часови Archives - Република https://republika.mk/tema/chasovi/ За подобро да се разбереме Tue, 11 Jun 2024 11:38:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png часови Archives - Република https://republika.mk/tema/chasovi/ 32 32 Дали топлото ќе ги распушти и основците, ќе реши министерот за образование https://republika.mk/vesti/makedonija/dali-toploto-ke-gi-raspushti-i-osnovtsite-ke-reshi-ministerot-za-obrazovanie/ Tue, 11 Jun 2024 11:38:48 +0000 https://republika.mk/?p=786560

Ќе видиме што ќе одлучи министерот, изјави државниот советник во Министерството за образование и наука Сафет Незири прашан дали МОН ќе одговори позитивно на иницијативата на родителите кои поради топлото време бараат учебната година за основците да заврши порано од 17 јуни или децата да имаат скратени часови во наредните неколку дена.

На новинарско прашање дали Министерството треба да прифати ваква иницијатива, првиот човек на Детската амбасада „Меѓаши“ Драги Змијанац одговори доколку нема согласност од МОН, а родителите инсистираат, тогаш треба компромисно решение во кое приоритет ќе биде најдобриот интерес на децата – тие да не губат часови, но и да го совладаат материјалот.

Според Змијанац, одлуката е, главно, кај менаџментот на училиштата кој, како што рече, треба да изнајде креативни решенија за одвивање на наставата и дека таа може да се одвива и на отворено.

Има креативни начини како тоа да се направи, може на отворено. И за време на пандемијата предлагавме да не се затвораат училиштата, да бидат отворени училишните дворови, кои се големи, со тенди итн. и може многу поедноставно да се изучува материјалот, рече Змијанац по промоцијата на публикацијата „Модули за мировно образование во средното образование“.

The post Дали топлото ќе ги распушти и основците, ќе реши министерот за образование appeared first on Република.

]]>

Ќе видиме што ќе одлучи министерот, изјави државниот советник во Министерството за образование и наука Сафет Незири прашан дали МОН ќе одговори позитивно на иницијативата на родителите кои поради топлото време бараат учебната година за основците да заврши порано од 17 јуни или децата да имаат скратени часови во наредните неколку дена. На новинарско прашање дали Министерството треба да прифати ваква иницијатива, првиот човек на Детската амбасада „Меѓаши“ Драги Змијанац одговори доколку нема согласност од МОН, а родителите инсистираат, тогаш треба компромисно решение во кое приоритет ќе биде најдобриот интерес на децата – тие да не губат часови, но и да го совладаат материјалот. Според Змијанац, одлуката е, главно, кај менаџментот на училиштата кој, како што рече, треба да изнајде креативни решенија за одвивање на наставата и дека таа може да се одвива и на отворено. Има креативни начини како тоа да се направи, може на отворено. И за време на пандемијата предлагавме да не се затвораат училиштата, да бидат отворени училишните дворови, кои се големи, со тенди итн. и може многу поедноставно да се изучува материјалот, рече Змијанац по промоцијата на публикацијата „Модули за мировно образование во средното образование“.

The post Дали топлото ќе ги распушти и основците, ќе реши министерот за образование appeared first on Република.

]]>
Докторка дефектолог е осомничена за повреда на малолетно девојче од Скопје на кое му давала часови https://republika.mk/vesti/crna-hronika/doktorka-defektolog-e-osomnichena-za-povreda-na-maloletno-devojche-od-skopje-na-koe-mu-davala-chasovi/ Tue, 21 Mar 2023 16:32:22 +0000 https://republika.mk/?p=622151

Родители од Скопје забележале повреди околу ушите кај нивната малолетна ќерка. Осомниечна е дефектолог која му држела приватни часови на девојчето и повикана на разговор од страна на полицијата.

Н.П.(44) од Скопје пријавил дека на 18.03.2023 околу 16.30 часот неговата сопруга му кажала дека нивната малолетна ќерка имала повреди во пределот околу ушите, кои ѝ биле нанесени од Е.С.(36) – дефектолог од Скопје, која приватно ја ангажирале да држи часови на нивната ќерка“, соопштуваат од МВР.

Со дефектологот бил извршен службен разговор во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок, велат од полицијата.

The post Докторка дефектолог е осомничена за повреда на малолетно девојче од Скопје на кое му давала часови appeared first on Република.

Шаќири: Изгубените часови поради лажните дојави за бомби ќе се надоместуваат во второто полугодие https://republika.mk/vesti/makedonija/shakjiri-izgubenite-chasovi-poradi-laznite-dojavi-za-bombi-kje-se-nadomestuvaat-vo-vtoroto-polugodie/ Mon, 19 Dec 2022 20:41:19 +0000 https://republika.mk/?p=587817

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири во емисијата „24 анализа“ рече дека изгубената настава ќе се надоместува. Се надева дека нема да има понатамошни стравувања. Одредени училишта дојавите за бомби ги имаат добиено во различни денови.

Сигурен сум дека до овој ден некои од училиштата и ја имаат надоместено изгубената настава. Информациите дека во сите училишта се загубени повеќе од 10 дена од наставата се различни во сите градови заради тоа што имаме училишта каде е изгубено само еден ден. Сите наставници и професори имаат дадено придонес да се надомести изгубената настава. До крајот на првото полугодие ќе изврпимецелосна анализа на сите делови од програмите кои не се обработени на основните и средните училишта и по доставувањето на список од тие училишта што е изгубено, ќе донесеме одлука како тоа ќе се надоместува во второто полуугодие. Ќе се разгледува дали ќе се надоместува после работното време или во јуни во зависност кога ќе се достави извештајот на училиштата за изгубената настава, вели министерот.

The post Шаќири: Изгубените часови поради лажните дојави за бомби ќе се надоместуваат во второто полугодие appeared first on Република.

Стаменкоска Трајкоска: МОН нема предлог како да се надмине проблемот со изгубените часови заради дојавите за бомби https://republika.mk/vesti/makedonija/stamenkoska-trajkoska-mon-nema-predlog-kako-da-se-nadmine-problemot-so-izgubenite-chasovi-zaradi-dojavite-za-bombi/ Thu, 15 Dec 2022 21:10:13 +0000 https://republika.mk/?p=586225

„Ова што сега се случува, првенствено за учениците и наставниците, но да не заборавиме психолошки терор имаат и родителите со сите овие дојави за бомби и ова секојдневие кое нам ни се случува кое е многу страшно. Сите сме во исчекување на решавање на проблемот и надминување на истиот. Еве и денес со најголем број на дојави, немаме на повидок можно решение, или некоја форма и предлог од МОН за овие проблеми да бидат надминати“, изјави за „Аргумент плус“ на ТВ 24 пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Бети Стаменкоска Трајкоска.

Таа истакна и дека одговори и решенија за целата ситуација и надополнување на наставата треба да има и таквите треба да се добијат од МОН кое раководи со образованието.

Кога се зборува за онлајн настава, тоа ни е познато, но имавме две години пропаднати со таков тип на настава. Мораме да размислуваме за последиците, колку има позитивни и негативни страни, но тогаш бевме принудени. Сега имаме друга ситуација, сега треба да се искористат сите други алатки кои можат, да не се оди одма со онлајн настава, може да се организира добар протокол, рече таа.

Стаменкоска Трајкоска посочи дека кога има дојави учениците се пуштаат без да им се дадат задачи, а кога нема дојави не се надополнува загубеното.

Кога има дојава училиштата ги пуштаат учениците, но дали учениците треба да останат дома неаминирани, доколку би имало протокол би можело да се продолжи денот на пример со онлајн настава или ден кога нема дојави со физичко присуство да се надополни, истакна таа.

Во врска со тоа што се презема на ниво на Скопје каде се најчести дојавите таа истакна дека се поставуваат и прашања и има реакции во Советот на Град Скопје, но одговор од градоначалничката и реакција нема.

Ние како пратеничка група денес доставивме една иницијатива до Комисијата за одбрана и безбедноста каде што го повикавме министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски да даде една своевидна информација за до каде и каква е актуелната состојба со дојавите за бомбите. Пред да разговараме со некого требаме првин да се запознаеме со проблемот бидејќи постојано секојдневно сме сведоци на само што не се решил проблемот. Нели министерот Спасовски постојано излегува на телевизија и ни кажува само што не се решил проблемот. Но, ова очигледно е друго кога ќе биде кажано во Парламентот, во Собранието, кога ќе биде официјално, истакна Стаменкоска Трајкоска.

Стаменкоска Трајкоска додаде дека јавноста гледа како министерот за внатрешни работи ја менаџира работата.

Ова што се случува е психолошки терор. Буквално така би сакала да го објаснам сето ова што се случува секојдневно. Првенствено да се намали сета оваа стресна ситуација која се случува, лично сметам дека треба позголемено присуство на припадниците на министерството за внатрешни работи околу училиштата. Друго е кога учениците ќе гледаат од една страна нивно присуство. Моментално сметам дека во оваа ситуација би влевало одредена сигурност дека некој се грижи за нив, рече пратеничката.

Таа посочи дека потребно е протокол, потребно е анализа за вакви ситуации.

The post Стаменкоска Трајкоска: МОН нема предлог како да се надмине проблемот со изгубените часови заради дојавите за бомби appeared first on Република.

]]>

„Ова што сега се случува, првенствено за учениците и наставниците, но да не заборавиме психолошки терор имаат и родителите со сите овие дојави за бомби и ова секојдневие кое нам ни се случува кое е многу страшно. Сите сме во исчекување на решавање на проблемот и надминување на истиот. Еве и денес со најголем број на дојави, немаме на повидок можно решение, или некоја форма и предлог од МОН за овие проблеми да бидат надминати“, изјави за „Аргумент плус“ на ТВ 24 пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Бети Стаменкоска Трајкоска. Таа истакна и дека одговори и решенија за целата ситуација и надополнување на наставата треба да има и таквите треба да се добијат од МОН кое раководи со образованието.
Кога се зборува за онлајн настава, тоа ни е познато, но имавме две години пропаднати со таков тип на настава. Мораме да размислуваме за последиците, колку има позитивни и негативни страни, но тогаш бевме принудени. Сега имаме друга ситуација, сега треба да се искористат сите други алатки кои можат, да не се оди одма со онлајн настава, може да се организира добар протокол, рече таа.
Стаменкоска Трајкоска посочи дека кога има дојави учениците се пуштаат без да им се дадат задачи, а кога нема дојави не се надополнува загубеното.
Кога има дојава училиштата ги пуштаат учениците, но дали учениците треба да останат дома неаминирани, доколку би имало протокол би можело да се продолжи денот на пример со онлајн настава или ден кога нема дојави со физичко присуство да се надополни, истакна таа.
Во врска со тоа што се презема на ниво на Скопје каде се најчести дојавите таа истакна дека се поставуваат и прашања и има реакции во Советот на Град Скопје, но одговор од градоначалничката и реакција нема.
Ние како пратеничка група денес доставивме една иницијатива до Комисијата за одбрана и безбедноста каде што го повикавме министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски да даде една своевидна информација за до каде и каква е актуелната состојба со дојавите за бомбите. Пред да разговараме со некого требаме првин да се запознаеме со проблемот бидејќи постојано секојдневно сме сведоци на само што не се решил проблемот. Нели министерот Спасовски постојано излегува на телевизија и ни кажува само што не се решил проблемот. Но, ова очигледно е друго кога ќе биде кажано во Парламентот, во Собранието, кога ќе биде официјално, истакна Стаменкоска Трајкоска.
Стаменкоска Трајкоска додаде дека јавноста гледа како министерот за внатрешни работи ја менаџира работата.
Ова што се случува е психолошки терор. Буквално така би сакала да го објаснам сето ова што се случува секојдневно. Првенствено да се намали сета оваа стресна ситуација која се случува, лично сметам дека треба позголемено присуство на припадниците на министерството за внатрешни работи околу училиштата. Друго е кога учениците ќе гледаат од една страна нивно присуство. Моментално сметам дека во оваа ситуација би влевало одредена сигурност дека некој се грижи за нив, рече пратеничката.
Таа посочи дека потребно е протокол, потребно е анализа за вакви ситуации.  

The post Стаменкоска Трајкоска: МОН нема предлог како да се надмине проблемот со изгубените часови заради дојавите за бомби appeared first on Република.

]]>
Директорите на училиштата да најдат начин да се надоместат изгубените часови поради дојавите за бомби, велат од МОН https://republika.mk/vesti/makedonija/direktorite-na-uchilishtata-da-najdat-nachin-da-se-nadomestat-izgubenite-chasovi-poradi-dojavite-za-bombi-velat-od-mon/ Wed, 14 Dec 2022 16:19:00 +0000 https://republika.mk/?p=585682

Директорите на скопските средни училишта се должни до крајот на првото полугодие да најдат начин да ги надоместат часовите што беа изгубени поради дојавите за поставени бомби во школските објети, категорични се од Министерството за образование и наука, објави Слободен печат.

Од МОН за Слободен печат велат дека дојавите за поставени екплозиви се случуваат само во дел од средните училишта, оние што се во Скопје, а не и во другите градови во Македонија, па затоа тие како Министерство нема да дадат насоки како да се надоместат изгубените часови, туку тоа ќе го стори секое училиште посебно, во зависност од тоа колку часови изгубило.

Од МОН велат дека интензивно работат на подигнување на безбедноста во училиштата

The post Директорите на училиштата да најдат начин да се надоместат изгубените часови поради дојавите за бомби, велат од МОН appeared first on Република.

]]>

Директорите на скопските средни училишта се должни до крајот на првото полугодие да најдат начин да ги надоместат часовите што беа изгубени поради дојавите за поставени бомби во школските објети, категорични се од Министерството за образование и наука, објави Слободен печат. Од МОН за Слободен печат велат дека дојавите за поставени екплозиви се случуваат само во дел од средните училишта, оние што се во Скопје, а не и во другите градови во Македонија, па затоа тие како Министерство нема да дадат насоки како да се надоместат изгубените часови, туку тоа ќе го стори секое училиште посебно, во зависност од тоа колку часови изгубило. Од МОН велат дека интензивно работат на подигнување на безбедноста во училиштата  

The post Директорите на училиштата да најдат начин да се надоместат изгубените часови поради дојавите за бомби, велат од МОН appeared first on Република.

]]>
МОН: Средните училишта се должни да ги надоместат часовите кои ги пропуштија поради лажните бомби https://republika.mk/vesti/makedonija/mon-srednite-uchilishta-se-dolzni-da-gi-nadomestat-chasovite-koi-gi-propushtija-poradi-laznite-bombi/ Thu, 10 Nov 2022 14:29:35 +0000 https://republika.mk/?p=572363

Министерството за образование и наука сооошти дека средните училишта во Скопје, каде што во изминатите денови имаше повремени прекини, мора да продолжи, а училишните раководства кои се најодговорни за квалитетен и безбеден воспитно – образовен процес, согласно позитивните правни прописи, имаат должност да изнајдат начин и до крајот на првото полугодие да ги надоместат пропуштени часови.

Местото на учениците е во училишните клупи и секој прекин на наставата го попречува нивниот правилен развој. Затоа МОН во координација со МВР, локалните самоуправи, раководствата на училиштата и низа партнерски домашни и меѓународни организации континуирано работат на нивна заштита преку подигнување на безбедноста во училишните објекти, велат од МОН.

Од МОН го осудуваат секој обид за наштетување на воспитно – образовниот процес на учениците.

Создавањето страв и паника кај младите и одвлекување на вниманието од секојдневни училишни обврски, подразбира и наштетување на иднината на државата. Се надеваме дека оние кои во повеќе наврати ја попречуваа работата на неколку училишта во Скопје час поскоро ќе бидат пронајдени и соодветно санкционирани, велат од МОН.

Во изминатитте две недели во десетина средни училишта имаше дојави за лажни бомби. Наставата беше прекинувана, а учениците и персоналот во училиштата евакуиран.

The post МОН: Средните училишта се должни да ги надоместат часовите кои ги пропуштија поради лажните бомби appeared first on Република.

Министерот Шаќири потврди дека се намалува бројот на часови по македонски јазик во основното образование https://republika.mk/vesti/makedonija/ministerot-shakjiri-potvrdi-deka-se-namaluva-brojot-na-chasovi-po-makedonski-jazik-vo-osnovnoto-obrazovanie/ Thu, 28 Jul 2022 12:11:58 +0000 https://republika.mk/?p=534273

Министерот за образование, Јетон Шакири, ги потврди информациите кои изминатите денови ги откри опозицијата, дека во нов предлог за наставните планови во основните училишта во земјава, се крати бројот на часови по македонски јазик.

Одлуката со која се намалуваат часовите по македонски јазик во второ и трето одделение од шест на пет неделно, не треба да се поврзува со теми важни за општеството - изјави Шакири денеска во Собранието, одговорајќи на пратеничко прашање дали ваквата одлука мораше да се потпише на 12 јули, во екот на протестите против францускиот предлог.

Според Шакири, ваквата измена на наставните програми предвидува намалување на бројот на часови и за албанскиот и за други јазици, но ќе се компензира со часови за читање и други дополнителни активности.

Ова не треба да биде предмет за дискусија и не би сакал да се поврзува со теми важни за нашето општество зашто кога се донесуваат одлуки за усвојување на една студиска програма за новата учебна година, не е битно кога тоа се прави – кој датум или кој месец. Програмите ги носи Бирото за развој на образованието, а нивното потпишување е редовна постапка во Министерството за образование - истакна Шакири.

https://republika.mk/vesti/makedonija/tivko-i-podmolno-vladata-go-skrati-brojot-na-chasovi-po-makedonski-jazik/

The post Министерот Шаќири потврди дека се намалува бројот на часови по македонски јазик во основното образование appeared first on Република.

]]>

Министерот за образование, Јетон Шакири, ги потврди информациите кои изминатите денови ги откри опозицијата, дека во нов предлог за наставните планови во основните училишта во земјава, се крати бројот на часови по македонски јазик. Одлуката со која се намалуваат часовите по македонски јазик во второ и трето одделение од шест на пет неделно, не треба да се поврзува со теми важни за општеството - изјави Шакири денеска во Собранието, одговорајќи на пратеничко прашање дали ваквата одлука мораше да се потпише на 12 јули, во екот на протестите против францускиот предлог. Според Шакири, ваквата измена на наставните програми предвидува намалување на бројот на часови и за албанскиот и за други јазици, но ќе се компензира со часови за читање и други дополнителни активности.