Централен комитет Archives - Република https://republika.mk/tema/centralen-komitet/ За подобро да се разбереме Wed, 29 Nov 2023 12:34:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Централен комитет Archives - Република https://republika.mk/tema/centralen-komitet/ 32 32 Томовски: Пакетот на мерки на Владата е поткуп пред избори https://republika.mk/vesti/ekonomija/tomovski-paketot-na-merki-na-vladata-e-potkup-pred-izbori/ Wed, 29 Nov 2023 12:34:53 +0000 https://republika.mk/?p=717562

Пакет на мерки кои спреми Владата на Ковачевски и Ахмети не е ништо друго туку пакет за евтин предизборен поткуп кој доаѓа на само неколку месеци пред двојните парламентарни и претседателски избори. Овој пакет на мерки не е за системска помош на најранливите категории граѓани, туку за очигледен евтин поткуп на гласови. Со овој пакет на мерки не се носат системски мерки кои значително ќе ја подобрат положбата на пензионерите, социјално загрозените и семејствата со ниски примања туку се врши еднократен поткуп на гласови, со пари кои оваа Влада ги задолжува сите граѓани. Го зголемија долгот за да поткупуваат гласови, истакна Ивица Томовски, член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

-Со овој пакет на мерки Владата и официјално признава дека владее огромна сиромаштија, дека пензионерите и голем број на семејства се доведени до работ на егзистенција. Суштината и главната поента е што Владата троши 2 милијарди евра за градба на коридори преку фирми на ДУИ и СДС, троши тешки милиони евра за копање во РЕК Битола и компаниите и бизнисите на власта работат одлично, а ваму, за народот даваат по 500 и 1.000 денари за да помогнат. Тој поткуп кој оваа власт го вика помош од 500 и 1.000 денари не вредат ништо кога инфлацијата е двоцифрена, кога сите производи за мала потрошувачка по продавниците вртоглаво растат, кога храната е поскапена за 200% и затоа оваа власт го потценува народот со овој поткуп.

Милиони за тендери и полнење на џебовите на власта, 1000-ка и 500 денари за народот. Во земјава на крајот на годината ќе има околу 600.000 луѓе кои живеат во сиромаштија, што е секој трет човек, со само 60 денари на ден преживуваат 80.000 граѓани, а со 150 денари 600.000 граѓани и на крај една порака до сите граѓани, земете ги парите кои ги нудат, и добро знаете што треба да направите зад параванот за гласање на денот на избори.

Важно е оваа неспособна и криминална власт да се промени, додава Томовски.

https://youtu.be/0ZvGZp10Vrk?si=lGra4jBmuQ4OBW53

 

The post Томовски: Пакетот на мерки на Владата е поткуп пред избори appeared first on Република.

]]>

Пакет на мерки кои спреми Владата на Ковачевски и Ахмети не е ништо друго туку пакет за евтин предизборен поткуп кој доаѓа на само неколку месеци пред двојните парламентарни и претседателски избори. Овој пакет на мерки не е за системска помош на најранливите категории граѓани, туку за очигледен евтин поткуп на гласови. Со овој пакет на мерки не се носат системски мерки кои значително ќе ја подобрат положбата на пензионерите, социјално загрозените и семејствата со ниски примања туку се врши еднократен поткуп на гласови, со пари кои оваа Влада ги задолжува сите граѓани. Го зголемија долгот за да поткупуваат гласови, истакна Ивица Томовски, член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. -Со овој пакет на мерки Владата и официјално признава дека владее огромна сиромаштија, дека пензионерите и голем број на семејства се доведени до работ на егзистенција. Суштината и главната поента е што Владата троши 2 милијарди евра за градба на коридори преку фирми на ДУИ и СДС, троши тешки милиони евра за копање во РЕК Битола и компаниите и бизнисите на власта работат одлично, а ваму, за народот даваат по 500 и 1.000 денари за да помогнат. Тој поткуп кој оваа власт го вика помош од 500 и 1.000 денари не вредат ништо кога инфлацијата е двоцифрена, кога сите производи за мала потрошувачка по продавниците вртоглаво растат, кога храната е поскапена за 200% и затоа оваа власт го потценува народот со овој поткуп. Милиони за тендери и полнење на џебовите на власта, 1000-ка и 500 денари за народот. Во земјава на крајот на годината ќе има околу 600.000 луѓе кои живеат во сиромаштија, што е секој трет човек, со само 60 денари на ден преживуваат 80.000 граѓани, а со 150 денари 600.000 граѓани и на крај една порака до сите граѓани, земете ги парите кои ги нудат, и добро знаете што треба да направите зад параванот за гласање на денот на избори. Важно е оваа неспособна и криминална власт да се промени, додава Томовски. https://youtu.be/0ZvGZp10Vrk?si=lGra4jBmuQ4OBW53  

The post Томовски: Пакетот на мерки на Владата е поткуп пред избори appeared first on Република.

]]>
ЦК на ВМРО-ДПМНЕ: Го осуетивме планот на власта, продолжуваме обединето и кохезивно, нема уставни измени под бугарски диктат https://republika.mk/vesti/makedonija/tsk-na-vmro-dpmne-go-osuetivme-planot-na-vlasta-prodolzhuvame-obedineto-i-kohezivno-nema-ustavni-izmeni-pod-bugarski-diktat/ Thu, 21 Sep 2023 19:11:26 +0000 https://republika.mk/?p=683923

Седницата на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ заседава во моментов. Станува збор за редовна седница на Централниот комитет на партијата, на која се зборува за актуелната политичка и економска состојба.

Се реафирмираа ставовите кои беа изнесени во јавноста минатите денови, а тоа е дека ВМРО-ДПМНЕ го осуети планот на власта, на оската ДУИ – СДС и поранешни функционери на опозицијата кои одлучиле да се стават на нивно располагање преку валкани дилови за причини само ним познати, а кои директно ќе одат на штета на македонскиот народ.

Дополнително, се потврди силната кохезија која ја има пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата од почеток до крај сите 44 пратеници, а во однос на неприфаќање на уставни измени под бугарски диктат.

Воедно, падна во вода и тезата која власта ја пласираше години наназад во јавноста дека партијата ја раководат други лица, затоа што различностите се очигледни денес.

ВМРО-ДПМНЕ е главен партнер на идната влада која ќе ги донесе промените кои и се неопходни на Македонија, а потоа ќе следи одговорност за сите кои во различни сфери и области направиле голема штета на Македонија

The post ЦК на ВМРО-ДПМНЕ: Го осуетивме планот на власта, продолжуваме обединето и кохезивно, нема уставни измени под бугарски диктат appeared first on Република.

]]>

Седницата на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ заседава во моментов. Станува збор за редовна седница на Централниот комитет на партијата, на која се зборува за актуелната политичка и економска состојба. Се реафирмираа ставовите кои беа изнесени во јавноста минатите денови, а тоа е дека ВМРО-ДПМНЕ го осуети планот на власта, на оската ДУИ – СДС и поранешни функционери на опозицијата кои одлучиле да се стават на нивно располагање преку валкани дилови за причини само ним познати, а кои директно ќе одат на штета на македонскиот народ. Дополнително, се потврди силната кохезија која ја има пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата од почеток до крај сите 44 пратеници, а во однос на неприфаќање на уставни измени под бугарски диктат. Воедно, падна во вода и тезата која власта ја пласираше години наназад во јавноста дека партијата ја раководат други лица, затоа што различностите се очигледни денес. ВМРО-ДПМНЕ е главен партнер на идната влада која ќе ги донесе промените кои и се неопходни на Македонија, а потоа ќе следи одговорност за сите кои во различни сфери и области направиле голема штета на Македонија

The post ЦК на ВМРО-ДПМНЕ: Го осуетивме планот на власта, продолжуваме обединето и кохезивно, нема уставни измени под бугарски диктат appeared first on Република.

]]>
ЦК на ВМРО-ДПМНЕ со две барања: Организирање на предвремени парламентарни избори и итно усвојување на нашите предлози за закрепнување на економијата https://republika.mk/vesti/makedonija/ck-na-vmro-dpmne-so-dve-baranja-organiziranje-na-predvremeni-parlamentarni-izbori-i-itno-usvojuvanje-na-predlozite-za-zakrepnuvanje-na-ekonomijata/ Thu, 24 Nov 2022 20:22:17 +0000 https://republika.mk/?p=577961

Денес се одржа седница на Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ овде во Прилеп на кои се разговараше за тешката економска и политичка состојба, изјави по завршување на седницата, потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ, Владо Мисајловски.

ВМРО-ДПМНЕ смета дека оваа влада ја донесе државата во девастирачка состојба каде најглавните проблеми на граѓаните се инфлацијата, растечката сиромаштија, скапата струја, ниските плати и лошиот стандард.

Не помалку сложена е ситуацијата и на политички план. Владата создавајќи го проблемот со Бугарија државата ја втурна во ќорсокак без надеж за напредок во евроинтеграциите.

Нема интеграција, но има условувања и откажувања од идентитетот кои се туркаат на мала врата.

Токму поради сето ова Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ усвои две главни барања како одговор на политичката и економската криза.

Првото е организирање на предвремени парламентарни избори најдоцна до пролет 2023та година како единствен излез од економската и политичка криза, и поддршка на Централниот Комитет на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во ставот за неприфаќање на промена на Уставот под диктат на Бугарија.

Второто барање се итно усвојување на нашите предлози кои се однесуваат за закрепнување на економијата, стандардот и општественото живеење, а чии предлози се наоѓаат во собрание во форма на предложени амандмански решенија за новиот буџет. Овој пакет од над 10 мерки значи интервентна поддршка на економијата

Бараме:

1.Одложување на зголемување на даноците преку одложување на предвиденото прогресивно оданочување кое треба да започне од 01.01.23та година.

2.Спречување на зголемување на цената на струјата за домаќинствата и бизнисот преку одложување на предвиденото зголемување на ДДВ за струја од 05 на 10%.

3.Воведување на викенд без ДДВ до крај на кризната состојба

4.Поддршка на домашните компании преку намалување на акцизата за течни горива.

5.Парична помош на ученици од основно и средно образование од семејствата со месечни примања помали од просечна плата.

6.Субвенции за зголемување на висината на студентскиот оброк од 120 на 160 денари.

7.Реконструкција на студентските домови.

8.Набавка на нова медицинска опрема за јавните здравствени установи.

9.Зголемување на буџетот за набавка на инсулин.

10.Зголемена капитација на бодовите за матични лекари, стоматолози и гинеколози.

Сосема е јасно дека со оваа влада Македонија тоне.

Потребни се промени кои ќе обезбедат иднина.

Бараме сериозен пристап и сериозен одговор од власта, рече Мисајловски.

 

The post ЦК на ВМРО-ДПМНЕ со две барања: Организирање на предвремени парламентарни избори и итно усвојување на нашите предлози за закрепнување на економијата appeared first on Република.

]]>

Денес се одржа седница на Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ овде во Прилеп на кои се разговараше за тешката економска и политичка состојба, изјави по завршување на седницата, потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ, Владо Мисајловски. ВМРО-ДПМНЕ смета дека оваа влада ја донесе државата во девастирачка состојба каде најглавните проблеми на граѓаните се инфлацијата, растечката сиромаштија, скапата струја, ниските плати и лошиот стандард. Не помалку сложена е ситуацијата и на политички план. Владата создавајќи го проблемот со Бугарија државата ја втурна во ќорсокак без надеж за напредок во евроинтеграциите. Нема интеграција, но има условувања и откажувања од идентитетот кои се туркаат на мала врата. Токму поради сето ова Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ усвои две главни барања како одговор на политичката и економската криза. Првото е организирање на предвремени парламентарни избори најдоцна до пролет 2023та година како единствен излез од економската и политичка криза, и поддршка на Централниот Комитет на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во ставот за неприфаќање на промена на Уставот под диктат на Бугарија. Второто барање се итно усвојување на нашите предлози кои се однесуваат за закрепнување на економијата, стандардот и општественото живеење, а чии предлози се наоѓаат во собрание во форма на предложени амандмански решенија за новиот буџет. Овој пакет од над 10 мерки значи интервентна поддршка на економијата Бараме: 1.Одложување на зголемување на даноците преку одложување на предвиденото прогресивно оданочување кое треба да започне од 01.01.23та година. 2.Спречување на зголемување на цената на струјата за домаќинствата и бизнисот преку одложување на предвиденото зголемување на ДДВ за струја од 05 на 10%. 3.Воведување на викенд без ДДВ до крај на кризната состојба 4.Поддршка на домашните компании преку намалување на акцизата за течни горива. 5.Парична помош на ученици од основно и средно образование од семејствата со месечни примања помали од просечна плата. 6.Субвенции за зголемување на висината на студентскиот оброк од 120 на 160 денари. 7.Реконструкција на студентските домови. 8.Набавка на нова медицинска опрема за јавните здравствени установи. 9.Зголемување на буџетот за набавка на инсулин. 10.Зголемена капитација на бодовите за матични лекари, стоматолози и гинеколози. Сосема е јасно дека со оваа влада Македонија тоне. Потребни се промени кои ќе обезбедат иднина. Бараме сериозен пристап и сериозен одговор од власта, рече Мисајловски.  

The post ЦК на ВМРО-ДПМНЕ со две барања: Организирање на предвремени парламентарни избори и итно усвојување на нашите предлози за закрепнување на економијата appeared first on Република.

]]>