ЦДУ Archives - Република https://republika.mk/tema/cdu/ За подобро да се разбереме Mon, 14 Oct 2024 16:05:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ЦДУ Archives - Република https://republika.mk/tema/cdu/ 32 32 Мицкоски лобира за интересите на Македонија, оствари средба со пратеници на ЦДУ https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-lobira-za-interesite-na-makedonija-ostvari-sredba-so-pratenitsi-na-tsdu/ Mon, 14 Oct 2024 16:05:04 +0000 https://republika.mk/?p=826745

Остварив плодна средба со пратениците на сестринската партија од Германија, ЦДУ, информира премиерот Христијан Мицкоски.

Разговаравме за поблиска соработка и лобирав за интересите на Македонија, порача тој.

The post Мицкоски лобира за интересите на Македонија, оствари средба со пратеници на ЦДУ appeared first on Република.

]]>

Остварив плодна средба со пратениците на сестринската партија од Германија, ЦДУ, информира премиерот Христијан Мицкоски.
Разговаравме за поблиска соработка и лобирав за интересите на Македонија, порача тој.

The post Мицкоски лобира за интересите на Македонија, оствари средба со пратеници на ЦДУ appeared first on Република.

]]>
Секој петти Германец смета дека германските конзервативци треба да соработуваат со екстремната десница https://republika.mk/vesti/svet/sekoj-petti-germanets-smeta-deka-germanskite-konzervativtsi-treba-da-sorabotuvaat-so-ekstremnata-desnitsa/ Sun, 22 Sep 2024 08:38:31 +0000 https://republika.mk/?p=818641

Според истражување на социолошкиот институт ИНСА за весникот „Билд“, околу 20 отсто од испитаниците сметаат дека доколку германската конзервативна партија Христијанско-демократската унија (ЦДУ) победи на парламентарните избори следната година, нејзиниот лидер Фридрих Мерц треба да формира коалициска влада со екстремно десничарската „Алтернатива за Германија“, пренесе ДПА.

Мерц ја отфрли можноста за формирање влада со екстремно десничарската партија, чии различни ограноци се класифицирани од германското домашно разузнавање како екстремистичка или сомнително екстремистичка.

Околу 34 отсто од испитаниците во истражувањето сметаат дека, доколку победи ЦДУ, треба да соработува со партијата на актуелниот канцелар Олаф Шолц, централно-левичарската германска социјалдемократска партија, за да формира влада.

Во анкетата, и Мерц и Шолц добиваат 30 отсто поддршка, а 35 отсто не го одобруваат ниту еден од нив.

Во Германија канцеларот не се избира директно од гласачите, туку од Бундестагот.

The post Секој петти Германец смета дека германските конзервативци треба да соработуваат со екстремната десница appeared first on Република.

]]>

Според истражување на социолошкиот институт ИНСА за весникот „Билд“, околу 20 отсто од испитаниците сметаат дека доколку германската конзервативна партија Христијанско-демократската унија (ЦДУ) победи на парламентарните избори следната година, нејзиниот лидер Фридрих Мерц треба да формира коалициска влада со екстремно десничарската „Алтернатива за Германија“, пренесе ДПА. Мерц ја отфрли можноста за формирање влада со екстремно десничарската партија, чии различни ограноци се класифицирани од германското домашно разузнавање како екстремистичка или сомнително екстремистичка. Околу 34 отсто од испитаниците во истражувањето сметаат дека, доколку победи ЦДУ, треба да соработува со партијата на актуелниот канцелар Олаф Шолц, централно-левичарската германска социјалдемократска партија, за да формира влада. Во анкетата, и Мерц и Шолц добиваат 30 отсто поддршка, а 35 отсто не го одобруваат ниту еден од нив. Во Германија канцеларот не се избира директно од гласачите, туку од Бундестагот.

The post Секој петти Германец смета дека германските конзервативци треба да соработуваат со екстремната десница appeared first on Република.

]]>
Голем хакерски напад врз германската опозициска партија ЦДУ https://republika.mk/vesti/svet/golem-hakerski-napad-vrz-germanskata-opozitsiska-partija-tsdu/ Sat, 01 Jun 2024 15:53:47 +0000 https://republika.mk/?p=783914

Хакери извршија голем напад врз германската централно-десничарска партија Христијанско-демократска унија(ЦДУ) , потврди денеска германското Министерство за внатрешни работи, јави ДПА.

Министерството не даде дополнителни информации за обемот или природата на нападот, што во моментов го истражува германската безбедносна служба- Канцеларијата за заштита на Уставот.

Меѓутоа, природата на нападот укажува на многу професионален актер, рече портпаролот на МВР, пренесува германската агенција.

Според извори блиски до германската Влада, пренесува ДПА, инцидентот, што се случува на една недела пред изборите за Европскиот парламент, е сфатен многу сериозно.

Министерката за внатрешни работи, Ненси Фезер, наводно била во контакт со лидерот на партијата ЦДУ Фридрих Мерц.

ЦДУ, партијата на поранешната канцеларка Ангела Меркел, соопшти дека тесно соработува со германските безбедносни власти и други надворешни експерти.

Сојузната канцеларија за заштита на Уставот денеска треба да издаде предупредување до сите партии во германскиот Парламент“, изјави портпаролот на Министерството за внатрешни работи.

-Нашите безбедносни власти ги засилија сите заштитни мерки против дигитални и хибридни закани и обезбедуваат информации за опасностите. Уште еднаш гледаме колку е тоа неопходно, особено пред изборите, додаде тој.

Минатата година и германската владејачка Социјалдемократска партија (СПД) беше жртва на кибер напад, кога и беа хакирани адресите на е-поштата. Владата тогаш за хакирањето ја обвини руската воена разузнавачка единица (ГРУ) и повика висок руски дипломат во Министерството за надворешни работи во Берлин.

The post Голем хакерски напад врз германската опозициска партија ЦДУ appeared first on Република.

]]>

Хакери извршија голем напад врз германската централно-десничарска партија Христијанско-демократска унија(ЦДУ) , потврди денеска германското Министерство за внатрешни работи, јави ДПА. Министерството не даде дополнителни информации за обемот или природата на нападот, што во моментов го истражува германската безбедносна служба- Канцеларијата за заштита на Уставот.
Меѓутоа, природата на нападот укажува на многу професионален актер, рече портпаролот на МВР, пренесува германската агенција.
Според извори блиски до германската Влада, пренесува ДПА, инцидентот, што се случува на една недела пред изборите за Европскиот парламент, е сфатен многу сериозно. Министерката за внатрешни работи, Ненси Фезер, наводно била во контакт со лидерот на партијата ЦДУ Фридрих Мерц. ЦДУ, партијата на поранешната канцеларка Ангела Меркел, соопшти дека тесно соработува со германските безбедносни власти и други надворешни експерти.
Сојузната канцеларија за заштита на Уставот денеска треба да издаде предупредување до сите партии во германскиот Парламент“, изјави портпаролот на Министерството за внатрешни работи.
-Нашите безбедносни власти ги засилија сите заштитни мерки против дигитални и хибридни закани и обезбедуваат информации за опасностите. Уште еднаш гледаме колку е тоа неопходно, особено пред изборите, додаде тој. Минатата година и германската владејачка Социјалдемократска партија (СПД) беше жртва на кибер напад, кога и беа хакирани адресите на е-поштата. Владата тогаш за хакирањето ја обвини руската воена разузнавачка единица (ГРУ) и повика висок руски дипломат во Министерството за надворешни работи во Берлин.

The post Голем хакерски напад врз германската опозициска партија ЦДУ appeared first on Република.

]]>
Мицкоски се сретна со пратеникот на ЦДУ во германскиот Бундестаг Јохан Вадефул https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-se-sretna-so-pratenikot-na-tsdu-vo-germanskiot-bundestag-johan-vadeful/ Wed, 06 Mar 2024 19:20:33 +0000 https://republika.mk/?p=752034

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска во Букурешт се средна со Јохан Вадефул, пратеник на ЦДУ во германскиот Бундестаг, одговорен за надворешна политика во Групата на ЦДУ.

За надворешна политика на почитување и силни темели. Промени кои даваат брзи резултати!, напиша Мицкоски на Фејсбук.

Мицкоски заедно со кандидатот за претседател, Гордана Силјановска Давкова, потпретседателите на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски и Тимчо Муцунски како и секретарот за меѓународна соработка, Стефан Андоновски се во дводневна посета на Букурешт, Романија каде ќе присуствуваат на двовневниот конгрес на Европската народна партија (ЕПП).

The post Мицкоски се сретна со пратеникот на ЦДУ во германскиот Бундестаг Јохан Вадефул appeared first on Република.

]]>

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска во Букурешт се средна со Јохан Вадефул, пратеник на ЦДУ во германскиот Бундестаг, одговорен за надворешна политика во Групата на ЦДУ.
За надворешна политика на почитување и силни темели. Промени кои даваат брзи резултати!, напиша Мицкоски на Фејсбук.
Мицкоски заедно со кандидатот за претседател, Гордана Силјановска Давкова, потпретседателите на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски и Тимчо Муцунски како и секретарот за меѓународна соработка, Стефан Андоновски се во дводневна посета на Букурешт, Романија каде ќе присуствуваат на двовневниот конгрес на Европската народна партија (ЕПП).

The post Мицкоски се сретна со пратеникот на ЦДУ во германскиот Бундестаг Јохан Вадефул appeared first on Република.

]]>
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ се сретна со германскиот пратеник од ЦДУ во германскиот Бундестаг https://republika.mk/vesti/makedonija/pratenichkata-grupa-na-vmro-dpmne-se-sretna-so-germanskiot-pratenik-od-tsdu-vo-germanskiot-bundestag/ Tue, 20 Jun 2023 15:20:42 +0000 https://republika.mk/?p=653456

Пратеникот Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ преку статус на Фејсбук информира за средбата со германскиот пратеник Петер Бајер од ЦДУ во германскиот Бундестаг.

📌 Продуктивна средба со германскиот пратеник Peter Beyer (ЦДУ) во германскиот Бундестаг, корисни разговори за билатералната соработка и за заедничките интереси на Македонија и Германија 🇩🇪🇲🇰 , во рамките на новите безбедносни и политички случувања во Европа!, стои во неговиот пост на Фејсбук.

The post Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ се сретна со германскиот пратеник од ЦДУ во германскиот Бундестаг appeared first on Република.

]]>

Пратеникот Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ преку статус на Фејсбук информира за средбата со германскиот пратеник Петер Бајер од ЦДУ во германскиот Бундестаг.
📌 Продуктивна средба со германскиот пратеник Peter Beyer (ЦДУ) во германскиот Бундестаг, корисни разговори за билатералната соработка и за заедничките интереси на Македонија и Германија 🇩🇪🇲🇰 , во рамките на новите безбедносни и политички случувања во Европа!, стои во неговиот пост на Фејсбук.

The post Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ се сретна со германскиот пратеник од ЦДУ во германскиот Бундестаг appeared first on Република.

]]>
Германската ЦДУ го исклучува од членство поранешниот шеф на разузнавачката агенција https://republika.mk/vesti/svet/germanskata-tsdu-go-iskluchuva-od-chlenstvo-poraneshniot-shef-na-razuznavachkata-agentsija/ Mon, 30 Jan 2023 15:06:49 +0000 https://republika.mk/?p=602710

Раководството на водечката германска опозициска партија, Христијанско-демократската унија (ЦДУ), денеска едногласно усвои резолуција со која го повикува поранешниот директор на разузнавачката агенција Ханс-Георг Масен да ја напушти партијата, по неговиот контроверзен коментар.

Во 2018 година Масен беше разрешен од функцијата шеф на разузнавачката агенција (BfW), откако го минимизира десничарското насилство врз мигрантите во источниот град Кемниц. Оттогаш тој стана гласна, но маргинална фигура во тврдото крило на ЦДУ, партијата што со години ја раководеше поранешната канцеларка Ангела Меркел.

Партиското раководство го загуби трпението по твитот на Мејсон од средината на јануари, во кој тој рече дека „расизмот против белците“ е насоката на „движечките сили во политичко-медиумската сфера“ во Германија.

Лидерот на ЦДУ, Фридрих Мерц, викендов изјави дека за „јазикот и мислите што ги искажал“ Масен „нема место“ во партијата, додека во резолуцијата усвоена денеска се наведува дека тој често „користи јазик од милјето на антисемитисти и идеолози на заговор”.

Во Германија исклучувањето членови од партија е комплициран и долг, честопати неуспешен процес. Во денешната резолуција се наведува дека раководството ќе бара да започне процес за исклучување на Масен од партијата доколку тој самиот не поднесе оставка до крајот на неделата.

Масен беше избран во саботата за лидер на групата која тврди дека ги претставува конзервативните членови на ЦДУ, иако таа не е формално поврзана со партијата.

The post Германската ЦДУ го исклучува од членство поранешниот шеф на разузнавачката агенција appeared first on Република.

]]>

Раководството на водечката германска опозициска партија, Христијанско-демократската унија (ЦДУ), денеска едногласно усвои резолуција со која го повикува поранешниот директор на разузнавачката агенција Ханс-Георг Масен да ја напушти партијата, по неговиот контроверзен коментар. Во 2018 година Масен беше разрешен од функцијата шеф на разузнавачката агенција (BfW), откако го минимизира десничарското насилство врз мигрантите во источниот град Кемниц. Оттогаш тој стана гласна, но маргинална фигура во тврдото крило на ЦДУ, партијата што со години ја раководеше поранешната канцеларка Ангела Меркел. Партиското раководство го загуби трпението по твитот на Мејсон од средината на јануари, во кој тој рече дека „расизмот против белците“ е насоката на „движечките сили во политичко-медиумската сфера“ во Германија. Лидерот на ЦДУ, Фридрих Мерц, викендов изјави дека за „јазикот и мислите што ги искажал“ Масен „нема место“ во партијата, додека во резолуцијата усвоена денеска се наведува дека тој често „користи јазик од милјето на антисемитисти и идеолози на заговор”. Во Германија исклучувањето членови од партија е комплициран и долг, честопати неуспешен процес. Во денешната резолуција се наведува дека раководството ќе бара да започне процес за исклучување на Масен од партијата доколку тој самиот не поднесе оставка до крајот на неделата. Масен беше избран во саботата за лидер на групата која тврди дека ги претставува конзервативните членови на ЦДУ, иако таа не е формално поврзана со партијата.

The post Германската ЦДУ го исклучува од членство поранешниот шеф на разузнавачката агенција appeared first on Република.

]]>
ЦДУ победи на изборите во најзначајната германска покраина Северна Рајна-Вестфалија https://republika.mk/vesti/svet/cdu-pobedi-na-izborite-vo-najznachajnata-germanska-pokraina-severna-rajna-vestfalija/ Sun, 15 May 2022 19:04:31 +0000 https://republika.mk/?p=502641

Христијанско-демократската унија победи на важните покраински избори во Северна Рајна-Вестфалија, додека владејачката Социјалдемократска партија го постигна најлошиот историски резултат во оваа некогаш социјалдемократска сојузна држава.

Според првите прогнози врз основа на преброените гласови, ЦДУ освоила 35 отсто, што е подобрување за два процентни поени во однос на последните избори во 2017 година.

Со 27,5 отсто СПД освои 3,7 процентни поени помалку од последните покраински избори и со тоа најслаб резултат во историјата на оваа сојузна покраина во која социјалдемократите се на власт со децении.

Трета најсилна партија се Зелените, кои својот најдобар резултат го постигнаа во оваа сојузна покраина со 18,4 отсто.

Најголеми загуби претрпе Либерално-демократската партија (ФДП), која досега учествуваше како помал партнер во работата на демохристијанско-либералната влада во оваа земја. Веќе е извесно дека продолжувањето на таа коалиција е невозможно.

Според првите прогнози, ФДП се движи околу пет отсто од гласовите и влезот во парламентот е неизвесен. Тоа значи загуба од 7,6 процентни поени во однос на последните избори.

Десничарската популистичка Алтернатива за Германија освои нешто помалку со 5,9 отсто од гласовите отколку на последните избори, но обезбеди преминување на изборниот праг.

Партијата Левица не го помина изборниот праг со 2,1 отсто.

Теоретски, во предвид доаѓа коалицијата меѓу Демохристијаните и Зелените, но и коалицијата на социјалдемократите, зелените и либералите, која владее на сојузно ниво од декември.

ЦДУ смета дека како партија со најмногу гласови има предност во формирањето влада.

Членот на претседателството на ЦДУ, Јенс Шпан, рече дека ЦДУ и Зелените се победници на изборите и навести дека преговорите за формирање влада може да се движат во таа насока. Демохристијаните и Зелените веќе успешно формираат коалиција во сојузната покраина Баден-Виртемберг.

„Денешниот резултат е јасна порака од гласачите дека ЦДУ мора да формира и да ја води идната влада“, рече главниот кандидат на ЦДУ во Северна Рајна-Вестфалија, а од минатата година и премиер на покраината, Хендрик Вуст.

Во исто време, генералниот секретар на СПД, Кевин Кунерт, се залага за почеток на преговорите меѓу Социјалдемократите и Зелените, кои заедно теоретски имаат и мнозинство во парламентот во Дизелдорф.

Но, Томас Кутшати, главниот кандидат на СПД во Северна Рајна-Вестфалија, по признавањето на поразот рече дека сега е во ЦДУ за да се обиде да формира коалициска влада.

Излезноста од 56 отсто е значително помала од пред пет години кога на гласање излегоа 65 отсто од околу 13 милиони гласачи.

Изборите во најнаселената и економски најсилната сојузна држава поради нивната важност се нарекуваат и „мали сојузни избори“, а најважните избори годинава во Германија.

Пред една недела ЦДУ убедливо победи и во Шлезвиг-Холштајн. Пред тоа, СПД победи во најмалата сојузна покраина Сар.

Победата на ЦДУ во овие две сојузни покраини се гледа и како потврда на новиот претседател на ЦДУ, Фридрих Мерц, кој во јануари го презеде кормилото на партијата предводена долги години од поранешната канцеларка Ангела Меркел.

The post ЦДУ победи на изборите во најзначајната германска покраина Северна Рајна-Вестфалија appeared first on Република.

]]>

Христијанско-демократската унија победи на важните покраински избори во Северна Рајна-Вестфалија, додека владејачката Социјалдемократска партија го постигна најлошиот историски резултат во оваа некогаш социјалдемократска сојузна држава.

Според првите прогнози врз основа на преброените гласови, ЦДУ освоила 35 отсто, што е подобрување за два процентни поени во однос на последните избори во 2017 година. Со 27,5 отсто СПД освои 3,7 процентни поени помалку од последните покраински избори и со тоа најслаб резултат во историјата на оваа сојузна покраина во која социјалдемократите се на власт со децении. Трета најсилна партија се Зелените, кои својот најдобар резултат го постигнаа во оваа сојузна покраина со 18,4 отсто. Најголеми загуби претрпе Либерално-демократската партија (ФДП), која досега учествуваше како помал партнер во работата на демохристијанско-либералната влада во оваа земја. Веќе е извесно дека продолжувањето на таа коалиција е невозможно. Според првите прогнози, ФДП се движи околу пет отсто од гласовите и влезот во парламентот е неизвесен. Тоа значи загуба од 7,6 процентни поени во однос на последните избори. Десничарската популистичка Алтернатива за Германија освои нешто помалку со 5,9 отсто од гласовите отколку на последните избори, но обезбеди преминување на изборниот праг. Партијата Левица не го помина изборниот праг со 2,1 отсто. Теоретски, во предвид доаѓа коалицијата меѓу Демохристијаните и Зелените, но и коалицијата на социјалдемократите, зелените и либералите, која владее на сојузно ниво од декември. ЦДУ смета дека како партија со најмногу гласови има предност во формирањето влада. Членот на претседателството на ЦДУ, Јенс Шпан, рече дека ЦДУ и Зелените се победници на изборите и навести дека преговорите за формирање влада може да се движат во таа насока. Демохристијаните и Зелените веќе успешно формираат коалиција во сојузната покраина Баден-Виртемберг. „Денешниот резултат е јасна порака од гласачите дека ЦДУ мора да формира и да ја води идната влада“, рече главниот кандидат на ЦДУ во Северна Рајна-Вестфалија, а од минатата година и премиер на покраината, Хендрик Вуст. Во исто време, генералниот секретар на СПД, Кевин Кунерт, се залага за почеток на преговорите меѓу Социјалдемократите и Зелените, кои заедно теоретски имаат и мнозинство во парламентот во Дизелдорф. Но, Томас Кутшати, главниот кандидат на СПД во Северна Рајна-Вестфалија, по признавањето на поразот рече дека сега е во ЦДУ за да се обиде да формира коалициска влада. Излезноста од 56 отсто е значително помала од пред пет години кога на гласање излегоа 65 отсто од околу 13 милиони гласачи. Изборите во најнаселената и економски најсилната сојузна држава поради нивната важност се нарекуваат и „мали сојузни избори“, а најважните избори годинава во Германија. Пред една недела ЦДУ убедливо победи и во Шлезвиг-Холштајн. Пред тоа, СПД победи во најмалата сојузна покраина Сар. Победата на ЦДУ во овие две сојузни покраини се гледа и како потврда на новиот претседател на ЦДУ, Фридрих Мерц, кој во јануари го презеде кормилото на партијата предводена долги години од поранешната канцеларка Ангела Меркел.

The post ЦДУ победи на изборите во најзначајната германска покраина Северна Рајна-Вестфалија appeared first on Република.

]]>