членка на ЕУ Archives - Република https://republika.mk/tema/chlenka-na-eu/ За подобро да се разбереме Mon, 29 Apr 2024 15:25:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png членка на ЕУ Archives - Република https://republika.mk/tema/chlenka-na-eu/ 32 32 Шолц: Крајно време е Црна Гора да стане членка на ЕУ https://republika.mk/vesti/balkan/sholts-krajno-vreme-e-tsrna-gora-da-stane-chlenka-na-eu/ Mon, 29 Apr 2024 15:25:55 +0000 https://republika.mk/?p=772280

Германскиот канцелар Олаф Шолц, на денешната средба во Берлин со црногорскиот премиер Милојко Спајиќ, истакна дека „крајно време“ е Црна Гора да стане членка на Европска Унија и оцени дека е постигнат „голем напредок“ во исполнувањето на стандардите за членство.

Вашето доаѓање потврдува дека сме блиски партнери. Крајно време е членството да се оствари, бидејќи ветувањето за членство е дадено пред повеќе од 20 години. Изгледите за Црна Гора се големи и ниту една земја во регионот не спроведува такви реформи, истакна Шолц.

Тој додаде дека официјален Берлин е „воодушевен од амбицијата“ на Црна Гора да ги затвори сите поглавја од преговорите.

Членството може да се додели со таа брзина и динамика. Се зависи од заслугите. Ние не гледаме само политички – туку врз основа на заслугите на земјата кандидат. Навистина сум изненаден од брзината и мислам дека тоа е реално амбиција и дека ќе ја дадеме сета поддршка, посочи Шолц.

Владата на Црна Гора има рок до крајот на април да исполни 31 од 83 привремени одредници за преговарачките поглавја посветени на владеењето на правото, по што ја очекува оценката од Европската комисија за спроведените реформи.

Спајиќ посочи дека Владата во Подгорица ќе се однесува како веќе да е во ЕУ и дека ќе биде конструктивен партнер на Западен Балкан.

Тој додаде дека Црна Гора ја надминала поларизацијата и го намалила странското влијание, посочувајќи оти „руското влијание оди рака под рака со чувството на загрозување“. Според Спајиќ руското влијание во Црна Гора е маргинализирано.

 

The post Шолц: Крајно време е Црна Гора да стане членка на ЕУ appeared first on Република.

]]>

Германскиот канцелар Олаф Шолц, на денешната средба во Берлин со црногорскиот премиер Милојко Спајиќ, истакна дека „крајно време“ е Црна Гора да стане членка на Европска Унија и оцени дека е постигнат „голем напредок“ во исполнувањето на стандардите за членство. Вашето доаѓање потврдува дека сме блиски партнери. Крајно време е членството да се оствари, бидејќи ветувањето за членство е дадено пред повеќе од 20 години. Изгледите за Црна Гора се големи и ниту една земја во регионот не спроведува такви реформи, истакна Шолц. Тој додаде дека официјален Берлин е „воодушевен од амбицијата“ на Црна Гора да ги затвори сите поглавја од преговорите. Членството може да се додели со таа брзина и динамика. Се зависи од заслугите. Ние не гледаме само политички – туку врз основа на заслугите на земјата кандидат. Навистина сум изненаден од брзината и мислам дека тоа е реално амбиција и дека ќе ја дадеме сета поддршка, посочи Шолц. Владата на Црна Гора има рок до крајот на април да исполни 31 од 83 привремени одредници за преговарачките поглавја посветени на владеењето на правото, по што ја очекува оценката од Европската комисија за спроведените реформи. Спајиќ посочи дека Владата во Подгорица ќе се однесува како веќе да е во ЕУ и дека ќе биде конструктивен партнер на Западен Балкан. Тој додаде дека Црна Гора ја надминала поларизацијата и го намалила странското влијание, посочувајќи оти „руското влијание оди рака под рака со чувството на загрозување“. Според Спајиќ руското влијание во Црна Гора е маргинализирано.  

The post Шолц: Крајно време е Црна Гора да стане членка на ЕУ appeared first on Република.

]]>