CO2 Archives - Република https://republika.mk/tema/co2/ За подобро да се разбереме Mon, 05 Jun 2023 08:55:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png CO2 Archives - Република https://republika.mk/tema/co2/ 32 32 Германија нуди десетици милијарди евра на компаниите за намалување на емисиите на CO2 https://republika.mk/vesti/ekonomija/germanija-nudi-desetitsi-milijardi-evra-na-kompaniite-za-namaluvane-na-emisiite-na-co2/ Mon, 05 Jun 2023 08:55:23 +0000 https://republika.mk/?p=647903

Гeрманија започнува програма која ќе стави на располагање десетици милијарди евра за компаниите кои се соочуваат со значителни трошоци за енергија, во обид да му помогне на индустрискиот сектор да финансира промена кон производството неутрално од јаглеродот, пишува Ројтерс.

Компаниите ќе можат да аплицираат за грантови за кои Владата најавува дека ќе бидат во вредност од десетици милијарди евра, соопшти во понеделник Министерството за економија.

Министер: Подобни за субвенции се компаниите кои годишно испуштаат 10 килотони јаглерод диоксид и повеќе

Компаниите имаат рок од два месеци да го изразат својот интерес за учество во проектот, чија цел е Германија да го исполни ветувањето дека ќе стане јаглеродно неутрална до 2045 година.

Германската индустрија се соочува со притисок од комбинација на високи трошоци за суровини, енергија и работна сила, додека другите региони, особено САД, ги привлекуваат европските компании со дарежливи субвенции.

Министерот за економија Роберт Хабек рече дека компаниите подобни за субвенции ќе бидат оние кои испуштаат 10 килотони јаглерод диоксид или повеќе годишно.

The post Германија нуди десетици милијарди евра на компаниите за намалување на емисиите на CO2 appeared first on Република.

]]>

Гeрманија започнува програма која ќе стави на располагање десетици милијарди евра за компаниите кои се соочуваат со значителни трошоци за енергија, во обид да му помогне на индустрискиот сектор да финансира промена кон производството неутрално од јаглеродот, пишува Ројтерс. Компаниите ќе можат да аплицираат за грантови за кои Владата најавува дека ќе бидат во вредност од десетици милијарди евра, соопшти во понеделник Министерството за економија. Министер: Подобни за субвенции се компаниите кои годишно испуштаат 10 килотони јаглерод диоксид и повеќе Компаниите имаат рок од два месеци да го изразат својот интерес за учество во проектот, чија цел е Германија да го исполни ветувањето дека ќе стане јаглеродно неутрална до 2045 година. Германската индустрија се соочува со притисок од комбинација на високи трошоци за суровини, енергија и работна сила, додека другите региони, особено САД, ги привлекуваат европските компании со дарежливи субвенции. Министерот за економија Роберт Хабек рече дека компаниите подобни за субвенции ќе бидат оние кои испуштаат 10 килотони јаглерод диоксид или повеќе годишно.

The post Германија нуди десетици милијарди евра на компаниите за намалување на емисиите на CO2 appeared first on Република.

]]>
Емисиите на CO2 во ЕУ се зголемени за пет проценти во споредба со 2020 година https://republika.mk/vesti/svet/emisiite-na-co2-vo-eu-se-zgolemeni-za-pet-procenti-vo-sporedba-so-2020-godina/ Wed, 26 Oct 2022 07:24:23 +0000 https://republika.mk/?p=565698

Економското закрепнување по пандемиската 2020 година регистрира повторно зголемување на емисиите на јаглерод диоксид (CO2) во Европската унија по долг период на постојан пад.

Според прелиминарните податоци, емисиите на стакленички гасови кои и штетат на климата во ЕУ се зголемиле за околу пет отсто во 2021 година во споредба со претходната година, се вели во денешниот извештај на Европската агенција за животна средина (ЕЕА).

Сепак, емисиите биле околу шест отсто помали отколку во годината пред пандемијата на коронавирус во 2019 година. Помеѓу 1990 и 2020 година, емисиите од 27-те земји на ЕУ паднаа за 32 отсто, што значи дека климатската цел за намалување од 20 отсто за 2020 година беше јасно постигната. Сепак, годишниот напредок мора да биде повеќе од двојно зголемен на патот кон поамбициозните климатски и енергетски цели за 2030 година, напишаа експертите од агенцијата на ЕУ со седиште во Копенхаген.

Емисиите би требало да се намалат во просек за 134 милиони тони CO2 годишно, или четири отсто, за да се постигне целта за намалување на емисиите за најмалку 55 отсто до 2030 година.

 

The post Емисиите на CO2 во ЕУ се зголемени за пет проценти во споредба со 2020 година appeared first on Република.

]]>

Економското закрепнување по пандемиската 2020 година регистрира повторно зголемување на емисиите на јаглерод диоксид (CO2) во Европската унија по долг период на постојан пад. Според прелиминарните податоци, емисиите на стакленички гасови кои и штетат на климата во ЕУ се зголемиле за околу пет отсто во 2021 година во споредба со претходната година, се вели во денешниот извештај на Европската агенција за животна средина (ЕЕА). Сепак, емисиите биле околу шест отсто помали отколку во годината пред пандемијата на коронавирус во 2019 година. Помеѓу 1990 и 2020 година, емисиите од 27-те земји на ЕУ паднаа за 32 отсто, што значи дека климатската цел за намалување од 20 отсто за 2020 година беше јасно постигната. Сепак, годишниот напредок мора да биде повеќе од двојно зголемен на патот кон поамбициозните климатски и енергетски цели за 2030 година, напишаа експертите од агенцијата на ЕУ со седиште во Копенхаген. Емисиите би требало да се намалат во просек за 134 милиони тони CO2 годишно, или четири отсто, за да се постигне целта за намалување на емисиите за најмалку 55 отсто до 2030 година.  

The post Емисиите на CO2 во ЕУ се зголемени за пет проценти во споредба со 2020 година appeared first on Република.

]]>