четири седници Archives - Република https://republika.mk/tema/chetiri-sednici/ За подобро да се разбереме Thu, 24 Mar 2022 14:39:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png четири седници Archives - Република https://republika.mk/tema/chetiri-sednici/ 32 32 Во Собранието продолженија на четири седници https://republika.mk/vesti/makedonija/vo-sobranieto-prodolzenija-na-chetiri-sednici/ Thu, 24 Mar 2022 14:39:39 +0000 https://republika.mk/?p=477767

Пратениците денеска работеа по продолженијата на четири седници, на 54-та, 57-та, 61-ва и 64-та. Тие ја завршија расправата по неколку точки од четирите седници. Но, гласањето по сите точки кои поминаа, како измени и дополнувања на закони, годишни извештаи, финансиски планови, ќе биде дополнително закажано, поради немање доволен број пратеници во салата.

Во рамки на 54-тата седница, заврши општиот претрес по Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа, во прво читање. Гласањето по Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за следење на комуникациите, во второ читање, ќе се случи кога ќе биде обезбедено двотретинско мнозинство потребно да се донесе овој закон.

Пратениците го завршија и општиот претрес по предлогот за изменување и дополнување на Законот за установите, во прво читање.

За пратениците од опозицијата, добро е што се намалува бројот на членови на управните и надзорните одбори, но со законското решение не се решава проблемот на „згрижување на партиски кадри во овие тела“.

– Само за три члена во одборите има предвидено построги критериуми кои треба да ги исполнат, но за другите се остава простор да бидат назначувани лица кои немаат соодветно образование со дејноста која ја врши установата, рече Лидија Петковска од ВМРО-ДПМНЕ, што според неа, значи дека во управните и надзорните одбори и натаму ќе бидат именувани партиски лица. Таа истакна дека предност треба да имаат кандидати со соодветни квалификации.

Во рамки на 57-та седница, пратениците ја завршија расправата по Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за основање на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

Пратениците од опозицијата сметаат дека управувањето со овој систем треба да остане во рамките на Министерството за земјоделство, а Агенцијата треба да го користи само со цел им ги олесни правата за користење на субвенции на земјоделците.

За разлика од опозиционерите, владејачкото мнозинство смета дека правило е да се префрлат сите ингеренции на Агенцијата, како и дека интегрираниот систем на податоци, многу ќе им помогне на земјоделците.

Пратенците расправаа и за Годишната програма за работа и развој на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор за 2022 година, потоа за Предлогот на одлука за одобрување на Годишната програма за работата на Агенцијата за пошти за 2022 година, како и за Предлог на одлука за одобрување на Финансиски план на Јавното радиодифузно претпријатие Македонска радио-телевизија за 2022 година.

Во рамки на 61-та седница, во Собранието заврши расправата и по Предлогот на одлука за давање согласност на Годишна програма за работа и развој на Агенцијата за цивилно воздухопловство за 2022 година, за Предлогот на одлука за давање на согласност на Финансиски план на Агенцијата за цивилно воздухопловство за 2022 година, како и за Финансискиот план на Агенцијата за супервизија на осигурување за 2022 година.

Во Собранието почна расправата и по точките од 64 седница, по што претседателот на Парламентот Талат Џафери даде еден час пауза. По паузата, пратениците ќе продолжат со работа по преостанатите точки од 64 седница.

 

The post Во Собранието продолженија на четири седници appeared first on Република.

]]>

Пратениците денеска работеа по продолженијата на четири седници, на 54-та, 57-та, 61-ва и 64-та. Тие ја завршија расправата по неколку точки од четирите седници. Но, гласањето по сите точки кои поминаа, како измени и дополнувања на закони, годишни извештаи, финансиски планови, ќе биде дополнително закажано, поради немање доволен број пратеници во салата. Во рамки на 54-тата седница, заврши општиот претрес по Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа, во прво читање. Гласањето по Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за следење на комуникациите, во второ читање, ќе се случи кога ќе биде обезбедено двотретинско мнозинство потребно да се донесе овој закон. Пратениците го завршија и општиот претрес по предлогот за изменување и дополнување на Законот за установите, во прво читање. За пратениците од опозицијата, добро е што се намалува бројот на членови на управните и надзорните одбори, но со законското решение не се решава проблемот на „згрижување на партиски кадри во овие тела“. – Само за три члена во одборите има предвидено построги критериуми кои треба да ги исполнат, но за другите се остава простор да бидат назначувани лица кои немаат соодветно образование со дејноста која ја врши установата, рече Лидија Петковска од ВМРО-ДПМНЕ, што според неа, значи дека во управните и надзорните одбори и натаму ќе бидат именувани партиски лица. Таа истакна дека предност треба да имаат кандидати со соодветни квалификации. Во рамки на 57-та седница, пратениците ја завршија расправата по Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за основање на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. Пратениците од опозицијата сметаат дека управувањето со овој систем треба да остане во рамките на Министерството за земјоделство, а Агенцијата треба да го користи само со цел им ги олесни правата за користење на субвенции на земјоделците. За разлика од опозиционерите, владејачкото мнозинство смета дека правило е да се префрлат сите ингеренции на Агенцијата, како и дека интегрираниот систем на податоци, многу ќе им помогне на земјоделците. Пратенците расправаа и за Годишната програма за работа и развој на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор за 2022 година, потоа за Предлогот на одлука за одобрување на Годишната програма за работата на Агенцијата за пошти за 2022 година, како и за Предлог на одлука за одобрување на Финансиски план на Јавното радиодифузно претпријатие Македонска радио-телевизија за 2022 година. Во рамки на 61-та седница, во Собранието заврши расправата и по Предлогот на одлука за давање согласност на Годишна програма за работа и развој на Агенцијата за цивилно воздухопловство за 2022 година, за Предлогот на одлука за давање на согласност на Финансиски план на Агенцијата за цивилно воздухопловство за 2022 година, како и за Финансискиот план на Агенцијата за супервизија на осигурување за 2022 година. Во Собранието почна расправата и по точките од 64 седница, по што претседателот на Парламентот Талат Џафери даде еден час пауза. По паузата, пратениците ќе продолжат со работа по преостанатите точки од 64 седница.  

The post Во Собранието продолженија на четири седници appeared first on Република.

]]>