Чудесна терапија Archives - Република https://republika.mk/tema/chudesna-terapija/ За подобро да се разбереме Thu, 03 Oct 2024 11:02:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Чудесна терапија Archives - Република https://republika.mk/tema/chudesna-terapija/ 32 32 Драмски театар Скопје со „Чудесна терапија” гостува на фестивалот „Св. Јоаким Осоговски” https://republika.mk/vesti/kultura/dramski-teatar-skopje-so-chudesna-terapija-gostuva-na-festivalot-sv-joakim-osogovski/ Thu, 03 Oct 2024 11:02:06 +0000 https://republika.mk/?p=822171

Драмски театар Скопје утре на 4 октомври, со претставата „Чудесна терапија” ќе настапи на 16 -тиот Меѓународен театарски фестивал „Св.Јоаким Осоговски” во Крива Паланка. Претставата почнува во 19:30 часот во Националната установа Центар за култура Крива Паланка, а фестивалот е дел од манифестацијата „Крива Паланка – Град на културата за 2024″.

„Чудесна терапија” е на редовниот репертоар на Драмски театар Скопје од 2019 година и настапот на фестивалот ќе биде нејзината 40 изведба.

Фестивалот започна на 29 септември и ќе трае до 5 октомври 2024. Организатор е Општина Крива Паланка, а селекторите и оваа година подготвија атрактивна фестивалска програма со претстави од неколку национални театри како и претстави од регионот.

Крива Паланка, „Градот на културата” за 2024 година во периодот на одржување на фестивалот ќе биде домаќин на ансамблите од Драмски театар Скопје, МНТ, НТ НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев”, Куманово, НТ при НУЦК „Јордан Хаџи Константинов – Џинот”, Велес и театрите од соседните земји – ГТ „Јоза Ивакиќ”, Винковци, Хрватска, НТ „Серија”, Вршац и уметничка работилница „Призор”, Белград и Драган Маца Маринковиќ, Република Србија како и Општински театар, Ќустендил, Република Бугарија.

The post Драмски театар Скопје со „Чудесна терапија” гостува на фестивалот „Св. Јоаким Осоговски” appeared first on Република.

]]>

Драмски театар Скопје утре на 4 октомври, со претставата „Чудесна терапија” ќе настапи на 16 -тиот Меѓународен театарски фестивал „Св.Јоаким Осоговски” во Крива Паланка. Претставата почнува во 19:30 часот во Националната установа Центар за култура Крива Паланка, а фестивалот е дел од манифестацијата „Крива Паланка – Град на културата за 2024″. „Чудесна терапија” е на редовниот репертоар на Драмски театар Скопје од 2019 година и настапот на фестивалот ќе биде нејзината 40 изведба. Фестивалот започна на 29 септември и ќе трае до 5 октомври 2024. Организатор е Општина Крива Паланка, а селекторите и оваа година подготвија атрактивна фестивалска програма со претстави од неколку национални театри како и претстави од регионот. Крива Паланка, „Градот на културата” за 2024 година во периодот на одржување на фестивалот ќе биде домаќин на ансамблите од Драмски театар Скопје, МНТ, НТ НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев”, Куманово, НТ при НУЦК „Јордан Хаџи Константинов – Џинот”, Велес и театрите од соседните земји – ГТ „Јоза Ивакиќ”, Винковци, Хрватска, НТ „Серија”, Вршац и уметничка работилница „Призор”, Белград и Драган Маца Маринковиќ, Република Србија како и Општински театар, Ќустендил, Република Бугарија.

The post Драмски театар Скопје со „Чудесна терапија” гостува на фестивалот „Св. Јоаким Осоговски” appeared first on Република.

]]>
Драмски театар со „Чудесна терапија“ гостува на Фестивал во Тетово https://republika.mk/vesti/kultura/dramski-teatar-so-chudesna-terapija-gostuva-na-festival-vo-tetovo/ Tue, 10 Sep 2024 12:55:49 +0000 https://republika.mk/?p=814993

Со претставата „Чудесна терапија“ утре на 11 септември Драмски гостува на 9-то издание на Меѓународниот театарски фестивал во организација на Тетовскиот театар. Претставата ќе биде изведена во 20 часот во големата сала на Театарот во Тетово.

„Чудесна терапија“ е работена по текст на авторот Даниел Глатауер. Режисер е Димче Николовски, драматург Александра Бошковска, костимограф Раде Василев.

Улогите ги играат актерите Предраг Павловски, Маја Вељковиќ-Пановска и Соња Самарџиоска

Драматургот Александра Бошковска вели дека: „Oваа претстава се занимава со потребата од чиста и искрена комуникација како предуслов за една среќна врска. При тоа, безусловно е свесна дека во комуникациската еволуција, човештвото има уште многу етапи што треба да ги совлада“. Таа додава: „Комуникацијата е универзална способност на секој човек. Но, дали знаеме вистински да комуницираме? Се чини едноставно, но во врска, сакале или не, се’ станува комплицирано. Понекогаш и до бескрај. Разговорот знае да прерасне во кавга, кавгата во конфликт, а конфликтот во војна. А проблемот, наместо да биде решен, да роди нов, поголем проблем“.

Претставата премиерно е изведена во мај 2019 година и до сега има четитиесетина изведби од кои неколку на театарските фестивали Охридско лето, Рута Бриони, Гола месечина и Рута Сараево каде што поради универзалноста на темата имаше забележителни учестава на задоволство на театарската публика.

The post Драмски театар со „Чудесна терапија“ гостува на Фестивал во Тетово appeared first on Република.

]]>

Со претставата „Чудесна терапија“ утре на 11 септември Драмски гостува на 9-то издание на Меѓународниот театарски фестивал во организација на Тетовскиот театар. Претставата ќе биде изведена во 20 часот во големата сала на Театарот во Тетово. „Чудесна терапија“ е работена по текст на авторот Даниел Глатауер. Режисер е Димче Николовски, драматург Александра Бошковска, костимограф Раде Василев. Улогите ги играат актерите Предраг Павловски, Маја Вељковиќ-Пановска и Соња Самарџиоска Драматургот Александра Бошковска вели дека: „Oваа претстава се занимава со потребата од чиста и искрена комуникација како предуслов за една среќна врска. При тоа, безусловно е свесна дека во комуникациската еволуција, човештвото има уште многу етапи што треба да ги совлада“. Таа додава: „Комуникацијата е универзална способност на секој човек. Но, дали знаеме вистински да комуницираме? Се чини едноставно, но во врска, сакале или не, се’ станува комплицирано. Понекогаш и до бескрај. Разговорот знае да прерасне во кавга, кавгата во конфликт, а конфликтот во војна. А проблемот, наместо да биде решен, да роди нов, поголем проблем“. Претставата премиерно е изведена во мај 2019 година и до сега има четитиесетина изведби од кои неколку на театарските фестивали Охридско лето, Рута Бриони, Гола месечина и Рута Сараево каде што поради универзалноста на темата имаше забележителни учестава на задоволство на театарската публика.

The post Драмски театар со „Чудесна терапија“ гостува на Фестивал во Тетово appeared first on Република.

]]>