церебрална парализа Archives - Република https://republika.mk/tema/cerebralna-paraliza/ За подобро да се разбереме Tue, 18 Jun 2024 08:51:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png церебрална парализа Archives - Република https://republika.mk/tema/cerebralna-paraliza/ 32 32 Тригодишно тешко подвижно дете со церебрална парализа избркано од скопска игротека, Комиисијата утврдила дискриминација https://republika.mk/vesti/makedonija/trigodishno-teshko-podvizhno-dete-so-tserebralna-paraliza-izbrkano-od-skopska-igroteka-komiisijata-utvrdila-diskriminatsija/ Tue, 18 Jun 2024 08:48:41 +0000 https://republika.mk/?p=788629

Тригодишно тешкоподвижно девојче болно од церебрална парализа било дискриминирано во една од најпосетените игротеки во Скопје, од вработена која не дозволила мајката да остане да го држи додека седи меѓу играчките и останатите разиграни деца, утврди Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД).

Иако таткото се најавил претходно по телефон и добил дозвола од друга вработена мајката да го внесе болното девојче и да остане со него внатре, кога дошле во игротеката, претпоставената ја избркала мајката. Немоќното дете се вознемирило и почнало да плаче, родителите си го земале, си заминале и случајот го пријавиле во КСЗД.

Се утврдува директна дискриминација врз основа на ментална и телесна попреченост во областа на пристап до добра и услуги од страна на посочената игротека од Скопје“, стои во одлуката на КСЗД.

Родителот во претставката навел дека претходно ги прочитал условите на игротеката и видел дека не е дозволено родители да влегуваат во просторот кој е наменет за анимација на децата, по што се јавил, објаснил за какво дете се работи, а од игротеката му кажале дека нема да претставува никаков проблем со девојчето да седи и мајката.

Комисијата донела препорака игротеката да ја отстрани дискриминацијата на начин што ќе им овозможи непречен пристап на лицата со попреченост во услугите и добрата што ги нуди, а ако не го стори тоа, ќе биде пријавена пред надлежен суд.

The post Тригодишно тешко подвижно дете со церебрална парализа избркано од скопска игротека, Комиисијата утврдила дискриминација appeared first on Република.

]]>

Тригодишно тешкоподвижно девојче болно од церебрална парализа било дискриминирано во една од најпосетените игротеки во Скопје, од вработена која не дозволила мајката да остане да го држи додека седи меѓу играчките и останатите разиграни деца, утврди Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД). Иако таткото се најавил претходно по телефон и добил дозвола од друга вработена мајката да го внесе болното девојче и да остане со него внатре, кога дошле во игротеката, претпоставената ја избркала мајката. Немоќното дете се вознемирило и почнало да плаче, родителите си го земале, си заминале и случајот го пријавиле во КСЗД.
Се утврдува директна дискриминација врз основа на ментална и телесна попреченост во областа на пристап до добра и услуги од страна на посочената игротека од Скопје“, стои во одлуката на КСЗД.
Родителот во претставката навел дека претходно ги прочитал условите на игротеката и видел дека не е дозволено родители да влегуваат во просторот кој е наменет за анимација на децата, по што се јавил, објаснил за какво дете се работи, а од игротеката му кажале дека нема да претставува никаков проблем со девојчето да седи и мајката. Комисијата донела препорака игротеката да ја отстрани дискриминацијата на начин што ќе им овозможи непречен пристап на лицата со попреченост во услугите и добрата што ги нуди, а ако не го стори тоа, ќе биде пријавена пред надлежен суд.

The post Тригодишно тешко подвижно дете со церебрална парализа избркано од скопска игротека, Комиисијата утврдила дискриминација appeared first on Република.

]]>
Апел за помош на малата Бела https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/apel-za-pomosh-na-malata-bela/ Tue, 12 Jul 2022 11:23:50 +0000 https://republika.mk/?p=527496

The post Апел за помош на малата Бела appeared first on Република.

]]>

The post Апел за помош на малата Бела appeared first on Република.

]]>
МЗ размислува за хируршки пристап во лекување на пациентите со церебрална парализа од една до 18 години https://republika.mk/zivot/zdravje/mz-razmisluva-za-hirurshki-pristap-vo-lekuvanje-na-pacientite-so-cerebralna-paraliza-od-edna-do-18-godini/ Wed, 09 Mar 2022 19:32:10 +0000 https://republika.mk/?p=470283

Министерството за здравство размислува за современ хируршки пристап во лекување пациенти со церебрална парализа на возраст од една до 18 години. Станува збор за предлог проект кој вклучува тимски пристап на доктори специјалисти од повеќе области.

Министерот за здравство Беким Сали и неговиот заменик д-р Владимир Рендевски одржаа работна средба со професорите од Медицински факултет во Скопје, проф. д-р Лазе Тодоровиќ од Клиниката за детска хирургија и проф. д-р Зоран Божиновски од Клиниката за ортопедија.

На средбата беше разговарано за предлог проектот за современ хируршки пристап во лекување пациенти со церебрална парализа на возраст од 1 до 18 години. Се работи за проект што вклучува тимски пристап на доктори специјалисти од Клиниката за ортопедија, Клиниката за детска хирургија и Клиниката за неврохирургија што ќе опфати комплексни хируршки процедури со цел корекција на одот, намалување на спастицитетот и подобрување на квалитетот на животот кај овие пациенти, објави Сали на Фејсбук.

Проектот предвидува и опремување на простор, како и дополнителна едукација на специјалистите од оваа област за обезбедување најсовремена здравствена заштита на пациентите со церебрална парализа кај нас.

The post МЗ размислува за хируршки пристап во лекување на пациентите со церебрална парализа од една до 18 години appeared first on Република.

]]>

Министерството за здравство размислува за современ хируршки пристап во лекување пациенти со церебрална парализа на возраст од една до 18 години. Станува збор за предлог проект кој вклучува тимски пристап на доктори специјалисти од повеќе области. Министерот за здравство Беким Сали и неговиот заменик д-р Владимир Рендевски одржаа работна средба со професорите од Медицински факултет во Скопје, проф. д-р Лазе Тодоровиќ од Клиниката за детска хирургија и проф. д-р Зоран Божиновски од Клиниката за ортопедија.