членови Archives - Република https://republika.mk/tema/chlenovi/ За подобро да се разбереме Mon, 18 Dec 2023 20:13:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png членови Archives - Република https://republika.mk/tema/chlenovi/ 32 32 Абдуш Демири и Зулфи Адили се кандидати за член на ДИК https://republika.mk/vesti/makedonija/abdush-demiri-i-zulfi-adili-se-kandidati-za-chlen-na-dik/ Mon, 18 Dec 2023 20:13:34 +0000 https://republika.mk/?p=724391

Абдуш Демири и Зулфи Адили се кандидати за член на Државната изборна комисија. Предлог листата е веќе доставена и се очекува Комисијата за избори и именувања да го утврди кандидатот, потврдија доцна попладне од Собранието.

Адбуш Демири е поддржан од албанската опозициска коалиција Европски сојуз за промени, информираше денеска пратеничката на Алтернатива дел од оваа коалиција.

Кандидатот Зулфи Адили, пак, е подржан од Европската народна партија на Аријанит Хоџа.

-Сметаме дека тој кандидат може да ја врши таа функција според сите законски прописи, рече Хоџа во изјава за МИА.

Скендер Реџепи-Зејд, претседател на Движењето на народот, не поддржа ниту еден кандидат, а во изјава за МИА рече дека процениле оти никој од предложените кандидати не бил соодветен.

Комисијата за прашања на изборите и именувањата претходно утврдено листа со пет кандидати за член на ДИК: Берат Даути, дипломиран правник од Тетово, Абдуш Демири, дипломиран економист од Тетово, Роберт Трајковски, магистер по мир и развој од Куманово, Зулфи Адиљи, дипломиран правник од Скопје и Самир Ракипи, дипломиран правник од Тетово.

Член на Државната изборна комисија се избира со двотретинско мнозинство.

По именувањето на Кренар Лога за министер за правда се испразни едно место во ДИК.

The post Абдуш Демири и Зулфи Адили се кандидати за член на ДИК appeared first on Република.

]]>

Абдуш Демири и Зулфи Адили се кандидати за член на Државната изборна комисија. Предлог листата е веќе доставена и се очекува Комисијата за избори и именувања да го утврди кандидатот, потврдија доцна попладне од Собранието. Адбуш Демири е поддржан од албанската опозициска коалиција Европски сојуз за промени, информираше денеска пратеничката на Алтернатива дел од оваа коалиција. Кандидатот Зулфи Адили, пак, е подржан од Европската народна партија на Аријанит Хоџа. -Сметаме дека тој кандидат може да ја врши таа функција според сите законски прописи, рече Хоџа во изјава за МИА. Скендер Реџепи-Зејд, претседател на Движењето на народот, не поддржа ниту еден кандидат, а во изјава за МИА рече дека процениле оти никој од предложените кандидати не бил соодветен. Комисијата за прашања на изборите и именувањата претходно утврдено листа со пет кандидати за член на ДИК: Берат Даути, дипломиран правник од Тетово, Абдуш Демири, дипломиран економист од Тетово, Роберт Трајковски, магистер по мир и развој од Куманово, Зулфи Адиљи, дипломиран правник од Скопје и Самир Ракипи, дипломиран правник од Тетово. Член на Државната изборна комисија се избира со двотретинско мнозинство. По именувањето на Кренар Лога за министер за правда се испразни едно место во ДИК.

The post Абдуш Демири и Зулфи Адили се кандидати за член на ДИК appeared first on Република.

]]>
Лидерот на СИРИЗА избриша тројца членови на партијата, сите поранешни министри https://republika.mk/vesti/balkan/liderot-na-siriza-izbrisha-trojtsa-chlenovi-na-partijata-site-poraneshni-ministri/ Tue, 24 Oct 2023 07:44:29 +0000 https://republika.mk/?p=694381

Тројца членови на СИРИЗА, сите поранешни министри се на чекор пред заминување од партијата, откако лидерот Стефанос Каселакис соопшти дека со нивните ставови избрале да се стават вон партијата, јави дописничката на МИА од Атина.

Претседателот на најголемата грчка опозициска партија доцна синоќа на социјалните мрежи објави дека Димитрис Вицас, Панос Скурлетис и Никос Филис „се појавуваат на телевизиите и водат опозиција против СИРИЗА“ и поради тоа за нив нема место во партијата.

Добив јасен мандат од членовите на СИРИЗА. Внатрешно партиските телевизиски спонзори на Владата на Мицотакис придонесоа да бидеме лишени од изборна победа. Некои велат од две. Она што е сигурно е дека нема да нè лишат од следната, напиша меѓу другото Каселакис.

Одлуката за исфрлање на тројцата високо партиски претставници, голем дел од грчките медиуми ја толкуваа како чекор пред распаѓање на СИРИЗА, со оглед на тоа дека по изборот на Каселакис на лидерската позиција, постојат несогласувања во самата партија.

Вчера, европратеникот Стелиос Кулоглу соопшти дека ја напушта еврогрупата на СИРИЗА и станува независен пратеник во Европскиот Парламент

The post Лидерот на СИРИЗА избриша тројца членови на партијата, сите поранешни министри appeared first on Република.

]]>

Тројца членови на СИРИЗА, сите поранешни министри се на чекор пред заминување од партијата, откако лидерот Стефанос Каселакис соопшти дека со нивните ставови избрале да се стават вон партијата, јави дописничката на МИА од Атина. Претседателот на најголемата грчка опозициска партија доцна синоќа на социјалните мрежи објави дека Димитрис Вицас, Панос Скурлетис и Никос Филис „се појавуваат на телевизиите и водат опозиција против СИРИЗА“ и поради тоа за нив нема место во партијата. Добив јасен мандат од членовите на СИРИЗА. Внатрешно партиските телевизиски спонзори на Владата на Мицотакис придонесоа да бидеме лишени од изборна победа. Некои велат од две. Она што е сигурно е дека нема да нè лишат од следната, напиша меѓу другото Каселакис. Одлуката за исфрлање на тројцата високо партиски претставници, голем дел од грчките медиуми ја толкуваа како чекор пред распаѓање на СИРИЗА, со оглед на тоа дека по изборот на Каселакис на лидерската позиција, постојат несогласувања во самата партија. Вчера, европратеникот Стелиос Кулоглу соопшти дека ја напушта еврогрупата на СИРИЗА и станува независен пратеник во Европскиот Парламент

The post Лидерот на СИРИЗА избриша тројца членови на партијата, сите поранешни министри appeared first on Република.

]]>
ДПМ објави конкурс за прием на нови членови https://republika.mk/vesti/kultura/dpm-objavi-konkurs-za-priem-na-novi-chlenovi/ Thu, 27 Oct 2022 07:55:37 +0000 https://republika.mk/?p=566160

Друштвото на писатели на Македонија ќе распише Конкурс за прием на нови членови. Според одлуката, која е донесена едногласно на состанокот на Претседателството на ДПМ одржан вчера, Конкурсот ќе биде отворен од 1 до 15 ноември 2022 година.

Како што информираат од писателската асоцијација, сите заинтересирани кандидати треба да достават во Друштвото: молба за прием во ДПМ потпишана своерачно, со адреса, мејл и телефон за контакт, како и согласност доколку бидат избрани – да уплатат членарина од 600 денари годишно за наредната 2023 година.

– Треба да се достави и: био-библиографија со податоци за сите објавени книги досега, но и со податоци за наградите, признанијата и слично. Но, најбитно е да се достават најмалку две објавени книги и две препораки од писатели – членови на ДПМ (препораките не смее да бидат од членовите на Претседателството на ДПМ, бидејќи тие ќе одлучуваат за приемот на новите членови, а еден писател – член на ДПМ може да даде само една препорака), наведуваат од ДПМ.

Гласањето ќе биде тајно и секој што ќе освои мнозинство гласови (шест или повеќе од вкупно единаесетте членови на Претседателството на ДПМ) ќе биде примен за нов член на ДПМ.

Документите се доставуваат во Друштвото во работните денови од 8-16 часот, а учесниците од странство своите документи можат да ги испратат преку пошта на адреса Друштво на писателите на Македонија, ул.Максим Горки бр.18, 1000 Скопје, или на мејл: [email protected]

Новите членови на Друштвото на писателите на Македонија ќе бидат избрани на крајот од месец ноември оваа година и ќе бидат известени преку медиумите и социјалните мрежи, стои во соопштението.

The post ДПМ објави конкурс за прием на нови членови appeared first on Република.

]]>

Друштвото на писатели на Македонија ќе распише Конкурс за прием на нови членови. Според одлуката, која е донесена едногласно на состанокот на Претседателството на ДПМ одржан вчера, Конкурсот ќе биде отворен од 1 до 15 ноември 2022 година. Како што информираат од писателската асоцијација, сите заинтересирани кандидати треба да достават во Друштвото: молба за прием во ДПМ потпишана своерачно, со адреса, мејл и телефон за контакт, како и согласност доколку бидат избрани – да уплатат членарина од 600 денари годишно за наредната 2023 година. – Треба да се достави и: био-библиографија со податоци за сите објавени книги досега, но и со податоци за наградите, признанијата и слично. Но, најбитно е да се достават најмалку две објавени книги и две препораки од писатели – членови на ДПМ (препораките не смее да бидат од членовите на Претседателството на ДПМ, бидејќи тие ќе одлучуваат за приемот на новите членови, а еден писател – член на ДПМ може да даде само една препорака), наведуваат од ДПМ. Гласањето ќе биде тајно и секој што ќе освои мнозинство гласови (шест или повеќе од вкупно единаесетте членови на Претседателството на ДПМ) ќе биде примен за нов член на ДПМ. Документите се доставуваат во Друштвото во работните денови од 8-16 часот, а учесниците од странство своите документи можат да ги испратат преку пошта на адреса Друштво на писателите на Македонија, ул.Максим Горки бр.18, 1000 Скопје, или на мејл: [email protected] Новите членови на Друштвото на писателите на Македонија ќе бидат избрани на крајот од месец ноември оваа година и ќе бидат известени преку медиумите и социјалните мрежи, стои во соопштението.

The post ДПМ објави конкурс за прием на нови членови appeared first on Република.

]]>
Избрани нови членови на МАНУ https://republika.mk/vesti/kultura/izbrani-novi-chlenovi-na-manu-2/ Thu, 31 Mar 2022 07:32:20 +0000 https://republika.mk/?p=481214

Македонската академија на науките и уметностите на 20. Изборно собрание што се одржа вчера за редовни членови ги избра Марјан Марковиќ во Одделението за лингвистика и литературна наука, Драги Ѓоргиев во Одделението за општествени науки,  Александар Димовски, Сашко Кедев и проф. д-р Димитар Ефремов во Одделението за медицински науки.

За дописни членови на МАНУ се избрани проф. д-р Веселинка Лаброска и проф. д-р Лилјана Макаријоска во Одделението за лингвистика и литературна наука, проф. д-р Сашо Цветковски во Одделението за општествени науки, проф. д-р Дијана Плашеска-Каранфилска во Одделението за медицински науки,  проф. д-р Зоран Хаџи-Велков во Одделението за технички науки, проф. д-р Валентин Мирчески во Одделението за природно-математички и биотехнички науки и проф. д-р Венко Андоновски во во Одделението за уметност.

За членови надвор од работниот состав на Академијата се избрани проф. д-р Татјана Вендина во Одделението за лингвистика и литературна наука, проф. д-р Жозеф Глигоров во Одделението за медицински науки, проф. д-р Наташа Јоновска и проф. д-р Панче Наумов во Одделението за природно-математички и биотехнички науки.

The post Избрани нови членови на МАНУ appeared first on Република.

]]>

Македонската академија на науките и уметностите на 20. Изборно собрание што се одржа вчера за редовни членови ги избра Марјан Марковиќ во Одделението за лингвистика и литературна наука, Драги Ѓоргиев во Одделението за општествени науки,  Александар Димовски, Сашко Кедев и проф. д-р Димитар Ефремов во Одделението за медицински науки. За дописни членови на МАНУ се избрани проф. д-р Веселинка Лаброска и проф. д-р Лилјана Макаријоска во Одделението за лингвистика и литературна наука, проф. д-р Сашо Цветковски во Одделението за општествени науки, проф. д-р Дијана Плашеска-Каранфилска во Одделението за медицински науки,  проф. д-р Зоран Хаџи-Велков во Одделението за технички науки, проф. д-р Валентин Мирчески во Одделението за природно-математички и биотехнички науки и проф. д-р Венко Андоновски во во Одделението за уметност. За членови надвор од работниот состав на Академијата се избрани проф. д-р Татјана Вендина во Одделението за лингвистика и литературна наука, проф. д-р Жозеф Глигоров во Одделението за медицински науки, проф. д-р Наташа Јоновска и проф. д-р Панче Наумов во Одделението за природно-математички и биотехнички науки.

The post Избрани нови членови на МАНУ appeared first on Република.

]]>