цени Archives - Република https://republika.mk/tema/ceni/ За подобро да се разбереме Mon, 11 Nov 2024 12:29:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png цени Archives - Република https://republika.mk/tema/ceni/ 32 32 Катастарот ги намали цените на услугите, на потег се геодетите https://republika.mk/vesti/ekonomija/katastarot-gi-namali-tsenite-na-uslugite-na-poteg-se-geodetite/ Mon, 11 Nov 2024 12:29:22 +0000 https://republika.mk/?p=836341

Во почетокот на 2024 година, кога беа покачени цените на катастарските услуги, се зголемија и цените на услугите на приватните геодетски фирми. Ние сега ги намаливме нашите цени, на потег се геодетите - дали ќе се одважат и ќе побараат намалување и на нивните цени кон граѓаните. Но, според моите информации, за такво нешто не ни размислуваат, рече денеска директорот на Агенцијата за катастар на недвижности Иван Живковски, одговорајќи на новинарски прашања по промоцијата на новиот портал „е-услуги“.

Живковски истакна дека Катастарот, сепак, не сака да се меша во политиката на Комората, туку сака единствено да обезбеди брзи, ефикасни и што поевтини услуги за сите корисници.

Согласно информациите со кои располагам, нема намалување на тарифиникот. Комората на геодети прво треба да предложи и ние да дадеме согласнот. Предлогот мора да да биде одобрен од нивна страна, но колку што имам информации, во моментов за такво нешто не ни размислуваат. Ние не би се мешале во таа политика, тоа е политика на Комората на геодети. Нашата визија и цел е да им пружиме на граѓаните и правните лица, на сите наши корисници, брза, ефикасна и што поевтина услуга- напомена директорот.

Тој потсети дека една од првите активности што ги преземал откако стапил на фунцијата, бил токму предлогот да се намалат цените на катастарските услуги до 75 проценти што веќе, рече, од пред околу три недели и функционира во пракса.

Тоа го најавивме од тука со премиерот Христијан Мицкоски во август. Целата постапка финишираше, прво се направи анализа која потоа беше доставена до Управниот одбор кој ја одобри, па постапката потоа се префлри во Владата, помина во Генералниот секретаријат и Комисијата за економски прашања по што беше донесена владина одлука со која се потврди новиот тарифник. Тие цени се во сила од пред околу три недели и граѓаните во моментов плаќаат 75 отсто помали цени за услугите што ги добиваат - подвлече Живковски.

The post Катастарот ги намали цените на услугите, на потег се геодетите appeared first on Република.

]]>

Во почетокот на 2024 година, кога беа покачени цените на катастарските услуги, се зголемија и цените на услугите на приватните геодетски фирми. Ние сега ги намаливме нашите цени, на потег се геодетите - дали ќе се одважат и ќе побараат намалување и на нивните цени кон граѓаните. Но, според моите информации, за такво нешто не ни размислуваат, рече денеска директорот на Агенцијата за катастар на недвижности Иван Живковски, одговорајќи на новинарски прашања по промоцијата на новиот портал „е-услуги“. Живковски истакна дека Катастарот, сепак, не сака да се меша во политиката на Комората, туку сака единствено да обезбеди брзи, ефикасни и што поевтини услуги за сите корисници.
Согласно информациите со кои располагам, нема намалување на тарифиникот. Комората на геодети прво треба да предложи и ние да дадеме согласнот. Предлогот мора да да биде одобрен од нивна страна, но колку што имам информации, во моментов за такво нешто не ни размислуваат. Ние не би се мешале во таа политика, тоа е политика на Комората на геодети. Нашата визија и цел е да им пружиме на граѓаните и правните лица, на сите наши корисници, брза, ефикасна и што поевтина услуга- напомена директорот.
Тој потсети дека една од првите активности што ги преземал откако стапил на фунцијата, бил токму предлогот да се намалат цените на катастарските услуги до 75 проценти што веќе, рече, од пред околу три недели и функционира во пракса.
Тоа го најавивме од тука со премиерот Христијан Мицкоски во август. Целата постапка финишираше, прво се направи анализа која потоа беше доставена до Управниот одбор кој ја одобри, па постапката потоа се префлри во Владата, помина во Генералниот секретаријат и Комисијата за економски прашања по што беше донесена владина одлука со која се потврди новиот тарифник. Тие цени се во сила од пред околу три недели и граѓаните во моментов плаќаат 75 отсто помали цени за услугите што ги добиваат - подвлече Живковски.

The post Катастарот ги намали цените на услугите, на потег се геодетите appeared first on Република.

]]>
Се зголемува цената на бензините https://republika.mk/vesti/ekonomija/se-zgolemuva-tsenata-na-benzinite/ Mon, 11 Nov 2024 11:59:05 +0000 https://republika.mk/?p=836330

Од полноќ горивата ќе се точат по нови цени.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се менува.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемува за 1,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,859 ден/кг и сега ќе изнесува 43,844 ден/кг.

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 76,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 78,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 70,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 69,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 43,844 (денари/килограм)

The post Се зголемува цената на бензините appeared first on Република.

]]>

Од полноќ горивата ќе се точат по нови цени. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се менува. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемува за 1,50 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,859 ден/кг и сега ќе изнесува 43,844 ден/кг. Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 76,00 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 78,00 (денари/литар) Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 70,50 (денари/литар) Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 69,50 (денари/литар) Мазут М-1 НС 43,844 (денари/килограм)

The post Се зголемува цената на бензините appeared first on Република.

]]>
Цените на угостителските услуги не престануваат да растат https://republika.mk/vesti/ekonomija/tsenite-na-ugostitelskite-uslugi-ne-prestanuvaat-da-rastat/ Tue, 05 Nov 2024 13:52:16 +0000 https://republika.mk/?p=834395

Во октомври споредено со септември пораснале цените за угостителските услуги за 1,1 процент, додека пак во однос на октомври минатата година се зголемени за 6.1 процент, покажуваат податоците на Државниот завод за статистиска.

Според пресметките кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги во периодот јануари – октомври во однос на истиот период лани е зголемен за 5,6 проценти, а во однос на декември минатата година за 3 проценти.

Податоците покажуваат дека на годишно ниво ноќевањата поскапеле за 21,3%, алкохолот за 4,9% и храната за 2,1%.

На месечно ниво ноќевањата поскапеле за 5,9%, алкохолот за 0,3%, а храната за 0,2%.

Кумулативно за периодот јануари-октомври најмногу поскапеле ноќевањата за 13,5% и алкохолот за 5,6%. Храната што се нуди во овие објекти во истиот период поскапела за 3,4%.

The post Цените на угостителските услуги не престануваат да растат appeared first on Република.

Од полноќ: Се намалуваат цените на бензините, поевтинува и дизелот https://republika.mk/vesti/ekonomija/od-polnok-se-namaluvaat-tsenite-na-benzinite-poevtinuva-i-dizelot/ Mon, 04 Nov 2024 12:10:00 +0000 https://republika.mk/?p=834001

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 28.10.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 75,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 77,50 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалува за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 28.10.2024 година и со тоа, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 68,50 ден/лит.

The post Од полноќ: Се намалуваат цените на бензините, поевтинува и дизелот appeared first on Република.

]]>

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 28.10.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 75,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 77,50 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалува за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 28.10.2024 година и со тоа, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 68,50 ден/лит.

The post Од полноќ: Се намалуваат цените на бензините, поевтинува и дизелот appeared first on Република.

]]>
Филипче: До 2.000 денари ќе се штеди месечно на храна, СДСМ поднесува закон за намалување на цени https://republika.mk/vesti/ekonomija/filipche-do-2-000-denari-ke-se-shtedi-mesechno-na-hrana-sdsm-podnesuva-zakon-za-namaluvane-na-tseni/ Mon, 04 Nov 2024 11:42:45 +0000 https://republika.mk/?p=833985

Во насока на ублажување на ударот по стандардот на граѓаните и реално намалување на трошоците од месечната потрошувачка кошничка, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денеска во Собранието поднесе Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност.

Предлог-законот го претстави претседателот на СДСМ, Венко Филипче според кого, измените ќе значат месечна заштеда за граѓаните од 1.200 до 2.000 денари.

Во Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност се предвидува укинување на ДДВ-то за прехранбените производи, односно од 5% на нула проценти ДДВ, за сите основни производи за исхрана. Во предлогот се опфатени над 250 категории производи кои ќе бидат со нула проценти ДДВ - истакна Филипче на денешната прес-конференција што се одржа во Собранието.

Имајќи предвид дека учеството на храната и пијалакот во потрошувачката кошничка изнесува 23.000 денари, според Филипче, ефектите од намалувањето на ДДВ-то на нула проценти ќе донесе заштеда за граѓаните до 2 илјади денари месечно.

Она што е најважно е дека за спроведувањето на предлог-законот не е потребно обезбедување на финансиски средства и оваа мерка нема да може да биде изиграна од трговците како што тоа се случи со мерките на Владата на Христијан Мицкоски - рече Филипче.

СДСМ преку консултации со експерти и бизнис секторот разви мерки кои го штитат стандардот на граѓаните без да ги оптоваруваат компаниите и како опозиција и понатаму остануваме посветени на заштита на нивните интереси, додаде Филипче

Тој ги повика сите пратеници, без разлика на политичката идеологија, да го поддржат законот, но упати и критика до владините политики кои ги оставија граѓаните со сè помали буџети за кои основните прехранбени производи станаа луксуз, а мерките за нивно поевтинување се сведоа на празни налепници и неефикасна ПР кампања.

По еден месец, владината мерка за наводно поевтини основни прехранбени производи, се покажа како целосно неефикасна. Потрошувачката кошничка се намали само за 57 денари додека истовремено платите паѓаат. Реалноста е дека голем дел од цените не се намалија, некои се намалија минимално, а за некои производи цените дури и се зголемија - потенцира Филипче.

Претседателот на СДСМ потсети на ефективните економски модели што ги спроведуваше Владата на СДСМ, кои со само една мерка овозможија поевтинување на над 500 производи, или пет пати повеќе од сегашните резултати.

The post Филипче: До 2.000 денари ќе се штеди месечно на храна, СДСМ поднесува закон за намалување на цени appeared first on Република.

]]>

Во насока на ублажување на ударот по стандардот на граѓаните и реално намалување на трошоците од месечната потрошувачка кошничка, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денеска во Собранието поднесе Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност. Предлог-законот го претстави претседателот на СДСМ, Венко Филипче според кого, измените ќе значат месечна заштеда за граѓаните од 1.200 до 2.000 денари.
Во Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност се предвидува укинување на ДДВ-то за прехранбените производи, односно од 5% на нула проценти ДДВ, за сите основни производи за исхрана. Во предлогот се опфатени над 250 категории производи кои ќе бидат со нула проценти ДДВ - истакна Филипче на денешната прес-конференција што се одржа во Собранието.
Имајќи предвид дека учеството на храната и пијалакот во потрошувачката кошничка изнесува 23.000 денари, според Филипче, ефектите од намалувањето на ДДВ-то на нула проценти ќе донесе заштеда за граѓаните до 2 илјади денари месечно.
Она што е најважно е дека за спроведувањето на предлог-законот не е потребно обезбедување на финансиски средства и оваа мерка нема да може да биде изиграна од трговците како што тоа се случи со мерките на Владата на Христијан Мицкоски - рече Филипче.
СДСМ преку консултации со експерти и бизнис секторот разви мерки кои го штитат стандардот на граѓаните без да ги оптоваруваат компаниите и како опозиција и понатаму остануваме посветени на заштита на нивните интереси, додаде Филипче Тој ги повика сите пратеници, без разлика на политичката идеологија, да го поддржат законот, но упати и критика до владините политики кои ги оставија граѓаните со сè помали буџети за кои основните прехранбени производи станаа луксуз, а мерките за нивно поевтинување се сведоа на празни налепници и неефикасна ПР кампања.
По еден месец, владината мерка за наводно поевтини основни прехранбени производи, се покажа како целосно неефикасна. Потрошувачката кошничка се намали само за 57 денари додека истовремено платите паѓаат. Реалноста е дека голем дел од цените не се намалија, некои се намалија минимално, а за некои производи цените дури и се зголемија - потенцира Филипче.
Претседателот на СДСМ потсети на ефективните економски модели што ги спроведуваше Владата на СДСМ, кои со само една мерка овозможија поевтинување на над 500 производи, или пет пати повеќе од сегашните резултати.

The post Филипче: До 2.000 денари ќе се штеди месечно на храна, СДСМ поднесува закон за намалување на цени appeared first on Република.

]]>
РКЕ донесе одлука: Поскапуваат дел од горивата https://republika.mk/vesti/ekonomija/rke-donese-odluka-poskapuvaat-del-od-gorivata/ Mon, 28 Oct 2024 12:42:08 +0000 https://republika.mk/?p=831711

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 21.10.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 77,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 79,00 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се зголемува за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на\ нафтените деривати и горива за транспорт од 21.10.2024 година и со тоа, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 69,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се зголемува за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 21.10.2024 година и со тоа, малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 69,00 ден/лит.

The post РКЕ донесе одлука: Поскапуваат дел од горивата appeared first on Република.

]]>

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 21.10.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 77,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 79,00 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се зголемува за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на\ нафтените деривати и горива за транспорт од 21.10.2024 година и со тоа, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 69,00 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се зголемува за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 21.10.2024 година и со тоа, малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 69,00 ден/лит.

The post РКЕ донесе одлука: Поскапуваат дел од горивата appeared first on Република.

]]>
ССМ: Трговците се алчни, прво ги зголемија, па ги намалија цените, Владата да преземе поригорозни мерки https://republika.mk/vesti/ekonomija/ssm-trgovtsite-se-alchni-prvo-gi-zgolemija-pa-gi-namalija-tsenite-vladata-da-prezeme-porigorozni-merki/ Fri, 25 Oct 2024 10:38:24 +0000 https://republika.mk/?p=830915

Трговците се алчни, повторно се обидуваат да заработуваат на грбот на граѓаните. Владата треба да преземе поригорозни чекори, рече денеска претседателот на ССМ Слободан Трендафилов, коментирајќи ги ефектите од есенската кошничка.

Како што истакна Трендафилов, трговците го искористија периодот кога мерката за ограничување на маржите беше најавувана, па прво ги зголемија цените, за потоа, кога мерката стапи во сила, да ги намалат.

ССМ не очекува многу и од Законот за нефер трговски практики зашто, според Трендафилов, Инспекторатот кубури со луѓе и не може да исконтролира огромен број трговци.

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши во врска со Законот за нефер трговски практики, најави казни по Нова година. Дотогаш, рече, ќе се изрекуваат само опомени. Комисијата за заштита од конкуренција ќе има пет членови, а тројца ќе бидат дел од посебен сектор кој ќе се занимава само со прекршоци.

Вкупно 47 производи од синдикалната кошничка беа опфатени со есенската. За жал, трговците го искористија перидот кога мерката се најавуваше и ги зголемија цените па синдикалната кошничка во делот на храната и пијалаците за септември беше зголемена за околу 750 денари, а сега, за октомври, е намалена за 960 денари. Трговците беа алчни, на грбот на работниците повторно се обидуваат да заработуваат. Зголемените цени во септември само ги намалија во октомври и повторно останаа со истиот профит. Сметам дека Владата треба да преземе поригорозни чекори за да ги спречи ваквите појави. Чекаме да профункционира и ограничувањето на маржите со Законот за нефер трговски практики, но слаб е настапот на Инспекторатот, не зашто не сака, туку зашто има многу мал број луѓе за да исконтролира огромен број трговци - истакна претседателот на ССМ.

Тој напомена дека Владата треба да го вклучи ССМ во креирањето на новите мерки за ограничување на маржите.

Две третини од тоа што Владата предвиде, е од минимналната синдикална кошничка, а ние ја пресмтуваме и најдобро знамеме што е потребно, нагласи Трендафилов.

Според министерот, откако е донесен Законот за нефер трговски практики, се следи ситуацијата на терен.

До крајот на годинава им дадовме време на добавувачите да ги усогласат цените, а по Нова Година, ќе се пишуваат казни. Дотогаш ќе има опомени и советувања за тоа како да ги прават договорите согласно Законот за нефер трговски практики. И Комисијата и секторот ќе ги разгледуваат овие договори што ќе ги склучуваат добавувачите и откупувачите. Мислам дека ќе се контролираат многу добро. Пример е Хрватска каде исто така е формирана Комисија за заштита од конкуренција од пет члена и функционира многу добро. Откога е донесен Законот за нефер трговски практики, ние сме на терен. Реализирани се состаноци со трговците, проиозводителите и дистрибутерите, ги слушнавме нивните маки, со што се соочуваат. Ако треба, за да функционират како што треба, во наредниот период ќе се додадат и нови членови. Законот е нов и затоа ги слушаме нивните забелешки - истакна Дурмиши.

Министерот и Трендафилов присуствуваа на настанот по повод одбележувањето на Европската недела на безбедност и здравје при работа

The post ССМ: Трговците се алчни, прво ги зголемија, па ги намалија цените, Владата да преземе поригорозни мерки appeared first on Република.

]]>

Трговците се алчни, повторно се обидуваат да заработуваат на грбот на граѓаните. Владата треба да преземе поригорозни чекори, рече денеска претседателот на ССМ Слободан Трендафилов, коментирајќи ги ефектите од есенската кошничка. Како што истакна Трендафилов, трговците го искористија периодот кога мерката за ограничување на маржите беше најавувана, па прво ги зголемија цените, за потоа, кога мерката стапи во сила, да ги намалат. ССМ не очекува многу и од Законот за нефер трговски практики зашто, според Трендафилов, Инспекторатот кубури со луѓе и не може да исконтролира огромен број трговци. Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши во врска со Законот за нефер трговски практики, најави казни по Нова година. Дотогаш, рече, ќе се изрекуваат само опомени. Комисијата за заштита од конкуренција ќе има пет членови, а тројца ќе бидат дел од посебен сектор кој ќе се занимава само со прекршоци. Вкупно 47 производи од синдикалната кошничка беа опфатени со есенската. За жал, трговците го искористија перидот кога мерката се најавуваше и ги зголемија цените па синдикалната кошничка во делот на храната и пијалаците за септември беше зголемена за околу 750 денари, а сега, за октомври, е намалена за 960 денари. Трговците беа алчни, на грбот на работниците повторно се обидуваат да заработуваат. Зголемените цени во септември само ги намалија во октомври и повторно останаа со истиот профит. Сметам дека Владата треба да преземе поригорозни чекори за да ги спречи ваквите појави. Чекаме да профункционира и ограничувањето на маржите со Законот за нефер трговски практики, но слаб е настапот на Инспекторатот, не зашто не сака, туку зашто има многу мал број луѓе за да исконтролира огромен број трговци - истакна претседателот на ССМ. Тој напомена дека Владата треба да го вклучи ССМ во креирањето на новите мерки за ограничување на маржите. Две третини од тоа што Владата предвиде, е од минимналната синдикална кошничка, а ние ја пресмтуваме и најдобро знамеме што е потребно, нагласи Трендафилов. Според министерот, откако е донесен Законот за нефер трговски практики, се следи ситуацијата на терен.
До крајот на годинава им дадовме време на добавувачите да ги усогласат цените, а по Нова Година, ќе се пишуваат казни. Дотогаш ќе има опомени и советувања за тоа како да ги прават договорите согласно Законот за нефер трговски практики. И Комисијата и секторот ќе ги разгледуваат овие договори што ќе ги склучуваат добавувачите и откупувачите. Мислам дека ќе се контролираат многу добро. Пример е Хрватска каде исто така е формирана Комисија за заштита од конкуренција од пет члена и функционира многу добро. Откога е донесен Законот за нефер трговски практики, ние сме на терен. Реализирани се состаноци со трговците, проиозводителите и дистрибутерите, ги слушнавме нивните маки, со што се соочуваат. Ако треба, за да функционират како што треба, во наредниот период ќе се додадат и нови членови. Законот е нов и затоа ги слушаме нивните забелешки - истакна Дурмиши.
Министерот и Трендафилов присуствуваа на настанот по повод одбележувањето на Европската недела на безбедност и здравје при работа

The post ССМ: Трговците се алчни, прво ги зголемија, па ги намалија цените, Владата да преземе поригорозни мерки appeared first on Република.

]]>
Стапуваат во сила новите пониски цени на услугите на Агенцијата за катастар на недвижности https://republika.mk/vesti/makedonija/stapuvaat-vo-sila-novite-poniski-tseni-na-uslugite-na-agentsijata-za-katastar-na-nedvizhnosti/ Thu, 24 Oct 2024 07:17:49 +0000 https://republika.mk/?p=830386

Агенцијата за катастар на недвижности соопшти дека од денеска стапуваат во сила новите намалени цени за голем дел од нејзините услуги. Минатата недела во Службен весник беа објавени измените и дополнувањата на тарифниците, со кои се врши промена и намалување на цените на најкористените услуги на Агенцијата за дури 75 отсто.

Досега, граѓаните при купопродажба на стан и паркинг простор плаќаа за четири имотни листови вкупно 5.000 денари. Со новите промени, таа услуга ќе чини само 1.250 денари, без разлика на бројот на имотни листови, по правен основ, во една катастарска општина. Ова претставува намалување за цели 75%.

Дополнително, со ова намалување се опфатени и наследните решенија и договорите за дар каде отсега ќе се наплаќа по правен основ во една катастарска општина во износ од 1250 денари, а не како досега за секој имотен лист по 1250 денари.

Новината, која заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, ја најавивме пред околу два месеци, од денес стапува на сила. Со ова ги исполнуваме нашите ветувања за пониски цени на голем дел од услугите на Агенцијата, потврдувајќи дека граѓаните и Македонија се наш приоритет. Благодарност до Владата која даде поддршка и го прифати нашиот предлог, вели директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, Иван Живковски.

Тој посочува дека со намалувањето на цените се завршува процес на кој активно се работеше во изминатите два месеци. Во следниот период, фокусот ќе биде ставен на дигитализацијата на катастарот, со цел услугите да бидат уште подостапни за граѓаните и правните лица.

The post Стапуваат во сила новите пониски цени на услугите на Агенцијата за катастар на недвижности appeared first on Република.

]]>

Агенцијата за катастар на недвижности соопшти дека од денеска стапуваат во сила новите намалени цени за голем дел од нејзините услуги. Минатата недела во Службен весник беа објавени измените и дополнувањата на тарифниците, со кои се врши промена и намалување на цените на најкористените услуги на Агенцијата за дури 75 отсто. Досега, граѓаните при купопродажба на стан и паркинг простор плаќаа за четири имотни листови вкупно 5.000 денари. Со новите промени, таа услуга ќе чини само 1.250 денари, без разлика на бројот на имотни листови, по правен основ, во една катастарска општина. Ова претставува намалување за цели 75%. Дополнително, со ова намалување се опфатени и наследните решенија и договорите за дар каде отсега ќе се наплаќа по правен основ во една катастарска општина во износ од 1250 денари, а не како досега за секој имотен лист по 1250 денари. Новината, која заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, ја најавивме пред околу два месеци, од денес стапува на сила. Со ова ги исполнуваме нашите ветувања за пониски цени на голем дел од услугите на Агенцијата, потврдувајќи дека граѓаните и Македонија се наш приоритет. Благодарност до Владата која даде поддршка и го прифати нашиот предлог, вели директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, Иван Живковски. Тој посочува дека со намалувањето на цените се завршува процес на кој активно се работеше во изминатите два месеци. Во следниот период, фокусот ќе биде ставен на дигитализацијата на катастарот, со цел услугите да бидат уште подостапни за граѓаните и правните лица.

The post Стапуваат во сила новите пониски цени на услугите на Агенцијата за катастар на недвижности appeared first on Република.

]]>
Над 100 производи во грчките маркети со намалени цени од шест до 15 отсто https://republika.mk/vesti/balkan/nad-100-proizvodi-vo-grchkite-marketi-so-namaleni-tseni-od-shest-do-15-otsto/ Tue, 22 Oct 2024 11:14:25 +0000 https://republika.mk/?p=829782

Макарони, паста за заби, шампони, зејтин, оцет, пелени се дел од продуктите на листата со вкупно 123 производи од конкретни произведувачи, чии цени во супермаркетите во Грција ќе бидат намалени од шест до 15 отсто во рамките на иницијативите на Министерството за развој за справување со инфлацијата на основните продукти, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Министерството за развој на Грција ја објавија конкретната листа со производи, која според портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис е само почеток на иницијативата и постепено ќе бидат вклучени над 600 производи од различни добавувачи.

Маринакис на вчерашниот брифинг со новинарите објасни дека намалувањето на цените на основните производи за широка потрошувачка е по иницијативата и повикот од министерот за развој Такис Теодорикакос до сите добавувачи на храна и брендирани производи за широка потрошувачка, како и организирана малопродажба.

- Намалувањата на цените на овие први 120 кодови на производи за широка потрошувачка ќе се движат од шест до 15 проценти, а синџирите на супермаркети веќе го известија Генералниот секретаријат за трговија за соодветните листи со производи, рече вчера Маринакис.

„Катимерини“ пишува дека компаниите се обврзале намалувањето на цените да трае најмалку два месеци, но генералниот директор на Сојузот на супермаркети Апостолос Петалас за весникот рекол дека процените се дека времетраење сепак ќе биде подолго околу три-четири месеци.

Годишната инфлација во Грција во септември беше 2,9 проценти, според официјалните податоци од Службата за статистика, додека пак инфлацијата на прехранбените продукти беше 3,2 отсто.

The post Над 100 производи во грчките маркети со намалени цени од шест до 15 отсто appeared first on Република.

]]>

Макарони, паста за заби, шампони, зејтин, оцет, пелени се дел од продуктите на листата со вкупно 123 производи од конкретни произведувачи, чии цени во супермаркетите во Грција ќе бидат намалени од шест до 15 отсто во рамките на иницијативите на Министерството за развој за справување со инфлацијата на основните продукти, јави дописничката на МИА од Атина. Од Министерството за развој на Грција ја објавија конкретната листа со производи, која според портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис е само почеток на иницијативата и постепено ќе бидат вклучени над 600 производи од различни добавувачи. Маринакис на вчерашниот брифинг со новинарите објасни дека намалувањето на цените на основните производи за широка потрошувачка е по иницијативата и повикот од министерот за развој Такис Теодорикакос до сите добавувачи на храна и брендирани производи за широка потрошувачка, како и организирана малопродажба. - Намалувањата на цените на овие први 120 кодови на производи за широка потрошувачка ќе се движат од шест до 15 проценти, а синџирите на супермаркети веќе го известија Генералниот секретаријат за трговија за соодветните листи со производи, рече вчера Маринакис. „Катимерини“ пишува дека компаниите се обврзале намалувањето на цените да трае најмалку два месеци, но генералниот директор на Сојузот на супермаркети Апостолос Петалас за весникот рекол дека процените се дека времетраење сепак ќе биде подолго околу три-четири месеци. Годишната инфлација во Грција во септември беше 2,9 проценти, според официјалните податоци од Службата за статистика, додека пак инфлацијата на прехранбените продукти беше 3,2 отсто.

The post Над 100 производи во грчките маркети со намалени цени од шест до 15 отсто appeared first on Република.

]]>
Се очекува намалувањето на цените да биде уште поголемо со намалувањето на цените во трговијата на големо, вели министерот Дурмиши https://republika.mk/vesti/ekonomija/se-ochekuva-namaluvaneto-na-tsenite-da-bide-ushte-pogolemo-so-namaluvaneto-na-tsenite-vo-trgovijata-na-golemo-veli-ministerot-durmishi/ Thu, 17 Oct 2024 10:20:38 +0000 https://republika.mk/?p=827959

Министерството за економија и труд со реорганизацијата на институциите имаше најмногу промени во надлежностите, но и и покрај овој голем предизвик во изминатите 100 дена бевме посветени на поддршката на бизнисите и домаќинствата, и на заштитата на животниот стандард на граѓаните, кажа министерот за економија и труд Бесар Дурмиши на трибината: Платформа: 100% посветени на тебе на тема “Проекти, инвестиции и реформи во економијата, финансии и јавна администрација“

Дурмиши кажа дека министерството го затекнал во состојба на целосна дисфункционалност, но изминатите три месеци посветено работел на зајакнување на капацитетите за работа, како и приоритетите кои ќе ни бидат во иднина.

Уште на почетокот во првиот месец од моето раководење со министерството веднаш пристапивме со објавување на Јавните повици од Програмите на Министерството кои не беа објавени, финансиска поддршка која бизнисот ја очекуваше половина година. Со Ребалансот на Буџетот имавме на располагање 120.000.000 денари за две програми: Програмата за поддршка наконкурентноста на преработувачката индустрија и општествената одговорност и Програмата за развој на претприемништвото и конкурентноста на мали и средни претпријатија. Беа објавени повици за финансиска поддршка на мали и средни компании за зголемување на нивната конкуретност, за воведување на нови производи, за развој на малите и средни компании, за занаетчиите, за воведување на ХАЛАЛ, за набавка на машини...итн. Можеби овие средства не се доволни за сите потреби, но значат многу за микро, малите и средни компании, кажа Дурмиши.

Mинистерот информираше дека веќе следната недела ќе почне и со потпишување на договорите за субвенционирање и исплата на средствата за дел од мерките.

Во меѓувреме ја завршивме целата постапка и техничка документација и ја предадовме употребната дозвола за работа на германската компанија Киел во индустриската зона во Тетово, инвестиција која ќе отвори 300 работни места во Полошкиот регион. Нашата посветеност за поддршка на бизнисот и на растот на инвестициите ќе продолжи и понатаму. Во наредниот период до Владата ќе доставиме предлог за измена на Законот за финансиска поддршка на инвестициите, со кои надлежноста за објавување на јавниот повик како и за исплата на средствата согласно овој Закон ќе се префрли целосно во Министерството за економија и труд, кажа Дурмиши.

Потенцираше дека во наредниот период заедно со бизнис заедницата и со коморите ќе отвори и дијалог за подобрување на овој Закон, во насока, финансиската поддршка за фирмите да оди во вистинските раце, кај оние компании кои ќе покажат раст и развој.

Но, додека од една страна спроведувавме мерки за поддршка на бизнисот, во исто време бевме соочени со зголемување на цените на мало. Во таа насока, прво донесовме одлука за замрзнување на маржите за училишниот прибор со што им излеговме во пресрет на домаќинствата кои имаат ученици со намалување на нивните трошоци за оваа намена, и секако во пресрет на почетокот на академската година со оваа мерка излеговме и во пресрет на студентите за трошоци за потребниот школски прибор. Но, не застанавме тука. Во услови на зголемени цени на храната, за да им излеземе во пресрет на граѓаните започнавме една акција, за која што можеме да сведочиме дека е поздравена позитивно од страна на граѓаните, а тоа е „Помалку трошоци – повеќе за вас“. Ја објавивме Есенската потрошувачка кошница и ги ограничивме маржите на 10% и во трговијата на големо и во трговијата на мало на 73 групи на основни прехранбени производи, нешто што е многу важно за сите домаќинства. Оваа мерка ќе продолжи и во наредниот период како божиќна кошница, рамазанска кошница, велигденска кошница, се со цел да им излеземе во пресрет ан граѓаните пред празниците кога има зголемување на цените на основните прехранбени производи, кажа министерот.

Според анализите на Министерството за економија и труд, како што кажа Дурмиши, првичните анализи од терен, кажуваат дека цените на производите од есенската кошничка се намалиле во просек од 5% до 10%, при што кај некои производи намалувањето на цените е помало, или воопшто и го нема (како на пр. лебот, маслото за јадење и млекото), додека кај други производи истото е значително поголемо (на пр. месо, зеленчук и млечни производи (сирење и кашкавал).

Се очекува намалувањето на цените да биде уште поголемо имајќи го во предвид и намалувањето на цените во трговијата на големо, кое допрва треба да се случи во наредните пратки, при достава на производите во маркетите. Искажано во заштеда во пари за едно четворочлено семејство, на месечно ниво заштедата би изнесувала од 690 ден до 1360 ден по семејство, во зависност од начинот на исхрана, како и од изборот на маркети каде што се набавува истата. Во оваа насока е важно да се каже дека стапи на сила и Законот за нефер трговски практики со кој се ограничуваат рабатот и дополнителните трошоци за над 2500 прехранбени производи, од што очекуваме дополнително намалување на цените на храната до крајот на овој месец, додаде министерот.

Министерот кажа дека во делот на трудот како нова надлежност која ја преземавме сакам да кажам дека минатата недела се одржа првата седница на Економско социјалниот совет во новиот состав.

Во рамки на Економско социјалниот совет ќе носиме заеднички одлуки и мерки кои ќе имаат главна цел да се подобри животниот стандард на граѓаните. Проблемите на пазарот на труд остануваат клучен предизвик за нас како Министерство за економија и труд во наредниот период.

Во наредниот период заедно со Агенцијата за вработување ќе креираме мерки кои ќе придонесат решавање на проблемот со невработеноста, како и проблемот со недостаток на стручен кадар кој му е неопходен на бизнисот, кажа Дурмиши.

https://www.youtube.com/live/3HXN80gNKG0?si=3tNOlhmAUg4MyIoO

The post Се очекува намалувањето на цените да биде уште поголемо со намалувањето на цените во трговијата на големо, вели министерот Дурмиши appeared first on Република.

]]>

Министерството за економија и труд со реорганизацијата на институциите имаше најмногу промени во надлежностите, но и и покрај овој голем предизвик во изминатите 100 дена бевме посветени на поддршката на бизнисите и домаќинствата, и на заштитата на животниот стандард на граѓаните, кажа министерот за економија и труд Бесар Дурмиши на трибината: Платформа: 100% посветени на тебе на тема “Проекти, инвестиции и реформи во економијата, финансии и јавна администрација“ Дурмиши кажа дека министерството го затекнал во состојба на целосна дисфункционалност, но изминатите три месеци посветено работел на зајакнување на капацитетите за работа, како и приоритетите кои ќе ни бидат во иднина.
Уште на почетокот во првиот месец од моето раководење со министерството веднаш пристапивме со објавување на Јавните повици од Програмите на Министерството кои не беа објавени, финансиска поддршка која бизнисот ја очекуваше половина година. Со Ребалансот на Буџетот имавме на располагање 120.000.000 денари за две програми: Програмата за поддршка наконкурентноста на преработувачката индустрија и општествената одговорност и Програмата за развој на претприемништвото и конкурентноста на мали и средни претпријатија. Беа објавени повици за финансиска поддршка на мали и средни компании за зголемување на нивната конкуретност, за воведување на нови производи, за развој на малите и средни компании, за занаетчиите, за воведување на ХАЛАЛ, за набавка на машини...итн. Можеби овие средства не се доволни за сите потреби, но значат многу за микро, малите и средни компании, кажа Дурмиши.
Mинистерот информираше дека веќе следната недела ќе почне и со потпишување на договорите за субвенционирање и исплата на средствата за дел од мерките.
Во меѓувреме ја завршивме целата постапка и техничка документација и ја предадовме употребната дозвола за работа на германската компанија Киел во индустриската зона во Тетово, инвестиција која ќе отвори 300 работни места во Полошкиот регион. Нашата посветеност за поддршка на бизнисот и на растот на инвестициите ќе продолжи и понатаму. Во наредниот период до Владата ќе доставиме предлог за измена на Законот за финансиска поддршка на инвестициите, со кои надлежноста за објавување на јавниот повик како и за исплата на средствата согласно овој Закон ќе се префрли целосно во Министерството за економија и труд, кажа Дурмиши.
Потенцираше дека во наредниот период заедно со бизнис заедницата и со коморите ќе отвори и дијалог за подобрување на овој Закон, во насока, финансиската поддршка за фирмите да оди во вистинските раце, кај оние компании кои ќе покажат раст и развој.
Но, додека од една страна спроведувавме мерки за поддршка на бизнисот, во исто време бевме соочени со зголемување на цените на мало. Во таа насока, прво донесовме одлука за замрзнување на маржите за училишниот прибор со што им излеговме во пресрет на домаќинствата кои имаат ученици со намалување на нивните трошоци за оваа намена, и секако во пресрет на почетокот на академската година со оваа мерка излеговме и во пресрет на студентите за трошоци за потребниот школски прибор. Но, не застанавме тука. Во услови на зголемени цени на храната, за да им излеземе во пресрет на граѓаните започнавме една акција, за која што можеме да сведочиме дека е поздравена позитивно од страна на граѓаните, а тоа е „Помалку трошоци – повеќе за вас“. Ја објавивме Есенската потрошувачка кошница и ги ограничивме маржите на 10% и во трговијата на големо и во трговијата на мало на 73 групи на основни прехранбени производи, нешто што е многу важно за сите домаќинства. Оваа мерка ќе продолжи и во наредниот период како божиќна кошница, рамазанска кошница, велигденска кошница, се со цел да им излеземе во пресрет ан граѓаните пред празниците кога има зголемување на цените на основните прехранбени производи, кажа министерот.
Според анализите на Министерството за економија и труд, како што кажа Дурмиши, првичните анализи од терен, кажуваат дека цените на производите од есенската кошничка се намалиле во просек од 5% до 10%, при што кај некои производи намалувањето на цените е помало, или воопшто и го нема (како на пр. лебот, маслото за јадење и млекото), додека кај други производи истото е значително поголемо (на пр. месо, зеленчук и млечни производи (сирење и кашкавал).
Се очекува намалувањето на цените да биде уште поголемо имајќи го во предвид и намалувањето на цените во трговијата на големо, кое допрва треба да се случи во наредните пратки, при достава на производите во маркетите. Искажано во заштеда во пари за едно четворочлено семејство, на месечно ниво заштедата би изнесувала од 690 ден до 1360 ден по семејство, во зависност од начинот на исхрана, како и од изборот на маркети каде што се набавува истата. Во оваа насока е важно да се каже дека стапи на сила и Законот за нефер трговски практики со кој се ограничуваат рабатот и дополнителните трошоци за над 2500 прехранбени производи, од што очекуваме дополнително намалување на цените на храната до крајот на овој месец, додаде министерот.
Министерот кажа дека во делот на трудот како нова надлежност која ја преземавме сакам да кажам дека минатата недела се одржа првата седница на Економско социјалниот совет во новиот состав. Во рамки на Економско социјалниот совет ќе носиме заеднички одлуки и мерки кои ќе имаат главна цел да се подобри животниот стандард на граѓаните. Проблемите на пазарот на труд остануваат клучен предизвик за нас како Министерство за економија и труд во наредниот период.
Во наредниот период заедно со Агенцијата за вработување ќе креираме мерки кои ќе придонесат решавање на проблемот со невработеноста, како и проблемот со недостаток на стручен кадар кој му е неопходен на бизнисот, кажа Дурмиши.
https://www.youtube.com/live/3HXN80gNKG0?si=3tNOlhmAUg4MyIoO

The post Се очекува намалувањето на цените да биде уште поголемо со намалувањето на цените во трговијата на големо, вели министерот Дурмиши appeared first on Република.

]]>
Ќе има и дополнително намалување на цените на храната, најавува Дурмиши https://republika.mk/vesti/ekonomija/ke-ima-i-dopolnitelno-namaluvane-na-tsenite-na-hranata-najavuva-durmishi/ Tue, 08 Oct 2024 09:49:50 +0000 https://republika.mk/?p=824106

Доколку не ја донесевме Есенската кошничка и акцијата „Помалку трошоци – повеќe за вас“ цените на храната дополнително ќе се зголемеа, а со тоа и инфлацијата, истакна денеска министерот за економија и труд Бесар Дурмиши.

Овие одлуки ги донесовме за заштита на стандардот на граѓаните бидејќи во минатите месеци Државниот завод за статистика излегуваше со информации дека има раст на цените на основните прехранбени производи. Затоа направивме акциски план со кој ја донесовме есенска потрошувачка кошничка за да им излеземе во пресрет на граѓаните. Да не ги донесевме одлуките, цените на основните прехранбени производи ќе имаа уште поголем раст и инфлацијата ќе беше поголема од 2,6 отсто колку што е сега -рече Дурмиши во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција по повод 100 дена Влада.

Потсети дека во сила e и Законот за нефер трговски практики и истакна дека производите ќе се продаваат по старите цени додека не се потрошат залихите во маркетите.

Кога ќе се усогласат цените со добавувачите, ќе има и дополнително намалување на цените. Тоа ќе се случи на крајот на овој или на почетокот на идниот месец. Во овие три месеци тече преодниот рок за усогласување на цените во кои Комисијата за заштита на конкурентност ќе биде на терен и ќе ги опоменува тие што не го почитуваат Законот и ќе им дели совети да го почитуваат. Потоа кон крајот на годинава или на почетокот на идната ќе почне со казнување и ќе постапуваат според надлежностите кои ги имаат согласно Законот -прецизира Дурмиши.

Нагласи дека тече процедурата во Собранието за реорганизација на Комисијата за заштита на конкурентност со која, како што кажа, ќе се подобри нејзината функционалност.

И да е во целосна функционалност Законот за нефер трговски практики не знаеме дали фирмите ќе го почитуваат. Затоа мора да се направи реорганизацијата на Комисијата за заштита на конкурентност која е во собраниска процедура. Сега Комисијата не е функционална и затоа треба да помине собраниската процедура, да им дадеме дополнителни ингеренции и да се реорганизира за да биде функционална - посочи Дурмиши.

Рече дека Министерството за економија и труд нема информации за изигрувањата што ги прават трговците во имплементацијата на Законот за нефер трговски практики.

Кога ќе излезе на терен Комисијата за заштита на конкурентност, ако забележи дека има неправилности од компаниите, нормално е дека ќе се постапува според Законот и ќе пишува казни - истакна Дурмиши.

The post Ќе има и дополнително намалување на цените на храната, најавува Дурмиши appeared first on Република.

Македонски енергетски експерти: Војната меѓу Израел и Иран ќе предизвика последици врз енергетскиот сектор https://republika.mk/vesti/ekonomija/makedonski-energetski-eksperti-vojnata-megu-izrael-i-iran-ke-predizvika-posleditsi-vrz-energetskiot-sektor/ Wed, 02 Oct 2024 15:17:56 +0000 https://republika.mk/?p=821842

Македонија нема да остане имуна на последиците во енергетскиот сектор предизвикани од случувањата на Блискиот Исток и војната меѓу Израел и Иран, сметаат дел од експертите, учесници на меѓународната конференција „Енергетика 2024“, што од денеска до петок се одржува во Струга во организација на Здружението на енергетичарите на Македонија (ЗЕМАК).

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, пак, вели дека состојбата ја следат редовно и оти не очекува да има голем импакт врз регионот.

Пензионираниот професор од ФЕИТ, Вангел Фуштиќ посочува дека државата не е изолирана и оти е поврзана на европскиот електроенергетски систем.

Се што се случува на ниво на Европа, очекувам да се случува и кај нас. Иако за нас како помала земја, ефектите ќе бидат помали, сепак се што ќе се случува во регионот ќе не тангира и нас. Тоа значи дека ќе мора да бидеме подготвени да се соочиме со реалноста да видиме како може стратешки да одговориме со предизвиците што не чекаат. Да се направи стратешка анализа каде сме со енергетските ресусрси и што може да направиме најдобро за да се подготвиме, а не да чекаме кога ќе се случи нешто тогаш да реагираме, изјави Фуштиќ пред почетокот на Конференцијата.

И професорот Константин Димитров очекува актуелната состојба да се одрази на цената на енергенсите, нагласувајќи дека цената на електричната енергија во државата треба да се зголеми.

Стандард кога некаде врие, мора да се подигне притисокот, а тој притисок во случајот ќе се покаже со цената на енергенсите. Веднаш се очекува да порасне цената на течните горива на берзата, да надмине над 73 долари од барел. Ние ќе го платиме цехот на ова што се случува. Немирите веќе се одразија и на цената на електричната енергија во источна и југо-источна Европа, вели Димитров.

Во однос на цената на елетричната енергија и тоа што државите од Западен Балкан плаќаат поскапа струја од Западно-европските, ресорната министерка информира дека бил испратен допис до Енергетската заедница за кој се чека одговор.

Како што знаете од 1 јануари ќе се стави новата цена за домаќинствата. Со ЕСМ ќе дискутираме, тендерот допрва треба да биде објавен од ЕВН и ќе бидат кажани количините и цените. За околу две недели ќе ги имаме и точните пресметки колку струја би требало да се увезува и цените. Моментално е 100 евра по мегават час и нема да биде како што беше 700, 500 евра по мегават час, изјави Божиновска.

За цените на електричната енергија Фуштиќ вели дека сега не може да се каже и оти тоа зависи од енергетските ресурси и набавката на електрична енергија и расположливите капацитети колку ќе бидат во состојба да произведуваат. Според него, потребна е рехабилитација на енергетската инфраструктура, односно опремата на хидроцентралите.

The post Македонски енергетски експерти: Војната меѓу Израел и Иран ќе предизвика последици врз енергетскиот сектор appeared first on Република.

]]>

Македонија нема да остане имуна на последиците во енергетскиот сектор предизвикани од случувањата на Блискиот Исток и војната меѓу Израел и Иран, сметаат дел од експертите, учесници на меѓународната конференција „Енергетика 2024“, што од денеска до петок се одржува во Струга во организација на Здружението на енергетичарите на Македонија (ЗЕМАК). Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, пак, вели дека состојбата ја следат редовно и оти не очекува да има голем импакт врз регионот. Пензионираниот професор од ФЕИТ, Вангел Фуштиќ посочува дека државата не е изолирана и оти е поврзана на европскиот електроенергетски систем.
Се што се случува на ниво на Европа, очекувам да се случува и кај нас. Иако за нас како помала земја, ефектите ќе бидат помали, сепак се што ќе се случува во регионот ќе не тангира и нас. Тоа значи дека ќе мора да бидеме подготвени да се соочиме со реалноста да видиме како може стратешки да одговориме со предизвиците што не чекаат. Да се направи стратешка анализа каде сме со енергетските ресусрси и што може да направиме најдобро за да се подготвиме, а не да чекаме кога ќе се случи нешто тогаш да реагираме, изјави Фуштиќ пред почетокот на Конференцијата.
И професорот Константин Димитров очекува актуелната состојба да се одрази на цената на енергенсите, нагласувајќи дека цената на електричната енергија во државата треба да се зголеми.
Стандард кога некаде врие, мора да се подигне притисокот, а тој притисок во случајот ќе се покаже со цената на енергенсите. Веднаш се очекува да порасне цената на течните горива на берзата, да надмине над 73 долари од барел. Ние ќе го платиме цехот на ова што се случува. Немирите веќе се одразија и на цената на електричната енергија во источна и југо-источна Европа, вели Димитров.
Во однос на цената на елетричната енергија и тоа што државите од Западен Балкан плаќаат поскапа струја од Западно-европските, ресорната министерка информира дека бил испратен допис до Енергетската заедница за кој се чека одговор.
Како што знаете од 1 јануари ќе се стави новата цена за домаќинствата. Со ЕСМ ќе дискутираме, тендерот допрва треба да биде објавен од ЕВН и ќе бидат кажани количините и цените. За околу две недели ќе ги имаме и точните пресметки колку струја би требало да се увезува и цените. Моментално е 100 евра по мегават час и нема да биде како што беше 700, 500 евра по мегават час, изјави Божиновска.
За цените на електричната енергија Фуштиќ вели дека сега не може да се каже и оти тоа зависи од енергетските ресурси и набавката на електрична енергија и расположливите капацитети колку ќе бидат во состојба да произведуваат. Според него, потребна е рехабилитација на енергетската инфраструктура, односно опремата на хидроцентралите.

The post Македонски енергетски експерти: Војната меѓу Израел и Иран ќе предизвика последици врз енергетскиот сектор appeared first on Република.

]]>
Поевтинуваат дел од горивата: Ова се новите цени од полноќ https://republika.mk/vesti/ekonomija/poevtinuvaat-del-od-gorivata-ova-se-novite-tseni-od-polnok/ Mon, 30 Sep 2024 11:35:03 +0000 https://republika.mk/?p=821025

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 23.09.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 74,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 76,50 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), не се менува, односно останува на исто ниво како што била утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 23.09.2024 година и со тоа, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 67,50 ден/лит.

The post Поевтинуваат дел од горивата: Ова се новите цени од полноќ appeared first on Република.

]]>

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 23.09.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 74,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 76,50 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), не се менува, односно останува на исто ниво како што била утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 23.09.2024 година и со тоа, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 67,50 ден/лит.

The post Поевтинуваат дел од горивата: Ова се новите цени од полноќ appeared first on Република.

]]>
Ристески: Законот за нефер трговски практики ќе ги намали цените на производите барем за 10 проценти, а есенската кошничка веќе дава резултати https://republika.mk/vesti/ekonomija/risteski-zakonot-za-nefer-trgovski-praktiki-ke-gi-namali-tsenite-na-proizvodite-barem-za-10-protsenti-a-esenskata-koshnichka-veke-dava-rezultati/ Sat, 28 Sep 2024 15:10:07 +0000 https://republika.mk/?p=820571

Ефектите од намалувањето на цените на прехрамбените и земјоделските производи ќе се видат до крајот на октомври или почетокот на ноември со спроведувањето на Законот за нефер трговски практики. Во меѓувреме се променуваат договорите меѓу производителите и добавувачите од една и трговците од друга страна за ограничување на рабатот на 10 отсто што ќе ги намали цените на 2 547 земјоделски и прехранбени производи опфатени со Законот.

Ова денеска во Прилеп го изјави Марјан Ристески, заменик министер за економија.

Денеска започна примената на Законот за нефер трговски практики, донесен во март годинава по европска директива, а за првпат се спроведува во Македонија, и воопшто, во земја од Југоисточна Европа.

Со Законот за нефер трговски практики, рабатот ќе биде ограничен на 5 проценти и останатите трошоци, како што се маркетниг, рекламирање на производите, работниците ангажирани околу тие производи во маркетите, ќе биде ограничено на 5 проценти, или вкупно околу 10 проценти ограничувања. Ставовите се усогласени со стопанските комори. Спроведувањето на законот ќе го контролира Комисијата за заштита од конкуренција.

Од понеделник ќе видиме како се усогласува Законот за нефер трговски практики, а првичните информации ќе ги имаме од Комисијата за заштита од конкуренција. Од она што како Министерство го имаме како информација е дека договорите меѓу производителите и добавувачите со трговците се променети за да се усогласат со Законот и процесот е во тек, до понеделник. Законската обврска беше до до денеска, 28 септември сите договори да бидат променети, освен оние кои имаат рокови и ќе траат додека е нивната важност. Потоа ќе се променат според новите правила и регулативи во Законот за нефер трговски практики, објаснува заменик министерот за економија Марјан Ристески.

Според Ристески, видливи се ефектите и од мерките за есенската потрошувачка кошничка. Има намалувања од 6 до 12 проценти, а на терен е пазарната инспекција.

Од она што го кажуваат пазарните инспектори и граѓаните, имаме намалување на цените на 73 производи по категории. Инаку бројката опфаќа 500 до 600 производи, опфатени со оваа есенска кошничка. Веќе намалувањата изнесуваат од 5 до 12 проценти, во зависност од производите и во зависност од големината на маржата што ја имале претходно, изјави денеска заменик министерот за економија, Марјан Ристески.

The post Ристески: Законот за нефер трговски практики ќе ги намали цените на производите барем за 10 проценти, а есенската кошничка веќе дава резултати appeared first on Република.

]]>

Ефектите од намалувањето на цените на прехрамбените и земјоделските производи ќе се видат до крајот на октомври или почетокот на ноември со спроведувањето на Законот за нефер трговски практики. Во меѓувреме се променуваат договорите меѓу производителите и добавувачите од една и трговците од друга страна за ограничување на рабатот на 10 отсто што ќе ги намали цените на 2 547 земјоделски и прехранбени производи опфатени со Законот. Ова денеска во Прилеп го изјави Марјан Ристески, заменик министер за економија. Денеска започна примената на Законот за нефер трговски практики, донесен во март годинава по европска директива, а за првпат се спроведува во Македонија, и воопшто, во земја од Југоисточна Европа. Со Законот за нефер трговски практики, рабатот ќе биде ограничен на 5 проценти и останатите трошоци, како што се маркетниг, рекламирање на производите, работниците ангажирани околу тие производи во маркетите, ќе биде ограничено на 5 проценти, или вкупно околу 10 проценти ограничувања. Ставовите се усогласени со стопанските комори. Спроведувањето на законот ќе го контролира Комисијата за заштита од конкуренција. Од понеделник ќе видиме како се усогласува Законот за нефер трговски практики, а првичните информации ќе ги имаме од Комисијата за заштита од конкуренција. Од она што како Министерство го имаме како информација е дека договорите меѓу производителите и добавувачите со трговците се променети за да се усогласат со Законот и процесот е во тек, до понеделник. Законската обврска беше до до денеска, 28 септември сите договори да бидат променети, освен оние кои имаат рокови и ќе траат додека е нивната важност. Потоа ќе се променат според новите правила и регулативи во Законот за нефер трговски практики, објаснува заменик министерот за економија Марјан Ристески. Според Ристески, видливи се ефектите и од мерките за есенската потрошувачка кошничка. Има намалувања од 6 до 12 проценти, а на терен е пазарната инспекција. Од она што го кажуваат пазарните инспектори и граѓаните, имаме намалување на цените на 73 производи по категории. Инаку бројката опфаќа 500 до 600 производи, опфатени со оваа есенска кошничка. Веќе намалувањата изнесуваат од 5 до 12 проценти, во зависност од производите и во зависност од големината на маржата што ја имале претходно, изјави денеска заменик министерот за економија, Марјан Ристески.

The post Ристески: Законот за нефер трговски практики ќе ги намали цените на производите барем за 10 проценти, а есенската кошничка веќе дава резултати appeared first on Република.

]]>
Инспекторите на терен за профитните маржи, денеска на ред малите маркети и бурекџилниците, од утре и трговците на големо https://republika.mk/vesti/ekonomija/inspektorite-na-teren-za-profitnite-marzhi-deneska-na-red-malite-marketi-i-burekdhilnitsite-od-utre-i-trgovtsite-na-golemo/ Thu, 26 Sep 2024 07:14:34 +0000 https://republika.mk/?p=819680

Повеќе од 120 инспектори на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) низ цела држава вршат проверка дали се почитува одлуката за ограничени профитни маржи за основните прехранбени производи. Поделени во повеќе од 40 тимови, ротирани во различни градови, инспекторите од вчера ги контролираат големите маркети на цела територија на државата, а како што најави директорот на ДПИ Горан Трајковски, од денеска ќе ги контролираат малите маркети и бурекџилниците, а од утре трговците на големо. Ќе проверат и дали во изминатиот период намерно биле покачени цените на производите.

Владата на вонредна седница на 20 септември ја ограничи бруто профитната маржа до 10 отсто за повеќе основни прехранбени производи во трговијата на големо и мало, меѓу кои леб, пекарски и млечни производи, млеко, месо и преработки од месо, дел од конзервните производи, овошје, зеленчук,...

Нема да има толеранција за никого, нема да толерираме никаква примена на нечесни практики и секој кој ќе се огреши ќе биде казнет, порача вчера Трајковски и апелираше до трговците да ја почитуваат одлуката на Владата и да не се обидуваат на било каков начин да ја заобиколуваат.

Досега нема казнети маркети, а казните се високи и се движат од 2.000 до 10.000 евра, и доколку се утврди дека некој применува нечесни трговски практики согласно Законот за потрошувачи има можност и за затворање на објекти.

Маркетите кои се уште не ги означиле производите со ознаката „помалку трошоци, повеќе за тебе“, Трајковски ги оцени како несериозни, нагласувајќи дека инспекторите веќе прават контроли и ќе кажат „ дали поставиле или не и дали биле поставени делумно или целосно“.

За мене тоа е несериозно. Вчера не се потрудиле маркетите да стават ознака на 20 до 30 отсто од производите. Во моментов инспекторите контролираат и тие ќе кажат. Насоката од ДПИ е да има јасно видлива ознака и да се прегледа дали се во рамките на ограничената бруто профитна маржа од 10 проценти сите производи кои се опфатени со одлуката, рече Трајковски.

Трајковски, прецизира дека одлуката на Владата се базира на ограничување на бруто профитна маржа на 10 проценти кај трговците на мало и на големо и посочи дека со неа се опфатени и бурекчилниците, но според Законот за трговија, член 3.

Тоа значи дека доколку трговецот на мало претходно одел со бруто профитна маржа од шест проценти нема обврска да го намали дополнително производот зошто е во рамките до 10 проценти. Има трговци кои ги зголемиле над 10 проценти, но има и кои ги задржале цените. Затоа граѓаните може да видат дека одредени продукти се со иста цена од пред донесување на одлуката. Претходно се одеше со замрзнување на цени од датум од пред три месеци со намалување на цените за 10 проценти. Затоа тогаш граѓаните можеа да видат дека секој производ е намален, но сега има 10 до 20 проценти на производи кои не се намалени. Сепак, јасно мора да бидат означени со ознаката „помалку трошоци, повеќе за тебе“ за потрошувачот и граѓанинот точно да знае кој производ е опфатен со одлуката, појасни Трајковски.

По донесувањето на одлуката за ограничување на профитните маржи на прехранбените продукти ДПИ е задолжен да ги контролира трговците на мало и на големо дали ја почитуваат одлуката што ја донесе Владата.

-Одлуката е соопштена во петокот, во Службен весник е излезена во понеделникот со важност од вторник. Со тоа трговците на големо и на мало имаа доволно време да ги прилагодат цените. ДПИ постапува по Законот за трговија каде казните се високи и се движат од 2.000 до 10.000 евра, а доколку се утврди дека некој применува нечесни трговски практики ќе постапуваме по Законот за потрошувачи по кој има можност за затворање на објекти. Сме затворале претходно секој што се обидел да примени нечесна трговска практика ќе затвораме и сега, потенцира Трајковски.

Владата со ограничувањето на профитните маржи на околу 70 основни прехранбени производи очекуваше нивните цени да се намалат за 10 отсто. Согласно одлуката на Владата, трговците требаше да ги обележат намалените производи со ознаката „помалку трошоци, повеќе за тебе“.

The post Инспекторите на терен за профитните маржи, денеска на ред малите маркети и бурекџилниците, од утре и трговците на големо appeared first on Република.

]]>

Повеќе од 120 инспектори на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) низ цела држава вршат проверка дали се почитува одлуката за ограничени профитни маржи за основните прехранбени производи. Поделени во повеќе од 40 тимови, ротирани во различни градови, инспекторите од вчера ги контролираат големите маркети на цела територија на државата, а како што најави директорот на ДПИ Горан Трајковски, од денеска ќе ги контролираат малите маркети и бурекџилниците, а од утре трговците на големо. Ќе проверат и дали во изминатиот период намерно биле покачени цените на производите. Владата на вонредна седница на 20 септември ја ограничи бруто профитната маржа до 10 отсто за повеќе основни прехранбени производи во трговијата на големо и мало, меѓу кои леб, пекарски и млечни производи, млеко, месо и преработки од месо, дел од конзервните производи, овошје, зеленчук,...
Нема да има толеранција за никого, нема да толерираме никаква примена на нечесни практики и секој кој ќе се огреши ќе биде казнет, порача вчера Трајковски и апелираше до трговците да ја почитуваат одлуката на Владата и да не се обидуваат на било каков начин да ја заобиколуваат.
Досега нема казнети маркети, а казните се високи и се движат од 2.000 до 10.000 евра, и доколку се утврди дека некој применува нечесни трговски практики согласно Законот за потрошувачи има можност и за затворање на објекти. Маркетите кои се уште не ги означиле производите со ознаката „помалку трошоци, повеќе за тебе“, Трајковски ги оцени како несериозни, нагласувајќи дека инспекторите веќе прават контроли и ќе кажат „ дали поставиле или не и дали биле поставени делумно или целосно“.
За мене тоа е несериозно. Вчера не се потрудиле маркетите да стават ознака на 20 до 30 отсто од производите. Во моментов инспекторите контролираат и тие ќе кажат. Насоката од ДПИ е да има јасно видлива ознака и да се прегледа дали се во рамките на ограничената бруто профитна маржа од 10 проценти сите производи кои се опфатени со одлуката, рече Трајковски.
Трајковски, прецизира дека одлуката на Владата се базира на ограничување на бруто профитна маржа на 10 проценти кај трговците на мало и на големо и посочи дека со неа се опфатени и бурекчилниците, но според Законот за трговија, член 3.
Тоа значи дека доколку трговецот на мало претходно одел со бруто профитна маржа од шест проценти нема обврска да го намали дополнително производот зошто е во рамките до 10 проценти. Има трговци кои ги зголемиле над 10 проценти, но има и кои ги задржале цените. Затоа граѓаните може да видат дека одредени продукти се со иста цена од пред донесување на одлуката. Претходно се одеше со замрзнување на цени од датум од пред три месеци со намалување на цените за 10 проценти. Затоа тогаш граѓаните можеа да видат дека секој производ е намален, но сега има 10 до 20 проценти на производи кои не се намалени. Сепак, јасно мора да бидат означени со ознаката „помалку трошоци, повеќе за тебе“ за потрошувачот и граѓанинот точно да знае кој производ е опфатен со одлуката, појасни Трајковски.
По донесувањето на одлуката за ограничување на профитните маржи на прехранбените продукти ДПИ е задолжен да ги контролира трговците на мало и на големо дали ја почитуваат одлуката што ја донесе Владата.
-Одлуката е соопштена во петокот, во Службен весник е излезена во понеделникот со важност од вторник. Со тоа трговците на големо и на мало имаа доволно време да ги прилагодат цените. ДПИ постапува по Законот за трговија каде казните се високи и се движат од 2.000 до 10.000 евра, а доколку се утврди дека некој применува нечесни трговски практики ќе постапуваме по Законот за потрошувачи по кој има можност за затворање на објекти. Сме затворале претходно секој што се обидел да примени нечесна трговска практика ќе затвораме и сега, потенцира Трајковски.
Владата со ограничувањето на профитните маржи на околу 70 основни прехранбени производи очекуваше нивните цени да се намалат за 10 отсто. Согласно одлуката на Владата, трговците требаше да ги обележат намалените производи со ознаката „помалку трошоци, повеќе за тебе“.

The post Инспекторите на терен за профитните маржи, денеска на ред малите маркети и бурекџилниците, од утре и трговците на големо appeared first on Република.

]]>
Од полноќ поскапуваат горивата https://republika.mk/vesti/ekonomija/od-polnok-poskapuvaat-gorivata-5/ Mon, 23 Sep 2024 11:27:01 +0000 https://republika.mk/?p=818988

Регулаторната Комисија за енергетика ги објави новите цени на горивата.

Со одлуката, малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 16.09.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 75,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 77,00 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ1), се зголемуваат за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 16.09.2024 година и со тоа, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 67,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 66,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 0,499 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 16.09.2024 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 41,827 ден/кг.

The post Од полноќ поскапуваат горивата appeared first on Република.

]]>

Регулаторната Комисија за енергетика ги објави новите цени на горивата. Со одлуката, малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 16.09.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 75,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 77,00 ден/лит. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ1), се зголемуваат за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 16.09.2024 година и со тоа, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 67,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 66,50 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 0,499 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 16.09.2024 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 41,827 ден/кг.

The post Од полноќ поскапуваат горивата appeared first on Република.

]]>
Цените на нафтата пораснаа втора недела по ред https://republika.mk/vesti/svet/tsenite-na-naftata-porasnaa-vtora-nedela-po-red/ Mon, 23 Sep 2024 07:49:51 +0000 https://republika.mk/?p=818859

Глобалната цена на нафтата порасна втора недела по ред минатата недела, бидејќи трговците се надеваат на посилна побарувачка откако американската централна банка ги намали каматните стапки, што треба да го поттикне економскиот раст.

На лондонскиот пазар цената на барелот минатата недела порасна за 4,1 отсто, на 74,49 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 4,8 отсто, на 71,92 долари.

Зголемувањето на цените втора недела по ред се должи, меѓу другото, и на намалувањето на каматните стапки во САД.

Во средата, американската централна банка ги намали каматните стапки за 0,5 процентни поени, на 4,75 до 5,00 отсто, и најави дека може да ги намали за уште 0,5 процентни поени до крајот на годината.

Пониските каматни стапки обично ја поттикнуваат економската активност и побарувачката за енергија, но за тоа ќе биде потребно извесно време.

Поттик за цените даде и ескалацијата на тензиите на Блискиот Исток по експлозијата на илјадници пејџери низ Либан, во која беа убиени и ранети неколку илјади членови на Хезболах.

Либански Хезболах возврати со неколку ракетни напади врз цели во Израел, а Израел, пак, изврши целен напад врз либанската престолнина Бејрут.

Трговците стравуваат дека оваа ескалација на конфликтот може да го наруши снабдувањето од Блискиот Исток, каде што се произведува една третина од светската нафта.

Од друга страна, значителното зголемување на цената на нафтата ја спречува слабоста на кинеската економија, најголемиот светски увозник на црно злато.

Новите извештаи покажаа дека преработката на нафта во кинеските рафинерии забави петти месец по ред во август, додека индустриското производство и продажбата на мало исто така забавија, што укажува на слабост на домашната побарувачка.

The post Цените на нафтата пораснаа втора недела по ред appeared first on Република.

]]>

Глобалната цена на нафтата порасна втора недела по ред минатата недела, бидејќи трговците се надеваат на посилна побарувачка откако американската централна банка ги намали каматните стапки, што треба да го поттикне економскиот раст. На лондонскиот пазар цената на барелот минатата недела порасна за 4,1 отсто, на 74,49 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 4,8 отсто, на 71,92 долари. Зголемувањето на цените втора недела по ред се должи, меѓу другото, и на намалувањето на каматните стапки во САД. Во средата, американската централна банка ги намали каматните стапки за 0,5 процентни поени, на 4,75 до 5,00 отсто, и најави дека може да ги намали за уште 0,5 процентни поени до крајот на годината. Пониските каматни стапки обично ја поттикнуваат економската активност и побарувачката за енергија, но за тоа ќе биде потребно извесно време. Поттик за цените даде и ескалацијата на тензиите на Блискиот Исток по експлозијата на илјадници пејџери низ Либан, во која беа убиени и ранети неколку илјади членови на Хезболах. Либански Хезболах возврати со неколку ракетни напади врз цели во Израел, а Израел, пак, изврши целен напад врз либанската престолнина Бејрут. Трговците стравуваат дека оваа ескалација на конфликтот може да го наруши снабдувањето од Блискиот Исток, каде што се произведува една третина од светската нафта. Од друга страна, значителното зголемување на цената на нафтата ја спречува слабоста на кинеската економија, најголемиот светски увозник на црно злато. Новите извештаи покажаа дека преработката на нафта во кинеските рафинерии забави петти месец по ред во август, додека индустриското производство и продажбата на мало исто така забавија, што укажува на слабост на домашната побарувачка.

The post Цените на нафтата пораснаа втора недела по ред appeared first on Република.

]]>
Дурмиши: Цените нема да се замрзнат, маржата ќе се ограничи до 10 отсто https://republika.mk/vesti/ekonomija/durmishi-tsenite-nema-da-se-zamrznat-marzhata-ke-se-ogranichi-do-10-otsto/ Wed, 18 Sep 2024 09:54:59 +0000 https://republika.mk/?p=817394

Цените нема да се замрзнат, туку ќе се ограничи бруто профитната маржа на стотина основни прехранбени производи до 10 отсто, соопшти денеска министерот за економија и труд Бесар Дурмиши.

Како што информира Дурмиши, за оваа мерка Владата најверојатно ќе дискутира на следната седница идната недела. Со мерката ќе бидат опфатени лебот, пекарски и млечни производи, овошје, зеленчук,...

Оваа мерка ќе биде краткорочна и во сила еден месец. Праксата на нејзиното донесување ќе продолжи за новогодишните и сите следни празници - истакна министерот.

Законот за нефер трговски практики се очекува да стапи во сила кон крајот на овој месец и со тоа, рече министерот, дополнително треба да се намалат цените на производите.

The post Дурмиши: Цените нема да се замрзнат, маржата ќе се ограничи до 10 отсто appeared first on Република.

]]>

Цените нема да се замрзнат, туку ќе се ограничи бруто профитната маржа на стотина основни прехранбени производи до 10 отсто, соопшти денеска министерот за економија и труд Бесар Дурмиши. Како што информира Дурмиши, за оваа мерка Владата најверојатно ќе дискутира на следната седница идната недела. Со мерката ќе бидат опфатени лебот, пекарски и млечни производи, овошје, зеленчук,... Оваа мерка ќе биде краткорочна и во сила еден месец. Праксата на нејзиното донесување ќе продолжи за новогодишните и сите следни празници - истакна министерот. Законот за нефер трговски практики се очекува да стапи во сила кон крајот на овој месец и со тоа, рече министерот, дополнително треба да се намалат цените на производите.

The post Дурмиши: Цените нема да се замрзнат, маржата ќе се ограничи до 10 отсто appeared first on Република.

]]>
Славески: Ценовни контроли – четириесет века јалова работа https://republika.mk/vesti/ekonomija/slaveski-tsenovni-kontroli-chetirieset-veka-jalova-rabota/ Tue, 17 Sep 2024 08:05:43 +0000 https://republika.mk/?p=816982

Повикот на јавноста за контрола врз цените како одговор на високата инфлација по пандемијата со Ковид 19 им даде одврзани раце на политичарите за нови експерименти. Верувам дека искуствата им се познати на читателите. Мерките за контрола врз цените се напуштаа по неколку месеци од нивното воведување, пишува Трајко Славески во последната колумна на „Плусинфо“ за историјата на ценовните контроли, нивниот ефект и инфлацијата.

И покрај долгата историја на неуспех при примената на ценовни контроли, ентузијазмот за интервенција на пазарот и во услови кога за такво нешто нема потреба, не спласнува. Историските лекции остануваат ненаучени. Контролата врз цените и платите е насочена кон симптомите, а не кон фундаменталните причини кои доведуваат до висока инфлација. Напротив, резултатот се недостаток од производите со контролирани цени, црн пазар, неправилна алокација на ресурсите и кршење на законите и другите прописи.

До раст на цените на одделни производи доаѓа како резултат на елементарни непогоди, или како резултат на човечка активност, како војни, протекционизам и сл. На ова се надоврзува неодговорна фискална политика која изгубила контрола врз јавните расходи. Ако монетарната политика е акомодативна, т.е. лабава во такви услови, неминовна е инфлација која не можат да ја спречат никакви ценовни контроли.

Уште повеќе, доколку од популистички побуди власта истовремено форсира раст на платите, рецептот за катастрофа е на маса!

Целата колумна тука

The post Славески: Ценовни контроли – четириесет века јалова работа appeared first on Република.

]]>

Повикот на јавноста за контрола врз цените како одговор на високата инфлација по пандемијата со Ковид 19 им даде одврзани раце на политичарите за нови експерименти. Верувам дека искуствата им се познати на читателите. Мерките за контрола врз цените се напуштаа по неколку месеци од нивното воведување, пишува Трајко Славески во последната колумна на „Плусинфо“ за историјата на ценовните контроли, нивниот ефект и инфлацијата.
И покрај долгата историја на неуспех при примената на ценовни контроли, ентузијазмот за интервенција на пазарот и во услови кога за такво нешто нема потреба, не спласнува. Историските лекции остануваат ненаучени. Контролата врз цените и платите е насочена кон симптомите, а не кон фундаменталните причини кои доведуваат до висока инфлација. Напротив, резултатот се недостаток од производите со контролирани цени, црн пазар, неправилна алокација на ресурсите и кршење на законите и другите прописи. До раст на цените на одделни производи доаѓа како резултат на елементарни непогоди, или како резултат на човечка активност, како војни, протекционизам и сл. На ова се надоврзува неодговорна фискална политика која изгубила контрола врз јавните расходи. Ако монетарната политика е акомодативна, т.е. лабава во такви услови, неминовна е инфлација која не можат да ја спречат никакви ценовни контроли. Уште повеќе, доколку од популистички побуди власта истовремено форсира раст на платите, рецептот за катастрофа е на маса!
Целата колумна тука

The post Славески: Ценовни контроли – четириесет века јалова работа appeared first on Република.

]]>
Од полноќ сите горива поевтинуваат https://republika.mk/vesti/ekonomija/od-polnok-site-goriva-poevtinuvaat/ Mon, 16 Sep 2024 11:07:06 +0000 https://republika.mk/?p=816750

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,75 % во однос на одлуката од 11.9.2024 година.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 0,50 ден/лит, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 1,00 ден/лит. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,50 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,989 ден/кг и сега ќе изнесува 41,328 ден/кг.

Од 17.9.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 73,50 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 75,50 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 67,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 66,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 41,328 (денари/килограм)

The post Од полноќ сите горива поевтинуваат appeared first on Република.

]]>

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,75 % во однос на одлуката од 11.9.2024 година. Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 0,50 ден/лит, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 1,00 ден/лит. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,50 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,989 ден/кг и сега ќе изнесува 41,328 ден/кг. Од 17.9.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 73,50 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 75,50 (денари/литар) Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 67,00 (денари/литар) Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 66,00 (денари/литар) Мазут М-1 НС 41,328 (денари/килограм)    

The post Од полноќ сите горива поевтинуваат appeared first on Република.

]]>