Чартер лет Archives - Република https://republika.mk/tema/charter-let/ За подобро да се разбереме Sat, 30 Mar 2024 09:25:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Чартер лет Archives - Република https://republika.mk/tema/charter-let/ 32 32 Ова се дестинациите за летната сезона со летови од Скопје и Охрид https://republika.mk/vesti/ekonomija/ova-se-destinatsiite-za-letnata-sezona-so-letovi-od-skopje-i-ohrid/ Sat, 30 Mar 2024 09:25:47 +0000 https://republika.mk/?p=760327

Во летната сезона од Скопскиот аеродром ќе се патува до Рига како нова дестинација, а покрај редовните ќе има и сезонски и чартер летови до Анталија, Бодрум, Хургада, Енфида, Џерба и Монастир. До Охридскиот аеродром, пак, ќе има чартер летови од Катовице, Варшава, Амстердам и Манчестер, а авиокомпанијата Ер Србија ќе почне да лета на релација Белград-Охрид-Белград, информираат за МИА од ТАВ Македонија.

Со летниот ред на летање, одобрен од Агенцијата за цивилно воздухопловство, што стапува во сила утре, на Меѓународниот Аеродром Скопје во летната сезона ќе има 59 дестинации управувани од 22 авиокомпании.

Со Виз ер: Базел-Мулхаус, Берлин, Братислава, Бремен, Брисел Шарлроа, Будимпешта, Келн, Копенхаген, Дортмунд, Ајндховен, Франкфурт Хан, Фридрихсхафен, Гетеборг, Хамбург , Малме, Малта, Милано Малпенса, Минхен Меминген, Нирнберг, Осло Сандефјорд, Париз Бове, Рим Чампино, Салцбург, Стокхолм Скавста, Венеција Тревизо, Карлсруе Баден-Баден, Љубљана, Лондон Лутон.

Дестинаците Атина и Сараево со Ејџијан Ерлајнс, Белград со Ер Србија, Виена со Аустриан ерлајнс, Цирих со Чаир ерлајнс и со Еделвајс, Загреб со Кроација ерлајнс, Женева со ИзиЏет, Варшава со ЛОТ, Франкфурт со Луфтханза, Истанбул (Сабиха Гокчен) и Измир со Пегасус ерлајнс, Анталија и Измир со СанЕксперс, Истанбул (IGA) со Туркиш Ерлајнс.

Сезонските и чартер-летовите во текот на летната сезона 2024 година од скопскиот аеродром, кои најголем дел од нашите патници ги користат за посета на туристичките дестинации, ќе бидат до Анталија, Бодрум, Хургада, Енфида, Џерба и Монастир, со авиокомпаниите - Anadolu Jet, AMC Airlines, BH Air, Freebird и Nouvelair, најавуваат од ТАВ Македонија.

Во однос на новините за патниците, истакнуваат дека од мај авиокомпанијата airBaltic, националниот авиопревозник на Латвија, ќе влезе на македонскиот воздухопловен пазар и ќе воведе нова сезонска авиолинија од Скопскиот аеродром, Скопје-Рига-Скопје.

Оваа линија на клиентите ќе им овозможи поврзување од витално значење со балтичките држави и светот и ќе им овозможи да ги истражуваат овие различни региони со огромна леснотија и удобност, посочуваат од ТАВ Аеродроми Македонија.

Во контекст на новините потенцираат дека Виз Ер почна да сообраќа до Салцбург, како и дека Кроациа Ерлајнс и Норвежијан ЕрШатл ќе продолжат со сезонските летови до Сплит и Осло, од Скопскиот аеродром, соодветно. Ги посочуават и летовите на Ер Србија на релација Белград – Охрид – Белград  како дополнителна удобност за патниците да избегнат долги патувања со возило.

Притоа, со оглед на статистиката за изминатата туристичка сезона во Охрид, и патниците и туристите кои го посетија Охрид, може да се забележи дека голем број туристи од Турција решија летниот одмор да го поминат во Охрид, па затоа, воведувањето авионска линија што го поврзува Охрид со аеродром во Турција би била одлична одлука за една авиокомпанија, велат за МИА од ТАВ Македонија.

Ако во текот на зимскиот ред на летање, две авиокомпании летаа до четири дестинации, или Виз ЕР до Виена, Дортмунд и Меминген, а Чер Ерлајнс до Цирих, со летниот распоред на летови, и Еделвајс ќе лета до Цирих, така што со летниот ред на летање, од Охрид ќе летаат осум авиокомпании до 11 дестинации.

Се преговара за нови сезонски летови од Скопскиот аеродром

Од ТАВ Македонија посочуваат дека  работат на привлекување нови авиокомпании за да започнат со собраќање до нови атрактивни дестинации и устакнуават дека она што може да се најави во овој момент е дека се очекува Ејџијан Ерлајнс да воведе нови сезонски летови од Скопскиот аеродром, како сезонска авиолинија до грчки остров.

За поголема конкурентност на аеродромот истакнуваат дека се работи на подобрување на квалитетот на аеродромските услуги.

Во овој момент, а со оглед на добрите резултати постигнати во изминатата 2023 година, како и прогнозите за претстојниот период, за скопскиот аеродром планирано е зголемување на капацитетот на шалтерите за пријавување на патници и багаж и одредени надградби на уредите за безбедносен преглед на патниците и кабинскиот багаж, како и на капацитетите на терминалната зграда, велат од ТАВ Македонија.

Меѓународниот аеродром Скопје и аеродромот „Св.Апостол Павле“ во Охрид“ поради ковид пандемијата минатата година ја завршија со 782 876 патници, за 71 отсто помалку во однос на 2019 година. Е

Очекувања за зголемен физички обем на авиосообраќајот

Директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ) Томислав Тунтев во изјава за МИА вели дека со летниот ред на летање има извесно зголемување на физичкиот обем на сообраќај на македонските аеродроми во споредба со минатата година.

Според летниот ред на летање, односно според бројот на најавените операции на воздухоплови, во летната сезона 2024 може да се забележи извесно зголемување на физичкиот обем на сообраќај на македонските аеродроми, во споредба со истиот период минатата година. Евидентно е зголемен бројот на дестинации и на фреквенции  на скопскиот аеродром, додека на охридскиот бројот е сличен како и минатата година, вели Тунтев.

Според него, имајќи ја во предвид високата вредност на коефициентот на полнење на авионите за и од македонските дестинации, реално е да се очекува дека во текот на претстојната летна сезона, на нашите аеродроми ќе биде достигнато и надминато нивото на физички обем на сообраќајот од 2019 година.

Изразено во бројки, во 2024 година на Охридскиот аеродром можеме да очекуваме околу 240 илјади патници, додека на скопскиот аеродром се очекува да бидат прифатени и испратени повеќе од три милиони патници, наведува директорот на АЦВ.

Во јануари и февруари превезени 432 678 патници, пораст од 40 проценти

Статистиката за јануари и февруари годинава за двата аеродрома во државава, според аеродромскиот оператор, покажува значително зголемување на патничкиот авиосообраќај или 243 244 патници во јануари и 189 434 патници во февруари. Претворено во проценти, тоа претставува зголемување од 47 проценти и 31 процент во однос на јануари и февруари во минатата година, односно вкупно 432 678 патници и пораст од 40 проценти.

Со овој позитивен тренд како показател за протокот на патничкиот авиосообраќај, а предвидени со проценките и проекциите за оваа година, може да се забележи дека патничкиот авиосообраќај само дополнително ќе расте и може да има само зголемување на бројот на патници, велат од ТАВ Македонија.

Од ТАВ оценуваат дека со оглед на резултатите од изминатата 2023 година во однос на патничкиот авиосообраќај, 3,15 милиони патници, и досега расположливите статистички податоци за почетокот на 2024 година, може да се заклучи дека скопскиот и охридскиот аеродром продолжуваат со позитивниот тренд на пораст на бројот на патници и број на реализирани летови.

Со зимскиот ред на летање 13 авиокомпании оперираа од Меѓународниот Аеродром Скопје до 42 дестинации, а од Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, три авиокомпании сообраќаа до четири дестинации.

The post Ова се дестинациите за летната сезона со летови од Скопје и Охрид appeared first on Република.

]]>

Во летната сезона од Скопскиот аеродром ќе се патува до Рига како нова дестинација, а покрај редовните ќе има и сезонски и чартер летови до Анталија, Бодрум, Хургада, Енфида, Џерба и Монастир. До Охридскиот аеродром, пак, ќе има чартер летови од Катовице, Варшава, Амстердам и Манчестер, а авиокомпанијата Ер Србија ќе почне да лета на релација Белград-Охрид-Белград, информираат за МИА од ТАВ Македонија. Со летниот ред на летање, одобрен од Агенцијата за цивилно воздухопловство, што стапува во сила утре, на Меѓународниот Аеродром Скопје во летната сезона ќе има 59 дестинации управувани од 22 авиокомпании. Со Виз ер: Базел-Мулхаус, Берлин, Братислава, Бремен, Брисел Шарлроа, Будимпешта, Келн, Копенхаген, Дортмунд, Ајндховен, Франкфурт Хан, Фридрихсхафен, Гетеборг, Хамбург , Малме, Малта, Милано Малпенса, Минхен Меминген, Нирнберг, Осло Сандефјорд, Париз Бове, Рим Чампино, Салцбург, Стокхолм Скавста, Венеција Тревизо, Карлсруе Баден-Баден, Љубљана, Лондон Лутон. Дестинаците Атина и Сараево со Ејџијан Ерлајнс, Белград со Ер Србија, Виена со Аустриан ерлајнс, Цирих со Чаир ерлајнс и со Еделвајс, Загреб со Кроација ерлајнс, Женева со ИзиЏет, Варшава со ЛОТ, Франкфурт со Луфтханза, Истанбул (Сабиха Гокчен) и Измир со Пегасус ерлајнс, Анталија и Измир со СанЕксперс, Истанбул (IGA) со Туркиш Ерлајнс.
Сезонските и чартер-летовите во текот на летната сезона 2024 година од скопскиот аеродром, кои најголем дел од нашите патници ги користат за посета на туристичките дестинации, ќе бидат до Анталија, Бодрум, Хургада, Енфида, Џерба и Монастир, со авиокомпаниите - Anadolu Jet, AMC Airlines, BH Air, Freebird и Nouvelair, најавуваат од ТАВ Македонија.
Во однос на новините за патниците, истакнуваат дека од мај авиокомпанијата airBaltic, националниот авиопревозник на Латвија, ќе влезе на македонскиот воздухопловен пазар и ќе воведе нова сезонска авиолинија од Скопскиот аеродром, Скопје-Рига-Скопје.
Оваа линија на клиентите ќе им овозможи поврзување од витално значење со балтичките држави и светот и ќе им овозможи да ги истражуваат овие различни региони со огромна леснотија и удобност, посочуваат од ТАВ Аеродроми Македонија.
Во контекст на новините потенцираат дека Виз Ер почна да сообраќа до Салцбург, како и дека Кроациа Ерлајнс и Норвежијан ЕрШатл ќе продолжат со сезонските летови до Сплит и Осло, од Скопскиот аеродром, соодветно. Ги посочуават и летовите на Ер Србија на релација Белград – Охрид – Белград  како дополнителна удобност за патниците да избегнат долги патувања со возило.
Притоа, со оглед на статистиката за изминатата туристичка сезона во Охрид, и патниците и туристите кои го посетија Охрид, може да се забележи дека голем број туристи од Турција решија летниот одмор да го поминат во Охрид, па затоа, воведувањето авионска линија што го поврзува Охрид со аеродром во Турција би била одлична одлука за една авиокомпанија, велат за МИА од ТАВ Македонија.
Ако во текот на зимскиот ред на летање, две авиокомпании летаа до четири дестинации, или Виз ЕР до Виена, Дортмунд и Меминген, а Чер Ерлајнс до Цирих, со летниот распоред на летови, и Еделвајс ќе лета до Цирих, така што со летниот ред на летање, од Охрид ќе летаат осум авиокомпании до 11 дестинации.

Се преговара за нови сезонски летови од Скопскиот аеродром

Од ТАВ Македонија посочуваат дека  работат на привлекување нови авиокомпании за да започнат со собраќање до нови атрактивни дестинации и устакнуават дека она што може да се најави во овој момент е дека се очекува Ејџијан Ерлајнс да воведе нови сезонски летови од Скопскиот аеродром, како сезонска авиолинија до грчки остров. За поголема конкурентност на аеродромот истакнуваат дека се работи на подобрување на квалитетот на аеродромските услуги.
Во овој момент, а со оглед на добрите резултати постигнати во изминатата 2023 година, како и прогнозите за претстојниот период, за скопскиот аеродром планирано е зголемување на капацитетот на шалтерите за пријавување на патници и багаж и одредени надградби на уредите за безбедносен преглед на патниците и кабинскиот багаж, како и на капацитетите на терминалната зграда, велат од ТАВ Македонија.
Меѓународниот аеродром Скопје и аеродромот „Св.Апостол Павле“ во Охрид“ поради ковид пандемијата минатата година ја завршија со 782 876 патници, за 71 отсто помалку во однос на 2019 година. Е

Очекувања за зголемен физички обем на авиосообраќајот

Директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ) Томислав Тунтев во изјава за МИА вели дека со летниот ред на летање има извесно зголемување на физичкиот обем на сообраќај на македонските аеродроми во споредба со минатата година.
Според летниот ред на летање, односно според бројот на најавените операции на воздухоплови, во летната сезона 2024 може да се забележи извесно зголемување на физичкиот обем на сообраќај на македонските аеродроми, во споредба со истиот период минатата година. Евидентно е зголемен бројот на дестинации и на фреквенции  на скопскиот аеродром, додека на охридскиот бројот е сличен како и минатата година, вели Тунтев.
Според него, имајќи ја во предвид високата вредност на коефициентот на полнење на авионите за и од македонските дестинации, реално е да се очекува дека во текот на претстојната летна сезона, на нашите аеродроми ќе биде достигнато и надминато нивото на физички обем на сообраќајот од 2019 година.
Изразено во бројки, во 2024 година на Охридскиот аеродром можеме да очекуваме околу 240 илјади патници, додека на скопскиот аеродром се очекува да бидат прифатени и испратени повеќе од три милиони патници, наведува директорот на АЦВ.

Во јануари и февруари превезени 432 678 патници, пораст од 40 проценти

Статистиката за јануари и февруари годинава за двата аеродрома во државава, според аеродромскиот оператор, покажува значително зголемување на патничкиот авиосообраќај или 243 244 патници во јануари и 189 434 патници во февруари. Претворено во проценти, тоа претставува зголемување од 47 проценти и 31 процент во однос на јануари и февруари во минатата година, односно вкупно 432 678 патници и пораст од 40 проценти.
Со овој позитивен тренд како показател за протокот на патничкиот авиосообраќај, а предвидени со проценките и проекциите за оваа година, може да се забележи дека патничкиот авиосообраќај само дополнително ќе расте и може да има само зголемување на бројот на патници, велат од ТАВ Македонија.
Од ТАВ оценуваат дека со оглед на резултатите од изминатата 2023 година во однос на патничкиот авиосообраќај, 3,15 милиони патници, и досега расположливите статистички податоци за почетокот на 2024 година, може да се заклучи дека скопскиот и охридскиот аеродром продолжуваат со позитивниот тренд на пораст на бројот на патници и број на реализирани летови. Со зимскиот ред на летање 13 авиокомпании оперираа од Меѓународниот Аеродром Скопје до 42 дестинации, а од Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, три авиокомпании сообраќаа до четири дестинации.

The post Ова се дестинациите за летната сезона со летови од Скопје и Охрид appeared first on Република.

]]>
Солзи и прегратки: Македонските граѓани благодарни што Србија ги врати дома https://republika.mk/vesti/makedonija/solzi-i-pregratki-makedonskite-gragani-shto-srbija-gi-vrati-doma/ Fri, 13 Oct 2023 15:40:18 +0000 https://republika.mk/?p=691003

Околу 85 македонски државјани кои беа евакуирани од Израел пристигнаа денеска со бесплатен авионски превоз на Меѓународниот аеродром во Скопје. Според изјавите на дел од патниците, стравувајќи за својот живот, по престој во различни места во Израел, решиле да се вратат дома.

- Седевме седум месеци, како туристи. Супер ни беше, многу убави спомени имам, но, ете, се случи ова, многу лошо. Ние бевме во Ашдод. Таму останаа неколку Македонци, рече Марица Јаневска од Куманово, патник во авионот.

Патникот Саше Јовановски е благодарен што пристигнал дома на време.

- Верувајте дека не е лесно. Сепак јас бев во тој дел каде што немаше многу конфликти, рече тој, дополнувајќи дека очекува и другите македонски државјани да се вратат.

Во авионот денеска имаше патници и од Србија и од Црна Гора. И за нив, враќањето дома е спас од тамошната ситуација.

- Стана опасно на улица, не можеше да се издржи, рече еден од патниците.

Според друг патник, најлошото допрва доаѓа.  - Живеев таму девет месеци, беше сигурно во крајот во кој што живеев, но мислам дека најлошото допрва доаѓа, рече тој.

Според изјавите на патниците, на летот имало повеќе од 70 патници од Србија, а имало и Албанци и Црногорци.

- Не бев исплашен за враќањето, сакав да останам, но штом падна првата бомба на местото каде што живеев, одлучив да се вратам, рече уште еден патник.

Согласно одлуката донесена од страна на Владата, беше организиран авионски превоз со чартер лет, на релација Тел Авив - Скопје, заради евакуација на сите државјани на Република Македонија кои сакаа да го напуштат Израел и кои побарале да се вратат во Македонија.

Како што соопштија вчера од Владата, во услови на целосно откажани летови и блокиран авио-транспорт со Израел, предизвикот за организирање на овој чартер лет е надминат преку соработка со „Air Serbia“, а трошоците за летот ќе бидат покриени од Буџетот.

Во насока на ефикасна организација на авионскиот превоз, Министерството за надворешни работи, преку Дипломатско-конзуларното претставништво - Тел Авив обезбеди список и информации за македонските државјани кои се наоѓаат во Израел и кои побарале помош да се вратат во Република Македонија.

- Амбасадата во Тел Авив, од самиот почеток на кризата е во контакт со државјаните на Република Македонија, а дел од граѓаните кои се затекнаа во Израел, веќе се вратени во земјата меѓу другото и со специјални летови на пријателските држави на Република Македонија, се наведува во соопштението од Владата.

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на прес-конференција вчера информираше дека од Израел се вратени 60 македонски државјани, од вкупно 150 кои побарале помош, а за денеска, како што кажа, се очекуваше да бидат вратени уште 90 граѓани

The post Солзи и прегратки: Македонските граѓани благодарни што Србија ги врати дома appeared first on Република.

]]>

Околу 85 македонски државјани кои беа евакуирани од Израел пристигнаа денеска со бесплатен авионски превоз на Меѓународниот аеродром во Скопје. Според изјавите на дел од патниците, стравувајќи за својот живот, по престој во различни места во Израел, решиле да се вратат дома. - Седевме седум месеци, како туристи. Супер ни беше, многу убави спомени имам, но, ете, се случи ова, многу лошо. Ние бевме во Ашдод. Таму останаа неколку Македонци, рече Марица Јаневска од Куманово, патник во авионот. Патникот Саше Јовановски е благодарен што пристигнал дома на време. - Верувајте дека не е лесно. Сепак јас бев во тој дел каде што немаше многу конфликти, рече тој, дополнувајќи дека очекува и другите македонски државјани да се вратат. Во авионот денеска имаше патници и од Србија и од Црна Гора. И за нив, враќањето дома е спас од тамошната ситуација.
- Стана опасно на улица, не можеше да се издржи, рече еден од патниците.
Според друг патник, најлошото допрва доаѓа.  - Живеев таму девет месеци, беше сигурно во крајот во кој што живеев, но мислам дека најлошото допрва доаѓа, рече тој. Според изјавите на патниците, на летот имало повеќе од 70 патници од Србија, а имало и Албанци и Црногорци. - Не бев исплашен за враќањето, сакав да останам, но штом падна првата бомба на местото каде што живеев, одлучив да се вратам, рече уште еден патник. Согласно одлуката донесена од страна на Владата, беше организиран авионски превоз со чартер лет, на релација Тел Авив - Скопје, заради евакуација на сите државјани на Република Македонија кои сакаа да го напуштат Израел и кои побарале да се вратат во Македонија. Како што соопштија вчера од Владата, во услови на целосно откажани летови и блокиран авио-транспорт со Израел, предизвикот за организирање на овој чартер лет е надминат преку соработка со „Air Serbia“, а трошоците за летот ќе бидат покриени од Буџетот. Во насока на ефикасна организација на авионскиот превоз, Министерството за надворешни работи, преку Дипломатско-конзуларното претставништво - Тел Авив обезбеди список и информации за македонските државјани кои се наоѓаат во Израел и кои побарале помош да се вратат во Република Македонија.
- Амбасадата во Тел Авив, од самиот почеток на кризата е во контакт со државјаните на Република Македонија, а дел од граѓаните кои се затекнаа во Израел, веќе се вратени во земјата меѓу другото и со специјални летови на пријателските држави на Република Македонија, се наведува во соопштението од Владата.
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на прес-конференција вчера информираше дека од Израел се вратени 60 македонски државјани, од вкупно 150 кои побарале помош, а за денеска, како што кажа, се очекуваше да бидат вратени уште 90 граѓани

The post Солзи и прегратки: Македонските граѓани благодарни што Србија ги врати дома appeared first on Република.

]]>
Пристигнаа македонските граѓани што ги донесе Србија https://republika.mk/vesti/makedonija/pristignaa-makedonskite-gragani-shto-gi-donese-srbija/ Fri, 13 Oct 2023 13:56:15 +0000 https://republika.mk/?p=690978

Македонските државјани кои беа евакуирани од Израел пристигнаа денеска со бесплатен авионски превоз на Меѓународниот аеродром во Скопје.

Авионскиот превоз со чартер лет, на релација Тел Авив - Скопје, беше организиран согласно одлуката донесена од страна на Владата, заради евакуација на сите државјани на Република Македонија кои сакаа да го напуштат Израел и кои побарале да се вратат во Македонија.

Како што соопштија вчера од Владата, во услови на целосно откажани летови и блокиран авио-транспорт со Израел, предизвикот за организирање на овој чартер лет е надминат преку соработка со „Air Serbia“, а трошоците за летот ќе бидат покриени од Буџетот.

Во насока на ефикасна организација на авионскиот превоз, Министерството за надворешни работи, преку Дипломатско-конзуларното претставништво - Тел Авив обезбеди список и информации за македонските државјани кои се наоѓаат во Израел и кои побарале помош да се вратат во Република Македонија.

- Амбасадата во Тел Авив, од самиот почеток на кризата е во контакт со државјаните на Република Македонија, а дел од граѓаните кои се затекнаа во Израел, веќе се вратени во земјата меѓу другото и со специјални летови на пријателските држави на Република Македонија, се наведува во соопштението од Владата.

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, вчера на прес-конференција информира дека од Израел досега се вратени 60 македонски државјани, од вкупно 150 кои побарале помош, а за денеска, како што кажа, се очекува да бидат вратени уште 90 граѓани.

The post Пристигнаа македонските граѓани што ги донесе Србија appeared first on Република.

]]>

Македонските државјани кои беа евакуирани од Израел пристигнаа денеска со бесплатен авионски превоз на Меѓународниот аеродром во Скопје. Авионскиот превоз со чартер лет, на релација Тел Авив - Скопје, беше организиран согласно одлуката донесена од страна на Владата, заради евакуација на сите државјани на Република Македонија кои сакаа да го напуштат Израел и кои побарале да се вратат во Македонија. Како што соопштија вчера од Владата, во услови на целосно откажани летови и блокиран авио-транспорт со Израел, предизвикот за организирање на овој чартер лет е надминат преку соработка со „Air Serbia“, а трошоците за летот ќе бидат покриени од Буџетот. Во насока на ефикасна организација на авионскиот превоз, Министерството за надворешни работи, преку Дипломатско-конзуларното претставништво - Тел Авив обезбеди список и информации за македонските државјани кои се наоѓаат во Израел и кои побарале помош да се вратат во Република Македонија. - Амбасадата во Тел Авив, од самиот почеток на кризата е во контакт со државјаните на Република Македонија, а дел од граѓаните кои се затекнаа во Израел, веќе се вратени во земјата меѓу другото и со специјални летови на пријателските држави на Република Македонија, се наведува во соопштението од Владата. Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, вчера на прес-конференција информира дека од Израел досега се вратени 60 македонски државјани, од вкупно 150 кои побарале помош, а за денеска, како што кажа, се очекува да бидат вратени уште 90 граѓани.

The post Пристигнаа македонските граѓани што ги донесе Србија appeared first on Република.

]]>
Повторно Србите помагаат: Владата обезбеди чартер лет на „Ер Србија“ да ги врати нашите граѓани од Изреал https://republika.mk/vesti/makedonija/povtorno-srbite-pomagaat-vladata-obezbedi-charter-let-na-er-srbija-da-gi-vrati-nashite-gragani-od-izreal/ Thu, 12 Oct 2023 14:41:45 +0000 https://republika.mk/?p=690611

Согласно одлуката донесена од страна на Владата, организиран е авионски превоз со чартер лет, на релација Тел Авив - Скопје, заради евакуација на сите државјани на Република Македонија кои сакаат да го напуштат Израел, и кои побарале да се вратат во  Македонија, информираат попладнево од владината прес-служба.

Во услови на целосно откажани летови и блокиран авио транспорт со Израел, предизвикот за организирање на овој чартер лет е надминат преку соработка со „Air Serbia“ за транспорт на граѓаните кои побарале помош. Авионскиот превоз кој ќе биде организиран во текот на утрешниот ден, ќе биде бесплатен за граѓаните кои побарале помош, и ќе биде покриен од резервите на Буџетот на Република Македонија, се посочува во соопштението.

Во насока на ефикасна организација на авионскиот превоз, Министерството за надворешни работи, преку Дипломатско-конзуларното претставништво - Тел Авив обезбеди список и информации за македонските државјани кои се наоѓаат во Израел и кои побарале помош да се вратат во Република Македонија.

-Амбасадата во Тел Авив, од самиот почеток на кризата е во контакт со државјаните на Република Македонија, а дел од граѓаните кои се затекнаа во Израел, веќе се вратени во земјата меѓу другото и со специјални летови на пријателските држави на Република Македонија. Амбасадата и Министерството за надворешни работи остануваат отворени за сите прашања врзани со оваа проблематика, се наведува во соопштението од Владата.

Премиерот Ковачевски претходно на Фејсбук најави дека е обезбеден бесплатен лет од Тел Авив до Скопје за евакуација на македонските државјани кои во моментов се наоѓаат во Израел и кои побарале помош да се вратат во Македонија.

-Тие веќе утре треба да се на безбедно и во своите домови, напиша Ковачевски.

Во услови на откажани летови и целосно блокиран авио транспорт со Израел, навистина беше предизвик да се организира овој лет, посочува тој.

-На моја иницијатива и во разговор со премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, нашите граѓани ќе ги вратиме дома со авион на Air Serbia. Благодарност до неа и до сите вклучени во процесот, добрососедството и овој пат се покажа на дело. Нашата отворена и директна комуникација за сите прашања е секогаш во насока на изнаоѓање решенија, што конкретно се потврди и овој пат. Посакувам мирен лет и што поскоро враќање дома, пишува Ковачевски.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска на прес-конференција информира дека од Израел досега се вратени 60 македонски државјани, од вкупно 150 кои побарале помош. Најави дека преостанатите 90 ќе бидат евакуирани во текот на утрешниот ден

The post Повторно Србите помагаат: Владата обезбеди чартер лет на „Ер Србија“ да ги врати нашите граѓани од Изреал appeared first on Република.

]]>

Согласно одлуката донесена од страна на Владата, организиран е авионски превоз со чартер лет, на релација Тел Авив - Скопје, заради евакуација на сите државјани на Република Македонија кои сакаат да го напуштат Израел, и кои побарале да се вратат во  Македонија, информираат попладнево од владината прес-служба. Во услови на целосно откажани летови и блокиран авио транспорт со Израел, предизвикот за организирање на овој чартер лет е надминат преку соработка со „Air Serbia“ за транспорт на граѓаните кои побарале помош. Авионскиот превоз кој ќе биде организиран во текот на утрешниот ден, ќе биде бесплатен за граѓаните кои побарале помош, и ќе биде покриен од резервите на Буџетот на Република Македонија, се посочува во соопштението. Во насока на ефикасна организација на авионскиот превоз, Министерството за надворешни работи, преку Дипломатско-конзуларното претставништво - Тел Авив обезбеди список и информации за македонските државјани кои се наоѓаат во Израел и кои побарале помош да се вратат во Република Македонија. -Амбасадата во Тел Авив, од самиот почеток на кризата е во контакт со државјаните на Република Македонија, а дел од граѓаните кои се затекнаа во Израел, веќе се вратени во земјата меѓу другото и со специјални летови на пријателските држави на Република Македонија. Амбасадата и Министерството за надворешни работи остануваат отворени за сите прашања врзани со оваа проблематика, се наведува во соопштението од Владата. Премиерот Ковачевски претходно на Фејсбук најави дека е обезбеден бесплатен лет од Тел Авив до Скопје за евакуација на македонските државјани кои во моментов се наоѓаат во Израел и кои побарале помош да се вратат во Македонија.