Црнила ремикс Archives - Република https://republika.mk/tema/crnila-remiks/ За подобро да се разбереме Thu, 22 Aug 2024 20:46:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Црнила ремикс Archives - Република https://republika.mk/tema/crnila-remiks/ 32 32 Летната сцена на МНТ се отвора со хип-хоп претставата „Црнила ремикс“ https://republika.mk/vesti/kultura/letnata-stsena-na-mnt-se-otvora-so-hip-hop-pretstavata-tsrnila-remiks/ Thu, 22 Aug 2024 20:51:16 +0000 https://republika.mk/?p=808979

Со „Црнила ремикс“, хип-хоп претстава работена според мотивите на делото на Коле Чашуле, а по идеја и режија на Јордан Симонов во продукција на Младински културен центар (МКЦ) на 17 септември се отвора летната сцена ‭на Македонскиот народен театар (МНТ) „‬Славиша Кајевски‭“‬.

Летната сцена која го доби името во чест на актерот кој почина на 39 години ќе работи до први октомври.

Меѓу настаните кои ќе се одржат се и стендапот на Сашко Коцев „Широк дијафазон“, претставата „Мој термин“ на Синиша Евтимов, настапи на Игор Џамбазов и Гуру Харе бенд и на Пијан Славеј, а на затворањето концерт ќе има Националниот џез оркестар со хитови од „Битлс“.

The post Летната сцена на МНТ се отвора со хип-хоп претставата „Црнила ремикс“ appeared first on Република.

]]>

Со „Црнила ремикс“, хип-хоп претстава работена според мотивите на делото на Коле Чашуле, а по идеја и режија на Јордан Симонов во продукција на Младински културен центар (МКЦ) на 17 септември се отвора летната сцена ‭на Македонскиот народен театар (МНТ) „‬Славиша Кајевски‭“‬. Летната сцена која го доби името во чест на актерот кој почина на 39 години ќе работи до први октомври. Меѓу настаните кои ќе се одржат се и стендапот на Сашко Коцев „Широк дијафазон“, претставата „Мој термин“ на Синиша Евтимов, настапи на Игор Џамбазов и Гуру Харе бенд и на Пијан Славеј, а на затворањето концерт ќе има Националниот џез оркестар со хитови од „Битлс“.

The post Летната сцена на МНТ се отвора со хип-хоп претставата „Црнила ремикс“ appeared first on Република.

]]>
„Црнила ремикс“ гостува на Могилата на непобедените во Прилеп https://republika.mk/vesti/kultura/tsrnila-remiks-gostuva-na-mogilata-na-nepobedenite-vo-prilep/ Fri, 26 May 2023 07:34:11 +0000 https://republika.mk/?p=644743

Музичко-драмскиот перформанс „Црнила ремикс“ во режија на Јордан Симонов, продукција на Младинскиот културен центар, в сабота (27 мај) во 21 часот ќе биде изведен на Могилата на непобедените во Прилеп. Гостувањето го организира МТФ „Војдан Чернодрински“, во чест на авторот во фокус Коле Чашуле, како најава на 57. издание на фестивалот, што ќе се реализира од 9 до 16 јуни.

Гостувањето е подарок на театарскиот фестивал за својата публика во Прилеп, вели Ана Стојаноска, директорка на фестивалот.

Како што Коле Чашуле го посвети името Могила на непобедените, така МТФ „Војдан Чернодрински” го посветува овој настан на нашиот автор во фокус Коле Чашуле - вели Стојаноска.

„Црнила ремикс“ е едно поразлично видување на класичното драмско дело на Коле Чашуле ставено во контекст на урбан хип-хоп албум. Музичко-драмски перформанс со несекојдневен пристап, со специфична актерска изведба, кој низ оригиналниот препев и музика на „Зад аголот“ нè носи во еден нов сублимат помеѓу драмата и хип-хоп супкултурата.

Претставата имаше премиера на 28 септември 2018 година. За музиката и препевот во претставата се погрижија Дарко Димитриески и Павле Димковски („Зад аголот“). Улогите ги толкуваат: Стефан Вујисиќ, Александар Михајловски, Владимир Петровиќ, Горан Ников, Ненад Анѓелковиќ, Сања Арсовска (Емилија Мицевска), Павле Димковски. Сценограф и костимограф е Илина Ангеловска. За видеото се погрижија Милан Блажевски и Борис Таковски.

Дизајнер на тон - Симон Кипровски, дизајнер на светло - Илија Тарчуговски. Графичкиот дизајн е на Бисера Михајловска, а за фотографијата се погрижи Кире Галевски. Продуцент е Русе Арсов.

 

The post „Црнила ремикс“ гостува на Могилата на непобедените во Прилеп appeared first on Република.

]]>

Музичко-драмскиот перформанс „Црнила ремикс“ во режија на Јордан Симонов, продукција на Младинскиот културен центар, в сабота (27 мај) во 21 часот ќе биде изведен на Могилата на непобедените во Прилеп. Гостувањето го организира МТФ „Војдан Чернодрински“, во чест на авторот во фокус Коле Чашуле, како најава на 57. издание на фестивалот, што ќе се реализира од 9 до 16 јуни. Гостувањето е подарок на театарскиот фестивал за својата публика во Прилеп, вели Ана Стојаноска, директорка на фестивалот.
Како што Коле Чашуле го посвети името Могила на непобедените, така МТФ „Војдан Чернодрински” го посветува овој настан на нашиот автор во фокус Коле Чашуле - вели Стојаноска.
„Црнила ремикс“ е едно поразлично видување на класичното драмско дело на Коле Чашуле ставено во контекст на урбан хип-хоп албум. Музичко-драмски перформанс со несекојдневен пристап, со специфична актерска изведба, кој низ оригиналниот препев и музика на „Зад аголот“ нè носи во еден нов сублимат помеѓу драмата и хип-хоп супкултурата. Претставата имаше премиера на 28 септември 2018 година. За музиката и препевот во претставата се погрижија Дарко Димитриески и Павле Димковски („Зад аголот“). Улогите ги толкуваат: Стефан Вујисиќ, Александар Михајловски, Владимир Петровиќ, Горан Ников, Ненад Анѓелковиќ, Сања Арсовска (Емилија Мицевска), Павле Димковски. Сценограф и костимограф е Илина Ангеловска. За видеото се погрижија Милан Блажевски и Борис Таковски. Дизајнер на тон - Симон Кипровски, дизајнер на светло - Илија Тарчуговски. Графичкиот дизајн е на Бисера Михајловска, а за фотографијата се погрижи Кире Галевски. Продуцент е Русе Арсов.  

The post „Црнила ремикс“ гостува на Могилата на непобедените во Прилеп appeared first on Република.

]]>
„Црнила Ремикс“ на фестивал во Ниш https://republika.mk/vesti/kultura/crnila-remiks-na-festival-vo-nish/ Thu, 04 Aug 2022 07:50:29 +0000 https://republika.mk/?p=536609

Театарски хип-хоп проект на МКЦ Скопје – „Црнила Ремикс“ е дел од официјалната селекција на Меѓународниот џез театарски фестивал „Нишвил“,  кој од 5 до 9 август ќе се одржи во Ниш, Србија, на сцените во Нишката тврдина

Во рамки на популарниот „Нишвил џез фестивал“ од 2017 година како посебна програмска целина постои Меѓународниот џез театарски фестивал „Нишвил“, на кој оваа година ќе бидат прикажани продукции од Франција, Швајцарија, Србија, САД, Хрватска, Бугарија и Македонија.

Програмската селекција на овој фестивал е базирана на продукции кои ја користат музиката како еден од главните драмски елементи во креирање на самата претства, а целата програма се прикажува исклучиво на отворени сцени низ градот.

„Ќе погледнеме од многу мали трупи како француската Les Nouveaux Ballets du Nord-Pas de Calais од Лил која ги комбинира техниките на театар, кукларство и танц, или пак хрватската трупа CIrk од Загреб која спојува театар, филм, циркус и визуелни уметности, или вашата Црнила Ремикс која ни доаѓа како претстава-концерт. Тука се и најдолговечните Мимарт театар (1984) - танцов и физички театар, и Дах театар (1991) - лабораториски театар поврзан со работата на Јержиј Гротовски и Еуџенио Барба, па се до светски познатата театарска трупа ЛаМама од Њујорк (1961) која ја негува работата на експерименталниот театар“ - потенцираше Маја Митиќ, уметнички директор и селектор на Нишвил меѓународен џез театар фестивал.

Со гостувањата на фестивалот Егзит во Нови Сад и клубот Мочвара во Загреб  во 2019 година „Црнила Ремикс“ ги започна своите меѓународни активности, а проектот беше дел и  од хибридната меѓунардона програмска соработка реализирана за време на пандемијата во 2020 година меѓу МКЦ Скопје и Кино Шишка од Љубљана - Cross Stream .

За потсетување, „Црнила Ремикс“ е урбано читање на класичното дело на Коле Чашуле, работено по идеја и режија на Јордан Симонов, со оригинален препев и музика на Дарко Димитриески и Павле Димковски од колективот Зад Аголот. Членови на Организацијата се: Стефан Вујисиќ, Александар Михајловски Хонда, Владимир Петровиќ, Горан Ников, Ненад Анѓелковиќ, Сања Арсовска и Павле Димковски.

Оваа музичко - драмска продукција имаше свои премиери во 2019 година на меѓународниот театарскиот фестивал МОТ и музичкиот фестивал Здраво млади, а покрај театарска и концертна верзија, овој проект во 2020 го доби и својот трет формат - аудио запис на винил.

The post „Црнила Ремикс“ на фестивал во Ниш appeared first on Република.

]]>

Театарски хип-хоп проект на МКЦ Скопје – „Црнила Ремикс“ е дел од официјалната селекција на Меѓународниот џез театарски фестивал „Нишвил“,  кој од 5 до 9 август ќе се одржи во Ниш, Србија, на сцените во Нишката тврдина Во рамки на популарниот „Нишвил џез фестивал“ од 2017 година како посебна програмска целина постои Меѓународниот џез театарски фестивал „Нишвил“, на кој оваа година ќе бидат прикажани продукции од Франција, Швајцарија, Србија, САД, Хрватска, Бугарија и Македонија. Програмската селекција на овој фестивал е базирана на продукции кои ја користат музиката како еден од главните драмски елементи во креирање на самата претства, а целата програма се прикажува исклучиво на отворени сцени низ градот. „Ќе погледнеме од многу мали трупи како француската Les Nouveaux Ballets du Nord-Pas de Calais од Лил која ги комбинира техниките на театар, кукларство и танц, или пак хрватската трупа CIrk од Загреб која спојува театар, филм, циркус и визуелни уметности, или вашата Црнила Ремикс која ни доаѓа како претстава-концерт. Тука се и најдолговечните Мимарт театар (1984) - танцов и физички театар, и Дах театар (1991) - лабораториски театар поврзан со работата на Јержиј Гротовски и Еуџенио Барба, па се до светски познатата театарска трупа ЛаМама од Њујорк (1961) која ја негува работата на експерименталниот театар“ - потенцираше Маја Митиќ, уметнички директор и селектор на Нишвил меѓународен џез театар фестивал. Со гостувањата на фестивалот Егзит во Нови Сад и клубот Мочвара во Загреб  во 2019 година „Црнила Ремикс“ ги започна своите меѓународни активности, а проектот беше дел и  од хибридната меѓунардона програмска соработка реализирана за време на пандемијата во 2020 година меѓу МКЦ Скопје и Кино Шишка од Љубљана - Cross Stream . За потсетување, „Црнила Ремикс“ е урбано читање на класичното дело на Коле Чашуле, работено по идеја и режија на Јордан Симонов, со оригинален препев и музика на Дарко Димитриески и Павле Димковски од колективот Зад Аголот. Членови на Организацијата се: Стефан Вујисиќ, Александар Михајловски Хонда, Владимир Петровиќ, Горан Ников, Ненад Анѓелковиќ, Сања Арсовска и Павле Димковски. Оваа музичко - драмска продукција имаше свои премиери во 2019 година на меѓународниот театарскиот фестивал МОТ и музичкиот фестивал Здраво млади, а покрај театарска и концертна верзија, овој проект во 2020 го доби и својот трет формат - аудио запис на винил.

The post „Црнила Ремикс“ на фестивал во Ниш appeared first on Република.

]]>