црвен килим Archives - Република https://republika.mk/tema/crven-kilim/ За подобро да се разбереме Fri, 11 Aug 2023 08:08:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png црвен килим Archives - Република https://republika.mk/tema/crven-kilim/ 32 32 „Кајмак“ на Сараево филм фестивал, па потоа следи американска премиера на фестивал во Калифорнија https://republika.mk/vesti/kultura/kajmak-na-saraevo-film-festival-pa-potoa-sledi-amerikanska-premiera-na-festival-vo-kalifornija/ Fri, 11 Aug 2023 08:08:27 +0000 https://republika.mk/?p=671002

Филмот „Кајмак“ на македонски режисер Милчо Манчевски на 17 август ќе биде прикажан на Сараево филм фестивал, најважниот фестивал во регионот, во програмата „Open Air“. Дел од филмската екипа на „Кајмак“ ќе продефилира на црвениот килим на 29-то издание на фестивалот.

Со првокласна филмска понуда, дури и за најпребирливите филмофили, програмата „Open Air“ ќе се одржи под отворено небо во Стари Град (Вијеќница), а филмовите, како што велат организаторите, ќе бидат прикажани на најголемото филмско платно во регионот. Покрај најновото дело на Манчевски во програмата се уште 14 филмови, помеѓу кои и „Астероид Сити“ на Вес Андерсон, „Паднати лисја“ на Аки Каурисмаки, „Бакнете ја иднината“ на Ненад Чичин Шаин, продуциран од Мет Дејмон и Бен Афлек, како и „Навистина никогаш не беше тука“ на шкотската режисерка и сценаристка Лини Ремзи, една од највозбудливите авторки во независната кинематографија, која ќе го добие почесното признание „Срце на Сараево“.

Манчевски е стар пријател на Сараевскиот фестивал – „Пред дождот“ играше на првото издание во ноември 1995 и Манчевски присуствуваше на проекцијата додека Сараево уште беше под опсада. Потоа, тој самиот ги собра членовите на бордот на почесни директори на фестивалот Ингмар Бергман, Мартин Скорсезе, Милош Форман, Нагиса Ошима и Ричард Гир.

Паралелно, „Кајмак“ ја очекува и американската премиера, на 33-то издание на фестивалот Синеквест во Калифорнија од 15 до 30 август. Синеквест е еден од најголемите и најреномираните независни фестивали на американскиот континент, а специфичен е по програмата што поддржува иновативни и креативни уметнички дела. Се одржува во Сан Хозе и Редвуд Сити во Силиконската Долина. Токму на Синеквест пред 3 години „Врба“ на Манчевски беше крунисан со наградата Најдобар филм и претставен како „филм што нема да го заборавите“.

До крајот на август и почетокот на септември, „Кајмак“ ќе биде прикажан на уште четири фестивали:

36. Филмски фестивал во Херцег Нови, каде на покана на фестивалот ќе присуствува дел од филмската екипа.

„Avant&Una“ во Бихаќ, Босна и Херцеговина.

i-Fest во Калабрија, Италија, каде ќе бидe прикажанa и ретроспектива на опусот на Манчевски.

Главната конкуренција на фестивалот Балкан панорама во Измир, Турција.

Во јуни „Кајмак“ ја имаше и данската премиера во Копенхаген.

„Кајмак“ ја имаше светската премиера на фестивалот во Токио (А-категорија), потоа продолжи со фестивалска турнеја во Тајпеј, Португалија, Италија, Бугарија, Србија и други, каде што беше поздравен со неколкуминутни стоечки овации и бројни написи во локалните медиуми.

Филмот ја освои Специјалната награда на жирито на „Фантаспорто“ во Португалија, а Сара Климоска беше прогласена за најдобра актерка на фестивалот во Сомбор, Србија.

„Кајмак“ беше најгледан филм во Македонија минатата година.

Во оваа македонско-данско-холандско-хрватска копродукција поддржана од Еуримаж главните улоги ги толкуваат: Сара Климоска, Александар Микиќ, Камка Тоциновски, Ана Стојановска, Сара Спировска, Филип Трајковиќ и Петар Мирчевски. Директор на фотографија е Данецот Улрик Боел Бенцен, монтажер Холанѓанецот Емил Нуненга, музиката е на Данскиот гудачки квартет и на Игор Василев-Новоградска, дизајнер на продукцијата е Британецот Дејвид Манс, дизајнер на шминка Италијанецот Марио Микисанти, а кастинг директор е нашата Милка Анчевска. Продуцент е Јане Ќортошев, а копродуценти Мета Фолдагер, Мете Борч, Синиша Јуричиќ и Елс Вандеворст. Извршен продуцент е Ијан Прајор.

The post „Кајмак“ на Сараево филм фестивал, па потоа следи американска премиера на фестивал во Калифорнија appeared first on Република.

]]>

Филмот „Кајмак“ на македонски режисер Милчо Манчевски на 17 август ќе биде прикажан на Сараево филм фестивал, најважниот фестивал во регионот, во програмата „Open Air“. Дел од филмската екипа на „Кајмак“ ќе продефилира на црвениот килим на 29-то издание на фестивалот. Со првокласна филмска понуда, дури и за најпребирливите филмофили, програмата „Open Air“ ќе се одржи под отворено небо во Стари Град (Вијеќница), а филмовите, како што велат организаторите, ќе бидат прикажани на најголемото филмско платно во регионот. Покрај најновото дело на Манчевски во програмата се уште 14 филмови, помеѓу кои и „Астероид Сити“ на Вес Андерсон, „Паднати лисја“ на Аки Каурисмаки, „Бакнете ја иднината“ на Ненад Чичин Шаин, продуциран од Мет Дејмон и Бен Афлек, како и „Навистина никогаш не беше тука“ на шкотската режисерка и сценаристка Лини Ремзи, една од највозбудливите авторки во независната кинематографија, која ќе го добие почесното признание „Срце на Сараево“. Манчевски е стар пријател на Сараевскиот фестивал – „Пред дождот“ играше на првото издание во ноември 1995 и Манчевски присуствуваше на проекцијата додека Сараево уште беше под опсада. Потоа, тој самиот ги собра членовите на бордот на почесни директори на фестивалот Ингмар Бергман, Мартин Скорсезе, Милош Форман, Нагиса Ошима и Ричард Гир. Паралелно, „Кајмак“ ја очекува и американската премиера, на 33-то издание на фестивалот Синеквест во Калифорнија од 15 до 30 август. Синеквест е еден од најголемите и најреномираните независни фестивали на американскиот континент, а специфичен е по програмата што поддржува иновативни и креативни уметнички дела. Се одржува во Сан Хозе и Редвуд Сити во Силиконската Долина. Токму на Синеквест пред 3 години „Врба“ на Манчевски беше крунисан со наградата Најдобар филм и претставен како „филм што нема да го заборавите“. До крајот на август и почетокот на септември, „Кајмак“ ќе биде прикажан на уште четири фестивали: 36. Филмски фестивал во Херцег Нови, каде на покана на фестивалот ќе присуствува дел од филмската екипа. „Avant&Una“ во Бихаќ, Босна и Херцеговина. i-Fest во Калабрија, Италија, каде ќе бидe прикажанa и ретроспектива на опусот на Манчевски. Главната конкуренција на фестивалот Балкан панорама во Измир, Турција. Во јуни „Кајмак“ ја имаше и данската премиера во Копенхаген. „Кајмак“ ја имаше светската премиера на фестивалот во Токио (А-категорија), потоа продолжи со фестивалска турнеја во Тајпеј, Португалија, Италија, Бугарија, Србија и други, каде што беше поздравен со неколкуминутни стоечки овации и бројни написи во локалните медиуми. Филмот ја освои Специјалната награда на жирито на „Фантаспорто“ во Португалија, а Сара Климоска беше прогласена за најдобра актерка на фестивалот во Сомбор, Србија. „Кајмак“ беше најгледан филм во Македонија минатата година. Во оваа македонско-данско-холандско-хрватска копродукција поддржана од Еуримаж главните улоги ги толкуваат: Сара Климоска, Александар Микиќ, Камка Тоциновски, Ана Стојановска, Сара Спировска, Филип Трајковиќ и Петар Мирчевски. Директор на фотографија е Данецот Улрик Боел Бенцен, монтажер Холанѓанецот Емил Нуненга, музиката е на Данскиот гудачки квартет и на Игор Василев-Новоградска, дизајнер на продукцијата е Британецот Дејвид Манс, дизајнер на шминка Италијанецот Марио Микисанти, а кастинг директор е нашата Милка Анчевска. Продуцент е Јане Ќортошев, а копродуценти Мета Фолдагер, Мете Борч, Синиша Јуричиќ и Елс Вандеворст. Извршен продуцент е Ијан Прајор.

The post „Кајмак“ на Сараево филм фестивал, па потоа следи американска премиера на фестивал во Калифорнија appeared first on Република.

]]>
Оваа облека вришти „Несреќна сум“, велат фановите на пејачката што на црвениот килим се појави по танга https://republika.mk/scena/estrada/ovaa-obleka-vrishti-nesrekna-sum-velat-fanovite-na-pejachkata-shto-na-tsrveniot-kilim-se-pojavi-po-tanga/ Tue, 14 Mar 2023 17:17:21 +0000 https://republika.mk/?p=619659

На најпознатата забава после доделувањето на „Оскарите“, онаа која списанието „Венити фер“ ја организира истата вечер за најпознатите фаци од шоу-бизнисот, црвениот килим ретко кога е досаден.

Свој печат сакаше да остави и 37-годишната Сијара, која се појави по мрежест фустан и танга гаќички.

Оваа облека вришти „Несреќна сум“, ѝ порачаа фановите на пејачката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ciara (@ciara)

The post Оваа облека вришти „Несреќна сум“, велат фановите на пејачката што на црвениот килим се појави по танга appeared first on Република.

]]>

На најпознатата забава после доделувањето на „Оскарите“, онаа која списанието „Венити фер“ ја организира истата вечер за најпознатите фаци од шоу-бизнисот, црвениот килим ретко кога е досаден. Свој печат сакаше да остави и 37-годишната Сијара, која се појави по мрежест фустан и танга гаќички.
Оваа облека вришти „Несреќна сум“, ѝ порачаа фановите на пејачката.
 
View this post on Instagram
 

A post shared by Ciara (@ciara)

The post Оваа облека вришти „Несреќна сум“, велат фановите на пејачката што на црвениот килим се појави по танга appeared first on Република.

]]>
Битола дотерана: Како излгедаше црвениот килим на вчерашното отворање на „Браќа Манаки“ https://republika.mk/scena/estrada/bitola-doterana-kako-izlgedashe-crveniot-kilim-na-vcherashnoto-otvoranje-na-brakja-manaki/ Sat, 20 Aug 2022 07:52:30 +0000 https://republika.mk/?p=542231

Вчера во Центарот за култура во Битола свечено беше отворено 43. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера (ИФФК) „Браќа Манаки“. Покрај покровителот на манифестацијата, претседателот Стево Пендаровски, на црвениот килим продефилираа и градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски и министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, која е битолчанка.


На отворањето на годинашниот фестивал, чие мото е „Реалноста не е доволна“, најголемо внимание предизвика Ентони Дод Ментл, добитникот на „Златна камера 300“ за животно дело, како и многу познати интернационални филмски работници.

The post Битола дотерана: Како излгедаше црвениот килим на вчерашното отворање на „Браќа Манаки“ appeared first on Република.

]]>

Вчера во Центарот за култура во Битола свечено беше отворено 43. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера (ИФФК) „Браќа Манаки“. Покрај покровителот на манифестацијата, претседателот Стево Пендаровски, на црвениот килим продефилираа и градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски и министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, која е битолчанка. На отворањето на годинашниот фестивал, чие мото е „Реалноста не е доволна“, најголемо внимание предизвика Ентони Дод Ментл, добитникот на „Златна камера 300“ за животно дело, како и многу познати интернационални филмски работници.

The post Битола дотерана: Како излгедаше црвениот килим на вчерашното отворање на „Браќа Манаки“ appeared first on Република.

]]>
Црвениот килим на Канскиот филмски фестивал https://republika.mk/scena/film/crveniot-kilim-na-kanskiot-filmski-festival/ Wed, 18 May 2022 09:30:50 +0000 https://republika.mk/?p=503748

Синоќа свечено беше отворен 75. Кански филмски фестивал со премиера на филмот „Final Cut“, а на црвениот тепих продефилираа многу познати убавици од светот на кинематографијата и модата.

Актерката Ева Лонгорија се појави во црн проѕирен фустан од тул, кој можеа да го носат само најхрабрите жени.

Уште еден впечатлив фустан прикажан на црвениот тепих е оној што го носеше француската актерка и модел, Фредерик Бел. Имено, нејзиниот раскошен тоалет, напред краток, и со голем шлеп од тул, на моменти наликуваше на опашка од паун.

Посебно се истакнало храброто, но впечатливо издание на актерката Ребека Хол, која блесна во креацијата во контрастна црвена и розова боја, како и нежното, нежно издание на нејзината француска колешка Амандин Пети.

 

The post Црвениот килим на Канскиот филмски фестивал appeared first on Република.

]]>

Синоќа свечено беше отворен 75. Кански филмски фестивал со премиера на филмот „Final Cut“, а на црвениот тепих продефилираа многу познати убавици од светот на кинематографијата и модата. Актерката Ева Лонгорија се појави во црн проѕирен фустан од тул, кој можеа да го носат само најхрабрите жени. Уште еден впечатлив фустан прикажан на црвениот тепих е оној што го носеше француската актерка и модел, Фредерик Бел. Имено, нејзиниот раскошен тоалет, напред краток, и со голем шлеп од тул, на моменти наликуваше на опашка од паун. Посебно се истакнало храброто, но впечатливо издание на актерката Ребека Хол, која блесна во креацијата во контрастна црвена и розова боја, како и нежното, нежно издание на нејзината француска колешка Амандин Пети.  

The post Црвениот килим на Канскиот филмски фестивал appeared first on Република.

]]>