цинк Archives - Република https://republika.mk/tema/cink/ За подобро да се разбереме Thu, 28 Mar 2024 14:36:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png цинк Archives - Република https://republika.mk/tema/cink/ 32 32 Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда? https://republika.mk/zivot/zdravje/vo-koja-hrana-gi-ima-trite-minerali-najvazhni-za-tiroidnata-zhlezda/ Thu, 28 Mar 2024 14:36:06 +0000 https://republika.mk/?p=759856

Цинкот, селенот и јод се важни за оптимална функција на тироидната жлезда.

Јодот е минерал кој е потребен за производство на сите тироидни хормони. Јодот е неопходен и незаменлив за функцијата на тироидната жлезда, а можеме да го најдеме во кујнската сол, морските плодови и алгите.

Покрај јод, за функцијата на тироидната жлезда важен е и минералот селен. Селенот е од суштинско значење за работата на ензимот кој го зема хормонот Т4 и го претвора во активна форма на Т3.

Луѓето кои имаат недостаток на селен во телото може да почувствуваат симптоми на хипотироидизам, односно последици од намалена функција на тироидната жлезда, и покрај тоа што вредностите на хормоните Т3 и Т4 се во нормални граници.

Најдобрите извори на селен се бразилските ореви, а селенот може да се најде и во квасецот, интегралните житарки и морските плодови.

Само еден бразилски орев може да исполни повеќе од 100 проценти од препорачаната дневна доза на селен. Списокот на минерали корисни за функцијата на тироидната жлезда вклучува цинк.

Цинкот е важен за правилното функционирање на тироидните хормони, а особено е корисен во самите клетки каде што тироидните хормони ја вршат својата активност.

Храна богата со цинк се: семки од тиква, црвено месо и живина, морска храна. Недостаток на цинк во телото може да се појави кај пушачи, дијабетичари, трудници, а зголемена потреба од овој минерал имаат и спортистите.

 

The post Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда? appeared first on Република.

]]>

Цинкот, селенот и јод се важни за оптимална функција на тироидната жлезда. Јодот е минерал кој е потребен за производство на сите тироидни хормони. Јодот е неопходен и незаменлив за функцијата на тироидната жлезда, а можеме да го најдеме во кујнската сол, морските плодови и алгите. Покрај јод, за функцијата на тироидната жлезда важен е и минералот селен. Селенот е од суштинско значење за работата на ензимот кој го зема хормонот Т4 и го претвора во активна форма на Т3. Луѓето кои имаат недостаток на селен во телото може да почувствуваат симптоми на хипотироидизам, односно последици од намалена функција на тироидната жлезда, и покрај тоа што вредностите на хормоните Т3 и Т4 се во нормални граници. Најдобрите извори на селен се бразилските ореви, а селенот може да се најде и во квасецот, интегралните житарки и морските плодови. Само еден бразилски орев може да исполни повеќе од 100 проценти од препорачаната дневна доза на селен. Списокот на минерали корисни за функцијата на тироидната жлезда вклучува цинк. Цинкот е важен за правилното функционирање на тироидните хормони, а особено е корисен во самите клетки каде што тироидните хормони ја вршат својата активност. Храна богата со цинк се: семки од тиква, црвено месо и живина, морска храна. Недостаток на цинк во телото може да се појави кај пушачи, дијабетичари, трудници, а зголемена потреба од овој минерал имаат и спортистите.  

The post Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда? appeared first on Република.

]]>
Витамините Ц и Д, цинк и пробиотиците го јакнат имунитетот https://republika.mk/zivot/zdravje/vitaminite-ts-i-d-tsink-i-probiotitsite-go-jaknat-imunitetot/ Mon, 25 Dec 2023 16:38:40 +0000 https://republika.mk/?p=726422

За подобар имунитет, корисно е да се земаат имунолошки мултивитамини, особено оние кои содржат витамин Д, витамин Ц и цинк. Пробиотиците исто така го јакнат итумитетот.

Витаминот Д станува главен додаток за имунолошкиот систем во последниве години, бидејќи сѐ повеќе истражувања го покажуваат неговото влијание врз одбраната од болести. Затоа е препорачливо колку е што можно повеќе време да поминуваме на сонце, но и да се јаде храна и да се пијат течности богати со витамин Д, како риба, печурки, јајца, житарки, млеко и сок од портокал.

Според истражувањата од 2021 година, 70 до 80 проценти од имуните клетки се наоѓаат во цревата. Пробиотиците се исклучително важни за правилна функција на цревата, па затоа е здраво да се јаде храна и да се пијат течности со пробиотик: јогурт, кисела зелка, месо.

Цинкот, кој го штити организмот од бактерии и вируси, може да го има најмногу во јајцата и во гравот.

 

The post Витамините Ц и Д, цинк и пробиотиците го јакнат имунитетот appeared first on Република.

]]>

За подобар имунитет, корисно е да се земаат имунолошки мултивитамини, особено оние кои содржат витамин Д, витамин Ц и цинк. Пробиотиците исто така го јакнат итумитетот. Витаминот Д станува главен додаток за имунолошкиот систем во последниве години, бидејќи сѐ повеќе истражувања го покажуваат неговото влијание врз одбраната од болести. Затоа е препорачливо колку е што можно повеќе време да поминуваме на сонце, но и да се јаде храна и да се пијат течности богати со витамин Д, како риба, печурки, јајца, житарки, млеко и сок од портокал. Според истражувањата од 2021 година, 70 до 80 проценти од имуните клетки се наоѓаат во цревата. Пробиотиците се исклучително важни за правилна функција на цревата, па затоа е здраво да се јаде храна и да се пијат течности со пробиотик: јогурт, кисела зелка, месо. Цинкот, кој го штити организмот од бактерии и вируси, може да го има најмногу во јајцата и во гравот.  

The post Витамините Ц и Д, цинк и пробиотиците го јакнат имунитетот appeared first on Република.

]]>