цена на вода Archives - Република https://republika.mk/tema/cena-na-voda/ За подобро да се разбереме Wed, 24 Aug 2022 10:15:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png цена на вода Archives - Република https://republika.mk/tema/cena-na-voda/ 32 32 АДКОМ: Ако Владата не им помогне на комуналните претпријатија, ќе поскапи водата https://republika.mk/vesti/ekonomija/adkom-ako-vladata-ne-im-pomogne-na-komunalnite-pretprijatija-kje-poskapi-vodata/ Wed, 24 Aug 2022 10:15:30 +0000 https://republika.mk/?p=543569

Здружението на даватели на комунални услуги на Република Македонија - АДКОМ, кое обединува 90 јавни комунални претпријатија на територијата на целата држава, ја известува јавноста дека и по повеќе од еден месец од јавниот апел за средба со владини претставници за состојбите со растечките трошоци на претпријатијата и потребата од владина помош, од владата нема никаков одговор за средба.

На 18 јули АДКОМ јавно побара средба со претставници на владата за да се разгледа можноста за субвенции и поддршка на претпријатијата кои имаат неколкукратен раст на трошоците предизвикан од растот на трошоците за електрична енергија.

Со продолжување на оваа состојба во која се наоѓаат јавните комунални претпријатија се доведува во прашање квалитетот на услугите кои ги овзоможуваат за граѓаните, како и нормалното опстојување на самите претпријатија кои обезбедуваат работа за повеќе илјади семејства.

Владата која учествува во формирањето на цената на струјата и која одобри зголемување на електричната енергија потребно е да покаже разбирање за овој реален проблем. Доколку не се изнајде одржливо решение и владата не помогне претпријатијата кои ги обединува АДКОМ, ќе мора да пристапат кон изготвување на ревизија на цените по кои моментално ги испорачуваат услугите.

The post АДКОМ: Ако Владата не им помогне на комуналните претпријатија, ќе поскапи водата appeared first on Република.

]]>

Здружението на даватели на комунални услуги на Република Македонија - АДКОМ, кое обединува 90 јавни комунални претпријатија на територијата на целата држава, ја известува јавноста дека и по повеќе од еден месец од јавниот апел за средба со владини претставници за состојбите со растечките трошоци на претпријатијата и потребата од владина помош, од владата нема никаков одговор за средба. На 18 јули АДКОМ јавно побара средба со претставници на владата за да се разгледа можноста за субвенции и поддршка на претпријатијата кои имаат неколкукратен раст на трошоците предизвикан од растот на трошоците за електрична енергија. Со продолжување на оваа состојба во која се наоѓаат јавните комунални претпријатија се доведува во прашање квалитетот на услугите кои ги овзоможуваат за граѓаните, како и нормалното опстојување на самите претпријатија кои обезбедуваат работа за повеќе илјади семејства. Владата која учествува во формирањето на цената на струјата и која одобри зголемување на електричната енергија потребно е да покаже разбирање за овој реален проблем. Доколку не се изнајде одржливо решение и владата не помогне претпријатијата кои ги обединува АДКОМ, ќе мора да пристапат кон изготвување на ревизија на цените по кои моментално ги испорачуваат услугите.

The post АДКОМ: Ако Владата не им помогне на комуналните претпријатија, ќе поскапи водата appeared first on Република.

]]>