Чистина Archives - Република https://republika.mk/tema/chistina/ За подобро да се разбереме Thu, 01 Feb 2024 07:49:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Чистина Archives - Република https://republika.mk/tema/chistina/ 32 32 „Чистина“ – концерт на Македонската филхармонија со Табаков и Колева од Бугарија https://republika.mk/vesti/kultura/chistina-kontsert-na-makedonskata-filharmonija-so-tabakov-i-koleva-od-bugarija/ Thu, 01 Feb 2024 07:49:34 +0000 https://republika.mk/?p=739189

Вечерва, со почеток во 20 часот, оркестарот на Македонската филхармонија ќе го одржи концертот „Чистина“, на кој како солистка ќе настапи перкусионистката Татиана Колева (Холандија/Бугарија), а диригент е маестро Емил Табаков од Бугарија. На програмата се Концерт за маримба, вибрафон и тапан од Емил Табаков, кој ќе биде изведен премиерно, и Симфонијата бр.2 во Де-дур од Лудвиг ван Бетовен.

Оваа симфонија Бетовен ја напишал во време на голема лична криза, кога се соочувал се сериозни проблеми со ушите и кога во голема мера почнал да го губи својот слух, но во неа не се чувствува фрустрацијата. Напротив, напишана е во сончевиот Де-дур, полна е со живот, елан и енергија. Одвреме-навреме оваа позитивна атмосфера е нарушена од брутални сфорцанда и драматични промени во динамиката. Емотивниот период низ кој поминувал се провлекува само како сенка низ ова маестрално оркестарско дело – како облак што набрзо го разбива ветрот и сонцето повторно излегува со својот полн сјај. Симфонијата е полна со енергија, комичност, со интензитет што не попушта во ниту еден став.

Татиана Колева, која критиката ја препознава како виртуоз и иновативна уметница перкусионистка, досега премиерно извела повеќе од сто дела напишани специјално за неа како солистка и за нејзините проекти со поголеми ансамбли. Родена е во Бугарија, а моментално живее во Холандија, каде што ја комбинира својата интензивна концертна агенда со едукативните активности, меѓу кои и работата како професорка на Конзерваториумот во Гронинген. Колева настапувала како солистка на најзначајните музички сцени во Европа, САД, Канада, Јапонија, Бразил, Јордан, Мексико, каде што настапувала со водечки оркестри и диригенти. Редовно настапува и во проекти на камерни ансамбли и театарски групи – меѓу кои и со органистот Јан Хаге, флејтистката Елeоноре Пејмајер, како и со џез-саксофонистот Руџер ван Отерло. Покрај нејзините активности како класична музичарка, таа често е дел и од т.н. „кросовер проекти“, во кои импровизира со различни жанрови: џез, рок, филмска и театарска музика. Членка е и на познатиот холандски бенд „Рубатонг“. Снимала за нејзината издавачка куќа „Нова линија рекордс“, за „Дека“, „Атака“, „Верго“… Добитничка е на повеќе интернационални награди.

Маестро Емил Табаков (1947) од Бугарија се смета за еден од најзначајните диригенти на овие простори. Образованието го завршува на Бугарската државна академија, студирајќи контрабас на Гудачкиот оддел. Паралелно студира и дипломира на Одделот за диригирање, а во 1978 година дипломира и на Одделот по композиција. Една година пред тоа, Табаков ја освојува првата награда на натпреварот за млади диригенти „Николај Малко“ во Копенхаген и оттогаш неговата кариера рапидно расте. Од 1976 до 1979 работи како диригент на Филхармонијата во Русе, а од 1979 до 1988 година тој е уметнички раководител и диригент на реномираниот камерен оркестар „Софиски солисти“, со кој остварува значајни концерти низ светот. Во 1985 година станува диригент на Софиската филхармонија, од 1987 година е нејзин главен диригент, а од 1988 до 2000 година – музички директор и уметнички раководител. Од 1994 до 1999 година, маестро Табаков наедно е диригент и музички директор на Белградскиот филхармониски оркестар. Од 2002 до 2008 година, тој е главен диригент и музички директор на симфонискиот оркестар „Билкент“ во Анкара, Турција, а од 2008 година и главен диригент на Симфонискиот оркестар на Бугарското национално радио. Маестро Табаков диригирал и многу оперски спектакли во Венеција и во Торино, а на репертоарот на овој диригент се наоѓаат многубројни симфониски оперски дела од класичните, романтичните и современите композитори.

 

The post „Чистина“ – концерт на Македонската филхармонија со Табаков и Колева од Бугарија appeared first on Република.

]]>

Вечерва, со почеток во 20 часот, оркестарот на Македонската филхармонија ќе го одржи концертот „Чистина“, на кој како солистка ќе настапи перкусионистката Татиана Колева (Холандија/Бугарија), а диригент е маестро Емил Табаков од Бугарија. На програмата се Концерт за маримба, вибрафон и тапан од Емил Табаков, кој ќе биде изведен премиерно, и Симфонијата бр.2 во Де-дур од Лудвиг ван Бетовен. Оваа симфонија Бетовен ја напишал во време на голема лична криза, кога се соочувал се сериозни проблеми со ушите и кога во голема мера почнал да го губи својот слух, но во неа не се чувствува фрустрацијата. Напротив, напишана е во сончевиот Де-дур, полна е со живот, елан и енергија. Одвреме-навреме оваа позитивна атмосфера е нарушена од брутални сфорцанда и драматични промени во динамиката. Емотивниот период низ кој поминувал се провлекува само како сенка низ ова маестрално оркестарско дело – како облак што набрзо го разбива ветрот и сонцето повторно излегува со својот полн сјај. Симфонијата е полна со енергија, комичност, со интензитет што не попушта во ниту еден став. Татиана Колева, која критиката ја препознава како виртуоз и иновативна уметница перкусионистка, досега премиерно извела повеќе од сто дела напишани специјално за неа како солистка и за нејзините проекти со поголеми ансамбли. Родена е во Бугарија, а моментално живее во Холандија, каде што ја комбинира својата интензивна концертна агенда со едукативните активности, меѓу кои и работата како професорка на Конзерваториумот во Гронинген. Колева настапувала како солистка на најзначајните музички сцени во Европа, САД, Канада, Јапонија, Бразил, Јордан, Мексико, каде што настапувала со водечки оркестри и диригенти. Редовно настапува и во проекти на камерни ансамбли и театарски групи – меѓу кои и со органистот Јан Хаге, флејтистката Елeоноре Пејмајер, како и со џез-саксофонистот Руџер ван Отерло. Покрај нејзините активности како класична музичарка, таа често е дел и од т.н. „кросовер проекти“, во кои импровизира со различни жанрови: џез, рок, филмска и театарска музика. Членка е и на познатиот холандски бенд „Рубатонг“. Снимала за нејзината издавачка куќа „Нова линија рекордс“, за „Дека“, „Атака“, „Верго“… Добитничка е на повеќе интернационални награди. Маестро Емил Табаков (1947) од Бугарија се смета за еден од најзначајните диригенти на овие простори. Образованието го завршува на Бугарската државна академија, студирајќи контрабас на Гудачкиот оддел. Паралелно студира и дипломира на Одделот за диригирање, а во 1978 година дипломира и на Одделот по композиција. Една година пред тоа, Табаков ја освојува првата награда на натпреварот за млади диригенти „Николај Малко“ во Копенхаген и оттогаш неговата кариера рапидно расте. Од 1976 до 1979 работи како диригент на Филхармонијата во Русе, а од 1979 до 1988 година тој е уметнички раководител и диригент на реномираниот камерен оркестар „Софиски солисти“, со кој остварува значајни концерти низ светот. Во 1985 година станува диригент на Софиската филхармонија, од 1987 година е нејзин главен диригент, а од 1988 до 2000 година – музички директор и уметнички раководител. Од 1994 до 1999 година, маестро Табаков наедно е диригент и музички директор на Белградскиот филхармониски оркестар. Од 2002 до 2008 година, тој е главен диригент и музички директор на симфонискиот оркестар „Билкент“ во Анкара, Турција, а од 2008 година и главен диригент на Симфонискиот оркестар на Бугарското национално радио. Маестро Табаков диригирал и многу оперски спектакли во Венеција и во Торино, а на репертоарот на овој диригент се наоѓаат многубројни симфониски оперски дела од класичните, романтичните и современите композитори.  

The post „Чистина“ – концерт на Македонската филхармонија со Табаков и Колева од Бугарија appeared first on Република.

]]>