Час на планетата земја Archives - Република https://republika.mk/tema/chas-na-planetata-zemja/ За подобро да се разбереме Sat, 25 Mar 2023 07:56:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Час на планетата земја Archives - Република https://republika.mk/tema/chas-na-planetata-zemja/ 32 32 Денеска треба да ги изгаснете светилките, ќе биде одбележан Часот на планетата Земја https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/deneska-treba-da-gi-izgasnete-svetilkite-ke-bide-odbelezhan-chasot-na-planetata-zemja/ Sat, 25 Mar 2023 07:56:00 +0000 https://republika.mk/?p=623452

Со гаснење на светилките во траење од еден час, денеска ширум светот ќе биде одбележан Часот на планетата Земја. Милиони луѓе ширум светот во исто време симболично во своите домови ќе го исклучат осветлувањето во знак на солидарност за планетата Земја.

Кон акцијата неколку години наназад се приклучува и нашата земја. Светилките ќе бидат изгаснати во периодот од 20:30 до 21:30 часот по локално време.

Часот на планетата Земја е најголемата светска еколошка акција, која секоја година обединува милиони луѓе ширум светот.

The post Денеска треба да ги изгаснете светилките, ќе биде одбележан Часот на планетата Земја appeared first on Република.

]]>

Со гаснење на светилките во траење од еден час, денеска ширум светот ќе биде одбележан Часот на планетата Земја. Милиони луѓе ширум светот во исто време симболично во своите домови ќе го исклучат осветлувањето во знак на солидарност за планетата Земја. Кон акцијата неколку години наназад се приклучува и нашата земја. Светилките ќе бидат изгаснати во периодот од 20:30 до 21:30 часот по локално време. Часот на планетата Земја е најголемата светска еколошка акција, која секоја година обединува милиони луѓе ширум светот.

The post Денеска треба да ги изгаснете светилките, ќе биде одбележан Часот на планетата Земја appeared first on Република.

]]>
Час за планетата Земја: Нов Зеланд прв во светот ги исклучи светлата https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/chas-za-planetata-zemja-nov-zeland-prv-vo-svetot-gi-iskluchi-svetlata/ Sat, 26 Mar 2022 15:29:24 +0000 https://republika.mk/?p=478962

Знаменитостите во Нов Зеланд први потонаа во мрак по повод Часот на планетата Земја, кој денеска се одбележува во најголемиот дел од светот.

Глобалниот настан ги охрабрува земјите да ги исклучат светлата на еден час за да привлечат внимание на климатските промени.

Знаменитостите во Окленд, вклучително и Скај Тауер, Мостот Харбор и Парламентот во Велингтон, потонаа во мрак во 20:30 часот (07:30 по Гринич).

Подоцна, други знаменитости ширум светот, вклучувајќи ги Емпајер Стејт Билдинг, Ајфеловата кула и операта во Сиднеј, ќе ги изгаснат светлата во знак на солидарност.

Портпаролката на SkyCity, Клер Вокер рече дека Скај Тауер, највисоката градба во јужната хемисфера, потона во мрак како „симбол на нашата посветеност“ кон планетата.

Часот на планетата Земја е иницијатива која сите можеме да ја поддржиме на свој начин и горди сме што Скај Тауер може да ја води оваа кампања во Окленд, рече таа.

Со текот на годините, како дел од иницијативата, цели улици, згради, знаменитости и градски контури ги гаснат светлата. Иницијативата започна во 2007 година во Австралија, а во 2021 година учествуваа 192 земји и територии.

 

The post Час за планетата Земја: Нов Зеланд прв во светот ги исклучи светлата appeared first on Република.

]]>

Знаменитостите во Нов Зеланд први потонаа во мрак по повод Часот на планетата Земја, кој денеска се одбележува во најголемиот дел од светот. Глобалниот настан ги охрабрува земјите да ги исклучат светлата на еден час за да привлечат внимание на климатските промени. Знаменитостите во Окленд, вклучително и Скај Тауер, Мостот Харбор и Парламентот во Велингтон, потонаа во мрак во 20:30 часот (07:30 по Гринич). Подоцна, други знаменитости ширум светот, вклучувајќи ги Емпајер Стејт Билдинг, Ајфеловата кула и операта во Сиднеј, ќе ги изгаснат светлата во знак на солидарност. Портпаролката на SkyCity, Клер Вокер рече дека Скај Тауер, највисоката градба во јужната хемисфера, потона во мрак како „симбол на нашата посветеност“ кон планетата.
Часот на планетата Земја е иницијатива која сите можеме да ја поддржиме на свој начин и горди сме што Скај Тауер може да ја води оваа кампања во Окленд, рече таа.
Со текот на годините, како дел од иницијативата, цели улици, згради, знаменитости и градски контури ги гаснат светлата. Иницијативата започна во 2007 година во Австралија, а во 2021 година учествуваа 192 земји и територии.  

The post Час за планетата Земја: Нов Зеланд прв во светот ги исклучи светлата appeared first on Република.

]]>
Утре се одржува Часот на планетата Земја – најголемата светска еколошка акција https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/utre-se-odrzuva-chasot-na-planetata-zemja-najgolemata-svetska-ekoloshka-akcija/ Fri, 25 Mar 2022 09:01:34 +0000 https://republika.mk/?p=478241

Часот на планетата Земја, најголемата светска еколошка акција, ќе обедини милиони луѓе ширум светот во момент на солидарност за луѓето и за планетата Земја. Одржувајќи се во особено клучен момент во човечката историја, овогодинешната акција ги повикува луѓето од целиот свет да се обединат во момент на размислување за нашиот однос едни со други, но и за нашиот единствен дом – планетата Земја.

Од Сиднејската опера каде што Часот на планетата Земја започна во 2007 година, преку споменикот на Христос Спасителот во Бразил, Колосеумот во Италија и Емпајер Стејт Билдинг во Америка – повеќе атрактивни светски локации ќе потонат во симболичен едночасовен мрак испраќајќи порака за посигурна, позелена и почиста иднина за нас и за идните генерации.

Часот на планетата Земја 2022 го повикува светот да се обедини во момент на солидарност за луѓето и планетата. Знаеме дека покрај многуте предизвици со кои се соочуваме, особено во овие невидени времиња, 2022 година останува да биде критична година за планетата, нашиот заеднички дом. Оваа година светот ќе се собере за да се направи нов климатски договор, и ова претставува можност еднаш во една деценија лидерите да се договорат за планот за враќање на загубата на природата до 2030 година и изградба на позитивна иднина за природата, изјави Марко Ламбертини, генерален директор на Светскиот фонд за природа – WWF.

Оваа година одбележувањето на Часот на планетата Земја се случува во навистина тешки и предизвикувачки времиња за човештвото. Навистина сме тажни и загрижени поради конфликтот во Украина, и нашите мисли се со народот на Украина и со сите оние кои се засегнати од тековната ситуација.

Сметаме дека сега не е моментот климатските промени да бидат ставени во фокусот, па поради тоа локалната канцеларија на Часот на планетата Земја во Македонија се придружи кон одлуката на голем број земји ширум регионот, Европа и светот, оваа година во знак на поддршка и солидарност на тековната светска криза да не го одржи едночасовното исклучување на осветлувањето и прославата на најголемата светска еколошка акција Часот на планетата Земја.

Знаеме дека за да изградиме иднина во хармонија со природата ни треба и мир меѓу луѓето. Затоа, овогодинешниот Час на планетата Земја нуди момент на солидарност со сите народи кои страдаат од војни и конфликти ширум светот; шанса за нашата глобална заедница да го изрази она што им е важно, заеднички да преземеме позитивни активности и да повикаме на свет каде што луѓето и планетата ќе можат да напредуваат заедно, вели Ѓорги Селков, претседател на локалната канцеларија на Часот на планетата Земја во Македонија.

Часот на планетата Земја отсекогаш имал славенички тон и ги повикувал луѓето да учествуваат во обедување за спас на природата и планетата Земја. Оваа година, како одговор на конфликтите во Украина, нашиот тон е сочувствителен, обединувајќи се во глобална солидарност.

Важно е да се нагласи дека законите на природата се нарушуваат и кога ја уништуваме природата, но и кога ги уништуваме луѓето. Нашето мото е – природата и луѓето, потенцира Селков.

Инаку, својата поддршка кон акцијата ја најавија повеќе од 190 земји ширум светот, меѓу кои и Македонија.
Часот на планетата Земја ќе се одржи оваа сабота, на 26 март, кога во 20:30 часот по локално време милиони луѓе ширум светот симболично ќе го исклучат осветлувањето во период од еден час во момент на солидарност за луѓето и планетата Земја.

 

The post Утре се одржува Часот на планетата Земја – најголемата светска еколошка акција appeared first on Република.

]]>

Часот на планетата Земја, најголемата светска еколошка акција, ќе обедини милиони луѓе ширум светот во момент на солидарност за луѓето и за планетата Земја. Одржувајќи се во особено клучен момент во човечката историја, овогодинешната акција ги повикува луѓето од целиот свет да се обединат во момент на размислување за нашиот однос едни со други, но и за нашиот единствен дом – планетата Земја. Од Сиднејската опера каде што Часот на планетата Земја започна во 2007 година, преку споменикот на Христос Спасителот во Бразил, Колосеумот во Италија и Емпајер Стејт Билдинг во Америка – повеќе атрактивни светски локации ќе потонат во симболичен едночасовен мрак испраќајќи порака за посигурна, позелена и почиста иднина за нас и за идните генерации.
Часот на планетата Земја 2022 го повикува светот да се обедини во момент на солидарност за луѓето и планетата. Знаеме дека покрај многуте предизвици со кои се соочуваме, особено во овие невидени времиња, 2022 година останува да биде критична година за планетата, нашиот заеднички дом. Оваа година светот ќе се собере за да се направи нов климатски договор, и ова претставува можност еднаш во една деценија лидерите да се договорат за планот за враќање на загубата на природата до 2030 година и изградба на позитивна иднина за природата, изјави Марко Ламбертини, генерален директор на Светскиот фонд за природа – WWF.
Оваа година одбележувањето на Часот на планетата Земја се случува во навистина тешки и предизвикувачки времиња за човештвото. Навистина сме тажни и загрижени поради конфликтот во Украина, и нашите мисли се со народот на Украина и со сите оние кои се засегнати од тековната ситуација. Сметаме дека сега не е моментот климатските промени да бидат ставени во фокусот, па поради тоа локалната канцеларија на Часот на планетата Земја во Македонија се придружи кон одлуката на голем број земји ширум регионот, Европа и светот, оваа година во знак на поддршка и солидарност на тековната светска криза да не го одржи едночасовното исклучување на осветлувањето и прославата на најголемата светска еколошка акција Часот на планетата Земја.
Знаеме дека за да изградиме иднина во хармонија со природата ни треба и мир меѓу луѓето. Затоа, овогодинешниот Час на планетата Земја нуди момент на солидарност со сите народи кои страдаат од војни и конфликти ширум светот; шанса за нашата глобална заедница да го изрази она што им е важно, заеднички да преземеме позитивни активности и да повикаме на свет каде што луѓето и планетата ќе можат да напредуваат заедно, вели Ѓорги Селков, претседател на локалната канцеларија на Часот на планетата Земја во Македонија.
Часот на планетата Земја отсекогаш имал славенички тон и ги повикувал луѓето да учествуваат во обедување за спас на природата и планетата Земја. Оваа година, како одговор на конфликтите во Украина, нашиот тон е сочувствителен, обединувајќи се во глобална солидарност.
Важно е да се нагласи дека законите на природата се нарушуваат и кога ја уништуваме природата, но и кога ги уништуваме луѓето. Нашето мото е – природата и луѓето, потенцира Селков.
Инаку, својата поддршка кон акцијата ја најавија повеќе од 190 земји ширум светот, меѓу кои и Македонија. Часот на планетата Земја ќе се одржи оваа сабота, на 26 март, кога во 20:30 часот по локално време милиони луѓе ширум светот симболично ќе го исклучат осветлувањето во период од еден час во момент на солидарност за луѓето и планетата Земја.  

The post Утре се одржува Часот на планетата Земја – најголемата светска еколошка акција appeared first on Република.

]]>