во приватните болници во Македонија се подобри, со подобро оганизирана работа и поголема достапност на медицински ресурси, дополнително валидацијата која ја добиваат докторите и другиот медицински персонал за сработената работа се значаен фактор зошто се поголем процент на медицински персонал го напушта јавното здравство.
Во минатото, имаше можности за усовршување во странство, спонзорирано од државата, па многу колеги месеци и години поминаа на реномирани клиники низ Европа и САД. Во последните 6 години оваа погодност е укината, па доедукацијата во странство за повеќето колеги станува недостапна, особено ако се земе во обзир економската криза во која се наоѓа земјата, смета д-р Николова.
Според д-р Николова, учењето и наставата треба да бидат такви што понудената лекција ќе се доживее како вреден подарок, а не како тешка должност. [caption id="attachment_624960" align="alignnone" width="1600"] За функционален образен систем прво е потребна конзистентност и високо образвовани и стручни наставници кои ќе го пренесат знаењето, вели д-р Дафина Николова[/caption]
Не е доволна само желбата да се завршите факултетот по секоја цена за да се стекне титула, туку стекнатата диплома и професионалната експертиза треба да ни бидат алатки за идентификување на проблемитe, создавање на нови решенија во корист на оштеството и негово усовршување. За функционален образен систем прво е потребна конзистентност и високо образвовани и стручни наставници кои ќе го пренесат знаењето. Потоа секако е потребно инкорпорирање на практичните искуства и примена од реалниот свет за учениците подобро да ги разберат и меморираат информациите. Интегрирањето на современа технологија, пристап до ресурци и информации, споделување на искустава со колеги од светот се составен дел од напредните образвовни системи. И на крај – доживотно учење. Континуираното учење и усовршување, да се биде во тек со најновите истражувања и најдобри практики и да се продолжи со тековниот професионален развој е клучно за еден образовен систем да биде успешен, вели д-р Николова.
На прашањето, дали со поинаков пристап кон струката ќе може да се влијае во одливот на медицинските лица надвор од државата, д-р Николова вели: [caption id="attachment_624961" align="alignnone" width="1600"] д-р Дафина Николова, научен соработник[/caption]
Да се биде лекар е тешка работа која бара високо ниво на посветеност и пожртвуваност. Лекарите се одговорни за здравјето на своите пациенти, што бара големо знаење, вештина и експертиза. Често работиме под притисок, кога мора да носиме брзи одлуки и управуваме со повеќе приоритети истовремено. Дополнително, се соочуваме емоционално предизвикувачки ситуации, како што се грижата за критично болните пациенти, или справувањето со тешки дијагнози. Сето ова го правиме со недоволни ресурси, кадар и инфраструктура. За да се подобри здравствениот систем и за обезбедување на високо квалитетни здравствени услуги потребно е постојано да се инвестира во подобрување на работни услови во насока на достапност на современа терапија и апарати, добра инфраструктура на болниците, можност за континуирана доедукација како и вработување на квалификуван кадар. И покрај предизвиците, да се биде лекар е многу наградувачка и исполнувачка професија која нуди можност да направите вистинска промена во животите на луѓето. Спасувањето на човечки животи и благодарноста на пациентите се најголемата награда за нас докторите, изјави за „Република“ д-р Николова.
Разговараше: Александра М. Бундалевска фото: Александар Ивановски