чварки Archives - Република https://republika.mk/tema/chvarki/ За подобро да се разбереме Tue, 29 Nov 2022 14:02:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png чварки Archives - Република https://republika.mk/tema/chvarki/ 32 32 Како чварките станаа луксуз? https://republika.mk/vesti/balkan/kako-chvarkite-stanaa-luksuz/ Tue, 29 Nov 2022 14:02:02 +0000 https://republika.mk/?p=579625

Чварките во Југославија беа најевтиниот дел од свињата, а во продавници не се ни продаваа, туку се раздава по семејни веселби и празници, објави РТС за недостижните цени по кој денеска се продава овој производ.

Тогаш важеше правилото „сиромашните“ да јадат чварки и да користат свинска маст, додека маслото беше резервирано за оние со подобри приходи. Нема веќе Југославија, нема ни евтини чварки.

Оттогаш поминаа околу 30 години. Работите целосно се свртеа. Нема веќе Југославија, 29 ноември не е празник, луѓето се отуѓија и се помалку се дружат, а денес „сиромашните“ тешко можат да си дозволат чварки.

Тие станаа деликатес! Делукс стоки! Во продавниците може да се најдат во пакувања од 100, 200, 300 грама... Чинат и до 2.600 динари (1.350 денари) за килограм. Каде и да се продаваат, поскапи се од килограм бут. И тоа, до три пати!, пренесува РТС.

Некогаш тоа беше незамисливо, бидејќи речиси никој не купуваше чварки. Тие што ги имаа си ги делеа под рака. Аналогно на тоа, килограм свонска маст, која денеска се смета за „поздрава“, е двојно поскапа од литар зејтин.

Експертите имаат објаснување за оваа појава. Тие тврдат дека причина за тоа е се помалиот број на свињи, како и тоа што имаат се помалку маснотии... Сепак, се чини дека маркетингот и промоцијата си ја завршиле работата. Зашто, штом нешто се прогласи за здраво, побарувачката почнува да расте... Добрите менаџери знаат да го искористат и да заработат пари! А зошто да не, кога има и такви кои се спремни да платат неразумни суми, само затоа што се работи за престиж!

Чварките денес може да се купат со пари, но не и она што одеше со нив. Искреност, чувство за другите, пријателство, другарство, заедништво... Тоа е бесценето и сè повеќе ни недостасува! И токму тоа ги направи „сиромашните“ од почетокот на приказната побогати отколку што таа и кој било друг видоа во тоа време.

Којзнае, можеби за 30-тина години повторно ќе дојде ново време... А можеби, после вечерата и дружењето, крцкањето повторно ќе биде нашироко распространето низ соседството... Дотогаш, постарата и средната генерација ќе има само спомени од Националниот ден на земја која повеќе не постои и фактот дека стопените парчиња свинска маст порано им беа достапни на сите, а не привилегија на богатите!

The post Како чварките станаа луксуз? appeared first on Република.

]]>

Чварките во Југославија беа најевтиниот дел од свињата, а во продавници не се ни продаваа, туку се раздава по семејни веселби и празници, објави РТС за недостижните цени по кој денеска се продава овој производ. Тогаш важеше правилото „сиромашните“ да јадат чварки и да користат свинска маст, додека маслото беше резервирано за оние со подобри приходи. Нема веќе Југославија, нема ни евтини чварки. Оттогаш поминаа околу 30 години. Работите целосно се свртеа. Нема веќе Југославија, 29 ноември не е празник, луѓето се отуѓија и се помалку се дружат, а денес „сиромашните“ тешко можат да си дозволат чварки. Тие станаа деликатес! Делукс стоки! Во продавниците може да се најдат во пакувања од 100, 200, 300 грама... Чинат и до 2.600 динари (1.350 денари) за килограм. Каде и да се продаваат, поскапи се од килограм бут. И тоа, до три пати!, пренесува РТС. Некогаш тоа беше незамисливо, бидејќи речиси никој не купуваше чварки. Тие што ги имаа си ги делеа под рака. Аналогно на тоа, килограм свонска маст, која денеска се смета за „поздрава“, е двојно поскапа од литар зејтин. Експертите имаат објаснување за оваа појава. Тие тврдат дека причина за тоа е се помалиот број на свињи, како и тоа што имаат се помалку маснотии... Сепак, се чини дека маркетингот и промоцијата си ја завршиле работата. Зашто, штом нешто се прогласи за здраво, побарувачката почнува да расте... Добрите менаџери знаат да го искористат и да заработат пари! А зошто да не, кога има и такви кои се спремни да платат неразумни суми, само затоа што се работи за престиж! Чварките денес може да се купат со пари, но не и она што одеше со нив. Искреност, чувство за другите, пријателство, другарство, заедништво... Тоа е бесценето и сè повеќе ни недостасува! И токму тоа ги направи „сиромашните“ од почетокот на приказната побогати отколку што таа и кој било друг видоа во тоа време. Којзнае, можеби за 30-тина години повторно ќе дојде ново време... А можеби, после вечерата и дружењето, крцкањето повторно ќе биде нашироко распространето низ соседството... Дотогаш, постарата и средната генерација ќе има само спомени од Националниот ден на земја која повеќе не постои и фактот дека стопените парчиња свинска маст порано им беа достапни на сите, а не привилегија на богатите!

The post Како чварките станаа луксуз? appeared first on Република.

]]>
Почна како шега, ама хрватска фабрика навистина го произведе првото чоколадо со чварки https://republika.mk/vesti/balkan/pochna-kako-shega-ama-hrvatska-fabrika-navistina-go-proizvede-prvoto-chokolado-so-chvarki/ Fri, 29 Apr 2022 12:05:17 +0000 https://republika.mk/?p=495160

Веќе не мора да замислувате каков вкус би имало чоколадото со чварки, сега можете да го пробате! Да, тоа е точно, направено е чоколадо со чварки, а за тоа е задолжена хрватската компанија „Краш“, која реши да ги изненади сите оние кои се „шегуваа“ дека би сакале да пробаат ваков тип чоколада.

„Краш“ на својата Фејсбук страница објави дека направиле чоколадо „Дорина“ во кое има чварки, а тоа ги воодушеви сите љубители на слатки!

Со оглед на тоа што оваа комбинација првпат се спомна на 1 април, и тоа на шега, од компанијата истакнуваат дека интересот бил толку голем што навистина решиле да ја реализираат идејата поточно „шегата“.

Побаравте, добивте! „Дорина Чварак“ е навистина тука! Поради големиот број на позитивни коментари, решивме да одиме чекор понатаму – ограничено издание „Дорина Чварак“.

Не е шега. На сите оние кои позитивно ја коментираа нашата првоаприлска шега и сакаа да ја пробаат „Дорина“ со чварки, испраќаме една копија на нивната адреса. Контактирајте не во инбокс и ви благодариме што не инспириравте ова да го направиме реалност - напишаа на страницата на „Краш“.

Количините на ова чоколадо се ограничени, па секој што сака да го проба може да го направи во сабота на 30.4. во „Kraš Choco & Café“ на главниот плоштад во Загреб.

 

The post Почна како шега, ама хрватска фабрика навистина го произведе првото чоколадо со чварки appeared first on Република.

]]>

Веќе не мора да замислувате каков вкус би имало чоколадото со чварки, сега можете да го пробате! Да, тоа е точно, направено е чоколадо со чварки, а за тоа е задолжена хрватската компанија „Краш“, која реши да ги изненади сите оние кои се „шегуваа“ дека би сакале да пробаат ваков тип чоколада. „Краш“ на својата Фејсбук страница објави дека направиле чоколадо „Дорина“ во кое има чварки, а тоа ги воодушеви сите љубители на слатки! Со оглед на тоа што оваа комбинација првпат се спомна на 1 април, и тоа на шега, од компанијата истакнуваат дека интересот бил толку голем што навистина решиле да ја реализираат идејата поточно „шегата“. Побаравте, добивте! „Дорина Чварак“ е навистина тука! Поради големиот број на позитивни коментари, решивме да одиме чекор понатаму – ограничено издание „Дорина Чварак“. Не е шега. На сите оние кои позитивно ја коментираа нашата првоаприлска шега и сакаа да ја пробаат „Дорина“ со чварки, испраќаме една копија на нивната адреса. Контактирајте не во инбокс и ви благодариме што не инспириравте ова да го направиме реалност - напишаа на страницата на „Краш“. Количините на ова чоколадо се ограничени, па секој што сака да го проба може да го направи во сабота на 30.4. во „Kraš Choco & Café“ на главниот плоштад во Загреб.  

The post Почна како шега, ама хрватска фабрика навистина го произведе првото чоколадо со чварки appeared first on Република.

]]>