чадори Archives - Република https://republika.mk/tema/chadori/ За подобро да се разбереме Tue, 13 Feb 2024 16:31:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png чадори Archives - Република https://republika.mk/tema/chadori/ 32 32 Грција воведува нови правила за користење на плажите: Помалку лежалки и чадори, повеќе грижа за природата https://republika.mk/vesti/balkan/grtsija-voveduva-novi-pravila-za-koristene-na-plazhite-pomalku-lezhalki-i-chadori-poveke-grizha-za-prirodata/ Tue, 13 Feb 2024 10:23:22 +0000 https://republika.mk/?p=743566

Грчкото Министерство за економија и финансии претстави нова рамка со која се регулираат плажите и бреговите, со цел да им се овозможи на граѓаните непречен пристап до ова јавно добро. Се чини дека со новиот закон Грција ќе им застане на патот на несовесните сопственици на локали, кои ја прошируваат зоната со лежалки и чадори и не се грижат да обезбедат безбеден премин до водата за сите посетители.

Блогот „Real Greek Experiences“ ги претставува главните новини на новиот закон, кој значително ќе влијае на искуствата на туристите кои летово ќе ја посетат Грција. Според него, грчката влада воведе нова платформа за е-аукции која ќе овозможи учество на тендери за закуп на дел од плажата, со цел транспарентност, ефикасност на процесот и воспоставување стандардизирани договори за концесија.

Тие јасно ќе наведат со кој дел од плажата располага закупецот, кои се неговите обврски, како и времетраењето и висината на закупот.
Победниците на тендерот ќе добијат право привремено да изнајмат дел од плажата, каде што ќе можат сезонски да изнајмуваат лежалки и чадори, како и да работат кафулиња и ресторани. Времетраењето на секој договор се одредува на најмногу три години.

The post Грција воведува нови правила за користење на плажите: Помалку лежалки и чадори, повеќе грижа за природата appeared first on Република.

]]>

Грчкото Министерство за економија и финансии претстави нова рамка со која се регулираат плажите и бреговите, со цел да им се овозможи на граѓаните непречен пристап до ова јавно добро. Се чини дека со новиот закон Грција ќе им застане на патот на несовесните сопственици на локали, кои ја прошируваат зоната со лежалки и чадори и не се грижат да обезбедат безбеден премин до водата за сите посетители. Блогот „Real Greek Experiences“ ги претставува главните новини на новиот закон, кој значително ќе влијае на искуствата на туристите кои летово ќе ја посетат Грција. Според него, грчката влада воведе нова платформа за е-аукции која ќе овозможи учество на тендери за закуп на дел од плажата, со цел транспарентност, ефикасност на процесот и воспоставување стандардизирани договори за концесија. Тие јасно ќе наведат со кој дел од плажата располага закупецот, кои се неговите обврски, како и времетраењето и висината на закупот. Победниците на тендерот ќе добијат право привремено да изнајмат дел од плажата, каде што ќе можат сезонски да изнајмуваат лежалки и чадори, како и да работат кафулиња и ресторани. Времетраењето на секој договор се одредува на најмногу три години.

The post Грција воведува нови правила за користење на плажите: Помалку лежалки и чадори, повеќе грижа за природата appeared first on Република.

]]>
Вратите на стадион за мечот со Англија вечерва се отвораат во 18,45 часот, навивачите да не носат чадори, големи торби или ранци, шишиња, запалки, монети https://republika.mk/sport/fudbal/vratite-na-stadion-za-mechot-so-anglija-vecherva-se-otvoraat-vo-18-45-chasot-navivachite-da-ne-nosat-chadori-golemi-torbi-ili-rantsi-shishina-zapalki-moneti/ Mon, 20 Nov 2023 12:16:35 +0000 https://republika.mk/?p=714402

Фудбалската федерација на Македонија попладнево преку соопштение се обрати на навивачите кои ќе бидат присутни на натпреварот со Англија.

- Националата арена „Тодор Проески“ ќе биде отворена за навивачите од 18:45 часот, а поради зголемените безбедносни мерки што ќе бидат преземени за да се спречи внесување на забранети предмети и средства на стадионот, ги повикуваме навивачите да дојдат на стадионот што е можно порано (препорака час и половина) пред почетокот на натпреварот) и да седнат на своите места на стадионот. Влезовите на Националата арена „Тодор Проески“ ќе бидат отворени од 18:45 часот, а влезот ќе биде овозможен до 20:15 часот, стои во апелот на ФФМ.

Се посочува да се дојде на стадион пеш или со јавен превоз, бидејќи сообраќајот и паркирањето ќе бидат забранети на паркинг местата во потесната зона на Националната арена „Тодор Проески“ поради ограничениот број паркинг места, освен за акредитирани возила.

Од ФФМ повикуваат на фер и коректно навивање.

Ги замолуваме навивачите да ги почитуваат одредбите од Законот за спортски натпревари и Законот за јавен ред и мир, особено оние кои се однесуваат на несоодветно скандирање, консумирање алкохол и употреба на пиротехнички средства. Чадори, големи торби или ранци, шишиња, запалки, монети и други предмети не смеат да се внесуваат на стадионот. Исто така, нема да може да се внесуваат знамиња или транспаренти со несоодветна содржина. Ги повикуваме сите навивачи и посетители на фер, коректно и спортско навивање без расистички и дискриминаторски скандирања пред, за време и по натпреварот. Воедно, ја користиме приликата да укажеме дека полицијата, согласно Законот ќе врши видео и фото снимање на тесната зона и самиот простор на стадионот.

Почетокот на натпреварот е закажан за 20:45 часот.

The post Вратите на стадион за мечот со Англија вечерва се отвораат во 18,45 часот, навивачите да не носат чадори, големи торби или ранци, шишиња, запалки, монети appeared first on Република.

]]>

Фудбалската федерација на Македонија попладнево преку соопштение се обрати на навивачите кои ќе бидат присутни на натпреварот со Англија.
- Националата арена „Тодор Проески“ ќе биде отворена за навивачите од 18:45 часот, а поради зголемените безбедносни мерки што ќе бидат преземени за да се спречи внесување на забранети предмети и средства на стадионот, ги повикуваме навивачите да дојдат на стадионот што е можно порано (препорака час и половина) пред почетокот на натпреварот) и да седнат на своите места на стадионот. Влезовите на Националата арена „Тодор Проески“ ќе бидат отворени од 18:45 часот, а влезот ќе биде овозможен до 20:15 часот, стои во апелот на ФФМ.
Се посочува да се дојде на стадион пеш или со јавен превоз, бидејќи сообраќајот и паркирањето ќе бидат забранети на паркинг местата во потесната зона на Националната арена „Тодор Проески“ поради ограничениот број паркинг места, освен за акредитирани возила. Од ФФМ повикуваат на фер и коректно навивање.
Ги замолуваме навивачите да ги почитуваат одредбите од Законот за спортски натпревари и Законот за јавен ред и мир, особено оние кои се однесуваат на несоодветно скандирање, консумирање алкохол и употреба на пиротехнички средства. Чадори, големи торби или ранци, шишиња, запалки, монети и други предмети не смеат да се внесуваат на стадионот. Исто така, нема да може да се внесуваат знамиња или транспаренти со несоодветна содржина. Ги повикуваме сите навивачи и посетители на фер, коректно и спортско навивање без расистички и дискриминаторски скандирања пред, за време и по натпреварот. Воедно, ја користиме приликата да укажеме дека полицијата, согласно Законот ќе врши видео и фото снимање на тесната зона и самиот простор на стадионот.
Почетокот на натпреварот е закажан за 20:45 часот.

The post Вратите на стадион за мечот со Англија вечерва се отвораат во 18,45 часот, навивачите да не носат чадори, големи торби или ранци, шишиња, запалки, монети appeared first on Република.

]]>
Комуналците во Неа Каликратија и Неа Флогита со багери ги собираат оставените пешкири и чадори на плажа https://republika.mk/zivot/patuvanja/komunaltsite-vo-nea-kalikratija-i-nea-flogita-so-bageri-gi-sobiraat-ostavenite-peshkiri-i-chadori-na-plazha/ Fri, 11 Aug 2023 13:45:35 +0000 https://republika.mk/?p=671183

Движењето за ослободување на грчките плажи од узурпација и акциите против „пешкир резевациите“ на јавниот простор актуелно се и на популарните дестинации на Халкидики.

Според информациите објавени на Фејсбук групата „Грчка инфор“ во текот на вчерашниот ден на плажата во Неа Флогита комуналците со багери ја расчистувале плажата и ги собирале пешкирите, лежалките и чадорите оставени на плажата за да „чуваат место“.

Туристите информираат и за слична акција спроведена утрово во Неа Каликратија.

„Општинските власти штотуку ги собраа сите пешкири, чадори и столчиња од плажата каде што нема никој“ – објави еден член на групата.

Според информациите објавени во грчките медиуми, општинските власти во Мудања и Неа Каликратија преку локалните медиуми и социјалните мрежи неколку дена ги предупредувале посетителите да не ги оставаат своите работи на јавните плажи.

 

The post Комуналците во Неа Каликратија и Неа Флогита со багери ги собираат оставените пешкири и чадори на плажа appeared first on Република.

]]>

Движењето за ослободување на грчките плажи од узурпација и акциите против „пешкир резевациите“ на јавниот простор актуелно се и на популарните дестинации на Халкидики. Според информациите објавени на Фејсбук групата „Грчка инфор“ во текот на вчерашниот ден на плажата во Неа Флогита комуналците со багери ја расчистувале плажата и ги собирале пешкирите, лежалките и чадорите оставени на плажата за да „чуваат место“. Туристите информираат и за слична акција спроведена утрово во Неа Каликратија. „Општинските власти штотуку ги собраа сите пешкири, чадори и столчиња од плажата каде што нема никој“ – објави еден член на групата. Според информациите објавени во грчките медиуми, општинските власти во Мудања и Неа Каликратија преку локалните медиуми и социјалните мрежи неколку дена ги предупредувале посетителите да не ги оставаат своите работи на јавните плажи.  

The post Комуналците во Неа Каликратија и Неа Флогита со багери ги собираат оставените пешкири и чадори на плажа appeared first on Република.

]]>