Чудна случка со кучето во ноќта Archives - Република https://republika.mk/tema/chudna-sluchka-so-kucheto-vo-nokta/ За подобро да се разбереме Thu, 30 May 2024 21:10:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Чудна случка со кучето во ноќта Archives - Република https://republika.mk/tema/chudna-sluchka-so-kucheto-vo-nokta/ 32 32 Драмски театар со „Чудна случка со кучето во ноќта“ го затвора 25. Фестивал на монодрама во Битола https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/dramski-teatar-so-chudna-sluchka-so-kucheto-vo-nokta-go-zatvora-25-festival-na-monodrama-vo-bitola/ Thu, 30 May 2024 16:13:59 +0000 https://republika.mk/?p=783093

Со претставата „Чудна случка со кучето во ноќта” на Драмски театар Скопје се затвора 25-от Интернационален Фестивал на монодрама Битола 2024.

Претставата ќе им биде посветена на наградените и на театарската публика што две и пол децении го следи фестивалот кој годинава се реализира под слоганот „Слободата живее тука“.
„Фестивалското мото е директна асоцијација дека не само актерите туку и уметниците се во константна трка и потрага по слобода, а неа ја наоѓаат токму таму каде што творат, на сцените” - истакна на отворањето директорката Маја Андоновска-Илијевски.

Свечено затворање, доделувањето на наградите и претставата „Чудна случка со кучето во ноќта” на Драмски театар Скопје ќе се реализираат утре на 31 мај во 19.00 часот во салата на НУ Народен Театар Битола.

Претставата „Чудна случка со кучето во ноќта“ е авторска адаптација на Сајмон Стивенс направена според мотивите од романот на Марк Хадон. Режисер е Зоја Бузалковска. Асистент на режија е Димче Николовски, драматург е Александра Бошковска. Костимите во претставата се на Елена Вангеловска и Раде Василев, а сценографијата е на Константин Трпеноски. Авторската музика е на Давид Ангеловски, а кореографијата и фри ранинг техниката е на Симон Симоновски.

Улогите во претставата ги толкуваат актерите: Дамјан Цветановски, Трајанка Илиева Вељиќ, Александар Степанулески, Емилија Мицевска, Соња Стамболџиоска, Јасмина Василева, Филип Трајковиќ, Стефан Вујисиќ, Златко Митрески и Нела Павловска.

Премиерата на „Чудна случка со кучето во ноќта“ беше во декември 2021 година и досега има триесет изведби на матичната сцена и на фестивалите Охридско лето во 2022 година, фестивалите „Рута“ Љубљана, „5ре“ во Велес и „Војдан Чернодрински“ Прилеп во 2023 година, каде претставата освои повеќе награди меѓу кои, наградата најдобар актер ја доби актерот Дамјан Цветановски.

Режисерката Зоја Бузалковска во програмската книшка истакнува дека она што „Чудна случка со кучето во ноќта“ ја прави возбудлив материјал за работа е темата што ја отвора овој текст. Тоа е светот на Кристофер, светот на „посебниот“, „различниот“, „отфрлениот“, „исмеаниот“, „потценетиот“. Во време во кое многу општества, па така и нашето, се борат за инклузија на луѓето со посебни потреби, да се работи еден ваков актуелен материјал се чини исклучително важно. Во таа смисла, претставата има и едукативно – воспитна функција и може да ја одреди за една од своите целни групи и младата тинејџерска публика.

 

The post Драмски театар со „Чудна случка со кучето во ноќта“ го затвора 25. Фестивал на монодрама во Битола appeared first on Република.

]]>

Со претставата „Чудна случка со кучето во ноќта” на Драмски театар Скопје се затвора 25-от Интернационален Фестивал на монодрама Битола 2024. Претставата ќе им биде посветена на наградените и на театарската публика што две и пол децении го следи фестивалот кој годинава се реализира под слоганот „Слободата живее тука“. „Фестивалското мото е директна асоцијација дека не само актерите туку и уметниците се во константна трка и потрага по слобода, а неа ја наоѓаат токму таму каде што творат, на сцените” - истакна на отворањето директорката Маја Андоновска-Илијевски. Свечено затворање, доделувањето на наградите и претставата „Чудна случка со кучето во ноќта” на Драмски театар Скопје ќе се реализираат утре на 31 мај во 19.00 часот во салата на НУ Народен Театар Битола. Претставата „Чудна случка со кучето во ноќта“ е авторска адаптација на Сајмон Стивенс направена според мотивите од романот на Марк Хадон. Режисер е Зоја Бузалковска. Асистент на режија е Димче Николовски, драматург е Александра Бошковска. Костимите во претставата се на Елена Вангеловска и Раде Василев, а сценографијата е на Константин Трпеноски. Авторската музика е на Давид Ангеловски, а кореографијата и фри ранинг техниката е на Симон Симоновски. Улогите во претставата ги толкуваат актерите: Дамјан Цветановски, Трајанка Илиева Вељиќ, Александар Степанулески, Емилија Мицевска, Соња Стамболџиоска, Јасмина Василева, Филип Трајковиќ, Стефан Вујисиќ, Златко Митрески и Нела Павловска. Премиерата на „Чудна случка со кучето во ноќта“ беше во декември 2021 година и досега има триесет изведби на матичната сцена и на фестивалите Охридско лето во 2022 година, фестивалите „Рута“ Љубљана, „5ре“ во Велес и „Војдан Чернодрински“ Прилеп во 2023 година, каде претставата освои повеќе награди меѓу кои, наградата најдобар актер ја доби актерот Дамјан Цветановски. Режисерката Зоја Бузалковска во програмската книшка истакнува дека она што „Чудна случка со кучето во ноќта“ ја прави возбудлив материјал за работа е темата што ја отвора овој текст. Тоа е светот на Кристофер, светот на „посебниот“, „различниот“, „отфрлениот“, „исмеаниот“, „потценетиот“. Во време во кое многу општества, па така и нашето, се борат за инклузија на луѓето со посебни потреби, да се работи еден ваков актуелен материјал се чини исклучително важно. Во таа смисла, претставата има и едукативно – воспитна функција и може да ја одреди за една од своите целни групи и младата тинејџерска публика.  

The post Драмски театар со „Чудна случка со кучето во ноќта“ го затвора 25. Фестивал на монодрама во Битола appeared first on Република.

]]>
Драмски театар со „Чудна случка со кучето во ноќта“ гостува во Велес https://republika.mk/vesti/kultura/dramski-teatar-so-chudna-sluchka-so-kucheto-vo-nokta-gostuva-vo-veles/ Thu, 21 Mar 2024 12:11:40 +0000 https://republika.mk/?p=756983

Со претставата „Чудна случка со кучето во ноќта“ Драмски театар, утре на 22 март (20 часот)  гостува во Велес, на сцената на театарот „Јордан Хаџи Константинов - Џинот“.

Претставата „Чудна случка со кучето во ноќта“ е авторска адаптација на Сајмон Стивенс направена според мотивите од романот на Марк Хадон. Режисер е Зоја Бузалковска, aсистент на режија е Димче Николовски a драматург на претставата е Александра Бошковска. Костимите се креирани од костимографката Елена Вангеловска и Раде Василев, а сценографијата е на Константин Трпеноски. Авторската музика е на Давид Ангеловски, а кореографијата и фри ранинг техниката е на Симон Симоновски.

Улогите во претставата ги толкуваат актерите: Дамјан Цветановски, Трајанка Илиева Вељиќ, Александар Степанулески, Емилија Мицевска, Соња Стамболџиоска, Јасмина Василева, Филип Трајковиќ, Стефан Вујисиќ, Златко Митрески и Нела Павловска.

Режисерката Зоја Бузалковска истакнува дека она што „Чудна случка со кучето во ноќта“ ја прави возбудлив материјал за работа е темата што ја отвора овој текст. Тоа е светот на Кристофер, светот на „посебниот“, „различниот“, „отфрлениот“, „исмеаниот“, „потценетиот“. Во време во кое многу општества, па така и нашето, се борат за инклузија на луѓето со посебни потреби, да се работи еден ваков актуелен материјал се чини исклучително важно. Во таа смисла, претставата има и едукативно – воспитна функција и може да ја одреди за една од своите целни групи и младата тинејџерска публика.

Од Драмски театар информираат дека премиерата на „Чудна случка со кучето во ноќта“ беше во декември 2021. Интересот на публиката и во третата сезона е голем и претставата привлекува публика од сите возрасни групи. Надвор од матичната сцена гостувала на Охридско лето во 2022 додина и на театарскиот фестивал Рута во Скопје во октомври 2022 и Рута Љубљана во 2023 година.

Со претставата „Чудна случка со кучето во ноќта“ aнсамблот на Драмски театар Скопје настапи на минатогодишниот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ и доби пет високи признанија: награда за главна машка улога на актерот Дамјан Цветановски за улогата на Кристофер Бун, награда за женска епизодна улога се додели на актерката Емилија Мицевска за улогата на Џуди. Наградата за сценографија ја доби Константин Трпеноски, а наградата за костимографија се додели на Елена Вангеловска и Раде Василев за костимите во претставата и награда за кореографија и сценски движења се додели на Симон Симоновски.

Претставата на гостувањето во Велес ќе ја има својата триесетта изведба.

The post Драмски театар со „Чудна случка со кучето во ноќта“ гостува во Велес appeared first on Република.

]]>

Со претставата „Чудна случка со кучето во ноќта“ Драмски театар, утре на 22 март (20 часот)  гостува во Велес, на сцената на театарот „Јордан Хаџи Константинов - Џинот“. Претставата „Чудна случка со кучето во ноќта“ е авторска адаптација на Сајмон Стивенс направена според мотивите од романот на Марк Хадон. Режисер е Зоја Бузалковска, aсистент на режија е Димче Николовски a драматург на претставата е Александра Бошковска. Костимите се креирани од костимографката Елена Вангеловска и Раде Василев, а сценографијата е на Константин Трпеноски. Авторската музика е на Давид Ангеловски, а кореографијата и фри ранинг техниката е на Симон Симоновски. Улогите во претставата ги толкуваат актерите: Дамјан Цветановски, Трајанка Илиева Вељиќ, Александар Степанулески, Емилија Мицевска, Соња Стамболџиоска, Јасмина Василева, Филип Трајковиќ, Стефан Вујисиќ, Златко Митрески и Нела Павловска. Режисерката Зоја Бузалковска истакнува дека она што „Чудна случка со кучето во ноќта“ ја прави возбудлив материјал за работа е темата што ја отвора овој текст. Тоа е светот на Кристофер, светот на „посебниот“, „различниот“, „отфрлениот“, „исмеаниот“, „потценетиот“. Во време во кое многу општества, па така и нашето, се борат за инклузија на луѓето со посебни потреби, да се работи еден ваков актуелен материјал се чини исклучително важно. Во таа смисла, претставата има и едукативно – воспитна функција и може да ја одреди за една од своите целни групи и младата тинејџерска публика. Од Драмски театар информираат дека премиерата на „Чудна случка со кучето во ноќта“ беше во декември 2021. Интересот на публиката и во третата сезона е голем и претставата привлекува публика од сите возрасни групи. Надвор од матичната сцена гостувала на Охридско лето во 2022 додина и на театарскиот фестивал Рута во Скопје во октомври 2022 и Рута Љубљана во 2023 година. Со претставата „Чудна случка со кучето во ноќта“ aнсамблот на Драмски театар Скопје настапи на минатогодишниот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ и доби пет високи признанија: награда за главна машка улога на актерот Дамјан Цветановски за улогата на Кристофер Бун, награда за женска епизодна улога се додели на актерката Емилија Мицевска за улогата на Џуди. Наградата за сценографија ја доби Константин Трпеноски, а наградата за костимографија се додели на Елена Вангеловска и Раде Василев за костимите во претставата и награда за кореографија и сценски движења се додели на Симон Симоновски. Претставата на гостувањето во Велес ќе ја има својата триесетта изведба.

The post Драмски театар со „Чудна случка со кучето во ноќта“ гостува во Велес appeared first on Република.

]]>
„Чудна случка со кучето во ноќта“ вечерва во Драмски театар https://republika.mk/vesti/kultura/chudna-sluchka-so-kucheto-vo-nokta-vecherva-vo-dramski-teatar/ Wed, 28 Feb 2024 09:14:10 +0000 https://republika.mk/?p=749167

Вечерва во Драмскиот театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот ќе биде изведена претставата „Чудна случка со кучето во ноќта“ од Сајмон Стивенс, а во режија на Зоја Бузалковска.

Превод: Благоја Бошковски Буцко
Драматург: Александра Бошковска
Сценограф: Константин Трпеноски
3D Mapping видео дизајн: Osama Almughanni
Костимограф: Елена Вангеловска и Раде Василев
Авторска музика: Давид Ангелевски
Кореографија и free running техника: Симон Симоновски
Асистент на режија: Димче Николовски
Асистент на сценографија: Марија Мукоска

 

Улоги: Дамјан Цветановски, Трајанка Илиева – Вељиќ, Александар Степанулески, Емилија Мицевска Трајковиќ, Соња Стамболџиоска, Јасмина Василева, Филип Трајковиќ, Стефан Вујисиќ, Златко Митрески, Нела Павловска.

Инспициент: Гоце Бојчев
Суфлер: Даница Илиева

 

Драмскиот текст „Чудна случка со кучето во ноќта“ (The Curious Incident of the Dog in the Night-Time) од Сајмон Стивенс е всушност адаптација на популарниот, истоимен роман на Марк Хадон од 2003 година. Овој роман освои 17 престижни награди, Меѓу кои и Whitebread Award. Адаптацијата е напишана во 2012 година и со успех изведена прво во Националниот театар во Лондон. Сместена во Свиндон и Лондон, приказната се однесува на 15-годишниот Кристофер Џон Френсис Бун, математички гениј, кој има неспецифицирано нарушување од аутистичен спектар. Кристофер треба да разреши една мистерија. Некој го убил соседското куче со вила и Кристофер е осомничен, па условно ослободен. Сакајќи да открие кој го убил Велингтон и одејќи спротивно на желбите и заповедите на татко му, Кристофер започнува истрага за убиството на кучето, поставувајќи му прашања и запишувајќи ги своите постапки и сознанија во книга. Кристофер има Аспагер синдром (кој припаѓа на фамилијата аутистични нарушувања) и никогаш претходно самиот не отишол подалеку од крајот на улицата, но детективската работа го носи во опасно патување кое го распаѓа целиот негов дотогаш познат свет. Космосот на оној кој „не може да лаже“ (што е во дефиницијата на неговата состојба) е тектонски изместен од сознанието дека е жртва на лагите на родителот, најблиските, единствената вистинска потпора, изворот на доверба и сигурност. Драмата темелно го преработува изворниот материјал. Наместо раскажувањето во прво лице како што е во романот, драмскиот текст претставува комбинација на односи и агли, од гледна точка на самиот Кристофер Бун, но и сите оние кои доаѓаат во допир со неговата книга или се дел од неа – неговата професорка, неговиот татко, неговата мајка… Резултатот е драма – во – драма. Она што „Чудна случка со кучето во ноќта“ ја прави возбудлив материјал за работа е темата што ја отвора овој текст. Тоа е светот на Кристофер, светот на „посебниот“, „различниот“, „отфрлениот“, „исмеаниот“, „потценетиот“. Во време во кое многу општества, па така и нашето, се борат за инклузија на луѓето со посебни потреби, да се работи еден ваков актуелен материјал се чини исклучително важно. Во таа смисла, претставата ќе има и едукативно – воспитна функција и ќе може да ја одреди за една од своите целни групи и младата тинејџерска публика. Од друга страна, пак, жанрот на црната комедија и на моменти сурово остриот, иако бескрајно духовит, јазик, ја носат пред се во вечерните термини и ја усложнуваат нејзината улога.

The post „Чудна случка со кучето во ноќта“ вечерва во Драмски театар appeared first on Република.

]]>

Вечерва во Драмскиот театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот ќе биде изведена претставата „Чудна случка со кучето во ноќта“ од Сајмон Стивенс, а во режија на Зоја Бузалковска.
Превод: Благоја Бошковски Буцко Драматург: Александра Бошковска Сценограф: Константин Трпеноски 3D Mapping видео дизајн: Osama Almughanni Костимограф: Елена Вангеловска и Раде Василев Авторска музика: Давид Ангелевски Кореографија и free running техника: Симон Симоновски Асистент на режија: Димче Николовски Асистент на сценографија: Марија Мукоска   Улоги: Дамјан Цветановски, Трајанка Илиева – Вељиќ, Александар Степанулески, Емилија Мицевска Трајковиќ, Соња Стамболџиоска, Јасмина Василева, Филип Трајковиќ, Стефан Вујисиќ, Златко Митрески, Нела Павловска. Инспициент: Гоце Бојчев Суфлер: Даница Илиева   Драмскиот текст „Чудна случка со кучето во ноќта“ (The Curious Incident of the Dog in the Night-Time) од Сајмон Стивенс е всушност адаптација на популарниот, истоимен роман на Марк Хадон од 2003 година. Овој роман освои 17 престижни награди, Меѓу кои и Whitebread Award. Адаптацијата е напишана во 2012 година и со успех изведена прво во Националниот театар во Лондон. Сместена во Свиндон и Лондон, приказната се однесува на 15-годишниот Кристофер Џон Френсис Бун, математички гениј, кој има неспецифицирано нарушување од аутистичен спектар. Кристофер треба да разреши една мистерија. Некој го убил соседското куче со вила и Кристофер е осомничен, па условно ослободен. Сакајќи да открие кој го убил Велингтон и одејќи спротивно на желбите и заповедите на татко му, Кристофер започнува истрага за убиството на кучето, поставувајќи му прашања и запишувајќи ги своите постапки и сознанија во книга. Кристофер има Аспагер синдром (кој припаѓа на фамилијата аутистични нарушувања) и никогаш претходно самиот не отишол подалеку од крајот на улицата, но детективската работа го носи во опасно патување кое го распаѓа целиот негов дотогаш познат свет. Космосот на оној кој „не може да лаже“ (што е во дефиницијата на неговата состојба) е тектонски изместен од сознанието дека е жртва на лагите на родителот, најблиските, единствената вистинска потпора, изворот на доверба и сигурност. Драмата темелно го преработува изворниот материјал. Наместо раскажувањето во прво лице како што е во романот, драмскиот текст претставува комбинација на односи и агли, од гледна точка на самиот Кристофер Бун, но и сите оние кои доаѓаат во допир со неговата книга или се дел од неа – неговата професорка, неговиот татко, неговата мајка… Резултатот е драма – во – драма. Она што „Чудна случка со кучето во ноќта“ ја прави возбудлив материјал за работа е темата што ја отвора овој текст. Тоа е светот на Кристофер, светот на „посебниот“, „различниот“, „отфрлениот“, „исмеаниот“, „потценетиот“. Во време во кое многу општества, па така и нашето, се борат за инклузија на луѓето со посебни потреби, да се работи еден ваков актуелен материјал се чини исклучително важно. Во таа смисла, претставата ќе има и едукативно – воспитна функција и ќе може да ја одреди за една од своите целни групи и младата тинејџерска публика. Од друга страна, пак, жанрот на црната комедија и на моменти сурово остриот, иако бескрајно духовит, јазик, ја носат пред се во вечерните термини и ја усложнуваат нејзината улога.

The post „Чудна случка со кучето во ноќта“ вечерва во Драмски театар appeared first on Република.

]]>
„Чудна случка со кучето во ноќта“ на Драмски театар ја крена на нозе публиката во Љубљана https://republika.mk/vesti/kultura/chudna-sluchka-so-kucheto-vo-nokta-na-dramski-teatar-ja-krena-na-noze-publikata-vo-lublana/ Fri, 03 Feb 2023 10:27:31 +0000 https://republika.mk/?p=604213

Шест минути траеше аплаузот по завршување на претставата „Чудна случка со кучето во ноќта“ со која Драмски театар Скопје гостуваше во Словенија. Во Љубљана, од 31 јануари до 4 февруари, во организација на „Местно гледалишче“ се одржува словенечкото издание на регионалниот театарски фестивал „РУТА група Триглав“.

Драмски театар Скопје вторпат ја крена публиката на нозе, овојпат со претставата „Чудна случка со кучето во ноќта“. Во главната улога овојпат блесна младиот актер Дамјан Цветановски, кој нас и екипата нѐ одведе во универзумот на момче со пореметување од аутистичен спектар, во универзумот на момче кое не може да лаже. Почитуван Драмски театар, ни беше големо задоволство и чест да бидеме домаќини. Едвај чекаме да видиме што ни подготвувате следната година, објави Местно гледалишче Љубљана.

[caption id="attachment_604233" align="alignnone" width="800"] Дамјан Цветановски предизвика восхит кај публиката во Љубљана[/caption]

Претставата „Чудна случка со кучето во ноќта“ е авторска адаптација на Сајмон Стивенс, направена според мотивите од романот на Марк Хадон. Режисерка е Зоја Бузалковска, професорка на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Асистент на режија е Димче Николовски-Димската, драматург е Александра Бошковска.

Улогите во претставата ги толкуваат актерите: Дамјан Цветановски, Трајанка Илиева Вељиќ, Александар Степанулески, Емилија Мицевска Трајковиќ, Соња Стамболџиоска, Јасмина Василева, Филип Трајковиќ, Стефан Вујисиќ, Златко Митрески и Нела Павловска.

Костимите во претставата се на Елена Вангеловска и Раде Василев, а сценографијата е на Константин Трпеноски. Авторската музика е на Давид Ангеловски, а кореографијата и техниката фриранинг се на Симон Симоновски.

Премиерата на „Чудна случка со кучето во ноќта“ беше во декември 2021 година и досега има петнаесетина изведби.

The post „Чудна случка со кучето во ноќта“ на Драмски театар ја крена на нозе публиката во Љубљана appeared first on Република.

]]>

Шест минути траеше аплаузот по завршување на претставата „Чудна случка со кучето во ноќта“ со која Драмски театар Скопје гостуваше во Словенија. Во Љубљана, од 31 јануари до 4 февруари, во организација на „Местно гледалишче“ се одржува словенечкото издание на регионалниот театарски фестивал „РУТА група Триглав“.
Драмски театар Скопје вторпат ја крена публиката на нозе, овојпат со претставата „Чудна случка со кучето во ноќта“. Во главната улога овојпат блесна младиот актер Дамјан Цветановски, кој нас и екипата нѐ одведе во универзумот на момче со пореметување од аутистичен спектар, во универзумот на момче кое не може да лаже. Почитуван Драмски театар, ни беше големо задоволство и чест да бидеме домаќини. Едвај чекаме да видиме што ни подготвувате следната година, објави Местно гледалишче Љубљана.
[caption id="attachment_604233" align="alignnone" width="800"] Дамјан Цветановски предизвика восхит кај публиката во Љубљана[/caption] Претставата „Чудна случка со кучето во ноќта“ е авторска адаптација на Сајмон Стивенс, направена според мотивите од романот на Марк Хадон. Режисерка е Зоја Бузалковска, професорка на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Асистент на режија е Димче Николовски-Димската, драматург е Александра Бошковска. Улогите во претставата ги толкуваат актерите: Дамјан Цветановски, Трајанка Илиева Вељиќ, Александар Степанулески, Емилија Мицевска Трајковиќ, Соња Стамболџиоска, Јасмина Василева, Филип Трајковиќ, Стефан Вујисиќ, Златко Митрески и Нела Павловска. Костимите во претставата се на Елена Вангеловска и Раде Василев, а сценографијата е на Константин Трпеноски. Авторската музика е на Давид Ангеловски, а кореографијата и техниката фриранинг се на Симон Симоновски. Премиерата на „Чудна случка со кучето во ноќта“ беше во декември 2021 година и досега има петнаесетина изведби.

The post „Чудна случка со кучето во ноќта“ на Драмски театар ја крена на нозе публиката во Љубљана appeared first on Република.

]]>