цветници Archives - Република https://republika.mk/tema/cvetnici/ За подобро да се разбереме Sun, 28 Apr 2024 07:22:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png цветници Archives - Република https://republika.mk/tema/cvetnici/ 32 32 Денеска е Цветници – голем празник предвесник на Велигден https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/deneska-e-tsvetnitsi-golem-praznik-predvesnik-na-veligden/ Sun, 28 Apr 2024 07:22:53 +0000 https://republika.mk/?p=771845

Денеска го славиме празникот Цветници, познат уште и како Цветоносна недела и Врбица, кој  е подвижен празник и секогаш се слави во неделата пред Велигден.

Тоа е денот кога го доживуваме Христовото славно влегување во Ерусалим, градот во кој по неколку дена Христос ќе биде погубен.

Неделата, една седмица пред Велигден е празникот Цветници познат уште и како Цветоносна недела и Врбица, што се празнува во спомен на влегувањето на Исус во Ерусалим, кога неговите ученици и симпатизери кршеле цвеќе од дрвјата и врбови гранки и со нив, како и со својата облека му го постилале патот по кој минувал. Саботата пред Цветници се вика Лазарова Сабота или Лазарица, односно Лазара. Според преданието, во саботата умрел Лазар од Витанија, а во неделата Исус го воскреснал. Поради тоа во народот неделата се смета за поголем празник од саботата.

Кога Христос влегуваше во Ерусалим, луѓето го пречекуваа со извици, постилајќи ги облеките пред неговите нозе и засипувајќи го патот со маслинови гранчиња пречекувајќи го како цар на мирот небесен. Во таа смисла и празникот е наречен Цветници.

Според толкувачите на Светото писмо, Исус влегол во Ерусалим качен на магаре затоа што кај источните народи магарето било симбол на мирот, наспроти коњите што служеле за водење војни. Магарето мирно му служело на човекот како што Исус му служел на народот.

Пречекувајќи го Исус, воодушевениот народ со цвеќе, но и со својата облека го постилал патот и пеел: „Осана на синот Давидов. Благословен е оној кој доаѓа во името Господово. Осана на вистините.“ Во спомен на влегувањето на Исус во Ерусалим уште од најрани христијански времиња е востановен празникот Цветници, кој се празнува од третиот век.

The post Денеска е Цветници – голем празник предвесник на Велигден appeared first on Република.

]]>

Денеска го славиме празникот Цветници, познат уште и како Цветоносна недела и Врбица, кој  е подвижен празник и секогаш се слави во неделата пред Велигден. Тоа е денот кога го доживуваме Христовото славно влегување во Ерусалим, градот во кој по неколку дена Христос ќе биде погубен. Неделата, една седмица пред Велигден е празникот Цветници познат уште и како Цветоносна недела и Врбица, што се празнува во спомен на влегувањето на Исус во Ерусалим, кога неговите ученици и симпатизери кршеле цвеќе од дрвјата и врбови гранки и со нив, како и со својата облека му го постилале патот по кој минувал. Саботата пред Цветници се вика Лазарова Сабота или Лазарица, односно Лазара. Според преданието, во саботата умрел Лазар од Витанија, а во неделата Исус го воскреснал. Поради тоа во народот неделата се смета за поголем празник од саботата. Кога Христос влегуваше во Ерусалим, луѓето го пречекуваа со извици, постилајќи ги облеките пред неговите нозе и засипувајќи го патот со маслинови гранчиња пречекувајќи го како цар на мирот небесен. Во таа смисла и празникот е наречен Цветници. Според толкувачите на Светото писмо, Исус влегол во Ерусалим качен на магаре затоа што кај источните народи магарето било симбол на мирот, наспроти коњите што служеле за водење војни. Магарето мирно му служело на човекот како што Исус му служел на народот. Пречекувајќи го Исус, воодушевениот народ со цвеќе, но и со својата облека го постилал патот и пеел: „Осана на синот Давидов. Благословен е оној кој доаѓа во името Господово. Осана на вистините.“ Во спомен на влегувањето на Исус во Ерусалим уште од најрани христијански времиња е востановен празникот Цветници, кој се празнува од третиот век.

The post Денеска е Цветници – голем празник предвесник на Велигден appeared first on Република.

]]>
Денеска е Лазарова сабота, утре Цветници – празници предвесници на Велигден https://republika.mk/zivot/deneska-e-lazarova-sabota-utre-tsvetnitsi-praznitsi-predvesnitsi-na-veligden/ Sat, 27 Apr 2024 06:36:45 +0000 https://republika.mk/?p=771579

Саботата пред Цветници се вика Лазарова сабота или Лазарица. Православните верници на овој ден си споменуваат за чудесното воскресение на четиридневно упокоениот Лазар извршено од Исус Христос. Овој настан бил на шест дена пред предавството и распнувањето на Христос на Голгота.

Според преданието во саботата умрел Лазар од Витанија, а во неделата Исус го воскреснал. Поради тоа во народот неделата се смета за поголем празник од саботата. Според тогашните закони учител можело да биде само лице што наполнило триесет години.

Исус веќе четврта година го проповедал своето учење, а бидејќи за Пасха мноштво народ доаѓал во Ерусалим за да го прослави празникот и Исус по четврти пат доаѓал како учител. Но тогаш разбрал дека неговиот пријател Лазар од Витанија е тешко болен. Исус веднаш се упатил таму, но стигнал четири дена по неговата смрт и по погребот. Сестрите на Лазар Марта и Марија го прекориле Исуса велејќи му дека ако дојдел навреме немало Лазар да умре. Марта му рекла: „Господи, ако беше Ти овде, немаше да умре брат ми. Но и сега знам што и да посакаш од Бога, Бог ќе ти даде“. Преданието вели дека Бог сакал Лазар да умре за врз него да се манифестира силата Божја.

Кога дошол до гробот Исус го повикал Лазара: „Лазаре, излези надвор“. И Лазар веднаш излегол завиткан со платно на рацете и нозете и со крпа околу лицето. Сите што го виделе тоа се почудиле и поверувале дека Исус е синот Божји. Со овој чин Исус уште повеќе се здобил со слава.

И пак се упатил кон Ерусалим. Кога стигнал во подножјето на Маслиновата гора Исус пратил двајца свои ученици во Витфагија да му донесат осле (магаре) и ослица. Им рекол: „Одете во селоно, што е наспроти вас и веднаш ќе најдете врзана ослица и осле со неа; одврзете ги и доведете ми ги. А ако ви рече некој нешто, ќе му кажете дека му се потребни на Господа и веднаш ќе ги прати“. Учениците ги донесле, а потоа ги ставиле на ослето своите облеки врз кои седнал Исус и така влегол во Ерусалим поздравен од мноштво народ. Ваквиот пречек на Исус во Ерусалим бил последица од неговата голема популарност меѓу народот уште повеќе зголемена по воскреснувањето на Лазара. Се поставува прашањето, зошто Исус во Ерусалим влегол качен на магаре? Толкувачите на Светото писмо истакнуваат дека кај источните народи магарето било симбол на мирот наспроти коњите што служеле за водење војни. Магарето мирно му служело на човекот како што и Исус му служел на народот. Пречекувајќи го Исуса воодушевениот народ со цвеќе, врбови гранки, но и со својата облека го постилал патот и пеел: „Осана на синот Давидов. Благословен е оној кој доаѓа во името Господово. Осана на висините“.

Воскреснувањето на Лазар претставува предвесник на Христовото воскресенување, но и праобраз на општото воскресение на сите луѓе при Второто Христово пришествие. Затоа, впрочем и има големо значаење. Со своето воскресение Исус потврдил дека претстои воскресение за сите луѓе. „Значи нема да воскреснат само праведниците, а грешниците да исчезнат, туку сите ќе воскреснат и ќе се претстават пред Страшниот Христов Суд.“ Со Лазарева сабота се поврзани повеќе обичаи и песни познати како лазарски. Од раните утрински часови групи девојчиња облечени во традиционална невестинска облека одат низ населените места и пеат лазарски песни, кои се со оптимистична и духовита содржина и посакуваат здравје, успех и напредок. Именден празнуваат: Лазар, Лазарка, Лазо, Цветан Цвета и сите имиња што произлегуваат од билки: Лилјана, Калина...

The post Денеска е Лазарова сабота, утре Цветници – празници предвесници на Велигден appeared first on Република.

]]>

Саботата пред Цветници се вика Лазарова сабота или Лазарица. Православните верници на овој ден си споменуваат за чудесното воскресение на четиридневно упокоениот Лазар извршено од Исус Христос. Овој настан бил на шест дена пред предавството и распнувањето на Христос на Голгота. Според преданието во саботата умрел Лазар од Витанија, а во неделата Исус го воскреснал. Поради тоа во народот неделата се смета за поголем празник од саботата. Според тогашните закони учител можело да биде само лице што наполнило триесет години. Исус веќе четврта година го проповедал своето учење, а бидејќи за Пасха мноштво народ доаѓал во Ерусалим за да го прослави празникот и Исус по четврти пат доаѓал како учител. Но тогаш разбрал дека неговиот пријател Лазар од Витанија е тешко болен. Исус веднаш се упатил таму, но стигнал четири дена по неговата смрт и по погребот. Сестрите на Лазар Марта и Марија го прекориле Исуса велејќи му дека ако дојдел навреме немало Лазар да умре. Марта му рекла: „Господи, ако беше Ти овде, немаше да умре брат ми. Но и сега знам што и да посакаш од Бога, Бог ќе ти даде“. Преданието вели дека Бог сакал Лазар да умре за врз него да се манифестира силата Божја. Кога дошол до гробот Исус го повикал Лазара: „Лазаре, излези надвор“. И Лазар веднаш излегол завиткан со платно на рацете и нозете и со крпа околу лицето. Сите што го виделе тоа се почудиле и поверувале дека Исус е синот Божји. Со овој чин Исус уште повеќе се здобил со слава. И пак се упатил кон Ерусалим. Кога стигнал во подножјето на Маслиновата гора Исус пратил двајца свои ученици во Витфагија да му донесат осле (магаре) и ослица. Им рекол: „Одете во селоно, што е наспроти вас и веднаш ќе најдете врзана ослица и осле со неа; одврзете ги и доведете ми ги. А ако ви рече некој нешто, ќе му кажете дека му се потребни на Господа и веднаш ќе ги прати“. Учениците ги донесле, а потоа ги ставиле на ослето своите облеки врз кои седнал Исус и така влегол во Ерусалим поздравен од мноштво народ. Ваквиот пречек на Исус во Ерусалим бил последица од неговата голема популарност меѓу народот уште повеќе зголемена по воскреснувањето на Лазара. Се поставува прашањето, зошто Исус во Ерусалим влегол качен на магаре? Толкувачите на Светото писмо истакнуваат дека кај источните народи магарето било симбол на мирот наспроти коњите што служеле за водење војни. Магарето мирно му служело на човекот како што и Исус му служел на народот. Пречекувајќи го Исуса воодушевениот народ со цвеќе, врбови гранки, но и со својата облека го постилал патот и пеел: „Осана на синот Давидов. Благословен е оној кој доаѓа во името Господово. Осана на висините“. Воскреснувањето на Лазар претставува предвесник на Христовото воскресенување, но и праобраз на општото воскресение на сите луѓе при Второто Христово пришествие. Затоа, впрочем и има големо значаење. Со своето воскресение Исус потврдил дека претстои воскресение за сите луѓе. „Значи нема да воскреснат само праведниците, а грешниците да исчезнат, туку сите ќе воскреснат и ќе се претстават пред Страшниот Христов Суд.“ Со Лазарева сабота се поврзани повеќе обичаи и песни познати како лазарски. Од раните утрински часови групи девојчиња облечени во традиционална невестинска облека одат низ населените места и пеат лазарски песни, кои се со оптимистична и духовита содржина и посакуваат здравје, успех и напредок. Именден празнуваат: Лазар, Лазарка, Лазо, Цветан Цвета и сите имиња што произлегуваат од билки: Лилјана, Калина...

The post Денеска е Лазарова сабота, утре Цветници – празници предвесници на Велигден appeared first on Република.

]]>
Лазарова сабота, Цветници – важни правила и обичаи за време на шестата недела од велигденскиот пост https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/lazarova-sabota-tsvetnitsi-vazhni-pravila-i-obichai-za-vreme-na-shestata-nedela-od-veligdenskiot-post/ Fri, 26 Apr 2024 07:11:47 +0000 https://republika.mk/?p=771210

Православните верници влегуваат во шестата недела од големиот велигденски пост, која уште се нарекува Цветници.

Претпоследната недела од Великиот пост е именувана по празникот на цвеќето, кој го одбележува влегувањето на Исус Христос во Ерусалим. Оваа недела обично треба да се пости на вода од понеделник до петок. Во сабота е дозволено масло, а во недела риба, бидејќи на тој ден се слави Цветници.

На овој празник му претходи Лазарева сабота. Овој празник секогаш се слави во пресрет на Цветници и го одбележува воскресението на Лазар четири дена по неговата смрт.

Овој радосен празник се смета за детски празник.

Во Лазарова сабота се носат децата во црква, а по вечерната богослужба се осветуваат млади врбoви гранчиња од кои се плетат венци кои децата ги носат во косата, а подоцна се ставаат покрај иконата и кандилото во домот.

Се купуваат и мали ѕвона, кои децата ги носат околу вратот, како спомен на децата кои радосно го поздравувале Исус Христос пред да влезат во Ерусалим.

По Цветници, верниците влегуваат во Страдалната недела, седмата и последна недела од Велигденскиот пост, по што со многу убави стари обичаи се празнува најголемиот христијански празник – Велигден.

The post Лазарова сабота, Цветници – важни правила и обичаи за време на шестата недела од велигденскиот пост appeared first on Република.

]]>

Православните верници влегуваат во шестата недела од големиот велигденски пост, која уште се нарекува Цветници. Претпоследната недела од Великиот пост е именувана по празникот на цвеќето, кој го одбележува влегувањето на Исус Христос во Ерусалим. Оваа недела обично треба да се пости на вода од понеделник до петок. Во сабота е дозволено масло, а во недела риба, бидејќи на тој ден се слави Цветници. На овој празник му претходи Лазарева сабота. Овој празник секогаш се слави во пресрет на Цветници и го одбележува воскресението на Лазар четири дена по неговата смрт. Овој радосен празник се смета за детски празник. Во Лазарова сабота се носат децата во црква, а по вечерната богослужба се осветуваат млади врбoви гранчиња од кои се плетат венци кои децата ги носат во косата, а подоцна се ставаат покрај иконата и кандилото во домот. Се купуваат и мали ѕвона, кои децата ги носат околу вратот, како спомен на децата кои радосно го поздравувале Исус Христос пред да влезат во Ерусалим. По Цветници, верниците влегуваат во Страдалната недела, седмата и последна недела од Велигденскиот пост, по што со многу убави стари обичаи се празнува најголемиот христијански празник – Велигден.

The post Лазарова сабота, Цветници – важни правила и обичаи за време на шестата недела од велигденскиот пост appeared first on Република.

]]>
Доаѓаат Лазарова сабота и Цветници https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/doagaat-lazarova-sabota-i-tsvetnitsi/ Wed, 10 Apr 2024 13:58:36 +0000 https://republika.mk/?p=764606

На 27 април е Лазарова сабота, еден од поголемите христијански празници од пролетниот циклус. Лазарова сабота е променлив празник и секогаш се паѓа еден ден пред Цветници, кои се точно една недела пред најголемиот празник Велигден.

На овој ден се споменува чудесното воскресение на четиридневно упокоениот Лазар извршено од Исус Христос. Овој настан бил на шест дена пред предавството и убиството на Христос на Голгота. На Лазарева сабота обичај е да се носат гранчиња од врба што симболично претставува свечено Христово влегување во Ерусалим, каде што го пречекале следбениците.

На овој ден обично се оди на река и се вели: Колку далеку го фрлив овој камен, толку подалеку да биде змијата од мене! Дента се бере цвеќе, но не се внесува дома, туку важно е да се остави во дворот. Потоа со цвеќето се кити домот, а со водата каде стоело се замиваат домашните.

Во Македонија групи девојчиња – Лазарки, облечени како невести одат и пеат лазаревски песни, како обичај за големиот празник.

Веднаш по Лазарова сабота е празникот Цветници. Познат уште и како Цветоносна недела и Врбица, секогаш е една недела пред Велигден и се празнува во спомен на влегувањето на Исус Христос во Ерусалим, кога неговите ученици и симпатизери со цвеќе и врбови гранчиња, како и со својата облека, му го постилале патот.

Неделата, една седмица пред Велигден е празникот Цветници познат уште и како Цветоносна недела и Врбица, што се празнува во спомен на влегувањето на Исус во Ерусалим, кога неговите ученици и симпатизери кршеле цвеќе од дрвјата и врбови гранки и со нив, како и со својата облека му го постилале патот по кој минувал. Саботата пред Цветници се вика Лазарева Сабота или Лазарица, односно Лазара. Според преданието, во саботата умрел Лазар од Витанија, а во неделата Исус го воскреснал. Поради тоа во народот неделата се смета за поголем празник од саботата.

Според тогашните закони учител можело да биде само лице што наполнило триесет години. Исус веќе четврта година го проповедал своето учење, а бидејќи за Пасха мноштво народ доаѓал во Ерусалим за да го прослави празникот и Исус по четврти пат доаѓал како учител.

Но тогаш разбрал дека неговиот пријател Лазар од Витанија е тешко болен. Исус веднаш се упатил таму, но стигнал четири дена по неговата смрт и по погребот. Сестрите на Лазар, Марта и Марија, го прекориле Исуса велејќи му дека ако дојдел на време немало Лазар да умре. Марта му рекла: „Господи, ако беше Ти овде, немаше да умре брат ми. Но и сега знам што и да посакаш од Бога, Бог ќе ти даде“.

Легендата вели дека Бог сакал Лазар да умре за врз него да се манифестира силата Божја. Кога дошол до гробот, Исус го повикал Лазара: „Лазаре, излези надвор“. И Лазар веднаш излегол завиткан со платно на рацете и нозете и со крпа околу лицето. Сите што го виделе тоа се почудиле и поверувале дека Исус е синот Божји. Со овој чин Исус уште повеќе се здобил со слава. И пак се упатил кон Ерусалим.

Кога стигнал во подножјето на Маслиновата гора, Исус пратил двајца свои ученици во Витфагија за да му донесат осле (магаре) и ослица. Им рекол: „Одете во селоно, што е наспроти вас и веднаш ќе најдете врзана ослица и осле со неа; одврзете ги и доведете ми ги. А ако ви рече некој нешто, ќе му кажете дека му се потребни на Господа и веднаш ќе ги прати“.

Учениците ги донесле, а потоа ги ставиле на ослето своите облеки врз кои седнал Исус и така влегол во Ерусалим поздравен од мноштво народ. Ваквиот пречек на Исус во Ерусалим бил последица од неговата голема популарност меѓу народот уште повеќе зголемена по воскреснувањето на Лазара.

Во спомен на ова свечено влегување на Исус во Ерусалим уште од најраните христијански времиња е востановен празникот Цветници кој, меѓутоа, се празнува од III век. На иконата овој чин е насликан како Исус јава на магаре, а неговите ученици и народот му го постилаат патот со цвеќе и облека.

 

The post Доаѓаат Лазарова сабота и Цветници appeared first on Република.

]]>

На 27 април е Лазарова сабота, еден од поголемите христијански празници од пролетниот циклус. Лазарова сабота е променлив празник и секогаш се паѓа еден ден пред Цветници, кои се точно една недела пред најголемиот празник Велигден. На овој ден се споменува чудесното воскресение на четиридневно упокоениот Лазар извршено од Исус Христос. Овој настан бил на шест дена пред предавството и убиството на Христос на Голгота. На Лазарева сабота обичај е да се носат гранчиња од врба што симболично претставува свечено Христово влегување во Ерусалим, каде што го пречекале следбениците. На овој ден обично се оди на река и се вели: Колку далеку го фрлив овој камен, толку подалеку да биде змијата од мене! Дента се бере цвеќе, но не се внесува дома, туку важно е да се остави во дворот. Потоа со цвеќето се кити домот, а со водата каде стоело се замиваат домашните. Во Македонија групи девојчиња – Лазарки, облечени како невести одат и пеат лазаревски песни, како обичај за големиот празник. Веднаш по Лазарова сабота е празникот Цветници. Познат уште и како Цветоносна недела и Врбица, секогаш е една недела пред Велигден и се празнува во спомен на влегувањето на Исус Христос во Ерусалим, кога неговите ученици и симпатизери со цвеќе и врбови гранчиња, како и со својата облека, му го постилале патот. Неделата, една седмица пред Велигден е празникот Цветници познат уште и како Цветоносна недела и Врбица, што се празнува во спомен на влегувањето на Исус во Ерусалим, кога неговите ученици и симпатизери кршеле цвеќе од дрвјата и врбови гранки и со нив, како и со својата облека му го постилале патот по кој минувал. Саботата пред Цветници се вика Лазарева Сабота или Лазарица, односно Лазара. Според преданието, во саботата умрел Лазар од Витанија, а во неделата Исус го воскреснал. Поради тоа во народот неделата се смета за поголем празник од саботата. Според тогашните закони учител можело да биде само лице што наполнило триесет години. Исус веќе четврта година го проповедал своето учење, а бидејќи за Пасха мноштво народ доаѓал во Ерусалим за да го прослави празникот и Исус по четврти пат доаѓал како учител. Но тогаш разбрал дека неговиот пријател Лазар од Витанија е тешко болен. Исус веднаш се упатил таму, но стигнал четири дена по неговата смрт и по погребот. Сестрите на Лазар, Марта и Марија, го прекориле Исуса велејќи му дека ако дојдел на време немало Лазар да умре. Марта му рекла: „Господи, ако беше Ти овде, немаше да умре брат ми. Но и сега знам што и да посакаш од Бога, Бог ќе ти даде“. Легендата вели дека Бог сакал Лазар да умре за врз него да се манифестира силата Божја. Кога дошол до гробот, Исус го повикал Лазара: „Лазаре, излези надвор“. И Лазар веднаш излегол завиткан со платно на рацете и нозете и со крпа околу лицето. Сите што го виделе тоа се почудиле и поверувале дека Исус е синот Божји. Со овој чин Исус уште повеќе се здобил со слава. И пак се упатил кон Ерусалим. Кога стигнал во подножјето на Маслиновата гора, Исус пратил двајца свои ученици во Витфагија за да му донесат осле (магаре) и ослица. Им рекол: „Одете во селоно, што е наспроти вас и веднаш ќе најдете врзана ослица и осле со неа; одврзете ги и доведете ми ги. А ако ви рече некој нешто, ќе му кажете дека му се потребни на Господа и веднаш ќе ги прати“. Учениците ги донесле, а потоа ги ставиле на ослето своите облеки врз кои седнал Исус и така влегол во Ерусалим поздравен од мноштво народ. Ваквиот пречек на Исус во Ерусалим бил последица од неговата голема популарност меѓу народот уште повеќе зголемена по воскреснувањето на Лазара. Во спомен на ова свечено влегување на Исус во Ерусалим уште од најраните христијански времиња е востановен празникот Цветници кој, меѓутоа, се празнува од III век. На иконата овој чин е насликан како Исус јава на магаре, а неговите ученици и народот му го постилаат патот со цвеќе и облека.  

The post Доаѓаат Лазарова сабота и Цветници appeared first on Република.

]]>
Денеска е Цветници https://republika.mk/zivot/servisi/deneska-e-tsvetnitsi/ Sun, 09 Apr 2023 07:26:45 +0000 https://republika.mk/?p=628864

Православните христијани денеска го слават празникот Цветници познат уште и како Цветоносна недела и Врбица. Овој празник ја одбележува последната недела пред почетокот на Исусовите страдања, смртта и Воскресението.

Цветници се празнува ден по Лазарева сабота – чудесното воскресение на четиридневно упокоениот Лазар извршено од Исус Христос, шестата недела од Великиот пост, една недела пред Велигден. Се празнува во спомен на влегувањето на Исус Христос во Ерусалим, градот во кој по неколку дена ќе биде погубен. Кога Христос влегуваше во Ерусалим, луѓето го пречекуваа со извици, постилајќи ги облеките пред неговите нозе и засипувајќи го патот со маслинови гранчиња пречекувајќи го како цар.

На тој ден, Исус Христос, придружуван од своите ученици и мноштво народ, тргнал од Витинија за Ерусалим. Кога стигнал Исус до подножјето на маслиновата гора испратил двајца свои ученици во Витфагија да му донесат Осле (магаре). Учениците му донеле, ги ставиле на магарето своите облеки врз кои седнал Исус и така влегол во Ерусалим, поздравен од мноштво народ. Според толкувачите на Светото писмо, Исус влегол во Ерусалим качен на магаре затоа што кај источните народи магарето било симбол на мирот, наспроти коњите што служеле за водење војни. Магарето мирно му служело на човекот како што Исус му служел на народот. Пречекувајќи го Исус, воодушевениот народ со цвеќе, но и со својата облека го постилал патот и пеел: „Осана на синот Давидов. Благословен е оној кој доаѓа во името Господово. Осана на вистините“.

Во спомен на влегувањето на Исус во Ерусалим, празникот Цветници е востановен уште од најрани христијански времиња, а свечено се одбележува од 3 век.

The post Денеска е Цветници appeared first on Република.

]]>

Православните христијани денеска го слават празникот Цветници познат уште и како Цветоносна недела и Врбица. Овој празник ја одбележува последната недела пред почетокот на Исусовите страдања, смртта и Воскресението. Цветници се празнува ден по Лазарева сабота – чудесното воскресение на четиридневно упокоениот Лазар извршено од Исус Христос, шестата недела од Великиот пост, една недела пред Велигден. Се празнува во спомен на влегувањето на Исус Христос во Ерусалим, градот во кој по неколку дена ќе биде погубен. Кога Христос влегуваше во Ерусалим, луѓето го пречекуваа со извици, постилајќи ги облеките пред неговите нозе и засипувајќи го патот со маслинови гранчиња пречекувајќи го како цар. На тој ден, Исус Христос, придружуван од своите ученици и мноштво народ, тргнал од Витинија за Ерусалим. Кога стигнал Исус до подножјето на маслиновата гора испратил двајца свои ученици во Витфагија да му донесат Осле (магаре). Учениците му донеле, ги ставиле на магарето своите облеки врз кои седнал Исус и така влегол во Ерусалим, поздравен од мноштво народ. Според толкувачите на Светото писмо, Исус влегол во Ерусалим качен на магаре затоа што кај источните народи магарето било симбол на мирот, наспроти коњите што служеле за водење војни. Магарето мирно му служело на човекот како што Исус му служел на народот. Пречекувајќи го Исус, воодушевениот народ со цвеќе, но и со својата облека го постилал патот и пеел: „Осана на синот Давидов. Благословен е оној кој доаѓа во името Господово. Осана на вистините“. Во спомен на влегувањето на Исус во Ерусалим, празникот Цветници е востановен уште од најрани христијански времиња, а свечено се одбележува од 3 век.

The post Денеска е Цветници appeared first on Република.

]]>
Последната недела пред Велигден е посебен ден, ова треба да го направите https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/poslednata-nedela-pred-veligden-e-poseben-den-ova-treba-da-go-napravite/ Sat, 08 Apr 2023 16:10:51 +0000 https://republika.mk/?p=628763

На самиот крај од шестата недела на големиот велигденски пост, го прославуваме и свеченото влегување на Исус Христос во Ерусалим. Овој празник се нарекува Цветници и секогаш се паѓа во недела.

Името „Цветници“ празникот го добил по цветното гранче палма што Исус Христос го носел во раката за време на овој свечен настан.

Иако спаѓа во еден од големите празници, па се подразбира дека на овој ден не се извршуваат големи работни обврски, со векови постои верувањето дека токму на Цветници би требало да се посади лен и зелка, бидејќи така родот на овие билки ќе биде подобар.

Кога станува збор за работењето, овој празник е исклучок, бидејќи токму на овој ден се појавува полна месечина, кога, според верувањата, умот и вештините на луѓето стануваат далеку помоќни од вообичаено. Поради тоа, на Цветници би требало да започнете некои проекти и да донесете одлуки.

The post Последната недела пред Велигден е посебен ден, ова треба да го направите appeared first on Република.

]]>

На самиот крај од шестата недела на големиот велигденски пост, го прославуваме и свеченото влегување на Исус Христос во Ерусалим. Овој празник се нарекува Цветници и секогаш се паѓа во недела. Името „Цветници“ празникот го добил по цветното гранче палма што Исус Христос го носел во раката за време на овој свечен настан. Иако спаѓа во еден од големите празници, па се подразбира дека на овој ден не се извршуваат големи работни обврски, со векови постои верувањето дека токму на Цветници би требало да се посади лен и зелка, бидејќи така родот на овие билки ќе биде подобар. Кога станува збор за работењето, овој празник е исклучок, бидејќи токму на овој ден се појавува полна месечина, кога, според верувањата, умот и вештините на луѓето стануваат далеку помоќни од вообичаено. Поради тоа, на Цветници би требало да започнете некои проекти и да донесете одлуки.

The post Последната недела пред Велигден е посебен ден, ова треба да го направите appeared first on Република.

]]>
Продолжува традицијата на одбележување на празникот Цветници во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Дебар https://republika.mk/vesti/makedonija/prodolzhuva-traditsijata-na-odbelezhuvane-na-praznikot-tsvetnitsi-vo-tsrkvata-uspenie-na-presveta-bogoroditsa-vo-debar/ Thu, 06 Apr 2023 14:12:54 +0000 https://republika.mk/?p=628041

Православните жоители на Дебар, иако се помалку по број, ги негуваат традициите наследени од нивните предци, поддржани од Свештената Бигорска Обител. Така ќе биде и за празникот Цветници, кој традиционално се одбележува во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ која се наоѓа во горниот дел на градот.

Порано, овој божји храм беше преполн вечерта спроти и на денот Цветници. И сеге се очекува поголемо присуство и на дебрани кои сега живеат во други градови во земјава, како и Македонци од пограничните албански села.

Во недела, 9 април, со почеток во 8:30 часот во сечесниот храм „Успение на Пресвета Богородица“ во Дебар ќе биде отслужена Божествена Архиерејска литургија, со која ќе чиноначалствува Неговото Преосвештенство, епископот Антаниски г. Партениј, информираше Миле Ангеловски, намесник на дебарската парохија.

Црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во населбата Варош, изградена е во 1840 година и е една од најубавите преродбенски цркви во Македонија. Порано била главен соборен храм на Дебарското архиерејско намесништво и била седиште на Дебарската митрополија. Потврда за тоа е и фактот што и ден денес просторот до црквата дебрани го нарекуваат митрополија.

Според формата, таа претставува трикорабна базилика, насликана со ѕиден живопис и иконостас со прекрасни икони од XIX век.

Неодамна, врз храмот беа изведени обемни конзерваторски и реставраторски работи, со што беше заштитен неговиот покрив од прокиснување, беа санирани извесни оштетувања во внатрешноста и исто така, од страна на Бигорското братство беше извршено целосно расчистување на црквата.

Целта на претстојното богослужение е, меѓу другото, да ѝ направиме чест на Пресветата Владичица наша Богородица, заради оваа нејзина црква-паметник со големо историско и духовно значење. Благослов да присуствуваат на богослужбите имаат сите оние кои молитвено сакаат да го прослават големиот празник, подготвувајќи се за Страдалната седмица на нашиот возљубен Христос, велат од Бигорски.

Оттаму додаваат дека со благослов на владиката Партениј верниците ќе може да присуствуваат и на литургиите и бдението во Бигорски манастир во сабота на 8 април.

Откако ја завршивме душеполезната Четириесетница, Бигорската свештена Обител ги поканува верниците заедно да го прославиме Лазаревото Воскресение, како најава за светлото и славно Христово Воскресение, и Влегувањето на Господа Исус Христос во Ерусалим – Цветници, како најава за конечниот триумф на Живото над смртта, додаваат од манастирот.

По тој повод на Лазарева сабота во 6:30 часот ќе се одржат Утрена и Златоустова Литургија, додека истиот ден, вечерта со почеток во 19 часот ќе се отслужи бдение во чест на празникот Цветници.

The post Продолжува традицијата на одбележување на празникот Цветници во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Дебар appeared first on Република.

]]>

Православните жоители на Дебар, иако се помалку по број, ги негуваат традициите наследени од нивните предци, поддржани од Свештената Бигорска Обител. Така ќе биде и за празникот Цветници, кој традиционално се одбележува во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ која се наоѓа во горниот дел на градот. Порано, овој божји храм беше преполн вечерта спроти и на денот Цветници. И сеге се очекува поголемо присуство и на дебрани кои сега живеат во други градови во земјава, како и Македонци од пограничните албански села.
Во недела, 9 април, со почеток во 8:30 часот во сечесниот храм „Успение на Пресвета Богородица“ во Дебар ќе биде отслужена Божествена Архиерејска литургија, со која ќе чиноначалствува Неговото Преосвештенство, епископот Антаниски г. Партениј, информираше Миле Ангеловски, намесник на дебарската парохија.
Црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во населбата Варош, изградена е во 1840 година и е една од најубавите преродбенски цркви во Македонија. Порано била главен соборен храм на Дебарското архиерејско намесништво и била седиште на Дебарската митрополија. Потврда за тоа е и фактот што и ден денес просторот до црквата дебрани го нарекуваат митрополија. Според формата, таа претставува трикорабна базилика, насликана со ѕиден живопис и иконостас со прекрасни икони од XIX век. Неодамна, врз храмот беа изведени обемни конзерваторски и реставраторски работи, со што беше заштитен неговиот покрив од прокиснување, беа санирани извесни оштетувања во внатрешноста и исто така, од страна на Бигорското братство беше извршено целосно расчистување на црквата.
Целта на претстојното богослужение е, меѓу другото, да ѝ направиме чест на Пресветата Владичица наша Богородица, заради оваа нејзина црква-паметник со големо историско и духовно значење. Благослов да присуствуваат на богослужбите имаат сите оние кои молитвено сакаат да го прослават големиот празник, подготвувајќи се за Страдалната седмица на нашиот возљубен Христос, велат од Бигорски.
Оттаму додаваат дека со благослов на владиката Партениј верниците ќе може да присуствуваат и на литургиите и бдението во Бигорски манастир во сабота на 8 април.
Откако ја завршивме душеполезната Четириесетница, Бигорската свештена Обител ги поканува верниците заедно да го прославиме Лазаревото Воскресение, како најава за светлото и славно Христово Воскресение, и Влегувањето на Господа Исус Христос во Ерусалим – Цветници, како најава за конечниот триумф на Живото над смртта, додаваат од манастирот.
По тој повод на Лазарева сабота во 6:30 часот ќе се одржат Утрена и Златоустова Литургија, додека истиот ден, вечерта со почеток во 19 часот ќе се отслужи бдение во чест на празникот Цветници.

The post Продолжува традицијата на одбележување на празникот Цветници во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Дебар appeared first on Република.

]]>