четвроица малолетници Archives - Република https://republika.mk/tema/chetvroitsa-maloletnitsi/ За подобро да се разбереме Sun, 14 Jul 2024 17:49:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png четвроица малолетници Archives - Република https://republika.mk/tema/chetvroitsa-maloletnitsi/ 32 32 30 дневен притвор за скопјанецот кој им давал психотропни супстанци на четворицата малолетници кои завршија на Токсикологија https://republika.mk/vesti/crna-hronika/30-dneven-pritvor-za-skopjanetsot-koj-im-daval-psihotropni-supstantsi-na-chetvoritsata-maloletnitsi-koi-zavrshija-na-toksikologija/ Sun, 14 Jul 2024 17:49:37 +0000 https://republika.mk/?p=796765

Судот му одреди мерка притвор од 30 дена на 40-годишниот скопјанец, осомничен за инцидентот со 4-те малолетници кои беа пронајдени во неговата куќа во бессознание, алкохолизирана состојба и под дејство на психотропни супстанци.

Против него Јавното обвинителство покрена истражна постапка поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „тешки дела против здравјето“, „производство и тргување со штетни лековити средства“ и „опасно изложување“.

Состојбата создадена по консумирање алкохол и лекови предизвикала губење на контролата кај малолетниците, при што ја искршиле покуќнина и добиле телесни повреди.

Состојбата на децата кои се лекуваат на Клиниката за токсикологија се подобрува и ќе останат под лекарска грижа до понеделник наутро. Полицијата соопшти дека малолетниците консумирале алкохол и лекови.

Од Клиниката за токсикологија пред неколку дена информираа дека во примерокот од крвта нема присуство на алкохол, додека Јавното обвинителство пред неколку дена во најавата за отворање на истрагата соопшти дека осомничениот им нудел лекови на малолетници за да ги забавува додека конзумирање алкохол, додека тој лично ги користел за да се осамостои од алкохолот. За трите кривични дела поради кои е приведен 40-годишниот скопјанец ризикува затворска казна од можни 16 години.

 

The post 30 дневен притвор за скопјанецот кој им давал психотропни супстанци на четворицата малолетници кои завршија на Токсикологија appeared first on Република.

]]>

Судот му одреди мерка притвор од 30 дена на 40-годишниот скопјанец, осомничен за инцидентот со 4-те малолетници кои беа пронајдени во неговата куќа во бессознание, алкохолизирана состојба и под дејство на психотропни супстанци. Против него Јавното обвинителство покрена истражна постапка поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „тешки дела против здравјето“, „производство и тргување со штетни лековити средства“ и „опасно изложување“. Состојбата создадена по консумирање алкохол и лекови предизвикала губење на контролата кај малолетниците, при што ја искршиле покуќнина и добиле телесни повреди. Состојбата на децата кои се лекуваат на Клиниката за токсикологија се подобрува и ќе останат под лекарска грижа до понеделник наутро. Полицијата соопшти дека малолетниците консумирале алкохол и лекови. Од Клиниката за токсикологија пред неколку дена информираа дека во примерокот од крвта нема присуство на алкохол, додека Јавното обвинителство пред неколку дена во најавата за отворање на истрагата соопшти дека осомничениот им нудел лекови на малолетници за да ги забавува додека конзумирање алкохол, додека тој лично ги користел за да се осамостои од алкохолот. За трите кривични дела поради кои е приведен 40-годишниот скопјанец ризикува затворска казна од можни 16 години.  

The post 30 дневен притвор за скопјанецот кој им давал психотропни супстанци на четворицата малолетници кои завршија на Токсикологија appeared first on Република.

]]>