црвен картон Archives - Република https://republika.mk/tema/crven-karton/ За подобро да се разбереме Tue, 02 Apr 2024 12:19:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png црвен картон Archives - Република https://republika.mk/tema/crven-karton/ 32 32 Трендафилов: Дојдовме да им дадеме жолт картон на судиите, по 1 мај ќе им дадеме црвен https://republika.mk/vesti/ekonomija/trendafilov-dojdovme-da-im-dademe-zholt-karton-na-sudiite-po-1-maj-ke-im-dademe-tsrven/ Tue, 02 Apr 2024 12:19:58 +0000 https://republika.mk/?p=761267

Потесното раководство на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) денеска се собра на протест пред зградата на Врховниот суд за, како што рекоа, да им дадат жолт картон на судиите поради судската одлука да им се одземе сопственоста на Работничкиот дом. Порачаа дека правото мора да владее во државата и оти не е работа на синдикатите да се изборат за тоа, но кога мораат - можат и ќе покажат дека правото ќе владее во земјава. Во спротивно најави дека по 1 мај ќе им дадат црвен картон на судиите.

Чекаме до 1 мај. Доколку влезат во нашиот дом, ќе влеземе во нивните домови. Доколку го земат нашиот дом ќе ги земеме нивните домови. Ние друг избор немаме, отстапка назад немаме. Ние сме доведени до ѕидот, а до ѕидот се знае што се прави - се гази само напред и само право, изјави претседателот на ССМ Слободан Трендафилов.

Дојдовме, додаде, пред Врховниот суд да им го завртиме грбот на оние судии кои ја донесоа срамната пресуда за конфискација на Работничкиот дом.

Денеска дојдовме тука само раководствата на синдикатите да им кажеме на овие судии дека време е правото и правдата да победи, дека не може на слободно судско убедување да одземаат имот кој работниците започнале да го градат во 1958 година врз основа на законот од 1998 година. Вакво чудо нема никаде во светот, суд со пресуда на работници кои двоеле од сопствена уста, од лебот, од синдикалната членарина, од нивните плати кои изградиле дом да го одземаат и да го даваат на државата за потоа државата да може да го раскрчми. Ние сме успеале 30 години од 1992 да го зачуваме Работничкиот дом во периодот на транзицијата кога олигархијата, газдите ги грабнаа работничките имоти и работничките фабрики и денеска 30 години после тоа сакаат да го грабнат и Работничкиот дом и на таков начин да го замолчат синдикалното движење, потенцира Трендафилов.

Порача дека ваквата пресуда „шефе види што им направив“ ќе предизвика штета на еден куп други организации во државата, почнувајќи од политички партии, од стопански комори, Црвен крст, пензионери, борци и слични организации кои пред 1992 година граделе свои сопствени куќи и свои сопствени домови.

Најави дека на 18 април треба да се одржи рочиште во Основниот граѓански суд кој треба само да го препрати предметот во Врховниот суд кој, пак, треба да одлучува по барањето за повторување на постапката со истиот судечки совет кој ја донесе првичната одлука.

Видоа што се случува изминатите денови, ќе ги прочитаат и новите докази и аргументи кои ги имаме и сметаме дека ќе ја исправат неправдата која ја нанесоа. Имаат доволно време да седнат, да разговараат, да разменат идеи и да ги почитуваат мислењата на оние две судијки кои ги дале како издвоени мислења во целокупната постапка врз основа на аргументи, а не само на слободно судско уверување и да донесат нова пресуда врз основа на Уставот, законите и меѓународните трудови стандарди. Во спротивно слободното судско убедување ќе стане слободно работничко убедување и ќе ги преземаме истите работи како и тие, рече Трендафилов.

За нивното барање за преиспитување на одлуката и за разрешување на тројцата судии од судечкиот совет кои ја донесоа, рече дека ССМ уште веднаш кога ја доби одлуката побара оставка од тројцата судии.

Во судечкиот совет од пет судии имаме две издвоени мислења во интерес на ССМ и во интерес на правото и на правдата – во интерес на работниците. Очекуваме да се одважат и да поднесат оставки. Поради не поднесувањето оставки од нивна страна поднесувавме барања за утврдување на дисциплинска одговорност до Судскиот совет и очекуваме веднаш по извршувањето на изборите Советот да ги разгледува трите барања поединечно врз основа на доказите кои ги поднесовме и да утврди дисциплинска одговорност доколку овие судии до 1 мај не се одважат и не донесат поинаква пресуда во интерес на правото, правдата и во интерес на работниците, рече Трендафилов.

Очекуваат за предметот да се заинтересиран и Уставниот суд поради нивната одлука од 1992 година која, како што велат, тројцата судии ја погазија и ја фрлија во канта за отпадоци и поради барањето што го поднесе ССМ до нив за заштита на правата и слободите, а не ја исклучуваат и можноста да ја тужат државата пред Меѓународниот суд во Стразбур.

На 15 мај истекува рокот за поднесување на тужба против државата. Не сакаме да бидеме доведени во ситуација како работници да ја тужиме и напаѓаме државата и да ги срамиме политичарите, судиите и функционерите и очекуваме до 1 мај да заврши разрешницата. Доколку не, имаме безрезервна поддршка од Европската и Меѓународната конфедерација на синдикати и ќе поднесеме тужба до Меѓународниот суд, но по 1 мај сите акции и активности кои ќе ги преземаат синдикатите во насока на заштита на Работничкиот дом не можеме да гарантираме дека ќе се одвиваат на ваков начин и може да бидат далеку поригорозни особено ако некој проба да влезе во Работничкиот дом и ако проба да ни го одземе Работничкиот дом кој го граделе нашите дедовци и баби и нашите татковци и мајки и ние како работници, посочи Трендафилов.

Како што кажа, ССМ или Единствените синдикати на Македонија како што се нарекувале во 1948 година уште тогаш обезбедиле 10 проценти од средствата за изградба на Работничкиот дом, а во наредните 10 години ги обезбедиле сите потребни средства за изградба. Државата, како што потенцира, нема ни еден доказ дека инвестирала ниту еден тогашен динар во изградбата. Сите документи од одобрението за расчистување на просторот, одобрението за градба, исплатените средства преку банка на сметка на изведувачот, договорот за изградба, уверението за употреба и сите други документи се исклучива само на име на Сојузот на синдикатите на Македонија.

Доколку не сме имале право тогаш немало ниту да ги имаме на наше име. Денеска дојдовме тука да им дадеме жолт картон од членовите на органите и телата на синдикатите, а доколку е потребно можеме да бидеме и 700, можеме да бидеме и 7.000, можеме да бидеме и 70.000. Седумдесет илјади членови брои ССМ, 70.000 од нас ќе застанат тука да им покажат на овие судии дека правото и правдата мора да завладее и дека мора од некаде да се почне. Ќе почнеме од Врховниот суд, пресудата која ја очекуваме не е да биде тоа во интерес на ССМ, туку тоа да биде во интерес на работниците и на правото, рече Трендафилов.

За време на протестот целосно затворена за сообраќај беше левата страна од булеварот „Кочо Рацин“ на потегот од семафорите кај судска палата до Работничкиот дом.

The post Трендафилов: Дојдовме да им дадеме жолт картон на судиите, по 1 мај ќе им дадеме црвен appeared first on Република.

]]>

Потесното раководство на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) денеска се собра на протест пред зградата на Врховниот суд за, како што рекоа, да им дадат жолт картон на судиите поради судската одлука да им се одземе сопственоста на Работничкиот дом. Порачаа дека правото мора да владее во државата и оти не е работа на синдикатите да се изборат за тоа, но кога мораат - можат и ќе покажат дека правото ќе владее во земјава. Во спротивно најави дека по 1 мај ќе им дадат црвен картон на судиите.
Чекаме до 1 мај. Доколку влезат во нашиот дом, ќе влеземе во нивните домови. Доколку го земат нашиот дом ќе ги земеме нивните домови. Ние друг избор немаме, отстапка назад немаме. Ние сме доведени до ѕидот, а до ѕидот се знае што се прави - се гази само напред и само право, изјави претседателот на ССМ Слободан Трендафилов.
Дојдовме, додаде, пред Врховниот суд да им го завртиме грбот на оние судии кои ја донесоа срамната пресуда за конфискација на Работничкиот дом.
Денеска дојдовме тука само раководствата на синдикатите да им кажеме на овие судии дека време е правото и правдата да победи, дека не може на слободно судско убедување да одземаат имот кој работниците започнале да го градат во 1958 година врз основа на законот од 1998 година. Вакво чудо нема никаде во светот, суд со пресуда на работници кои двоеле од сопствена уста, од лебот, од синдикалната членарина, од нивните плати кои изградиле дом да го одземаат и да го даваат на државата за потоа државата да може да го раскрчми. Ние сме успеале 30 години од 1992 да го зачуваме Работничкиот дом во периодот на транзицијата кога олигархијата, газдите ги грабнаа работничките имоти и работничките фабрики и денеска 30 години после тоа сакаат да го грабнат и Работничкиот дом и на таков начин да го замолчат синдикалното движење, потенцира Трендафилов.
Порача дека ваквата пресуда „шефе види што им направив“ ќе предизвика штета на еден куп други организации во државата, почнувајќи од политички партии, од стопански комори, Црвен крст, пензионери, борци и слични организации кои пред 1992 година граделе свои сопствени куќи и свои сопствени домови. Најави дека на 18 април треба да се одржи рочиште во Основниот граѓански суд кој треба само да го препрати предметот во Врховниот суд кој, пак, треба да одлучува по барањето за повторување на постапката со истиот судечки совет кој ја донесе првичната одлука.
Видоа што се случува изминатите денови, ќе ги прочитаат и новите докази и аргументи кои ги имаме и сметаме дека ќе ја исправат неправдата која ја нанесоа. Имаат доволно време да седнат, да разговараат, да разменат идеи и да ги почитуваат мислењата на оние две судијки кои ги дале како издвоени мислења во целокупната постапка врз основа на аргументи, а не само на слободно судско уверување и да донесат нова пресуда врз основа на Уставот, законите и меѓународните трудови стандарди. Во спротивно слободното судско убедување ќе стане слободно работничко убедување и ќе ги преземаме истите работи како и тие, рече Трендафилов.
За нивното барање за преиспитување на одлуката и за разрешување на тројцата судии од судечкиот совет кои ја донесоа, рече дека ССМ уште веднаш кога ја доби одлуката побара оставка од тројцата судии.
Во судечкиот совет од пет судии имаме две издвоени мислења во интерес на ССМ и во интерес на правото и на правдата – во интерес на работниците. Очекуваме да се одважат и да поднесат оставки. Поради не поднесувањето оставки од нивна страна поднесувавме барања за утврдување на дисциплинска одговорност до Судскиот совет и очекуваме веднаш по извршувањето на изборите Советот да ги разгледува трите барања поединечно врз основа на доказите кои ги поднесовме и да утврди дисциплинска одговорност доколку овие судии до 1 мај не се одважат и не донесат поинаква пресуда во интерес на правото, правдата и во интерес на работниците, рече Трендафилов.
Очекуваат за предметот да се заинтересиран и Уставниот суд поради нивната одлука од 1992 година која, како што велат, тројцата судии ја погазија и ја фрлија во канта за отпадоци и поради барањето што го поднесе ССМ до нив за заштита на правата и слободите, а не ја исклучуваат и можноста да ја тужат државата пред Меѓународниот суд во Стразбур.
На 15 мај истекува рокот за поднесување на тужба против државата. Не сакаме да бидеме доведени во ситуација како работници да ја тужиме и напаѓаме државата и да ги срамиме политичарите, судиите и функционерите и очекуваме до 1 мај да заврши разрешницата. Доколку не, имаме безрезервна поддршка од Европската и Меѓународната конфедерација на синдикати и ќе поднесеме тужба до Меѓународниот суд, но по 1 мај сите акции и активности кои ќе ги преземаат синдикатите во насока на заштита на Работничкиот дом не можеме да гарантираме дека ќе се одвиваат на ваков начин и може да бидат далеку поригорозни особено ако некој проба да влезе во Работничкиот дом и ако проба да ни го одземе Работничкиот дом кој го граделе нашите дедовци и баби и нашите татковци и мајки и ние како работници, посочи Трендафилов.
Како што кажа, ССМ или Единствените синдикати на Македонија како што се нарекувале во 1948 година уште тогаш обезбедиле 10 проценти од средствата за изградба на Работничкиот дом, а во наредните 10 години ги обезбедиле сите потребни средства за изградба. Државата, како што потенцира, нема ни еден доказ дека инвестирала ниту еден тогашен динар во изградбата. Сите документи од одобрението за расчистување на просторот, одобрението за градба, исплатените средства преку банка на сметка на изведувачот, договорот за изградба, уверението за употреба и сите други документи се исклучива само на име на Сојузот на синдикатите на Македонија.
Доколку не сме имале право тогаш немало ниту да ги имаме на наше име. Денеска дојдовме тука да им дадеме жолт картон од членовите на органите и телата на синдикатите, а доколку е потребно можеме да бидеме и 700, можеме да бидеме и 7.000, можеме да бидеме и 70.000. Седумдесет илјади членови брои ССМ, 70.000 од нас ќе застанат тука да им покажат на овие судии дека правото и правдата мора да завладее и дека мора од некаде да се почне. Ќе почнеме од Врховниот суд, пресудата која ја очекуваме не е да биде тоа во интерес на ССМ, туку тоа да биде во интерес на работниците и на правото, рече Трендафилов.
За време на протестот целосно затворена за сообраќај беше левата страна од булеварот „Кочо Рацин“ на потегот од семафорите кај судска палата до Работничкиот дом.

The post Трендафилов: Дојдовме да им дадеме жолт картон на судиите, по 1 мај ќе им дадеме црвен appeared first on Република.

]]>
Министерството за култура ја блокирало сметката на Филхармонија, музичарите се заканија со црвен картон за министерката https://republika.mk/vesti/kultura/ministerstvoto-za-kultura-ja-blokiralo-smetkata-na-filharmonija-muzicharite-se-zakanija-so-tsrven-karton-za-ministerkata/ Tue, 23 May 2023 12:34:16 +0000 https://republika.mk/?p=643980

Оркестарот на Македонската Филхармонија денеска повторно одржа мирен протест пред Министерството за култура, бидејќи оттаму, се уште немаат конкретен одговор, ниту решение на проблемот кој настана со одлуката новоформираниот Национален џез-оркестар просторно да биде сместен во објектот на Филхармонија. Членовите на оркестарот во континуитет изминатите денови и недели бараат надлежните да ја повлечат оваа одлука, бидејќи според нив е неодржливо двата оркестри да функционираат како два посебни правни субјекти во една зграда, а во петокот првпат протесираа и пред Владата, свирејќи на своите инструменти пред зградата на извршната власт.

Музичарите од оркестарот овој пат протестираа без своите инструменти, но со жолти картони во рецете, а пред Министерството ечеше снимена музика, композициите „Тешкото“ од Глигор Смокварски и 4 симфонија, 2 став од Бетовен. Филхармоничарите ги оставија жолтите картони пред зградата на Министерството и најавија „црвени картони“ за министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска доколку, како што рекоа, наскоро не се најде решение за овој проблем.

Владимир Лазаревски, прв обоист и претседател на Синдикатот на Филхармонија, во своето обраќање на протестот го изрази незадоволството од, како што нагласи, манипулациите и лагите на Министерството за култура и Здружението на џез музичари, но и од опструкциите што во последниот период се прават врз Филхармонија.

Изминатиов период, нашата институција продолжува да биде мета на дезинформации во јавноста, но и на опструкции од страна на Министерството за култура кое дури ја блокираше и сметката на Филхармонија, со што директно се прави дополнителен притисок врз вработените, но и врз работата на нашата институција. Не ни е одобрен финансов план на сопствената сметка, односно во превод, парите што ги имаме, не ни даваат да ги трошиме, истакна Лазаревски.

Тој ја повика министерката за култура да каже зошто месец и половина ја лаже јавноста дека Министерството за култура немало никаква задна намера кога ја донело одлуката за формирање на џез-оркестарот.

Сакаме да го изразиме нашето незадоволство од бесрамното манипулирање и лагите искажани од страна на Министерството за култура и Здружението на џез музичари дека немале никаква задна намера кога ја донеле одлуката за наводно привремено сместување на џез-оркестарот во зградата на Филхармонија, рече Лазаревски.

Според него, и покрај известувањето дека Министерството работи интензивно на проблемот во врска со сместувањето на новоформираниот национален џез оркестар во Македонската филхармонија, до моментов прашањето не е решено, односно одлуката на Владата не е променета.

Бараме што поскоро да се најде решение за проблемот и да се надмине оваа надреална ситуција во која сосема непотребно сме ставени и ние, а пред се, нашата институција со наметнување на нелогичната одлука која беше донесена паушално, без аргументирана основа и образложение, велат вработените во Македонска филхармонија.

Претседателот на Синдикатот на Филхармонија најави и дека вработените и раководството на Филхармонија ќе продолжат со протести и наредната недела пред Министерството за култура и пред Владата.

The post Министерството за култура ја блокирало сметката на Филхармонија, музичарите се заканија со црвен картон за министерката appeared first on Република.

]]>

Оркестарот на Македонската Филхармонија денеска повторно одржа мирен протест пред Министерството за култура, бидејќи оттаму, се уште немаат конкретен одговор, ниту решение на проблемот кој настана со одлуката новоформираниот Национален џез-оркестар просторно да биде сместен во објектот на Филхармонија. Членовите на оркестарот во континуитет изминатите денови и недели бараат надлежните да ја повлечат оваа одлука, бидејќи според нив е неодржливо двата оркестри да функционираат како два посебни правни субјекти во една зграда, а во петокот првпат протесираа и пред Владата, свирејќи на своите инструменти пред зградата на извршната власт. Музичарите од оркестарот овој пат протестираа без своите инструменти, но со жолти картони во рецете, а пред Министерството ечеше снимена музика, композициите „Тешкото“ од Глигор Смокварски и 4 симфонија, 2 став од Бетовен. Филхармоничарите ги оставија жолтите картони пред зградата на Министерството и најавија „црвени картони“ за министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска доколку, како што рекоа, наскоро не се најде решение за овој проблем. Владимир Лазаревски, прв обоист и претседател на Синдикатот на Филхармонија, во своето обраќање на протестот го изрази незадоволството од, како што нагласи, манипулациите и лагите на Министерството за култура и Здружението на џез музичари, но и од опструкциите што во последниот период се прават врз Филхармонија.