Црниче Archives - Република https://republika.mk/tema/crniche/ За подобро да се разбереме Sun, 29 Sep 2024 13:21:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Црниче Archives - Република https://republika.mk/tema/crniche/ 32 32 Одбележан 100-годишниот јубилеј на црквата „Света Петка” во Црниче https://republika.mk/vesti/makedonija/odbelezhan-100-godishniot-jubilej-na-tsrkvata-sveta-petka-vo-tsrniche/ Sun, 29 Sep 2024 13:21:15 +0000 https://republika.mk/?p=820746

Со Божествена литургија, со која чиноначалствуваше Архиепископот Oхридски и Mакедонски г.г. Стефан и македонското свештенство, денеска се одбележа еден век од осветувањето на црквата „Света Петка“ во скопската населба Црниче, која неодамна беше реновирана.

На  прослвата присуствуваа и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и градоначалникот на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски  кој, како што соопшти општинската прес-служба, порача дека храмот на одбележувањето на стогодишнината е реконструиран, партерно уреден и со освежена фасада.

- Секогаш, колку што се моите можности ќе помагам и ќе се залагам за нашите македонски храмови, бидејќи токму во нив е мирот и сплотеноста на нашиот народ, рече Ѓорѓиевски.

Камен темелникот за храмот е поставен во 1904 година и како што посочи Ѓорѓиевски овој прекрасен Божји дом бил изграден за 20 години.

- Постои камен плоча на која може да се прочита дека храмот бил довршен и осветен на 3 септември 1923 година. Живописот и иконописот му биле доверени на последниот и најдобар зограф на тоа време Димитар Андонов Папрадишки. Во 1924 година, комплетно го завршил зографирањето и иконографијата на храмот. Црквата  е молитвен дом на многу православни христијани кои преку верата во Бога и молитвите на Света Петка добиваат исцеление на многу душевни и телесни болести. Денес, 100 години подоцна, сведочиме на еден прекрасен јубилеј. Нека е за многу години и нека таму, во Божјите храмови се шири љубов и сплотува нашиот народ, изјави Ѓорѓиевски.

The post Одбележан 100-годишниот јубилеј на црквата „Света Петка” во Црниче appeared first on Република.

]]>

Во Црниче викендов се слават 100 години храм „Света Петка“ https://republika.mk/vesti/skopje/vo-tsrniche-vikendov-se-slavat-100-godini-hram-sveta-petka/ Sat, 28 Sep 2024 07:17:49 +0000 https://republika.mk/?p=820462

Храмот „Св. Петка” во скопско Црниче викендов свечено ќе го одбележи 100-годишниот јубилеј.

Скопската епархија на МПЦ-ОА соопшти дека свеченоста ќе започне денеска со Вечерна богослужба во 17:30 часот.

Централната прослава, пак, ќе биде во недела со Божествената литургија со почеток во 09:00 часот.

The post Во Црниче викендов се слават 100 години храм „Света Петка“ appeared first on Република.

]]>

Храмот „Св. Петка” во скопско Црниче викендов свечено ќе го одбележи 100-годишниот јубилеј. Скопската епархија на МПЦ-ОА соопшти дека свеченоста ќе започне денеска со Вечерна богослужба во 17:30 часот. Централната прослава, пак, ќе биде во недела со Божествената литургија со почеток во 09:00 часот.

The post Во Црниче викендов се слават 100 години храм „Света Петка“ appeared first on Република.

]]>
Фатени „Монти Пајтон“ крадците од грабежот во Црниче https://republika.mk/vesti/makedonija/fateni-monti-pajton-kradtsite-od-grabezhot-vo-tsrniche/ Fri, 19 Apr 2024 10:33:07 +0000 https://republika.mk/?p=767972

Расчистена е кражбата во која крадците среде ноќ украдоа сеф од маркет во Црниче, по што тој им испадна од возилото за бегство.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/filmskiot-grabezh-vo-tsrniche-bil-monti-pajton-sefot-im-ispadnal-dodeka-begale/

Во врска со тешка кражба во маркет „Рептил“ извршена на 1 април 2024 година во населба Црниче, соопшти денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, Секторот за внатрешни работи Скопје презема оперативно-тактички мерки и истражни дејствија и ги лиши од слобода лицата В.З и В.Т од Скопје.

На ден 18.04.2024 од страна на инспектори од ОКР Кисела Вода заедно со полициски службеници од ЕИП и ПС Ѓорче Петров врз основа на издадена судска наредба од Основен Кривичен Суд Скопје изврши претреси на дом и други простории кај двете лица.
Истиот ден од страна на ЕВР Кисела Вода поднесена е кривична пријава за кривично дело „Тешка кражба” предвидено и казниво по член 236 од КЗ, а од страна на судија на претходна постапка за едното лице определена е мерка притвор, соопшти Тошковски.

Претходно денеска од Основното јавно обвинителство Скопје соопштија дека повеле постапка против 23-годишник осомничен за тешка кражба на сеф во Скопје.

Ноќта меѓу 31 март и 1 април, осомничениот заедно со уште три лица, провалиле во затворен маркет на улицата „Востаничка“ во Скопје, одзеле метален сеф во вредност од 12.000 денари, дневен промет во износ од 228.000 денари и цигари вредни 45.000 денари, или се во вкупна вредност од 285.000 денари, соопшти денеска Јавното обвинителство.

Како што е наведено во соопштението, со возило пристигнале пред маркетот, со употреба на погоден алат – хебла, клешти и друго делувале врз влезната врата од маркетот, но не успеале да ја отворат. Еден од сторителите го стартувал возилото и удрил со задниот дел, кршејќи ги двете лизгачки врати. Потоа заедно со останатите осомничени ги демонтирале и ги поставиле покрај влезот од маркетот. Преку така направениот отвор сега осомничениот заедно со другите лица влегол во просторијата наменета за вработени, од каде го одзеле металниот сеф со дневен промет и цигарите, па заминале во непознат правец.

Бидејќи постојат околности што очигледно укажуваат на опасност од бегство, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор на осомничениот. Полицијата работи на откривање на неговите соучесници, велат од Обвинителството.

The post Фатени „Монти Пајтон“ крадците од грабежот во Црниче appeared first on Република.

]]>

Расчистена е кражбата во која крадците среде ноќ украдоа сеф од маркет во Црниче, по што тој им испадна од возилото за бегство. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/filmskiot-grabezh-vo-tsrniche-bil-monti-pajton-sefot-im-ispadnal-dodeka-begale/ Во врска со тешка кражба во маркет „Рептил“ извршена на 1 април 2024 година во населба Црниче, соопшти денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, Секторот за внатрешни работи Скопје презема оперативно-тактички мерки и истражни дејствија и ги лиши од слобода лицата В.З и В.Т од Скопје.
На ден 18.04.2024 од страна на инспектори од ОКР Кисела Вода заедно со полициски службеници од ЕИП и ПС Ѓорче Петров врз основа на издадена судска наредба од Основен Кривичен Суд Скопје изврши претреси на дом и други простории кај двете лица. Истиот ден од страна на ЕВР Кисела Вода поднесена е кривична пријава за кривично дело „Тешка кражба” предвидено и казниво по член 236 од КЗ, а од страна на судија на претходна постапка за едното лице определена е мерка притвор, соопшти Тошковски.
Претходно денеска од Основното јавно обвинителство Скопје соопштија дека повеле постапка против 23-годишник осомничен за тешка кражба на сеф во Скопје.
Ноќта меѓу 31 март и 1 април, осомничениот заедно со уште три лица, провалиле во затворен маркет на улицата „Востаничка“ во Скопје, одзеле метален сеф во вредност од 12.000 денари, дневен промет во износ од 228.000 денари и цигари вредни 45.000 денари, или се во вкупна вредност од 285.000 денари, соопшти денеска Јавното обвинителство.
Како што е наведено во соопштението, со возило пристигнале пред маркетот, со употреба на погоден алат – хебла, клешти и друго делувале врз влезната врата од маркетот, но не успеале да ја отворат. Еден од сторителите го стартувал возилото и удрил со задниот дел, кршејќи ги двете лизгачки врати. Потоа заедно со останатите осомничени ги демонтирале и ги поставиле покрај влезот од маркетот. Преку така направениот отвор сега осомничениот заедно со другите лица влегол во просторијата наменета за вработени, од каде го одзеле металниот сеф со дневен промет и цигарите, па заминале во непознат правец. Бидејќи постојат околности што очигледно укажуваат на опасност од бегство, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор на осомничениот. Полицијата работи на откривање на неговите соучесници, велат од Обвинителството.

The post Фатени „Монти Пајтон“ крадците од грабежот во Црниче appeared first on Република.

]]>
Филмскиот грабеж во Црниче бил „Монти Пајтон“: Сефот им испаднал додека бегале https://republika.mk/vesti/crna-hronika/filmskiot-grabezh-vo-tsrniche-bil-monti-pajton-sefot-im-ispadnal-dodeka-begale/ Wed, 03 Apr 2024 07:13:30 +0000 https://republika.mk/?p=761512

На разбојниците кои во понеделникот рано наутро ограбија маркет на улица „Востаничка“ во населбата Црниче ноќеска, не им одело сè по планот. Како што се гледа на новото видео објавено од „Скопје 1“, сефот кој го украле при бегството им паѓа од возилото.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/filmski-grabezh-vo-tsrniche-so-vozilo-vletale-vo-market-i-go-ukrale-sefot/

Како што веќе пренесовме, маркетот беше ограбен откако крадците со возило влетаа во влезот и го демолираа, потоа го украдоа сефот и заминаа во црвено возило. На видеото се гледаат четворица од нив како се враќаат за да го приберат испаднатиот сеф додека алармот од маркетот пишти.

Од МВР соопштија дека на 01.04.2024 во 03.58 часот во СВР Скопје било пријавено дека во маркет на подрачје на општина Кисела Вода во Скопје три лица извршиле „тешка кражба“, при што одзеле сеф. Извршен бил увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Филмскиот грабеж во Црниче бил „Монти Пајтон“: Сефот им испаднал додека бегале appeared first on Република.

]]>

На разбојниците кои во понеделникот рано наутро ограбија маркет на улица „Востаничка“ во населбата Црниче ноќеска, не им одело сè по планот. Како што се гледа на новото видео објавено од „Скопје 1“, сефот кој го украле при бегството им паѓа од возилото. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/filmski-grabezh-vo-tsrniche-so-vozilo-vletale-vo-market-i-go-ukrale-sefot/ Како што веќе пренесовме, маркетот беше ограбен откако крадците со возило влетаа во влезот и го демолираа, потоа го украдоа сефот и заминаа во црвено возило. На видеото се гледаат четворица од нив како се враќаат за да го приберат испаднатиот сеф додека алармот од маркетот пишти. Од МВР соопштија дека на 01.04.2024 во 03.58 часот во СВР Скопје било пријавено дека во маркет на подрачје на општина Кисела Вода во Скопје три лица извршиле „тешка кражба“, при што одзеле сеф. Извршен бил увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Филмскиот грабеж во Црниче бил „Монти Пајтон“: Сефот им испаднал додека бегале appeared first on Република.

]]>
Дрски крадци провалуваат по куќи во Црниче: Ако ги препознае некој од снимката да пријави! https://republika.mk/vesti/crna-hronika/drski-kradtsi-provaluvaat-po-kuki-vo-tsrniche-ako-gi-prepoznae-nekoj-od-snimkata-da-prijavi/ Mon, 28 Aug 2023 09:10:34 +0000 https://republika.mk/?p=676537

Жителите на скопско Црниче бараат помош оти крадци се обидуваат да им провалат по домовите. Иако имаат безбедносни камери, крадците без страв влегуваат во нивните дворови. На социјалните мрежи се објавени и снимки од камерите, на кои се гледаат дрските крадци.

Од снимката се гледа како две лица со маски на лицето и ракавици се прикрадуваат во дворот. Доаѓаат до вратата, ѕвонат, но никој не им отвора. Додека едниот ја проверува околината, другиот се подготвува да упадне во домот. Се обидува неколкупати да ја прескокне терасата. Последниот пат, излегува лице од куќата, по што тие бегаат.

И ова не е единственото сведоштво, за коешто жителите бараат помош од МВР, но и од локалната власт.

The post Дрски крадци провалуваат по куќи во Црниче: Ако ги препознае некој од снимката да пријави! appeared first on Република.

]]>

Жителите на скопско Црниче бараат помош оти крадци се обидуваат да им провалат по домовите. Иако имаат безбедносни камери, крадците без страв влегуваат во нивните дворови. На социјалните мрежи се објавени и снимки од камерите, на кои се гледаат дрските крадци. Од снимката се гледа како две лица со маски на лицето и ракавици се прикрадуваат во дворот. Доаѓаат до вратата, ѕвонат, но никој не им отвора. Додека едниот ја проверува околината, другиот се подготвува да упадне во домот. Се обидува неколкупати да ја прескокне терасата. Последниот пат, излегува лице од куќата, по што тие бегаат. И ова не е единственото сведоштво, за коешто жителите бараат помош од МВР, но и од локалната власт.

The post Дрски крадци провалуваат по куќи во Црниче: Ако ги препознае некој од снимката да пријави! appeared first on Република.

]]>
Запален „Мерцедес“ во Гази Баба https://republika.mk/vesti/crna-hronika/zapalen-mertsedes-vo-gazi-baba/ Fri, 05 May 2023 20:00:18 +0000 https://republika.mk/?p=637443

На 05.05.2023 во 05.00 часот во Полициската станица Гази Баба било пријавено дека на ул.„Спиро Црне“ било опожарено патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Е.Т. од Скопје.

Пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид бил извршен.

The post Запален „Мерцедес“ во Гази Баба appeared first on Република.

]]>

На 05.05.2023 во 05.00 часот во Полициската станица Гази Баба било пријавено дека на ул.„Спиро Црне“ било опожарено патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Е.Т. од Скопје. Пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид бил извршен.

The post Запален „Мерцедес“ во Гази Баба appeared first on Република.

]]>
Арсовска: За подобро снабдување со вода на жителите на Црниче се заменува постоечката салонитна мрежа https://republika.mk/vesti/skopje/arsovska-za-podobro-snabduvanje-so-voda-na-zitelite-na-crniche-se-zamenuva-postoechkata-salonitna-mreza/ Mon, 28 Mar 2022 09:47:35 +0000 https://republika.mk/?p=479714

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски и директорот на ЈП Водовод и канализација, Златко Перински, денеска присуствуваа на отпочнување на градежните активности за реконструкција на водоводната мрежа на улиците Церска и Христо Узунов во населеното место Црниче во општина Кисела Вода.

Со реализацијата на овој проект се отстранува постоечката салонитна мрежа на која се јавуваат голем број дефекти заради нејзината дотраеност која е поставена пред повеќе од три децении и била наменета за мал број објекти, а денеска не ги задоволува потребите на постојната состојба. За жал, досега не биле превземи активности за реконструкција и проширување на хидротехничката инфраструктура согласно развојот што го овозможува деталниот урбанистички план за овој локалитет со што ЈП Водовод и канализација овозможува подобро водоснабдување на жителите во овој дел од градот – изјави Арсовска.

Градежните активности опфаќаат реконструкција на постоечките приклучоци на објектите кои гравитираат на овој дел од улиците Церска и Христо Узунов. Новата водоводна мрежа ќе биде приклучена на улицата Востаничка со што се обезбедува циркулационен прстен кој овозможува поквалитетно водоснабдување за жителите долж оваа траса.

The post Арсовска: За подобро снабдување со вода на жителите на Црниче се заменува постоечката салонитна мрежа appeared first on Република.