Ципрас Archives - Република https://republika.mk/tema/cipras/ За подобро да се разбереме Thu, 29 Jun 2023 14:35:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Ципрас Archives - Република https://republika.mk/tema/cipras/ 32 32 За Мицотакис оставката на Ципрас по трите порази на СИРИЗА е очекувана https://republika.mk/vesti/balkan/za-mitsotakis-ostavkata-na-tsipras-po-trite-porazi-na-siriza-e-ochekuvana/ Thu, 29 Jun 2023 14:35:48 +0000 https://republika.mk/?p=656500

Мислам дека беше очекувана одлука по трите порази што ги претрпе СИРИЗА и лично Алексис Ципрас на националните избори, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, одговарајќи на новинарско прашање за денешната оставка на лидерот на опозициската партија, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис додаде дека со оставката на Ципрас се затвора еден циклус.

СИРИЗА беше партија која изминативе години и како власта и како опозиција беше поистоветена со токсичност, со говор на поделби, но и со огромна неефикасност кога беше повикана да управува со иднината на државата. Партиите треба да ги обединуваат граѓаните и треба, пред сè, да предлагаат реални, исплатливи и остварливи решенија за проблемите на граѓаните. СИРИЗА никогаш не беше по овој пат. Се надевам дека ќе го најде и искрено го посакувам тоа, рече Мицотакис

The post За Мицотакис оставката на Ципрас по трите порази на СИРИЗА е очекувана appeared first on Република.

]]>

Мислам дека беше очекувана одлука по трите порази што ги претрпе СИРИЗА и лично Алексис Ципрас на националните избори, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, одговарајќи на новинарско прашање за денешната оставка на лидерот на опозициската партија, јави дописничката на МИА од Атина. Мицотакис додаде дека со оставката на Ципрас се затвора еден циклус.
СИРИЗА беше партија која изминативе години и како власта и како опозиција беше поистоветена со токсичност, со говор на поделби, но и со огромна неефикасност кога беше повикана да управува со иднината на државата. Партиите треба да ги обединуваат граѓаните и треба, пред сè, да предлагаат реални, исплатливи и остварливи решенија за проблемите на граѓаните. СИРИЗА никогаш не беше по овој пат. Се надевам дека ќе го најде и искрено го посакувам тоа, рече Мицотакис

The post За Мицотакис оставката на Ципрас по трите порази на СИРИЗА е очекувана appeared first on Република.

]]>
Ципрас: Грција има бугарски плати, а британски цени https://republika.mk/vesti/balkan/tsipras-grtsija-ima-bugarski-plati-a-britanski-tseni/ Sat, 20 May 2023 20:18:31 +0000 https://republika.mk/?p=643091

Граѓаните на Грција утре излегуваат на најнеизвесните парламентарни избори последнава деценија, покажуваат анкетите на јавното мислење. Фаворит е Нова демократија со актуелниот премиер Кирјакос Мицотакис, втора е Сириза на поранешниот премиер Алексис Ципрас, а трет е ПАСОК – Движење за промена, објавува ТВ 24.

Според аналитичарите, предноста на Нова демократија нема да биде доволна за убедлива победа на парламентарните избори, а мали се изгледите некоја од партиите да обезбеди апсолутно мнозинство во парламентот од 300 места, па нема да биде изненадување да дојде до нови избори во јули. Предизборната кампања ја продлабочи поделбата во грчкото општество.

Доминираа скандали, навреди и клевети. Убеденост дека Нова демократија ќе биде победник на парламентарните избори, изразија грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, но и поддржувачите на владејачката партија за време на синоќешниот централен предизборен митинг одржан во Атина.

„Четири големи цели ги поставуваме за следните четири години: подобри плати за сите, достоинствено здравство, нов национален здравствен систем, ефикасна држава, и секако, горда и силна татковина.“ – изјави Кирјакос Мицотакис – Нова демократија.

Лидерот на Сириза, Ципрас, пак, вети дека ќе се бори против инфлацијата, а за тоа ги обвини домашните „картели“. Тој најави дека ќе ја зголеми јавната потрошувачка и ќе ги зголеми платите на државните службеници и здравствените работници. Ципрас најави дека ќе ја врати и довербата во земјата по скандалот околу прислушувањето и најтешката железничка несреќа во Грција во февруари.

„Грција има бугарски плати и британски цени. Демократијата возвраќа за да го собори гнилиот режим што владее со нас.“ – изјави Алексис Ципрас – СИРИЗА.

The post Ципрас: Грција има бугарски плати, а британски цени appeared first on Република.

]]>

Граѓаните на Грција утре излегуваат на најнеизвесните парламентарни избори последнава деценија, покажуваат анкетите на јавното мислење. Фаворит е Нова демократија со актуелниот премиер Кирјакос Мицотакис, втора е Сириза на поранешниот премиер Алексис Ципрас, а трет е ПАСОК – Движење за промена, објавува ТВ 24. Според аналитичарите, предноста на Нова демократија нема да биде доволна за убедлива победа на парламентарните избори, а мали се изгледите некоја од партиите да обезбеди апсолутно мнозинство во парламентот од 300 места, па нема да биде изненадување да дојде до нови избори во јули. Предизборната кампања ја продлабочи поделбата во грчкото општество. Доминираа скандали, навреди и клевети. Убеденост дека Нова демократија ќе биде победник на парламентарните избори, изразија грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, но и поддржувачите на владејачката партија за време на синоќешниот централен предизборен митинг одржан во Атина. „Четири големи цели ги поставуваме за следните четири години: подобри плати за сите, достоинствено здравство, нов национален здравствен систем, ефикасна држава, и секако, горда и силна татковина.“ – изјави Кирјакос Мицотакис – Нова демократија. Лидерот на Сириза, Ципрас, пак, вети дека ќе се бори против инфлацијата, а за тоа ги обвини домашните „картели“. Тој најави дека ќе ја зголеми јавната потрошувачка и ќе ги зголеми платите на државните службеници и здравствените работници. Ципрас најави дека ќе ја врати и довербата во земјата по скандалот околу прислушувањето и најтешката железничка несреќа во Грција во февруари. „Грција има бугарски плати и британски цени. Демократијата возвраќа за да го собори гнилиот режим што владее со нас.“ – изјави Алексис Ципрас – СИРИЗА.

The post Ципрас: Грција има бугарски плати, а британски цени appeared first on Република.

]]>
Ковачевски-Ципрас: Само со дијалог и решенија градиме просперитет https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-cipras-samo-so-dijalog-i-reshenija-gradime-prosperitet/ Fri, 08 Apr 2022 14:47:57 +0000 https://republika.mk/?p=485403

Премиерот Димитар Ковачевски на маргините на Економскиот форум Делфи во Атина, се сретна со поранешниот премиер на Грција и лидер на „Сириза“, Алексис Ципрас.Како што соопшти владината прес-служба, Ковачевски и Ципрас на средбата се согласија дека четири години од потпишувањето на Договорот од Преспа тој сѐ уште ги остварува придобивките со кои се реши тридеценискиот спор и со кој се воспостави стратешко пријателство меѓу Македонија и Грција, се обезбеди членството на нашата земја во НАТО и се донесе одлуката за безусловен почеток на преговорите за членство во ЕУ.

Големите и далекувидни пораки што во себе ги носи Договорот од Преспа, споделија Ковачевски и Ципрас, со своето значење, особено денес од перспектива на војната во Украина и безбедносната криза во Европа, обезбедуваат основа за забрзување на евроинтеграцијата на Македонија и за Западен Балкан, стои во соопштението.

На средбата беше констатирано дека спроведувањето на одредбите од договорот оди со добра динамика и дека како спогодба која обезбеди вин-вин решение за двете земји овозможува отворена и постојана комуникација меѓу Скопје и Атина во интерес на просперитетот и граѓаните на двете земји, додаваат од владината прес-служба.

The post Ковачевски-Ципрас: Само со дијалог и решенија градиме просперитет appeared first on Република.

Ципрас: Авионите Рафал ќе летаат над Македонија https://republika.mk/vesti/balkan/cipras-avionite-rafal-kje-letaat-nad-makedonija/ Fri, 21 Jan 2022 09:55:40 +0000 https://republika.mk/?p=447548

Денес имаме земја сојузник, земја чиј воздушен простор го заштитуваат авионите Рафал што ги земавме завчера, шесте Рафал ќе летаат над Македонија во рамки на договорот Грција да го надгледува воздушниот простор, истакна лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас во интервјуто за грчката телевизија „Контра“, јави дописничката на МИА од Атина.

Говорејќи за Договорот од Преспа и односите со Македонија, упати критики до актуелниот грчки премиер Кирјакос Мицотакис за неговата позиција пред да дојде на власт, дека се обидел да го „злоупотреби чувството на просечниот грчки граѓанин“ и дека станува збор за обид за „екстремна политичка измама“.

Мислам дека целиот грчки народ има сфатено, а во многу голема мера и луѓето кои на претходните избори гласаа за Нова демократија, дека случајот со несогласувањата, со отпорот на Нова демократија во однос на Договорот од Преспа беше обид да се злоупотреби чувството на просечниот грчки граѓанин кој, во секој случај, има загриженост и чувствителност за националните прашања и беше обид за политичка измама. Екстремна политичка измама, истакна Ципрас.

Додаде дека тоа што Мицотакис „зазеде неприфатлив и инструментализирачки став за едно многу критично национално прашање за да стане премиер е регистрирано во грчкото општество, во грчката историја и во свеста на граѓаните“, но и истакна дека она што сега е важно е дали земјата требаше да го склучи овој договор или не.

Повторно ја спомена Турција, за која рече дека има можност да продира на Балканот.

Да имавме и на нашата граница со Македонија, една Турција каква што имаме во Либија ќе беше нешто позитивно за земјата? Или опасно и штетно? Денес имаме земја сојузник, земја чиј воздушен простор е заштитен со авионите Рафал што ги земавме завчера, шесте Рафал ќе летаат над Македонија. Во рамки на нашите сојузништва, Грција е таа која го презеде надзорот на воздушниот простор на Македонија, ние го потпишавме тоа, истакна лидерот на СИРИЗА во интервјуто и ги повика просечниот грчки граѓанин и сите „суперпатриоти“ што излегуваа на протестите да го земат ова предвид.

The post Ципрас: Авионите Рафал ќе летаат над Македонија appeared first on Република.

]]>

Денес имаме земја сојузник, земја чиј воздушен простор го заштитуваат авионите Рафал што ги земавме завчера, шесте Рафал ќе летаат над Македонија во рамки на договорот Грција да го надгледува воздушниот простор, истакна лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас во интервјуто за грчката телевизија „Контра“, јави дописничката на МИА од Атина.
Говорејќи за Договорот од Преспа и односите со Македонија, упати критики до актуелниот грчки премиер Кирјакос Мицотакис за неговата позиција пред да дојде на власт, дека се обидел да го „злоупотреби чувството на просечниот грчки граѓанин“ и дека станува збор за обид за „екстремна политичка измама“.
Мислам дека целиот грчки народ има сфатено, а во многу голема мера и луѓето кои на претходните избори гласаа за Нова демократија, дека случајот со несогласувањата, со отпорот на Нова демократија во однос на Договорот од Преспа беше обид да се злоупотреби чувството на просечниот грчки граѓанин кој, во секој случај, има загриженост и чувствителност за националните прашања и беше обид за политичка измама. Екстремна политичка измама, истакна Ципрас.
Додаде дека тоа што Мицотакис „зазеде неприфатлив и инструментализирачки став за едно многу критично национално прашање за да стане премиер е регистрирано во грчкото општество, во грчката историја и во свеста на граѓаните“, но и истакна дека она што сега е важно е дали земјата требаше да го склучи овој договор или не. Повторно ја спомена Турција, за која рече дека има можност да продира на Балканот.