д-р Александар Дединец Archives - Република https://republika.mk/tema/d-r-aleksandar-dedinets/ За подобро да се разбереме Fri, 17 Mar 2023 09:30:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png д-р Александар Дединец Archives - Република https://republika.mk/tema/d-r-aleksandar-dedinets/ 32 32 Д-р Дединец: Парите собрани од данок за јаглерод треба да се користат за ублажување на климатските промени и прилагодување на ранливите сектори https://republika.mk/vesti/ekonomija/d-r-dedinets-parite-sobrani-od-danok-za-jaglerod-treba-da-se-koristat-za-ublazhuvane-na-klimatskite-promeni-i-prilagoduvane-na-ranlivite-sektori/ Fri, 17 Mar 2023 09:30:32 +0000 https://republika.mk/?p=620605

Средствата собрани од надоместокот за јаглерод треба да се користат главно за проекти за ублажување на климатските промени и прилагодување на ранливите сектори како и мерки за отпорност, како на пример, овозможување на поддршка на домаќинствата, комерцијалниот сектор и индустријата да постават соларни панели на крововите, да ги заменат прозорците, да постават изолација итн, смета д-р Александар Деннец, кој ја презентираше својата студија за „Политики за данок на јаглерод“ на тркалезна маса која ја организираа Центарот за истражување и информирање за животна средина „Еко-свест“ и мрежата CEE Bankwatch Network.

Настанот беше организиран со претставници од ревелантни интитуции и компании засегнати од воведување на данок на јаглерод.

Неопходно е секоја година да се носи програма за тоа како би се трошеле средствата од фондот, а притоа приоритет да им се даде на социјално ранливите категории на граѓани, вели д-р Денинец.

Јаглеродното оданочување е алатка, односно инструмент, со чија помош им се наплаќа на граѓаните и компаниите за трошоците кои настануваат како последица од нивното користењето на фосилни горива („external costs“).

Во овие трошоци се вклучени трошоците за штетното влијание врз посевите, здравствената заштита од топлотни бранови и суши, и загубата на имоти од поплави и пораст на нивото на морето. Со надоместокот за јаглерод се прави поврзување на изворот со емисиите и тоа преку цената.

Во моментов не е воведен надоместок за јаглерод во Македонија, но сепак постои одредено оданочување на фосилните горива и тоа во два закони: Закон за животна средина и Закон за акцизите.

Според Меѓународниот монетарен фонд, со воведувањето на надоместокот за јаглерод се поттикнува инвестирање во енергетска ефикасност и премин кон ниско јаглеродна економија.

Во Република Македонија нема директно јаглеродно оданочување за електричната енергија која се произведува од фосилни горива, но сепак се одвојуваат одредени средства за овој данок. Македонија увезува 30-35% од електричната енергија и тоа најмногу од државите во ЕУ, што значи дека производителот од ЕУ во цената веќе го вклучил јаглеродното оданочување коешто се прелева сè до последниот потрошувач кој ќе ја купи таа енергија.

Во 2022 година Владата на Република Македонија го усвои Националниот план за енергија и клима. Целите кои се зацртани со овој план се емисиите на стакленички гасови. Остварувањето на оваа цел е можно само доколку се затворат термоелектраните на јаглен и се реализираат голем број на политики и мерки. Една од клучните политики и мерки која што има исклучително влијание и врз реализацијата на голем број други политики и мерки е токму Воведувањето на данок на јаглерод.

Воведувањето на надоместок за јаглерод нема да има големо влијание врз стандардот на граѓаните доколку би се вовел понизок надоместок за јаглерод. Ова би значело дека на самиот почеток цената од 1 или 1.5 евро по тон, граѓаните нема ни да ја почувствуваат.

Интересен е фактот дека дури и воведувањето на највисоката цена на надоместок за јаглерод не прави некои драстични разлики во износот на сметките за електрична енергија за домаќинствата.
Надлежен орган за воведување на надоместокот за јаглерод и негово контролирање треба да биде Министерството за животна средина и просторно планирање, а кое треба тесно да соработува со Министерството за економија. Соработката е неопходна затоа што Министерството за економија, согласно Законот за енергетика потребно е да изработи Програма за заштита на ранливите потрошувачи, така што одредени средства прибрани од надоместокот за јаглерод може да се користат преку оваа програма.

Покрај овие две министерства, неопходна е и вклученоста на Националниот совет за одржлив развој или новото советодавно научно тело (кое треба да се формира согласно предлог Законот за климатска акција) во делот на предлагање на мерки.

The post Д-р Дединец: Парите собрани од данок за јаглерод треба да се користат за ублажување на климатските промени и прилагодување на ранливите сектори appeared first on Република.

]]>

Средствата собрани од надоместокот за јаглерод треба да се користат главно за проекти за ублажување на климатските промени и прилагодување на ранливите сектори како и мерки за отпорност, како на пример, овозможување на поддршка на домаќинствата, комерцијалниот сектор и индустријата да постават соларни панели на крововите, да ги заменат прозорците, да постават изолација итн, смета д-р Александар Деннец, кој ја презентираше својата студија за „Политики за данок на јаглерод“ на тркалезна маса која ја организираа Центарот за истражување и информирање за животна средина „Еко-свест“ и мрежата CEE Bankwatch Network. Настанот беше организиран со претставници од ревелантни интитуции и компании засегнати од воведување на данок на јаглерод.
Неопходно е секоја година да се носи програма за тоа како би се трошеле средствата од фондот, а притоа приоритет да им се даде на социјално ранливите категории на граѓани, вели д-р Денинец.
Јаглеродното оданочување е алатка, односно инструмент, со чија помош им се наплаќа на граѓаните и компаниите за трошоците кои настануваат како последица од нивното користењето на фосилни горива („external costs“). Во овие трошоци се вклучени трошоците за штетното влијание врз посевите, здравствената заштита од топлотни бранови и суши, и загубата на имоти од поплави и пораст на нивото на морето. Со надоместокот за јаглерод се прави поврзување на изворот со емисиите и тоа преку цената. Во моментов не е воведен надоместок за јаглерод во Македонија, но сепак постои одредено оданочување на фосилните горива и тоа во два закони: Закон за животна средина и Закон за акцизите. Според Меѓународниот монетарен фонд, со воведувањето на надоместокот за јаглерод се поттикнува инвестирање во енергетска ефикасност и премин кон ниско јаглеродна економија. Во Република Македонија нема директно јаглеродно оданочување за електричната енергија која се произведува од фосилни горива, но сепак се одвојуваат одредени средства за овој данок. Македонија увезува 30-35% од електричната енергија и тоа најмногу од државите во ЕУ, што значи дека производителот од ЕУ во цената веќе го вклучил јаглеродното оданочување коешто се прелева сè до последниот потрошувач кој ќе ја купи таа енергија. Во 2022 година Владата на Република Македонија го усвои Националниот план за енергија и клима. Целите кои се зацртани со овој план се емисиите на стакленички гасови. Остварувањето на оваа цел е можно само доколку се затворат термоелектраните на јаглен и се реализираат голем број на политики и мерки. Една од клучните политики и мерки која што има исклучително влијание и врз реализацијата на голем број други политики и мерки е токму Воведувањето на данок на јаглерод. Воведувањето на надоместок за јаглерод нема да има големо влијание врз стандардот на граѓаните доколку би се вовел понизок надоместок за јаглерод. Ова би значело дека на самиот почеток цената од 1 или 1.5 евро по тон, граѓаните нема ни да ја почувствуваат. Интересен е фактот дека дури и воведувањето на највисоката цена на надоместок за јаглерод не прави некои драстични разлики во износот на сметките за електрична енергија за домаќинствата. Надлежен орган за воведување на надоместокот за јаглерод и негово контролирање треба да биде Министерството за животна средина и просторно планирање, а кое треба тесно да соработува со Министерството за економија. Соработката е неопходна затоа што Министерството за економија, согласно Законот за енергетика потребно е да изработи Програма за заштита на ранливите потрошувачи, така што одредени средства прибрани од надоместокот за јаглерод може да се користат преку оваа програма. Покрај овие две министерства, неопходна е и вклученоста на Националниот совет за одржлив развој или новото советодавно научно тело (кое треба да се формира согласно предлог Законот за климатска акција) во делот на предлагање на мерки.

The post Д-р Дединец: Парите собрани од данок за јаглерод треба да се користат за ублажување на климатските промени и прилагодување на ранливите сектори appeared first on Република.

]]>