центар за младински активизам Archives - Република https://republika.mk/tema/centar-za-mladinski-aktivizam/ За подобро да се разбереме Sat, 15 Oct 2022 14:24:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png центар за младински активизам Archives - Република https://republika.mk/tema/centar-za-mladinski-aktivizam/ 32 32 Ковачевски им порача на младите од Тетово: Бидете горди и богати, а не горди и сиромашни https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-im-poracha-na-mladite-od-tetovo-bidete-gordi-i-bogati-a-ne-gordi-i-siromashni/ Sat, 15 Oct 2022 14:24:29 +0000 https://republika.mk/?p=561486

Претседателот на Владата на Република Македонија Димитар Ковачевски денеска присуствуваше и говореше на отворањето на Центар за младински активизам во Општина Тетово, на кое присуствуваа и градоначалниците на Тетово и Гостивар Биљал Касами и Арбен Таравари.

Премиерот Ковачевски истакна дека отворањето на овој простор значи уште едно место каде младите ќе може да ги споделуваат своите идеи, да ги разменуваат своите искуства, да се организираат во активизмот за нивна реализација, затоа што секој млад човек е исклучително важен дел од општеството денес но и за иднината на државата.

Премиерот посочи дека оваа Влада е со прогресивни идеи за напредок и за одење напред на државата. Затоа и изминатиот период беа донесени одлуки со кои овозможивме започнување на преговорите за полноправно членство на Република Македонија во Европската Унија, кои се од суштинско значење за младите и за сите граѓани.

Премиерот рече дека државата има два концепта едниот концепт е тој на чие чело е тој - концептот за европска Македонија, а другиот на опозицијата кој ја води земјата во изолираност, посочувајќи дека нашите граѓани заслужуваат да бидат горди со крената глава и богати, а не да бидат горди, сиромашни и изолирани во својата сопствена држава.

Премиерот посочи дека Владата е отворена за соработка со младите, а тоа може да се види и од инклузивниот процес кој ги вклучува младите и средношколците и експертите во сите закони, мерки и политики од интерес за младите.

„Истото се однесува и на националната стратегија за млади која што е во изработка но и на сите други програми кои Влада ги прави за да може младите да најдат перспектива во оваа држава. Тука пред се мислам на грантовите за вработување на млади до 29 години со завршено образование како и за сите други програми во фондот за иновации, до поддршка на инвестиции за млади кои им овозможуваат да започнат свој сопствен бизнис", рече премиерот Ковачевски.

The post Ковачевски им порача на младите од Тетово: Бидете горди и богати, а не горди и сиромашни appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Владата на Република Македонија Димитар Ковачевски денеска присуствуваше и говореше на отворањето на Центар за младински активизам во Општина Тетово, на кое присуствуваа и градоначалниците на Тетово и Гостивар Биљал Касами и Арбен Таравари. Премиерот Ковачевски истакна дека отворањето на овој простор значи уште едно место каде младите ќе може да ги споделуваат своите идеи, да ги разменуваат своите искуства, да се организираат во активизмот за нивна реализација, затоа што секој млад човек е исклучително важен дел од општеството денес но и за иднината на државата. Премиерот посочи дека оваа Влада е со прогресивни идеи за напредок и за одење напред на државата. Затоа и изминатиот период беа донесени одлуки со кои овозможивме започнување на преговорите за полноправно членство на Република Македонија во Европската Унија, кои се од суштинско значење за младите и за сите граѓани. Премиерот рече дека државата има два концепта едниот концепт е тој на чие чело е тој - концептот за европска Македонија, а другиот на опозицијата кој ја води земјата во изолираност, посочувајќи дека нашите граѓани заслужуваат да бидат горди со крената глава и богати, а не да бидат горди, сиромашни и изолирани во својата сопствена држава. Премиерот посочи дека Владата е отворена за соработка со младите, а тоа може да се види и од инклузивниот процес кој ги вклучува младите и средношколците и експертите во сите закони, мерки и политики од интерес за младите.
„Истото се однесува и на националната стратегија за млади која што е во изработка но и на сите други програми кои Влада ги прави за да може младите да најдат перспектива во оваа држава. Тука пред се мислам на грантовите за вработување на млади до 29 години со завршено образование како и за сите други програми во фондот за иновации, до поддршка на инвестиции за млади кои им овозможуваат да започнат свој сопствен бизнис", рече премиерот Ковачевски.

The post Ковачевски им порача на младите од Тетово: Бидете горди и богати, а не горди и сиромашни appeared first on Република.

]]>