член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Archives - Република https://republika.mk/tema/chlen-na-ik-na-vmro-dpmne/ За подобро да се разбереме Sun, 23 Jul 2023 14:32:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Archives - Република https://republika.mk/tema/chlen-na-ik-na-vmro-dpmne/ 32 32 Чист пи-ар: Дознајте сѐ за граѓанската обрзница на власта https://republika.mk/vesti/ekonomija/chist-pi-ar-doznajte-s-za-graganskata-obrznitsa-na-vlasta/ Sun, 23 Jul 2023 14:40:19 +0000 https://republika.mk/?p=664456

Бидна првата таканаречена граѓанска обврзница, која е чист пиар на владата и уште еден показател за потонатиот рејтинг на владата на ДУИ и СДСМ, објаснува Маја Кадиевска Војновиќ, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Владата, веќе четврта година по ред троши значително повеќе пари од тоа што го собира во буџетот и има големи буџетски дупки (дефицити). Во континуитет ја толерира обемната сива/црна/неофицијална економија, троши за високи аванси и провизии за сомнителни договори, префрла високи суми пари до ЕСМ, со и без енергетска криза.

Е, тие дупки треба да се покријат. И како ги покрива оваа влада? Позајмува, се задолжува во странство и дома, и тоа сега по високи каматни стапки.

Најново, владата позајми и од граѓаните преку таканаречена граѓанска обврзница. А од друга страна, пак, граѓаните се тие (и фирмите) што ќе платат за високата каматна стапка на оваа обврзница.

ЗОШТО ВЕЛАМ ПИАР?

Хрватска издала, па и ние треба да издадеме. Друг пример, како што знам јас, нема. И да има, тоа е реткост во светски рамки.

Знам дека светот издава зелени обврзници (за поттик на свесноста за животната средина и глобалното затоплување), знам дека светот издава општински обврзници (за мобилизација на средства што се трошат во општините, што беше и намера на многу градоначалници на ВМРО, кои се стопирани од централната власт), знам дека поприфатливо е да се издаде некоја развојна или проектна обврзница, зашто барем така ќе знаеме за што ќе се трошат парите. Но, граѓанска!?-објаснува Маја Кадиевска Војновиќ, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Прво. Зошто викам пиар? Па, и досега граѓаните можеа да инвестираат на редовните аукции на државни хартии од вредност (ДХВ), исто како и сите други учесници – банки, осигурителни друштва, пензиски фондови, фирми, ФОД. И инвестираа граѓаните скромно, ама ги имаше.

Второ, според владата, со оваа таканаречена граѓанска обврзница ќе се мобилизирал кешот под перница. Баш ме интересира колку од 25 милиони евра, колку што граѓаните запишаа во обврзницата, е кеш внесен на шалтерите во банките. Или испадна дека заштедите се повлекоа и се насочија кон инвестирање во граѓанската обврзница?

Па, како и да не биде кога каматната стапка е 5 отсто на оваа граѓанска обврзница со рок од две години, а на оваа рочност, банките даваат речиси двојно помалку, односно имаат двојно пониски каматни стапки. Први алармиравме дека ова ќе има ефект врз повлекувањето депозити од банките и врз растот на каматите во банките, а со тоа и врз растот на каматите на кредитите.

Ако сакавте кешот да го искорените, господа од власта, имате во аманет оставена изработена стратегија уште во 2018 година! Или не одговара некому кешот да се искорени, па сега правите само пиар?

КАКВИ СЕ ОВИЕ РЕФОРМИ?

Трето, во граѓанската обврзница инвестираа 0,08 отсто од домашната популација над 15 години или 1.283 граѓани, што, според владата, е „одлична“ излезност и „одличен“ рејтинг. Тие 0,08 отсто или 1.283 лица инвестираа 25 милиони евра, или просечно по човек, тоа е околу 20 илјади евра.

Но, некој инвестирал само 10.000 денари (минимален праг), а некој инвестирал многу повеќе од овој просек на 20 илјади евра. Е пак тоа е над износот од 15 илјади евра, кој, според Законот, треба да се пријави до Управата за финансиско разузнавање. Направивте анализа или ние ќе ја правиме?

Четврто, министерот за финансии кажа дека ќе издаваат граѓански обврзници во износ од 50 милиони евра оваа година. На првата аукција понудија само 10 милиони евра, релативно низок праг, за сѐ што се инвестира над тој праг да се пријави како успех.

Петто. Кажаа дека две години се подготвува издавањето на граѓанската обврзница, но баш сега биле исполнети предусловите за нејзиното издавање. Кои предуслови? Целата процедура за издавање и техничка поддршка се правеше во пет до дванаесет.

Шесто. Со ова јасно се кажа дека се потребни пари во буџетот зашто тој не се полни со предвидената динамика. Со ова исто се кажа дека парите од заемот на ММФ од 155 милиони евра, кои требаше да стигнат во мај оваа година, не пристигна.

Зошто? Затоа што владата им вети на ММФ дека ќе собере средства од данокот на солидарност, повисоко ДДВ на некои производи и повеќе од данокот на добивка.

Плаќачите пак ќе плаќаат, неплаќачите пак нема да плаќаат. Какви се овие реформи? Зар ова е инклузивно и еднакво општество за сите?

The post Чист пи-ар: Дознајте сѐ за граѓанската обрзница на власта appeared first on Република.

]]>

Бидна првата таканаречена граѓанска обврзница, која е чист пиар на владата и уште еден показател за потонатиот рејтинг на владата на ДУИ и СДСМ, објаснува Маја Кадиевска Војновиќ, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ
Владата, веќе четврта година по ред троши значително повеќе пари од тоа што го собира во буџетот и има големи буџетски дупки (дефицити). Во континуитет ја толерира обемната сива/црна/неофицијална економија, троши за високи аванси и провизии за сомнителни договори, префрла високи суми пари до ЕСМ, со и без енергетска криза.
Е, тие дупки треба да се покријат. И како ги покрива оваа влада? Позајмува, се задолжува во странство и дома, и тоа сега по високи каматни стапки. Најново, владата позајми и од граѓаните преку таканаречена граѓанска обврзница. А од друга страна, пак, граѓаните се тие (и фирмите) што ќе платат за високата каматна стапка на оваа обврзница. ЗОШТО ВЕЛАМ ПИАР? Хрватска издала, па и ние треба да издадеме. Друг пример, како што знам јас, нема. И да има, тоа е реткост во светски рамки.
Знам дека светот издава зелени обврзници (за поттик на свесноста за животната средина и глобалното затоплување), знам дека светот издава општински обврзници (за мобилизација на средства што се трошат во општините, што беше и намера на многу градоначалници на ВМРО, кои се стопирани од централната власт), знам дека поприфатливо е да се издаде некоја развојна или проектна обврзница, зашто барем така ќе знаеме за што ќе се трошат парите. Но, граѓанска!?-објаснува Маја Кадиевска Војновиќ, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ
Прво. Зошто викам пиар? Па, и досега граѓаните можеа да инвестираат на редовните аукции на државни хартии од вредност (ДХВ), исто како и сите други учесници – банки, осигурителни друштва, пензиски фондови, фирми, ФОД. И инвестираа граѓаните скромно, ама ги имаше. Второ, според владата, со оваа таканаречена граѓанска обврзница ќе се мобилизирал кешот под перница. Баш ме интересира колку од 25 милиони евра, колку што граѓаните запишаа во обврзницата, е кеш внесен на шалтерите во банките. Или испадна дека заштедите се повлекоа и се насочија кон инвестирање во граѓанската обврзница? Па, како и да не биде кога каматната стапка е 5 отсто на оваа граѓанска обврзница со рок од две години, а на оваа рочност, банките даваат речиси двојно помалку, односно имаат двојно пониски каматни стапки. Први алармиравме дека ова ќе има ефект врз повлекувањето депозити од банките и врз растот на каматите во банките, а со тоа и врз растот на каматите на кредитите. Ако сакавте кешот да го искорените, господа од власта, имате во аманет оставена изработена стратегија уште во 2018 година! Или не одговара некому кешот да се искорени, па сега правите само пиар? КАКВИ СЕ ОВИЕ РЕФОРМИ?
Трето, во граѓанската обврзница инвестираа 0,08 отсто од домашната популација над 15 години или 1.283 граѓани, што, според владата, е „одлична“ излезност и „одличен“ рејтинг. Тие 0,08 отсто или 1.283 лица инвестираа 25 милиони евра, или просечно по човек, тоа е околу 20 илјади евра.
Но, некој инвестирал само 10.000 денари (минимален праг), а некој инвестирал многу повеќе од овој просек на 20 илјади евра. Е пак тоа е над износот од 15 илјади евра, кој, според Законот, треба да се пријави до Управата за финансиско разузнавање. Направивте анализа или ние ќе ја правиме? Четврто, министерот за финансии кажа дека ќе издаваат граѓански обврзници во износ од 50 милиони евра оваа година. На првата аукција понудија само 10 милиони евра, релативно низок праг, за сѐ што се инвестира над тој праг да се пријави како успех. Петто. Кажаа дека две години се подготвува издавањето на граѓанската обврзница, но баш сега биле исполнети предусловите за нејзиното издавање. Кои предуслови? Целата процедура за издавање и техничка поддршка се правеше во пет до дванаесет. Шесто. Со ова јасно се кажа дека се потребни пари во буџетот зашто тој не се полни со предвидената динамика. Со ова исто се кажа дека парите од заемот на ММФ од 155 милиони евра, кои требаше да стигнат во мај оваа година, не пристигна. Зошто? Затоа што владата им вети на ММФ дека ќе собере средства од данокот на солидарност, повисоко ДДВ на некои производи и повеќе од данокот на добивка. Плаќачите пак ќе плаќаат, неплаќачите пак нема да плаќаат. Какви се овие реформи? Зар ова е инклузивно и еднакво општество за сите?

The post Чист пи-ар: Дознајте сѐ за граѓанската обрзница на власта appeared first on Република.

]]>