цариници Archives - Република https://republika.mk/tema/carinici/ За подобро да се разбереме Wed, 16 Oct 2024 14:18:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png цариници Archives - Република https://republika.mk/tema/carinici/ 32 32 Лишени од слобода 15 царински службеници и полициски службеник https://republika.mk/vesti/crna-hronika/lisheni-od-sloboda-15-tsarinski-sluzhbenitsi-i-politsiski-sluzhbenik/ Wed, 16 Oct 2024 14:18:35 +0000 https://republika.mk/?p=827695

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР, под раководство на предметен јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција, вчера во попладневните и вечерните часови спроведоа голема полициска акција под кодно име „Премин“.

Акцијата е резултат на повеќемесечна предистражна постапка што обвинителството во соработка со Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР ја спроведуваше по доставена пријава од граѓанин против три лица.
Во текот на акцијата беа извршени претреси на 26 локации во Струмичко-гевгелискиот регион и притоа се лишени од слобода 14 царински службеници од Царинската управа на РСМ, еден пензиониран царински службеник и еден полициски службеник. При претресите се пронајдени парични средства што биле примени како поткуп, во вкупен износ од 50.000 евра.

Според диспозитивот од кривичната пријава против 15 лица што Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР ја достави до ОЈО ГОКК, произлегува дека 13 од осомничените лица како вработени во Царинската управа на РСМ, а распоредени во Царинските испостави Ново Село и Дојран сториле кривично дело Примање поткуп по член 357 став 1 од КЗ, додека две лица се пријавени за кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување по член 353 од КЗ.

Осомничените во временскиот период започнувајќи од 21.03.2023 година, па сѐ до вчера - 15.10.2024 година, со умисла извршиле повеќе временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело. Тие искористувајќи ист траен однос, исти прилики и слични околности, при вршење на царински прегледи на стоката што се увезувала во државата преку граничните премини, од превозниците на стоката директно барале и примале парични средства за себе во износи од по 20, 50, 70, 100 и 150 евра, за да не извршат службено дејствие што би морало да го извршат. Откако ќе го примеле поткупот, што потоа го делеле меѓу себе, осомничените не ја вршеле својата службена должност и не правеле пресметка и наплата на увозните давачки, согласно Законот за царинската управа, Уредбата за спроведување на царинскиот закон и Законот за царинската тарифа. Така, увезената стока ја пуштале во слободен промет, со намера за себе и превозниците да прибават имотна корист, а на штета на средствата на Буџетот на РСМ во висина од ненаплатените царински увозни давачки. Согласно КЗ за кривичното дело Примање поткуп запретената казна е од четири до десет години затвор, додека за кривичното дело Злоупотреба на службена положба и овластување е предвидена казна затвор од шест месеци до три години.

 

The post Лишени од слобода 15 царински службеници и полициски службеник appeared first on Република.

]]>

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР, под раководство на предметен јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција, вчера во попладневните и вечерните часови спроведоа голема полициска акција под кодно име „Премин“. Акцијата е резултат на повеќемесечна предистражна постапка што обвинителството во соработка со Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР ја спроведуваше по доставена пријава од граѓанин против три лица. Во текот на акцијата беа извршени претреси на 26 локации во Струмичко-гевгелискиот регион и притоа се лишени од слобода 14 царински службеници од Царинската управа на РСМ, еден пензиониран царински службеник и еден полициски службеник. При претресите се пронајдени парични средства што биле примени како поткуп, во вкупен износ од 50.000 евра. Според диспозитивот од кривичната пријава против 15 лица што Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР ја достави до ОЈО ГОКК, произлегува дека 13 од осомничените лица како вработени во Царинската управа на РСМ, а распоредени во Царинските испостави Ново Село и Дојран сториле кривично дело Примање поткуп по член 357 став 1 од КЗ, додека две лица се пријавени за кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување по член 353 од КЗ. Осомничените во временскиот период започнувајќи од 21.03.2023 година, па сѐ до вчера - 15.10.2024 година, со умисла извршиле повеќе временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело. Тие искористувајќи ист траен однос, исти прилики и слични околности, при вршење на царински прегледи на стоката што се увезувала во државата преку граничните премини, од превозниците на стоката директно барале и примале парични средства за себе во износи од по 20, 50, 70, 100 и 150 евра, за да не извршат службено дејствие што би морало да го извршат. Откако ќе го примеле поткупот, што потоа го делеле меѓу себе, осомничените не ја вршеле својата службена должност и не правеле пресметка и наплата на увозните давачки, согласно Законот за царинската управа, Уредбата за спроведување на царинскиот закон и Законот за царинската тарифа. Така, увезената стока ја пуштале во слободен промет, со намера за себе и превозниците да прибават имотна корист, а на штета на средствата на Буџетот на РСМ во висина од ненаплатените царински увозни давачки. Согласно КЗ за кривичното дело Примање поткуп запретената казна е од четири до десет години затвор, додека за кривичното дело Злоупотреба на службена положба и овластување е предвидена казна затвор од шест месеци до три години.  

The post Лишени од слобода 15 царински службеници и полициски службеник appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Жестоко ќе бидат казнети сите царински службеници што ќе работат надвор од законот https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-zhestoko-ke-bidat-kazneti-site-tsarinski-sluzhbenitsi-shto-ke-rabotat-nadvor-od-zakonot/ Thu, 15 Aug 2024 11:05:06 +0000 https://republika.mk/?p=806840

Царинската управа е значаен сегмент и многу важен столб за стабилноста и борбата против криминалот, корупцијата и недозволената трговија. И затоа, ќе ја имаат мојата поддршка, но, очекувам исклучително сериозни резултати. Ако некој мисли дека ќе биде како досега, сериозно се лаже. Тоа треба сите да го знаат. И тоа важи за сите службеници на Царинската управа, било да се на граничните премини, мобилните тимови или во управната зграда, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски по посетата на Царинската управа.

- Ако мислат дека имаат право да работат надвор од законот, само затоа што се дел од овој систем, се лажат. Жестоко ќе бидат казнети. Ќе бидат фатени, изведени пред лицето на правдата и жестоко казнети. И тука нема ниту политичка, ниту етничка, ниту верска припадност. На сите треба да им биде јасно. Додека јас ја предводам владата, ова е принципот на работа. Тој ден кога јас нема да ја предводам владата, можат да работат како што мислат дека треба. Доколку на некој не му се допаѓа овој принцип, слободно може да си побара друга работа или да си бара друго чаре што би рекле наште поискусни, рече Мицкоски на прес-конференција со директорот на Царинската управа, Бобан Николовски.

Тој посочи дека законот мора да важи за секого.

- И повторувам, нема политичка, етничка или верска припадност. Законот мора да важи на целата територија за секој. Секој кој ќе биде фатен, без разлика дали е од Дебар или Делчево, Куманово или Гевгелија, јас лично ви гарантирам, дека ќе биде изведен пред лицето на правдата. Никој нема право да го краде народот, додаде премиерот.

Мицкоски кажа и дека очекува да се случува рекордна борба и безусловна борба со криминалот.

- Сакам да кажам дека преку таа борба и резултатите со таа борба, ние практично очекуваме поголеми приливи во самиот буџет. Преку тие приливи во буџетот, ќе можеме да одвоиме повеќе средства за капитални инвестиции и за сите реформи што ги планираме да ги работиме, додаде премиерот.

Николовски рече дека во Царинската управа затекнале состојба, што тој ја опиша како „крајно разочарувачка“.  Царинските службеници биле демотивирани и неефикасни, при што резултатите биле крајно поразителни.

- Слаба контрола, а откривачки функции сведени на минимум. За само еден месец, во јули наплативме рекордни близу 12 милијарди денари или 16.6 проценти повеќе од минатата година истиот период што претставува историска наплата на приходи во еден месец. Анализата покажа дека зголемената наплата се должи на поголема количина пријавен увоз на цигари или за 127 проценти повеќе од јули минатата година, рече тој меѓу другото.

The post Мицкоски: Жестоко ќе бидат казнети сите царински службеници што ќе работат надвор од законот appeared first on Република.

]]>

Царинската управа е значаен сегмент и многу важен столб за стабилноста и борбата против криминалот, корупцијата и недозволената трговија. И затоа, ќе ја имаат мојата поддршка, но, очекувам исклучително сериозни резултати. Ако некој мисли дека ќе биде како досега, сериозно се лаже. Тоа треба сите да го знаат. И тоа важи за сите службеници на Царинската управа, било да се на граничните премини, мобилните тимови или во управната зграда, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски по посетата на Царинската управа. - Ако мислат дека имаат право да работат надвор од законот, само затоа што се дел од овој систем, се лажат. Жестоко ќе бидат казнети. Ќе бидат фатени, изведени пред лицето на правдата и жестоко казнети. И тука нема ниту политичка, ниту етничка, ниту верска припадност. На сите треба да им биде јасно. Додека јас ја предводам владата, ова е принципот на работа. Тој ден кога јас нема да ја предводам владата, можат да работат како што мислат дека треба. Доколку на некој не му се допаѓа овој принцип, слободно може да си побара друга работа или да си бара друго чаре што би рекле наште поискусни, рече Мицкоски на прес-конференција со директорот на Царинската управа, Бобан Николовски. Тој посочи дека законот мора да важи за секого. - И повторувам, нема политичка, етничка или верска припадност. Законот мора да важи на целата територија за секој. Секој кој ќе биде фатен, без разлика дали е од Дебар или Делчево, Куманово или Гевгелија, јас лично ви гарантирам, дека ќе биде изведен пред лицето на правдата. Никој нема право да го краде народот, додаде премиерот. Мицкоски кажа и дека очекува да се случува рекордна борба и безусловна борба со криминалот. - Сакам да кажам дека преку таа борба и резултатите со таа борба, ние практично очекуваме поголеми приливи во самиот буџет. Преку тие приливи во буџетот, ќе можеме да одвоиме повеќе средства за капитални инвестиции и за сите реформи што ги планираме да ги работиме, додаде премиерот. Николовски рече дека во Царинската управа затекнале состојба, што тој ја опиша како „крајно разочарувачка“.  Царинските службеници биле демотивирани и неефикасни, при што резултатите биле крајно поразителни. - Слаба контрола, а откривачки функции сведени на минимум. За само еден месец, во јули наплативме рекордни близу 12 милијарди денари или 16.6 проценти повеќе од минатата година истиот период што претставува историска наплата на приходи во еден месец. Анализата покажа дека зголемената наплата се должи на поголема количина пријавен увоз на цигари или за 127 проценти повеќе од јули минатата година, рече тој меѓу другото.

The post Мицкоски: Жестоко ќе бидат казнети сите царински службеници што ќе работат надвор од законот appeared first on Република.

]]>
„Штом видат дека излегувате од фришоп, ви ја претресуваат колата“, предупредува Србин за ГП „Дојран“ https://republika.mk/zivot/patuvanja/shtom-vidat-deka-izleguvate-od-frishop-vi-ja-pretresuvaat-kolata-predupreduva-srbin-za-gp-dojran/ Wed, 26 Jun 2024 13:33:47 +0000 https://republika.mk/?p=790906

Кога одат во Грција на море, Србите најчесто купуваат штеки цигари од Македонија или на фришоп, бидејќи им е доста поевтино од Србија или од Грција, но и оваа и претходната сезона нивите граѓани имаа непланирани проблеми на граница со оваа навика.

Споделувајќи го своето искуство, Дејан од Србија ги предупредува сите кои на пат кон море  преминуваат преку граничниот премин Дојран - Дојрани меѓу Македонија и Грција дека цариниците од грчка страна будно следат кој излегува од фришоп, а потоа го прегледуваат возилото.

На граничниот премин Дојран, ако застанете пред фришоп, знајте го следново: На самиот премин има грчка царинарница, гледаат низ прозор и на секој што излегува од продавницата после го застануваат за преглед на автомобилот.  Главно бараат цигари или алкохол. Ме претресоа бидејќи видоа дека сум излегол, но имав купено само благо за ќерка ми. Бараат и сметка за да видат дали на неа има цигари или алкохол. И во самиот фришоп ве предупредуваат не враќаат пари и производи, ако царината не дозволи да се внесат, објасни тој во објава на фејсбук-страницата „Grčka info“.

Grčka
Во коментарите под неговата објава, слични искуства споделија и други Срби.

Желбата да заштедат пари или едноставно да не го менуваат тутунот што го користат, им се вратила над глава на неколкумина. Пример, како што напиша Лидија, за двете штеки цигари кои ги имале со себе ѝ била наплатена казна од 150 евра.  

https://republika.mk/zivot/patuvanja/ako-planirate-odmor-vo-grtsija-vnimavajte-na-granitsa-eve-shto-mozhe-a-shto-ne-treba-da-nosite-vo-bagazhot/

The post „Штом видат дека излегувате од фришоп, ви ја претресуваат колата“, предупредува Србин за ГП „Дојран“ appeared first on Република.

]]>

Кога одат во Грција на море, Србите најчесто купуваат штеки цигари од Македонија или на фришоп, бидејќи им е доста поевтино од Србија или од Грција, но и оваа и претходната сезона нивите граѓани имаа непланирани проблеми на граница со оваа навика. Споделувајќи го своето искуство, Дејан од Србија ги предупредува сите кои на пат кон море  преминуваат преку граничниот премин Дојран - Дојрани меѓу Македонија и Грција дека цариниците од грчка страна будно следат кој излегува од фришоп, а потоа го прегледуваат возилото. На граничниот премин Дојран, ако застанете пред фришоп, знајте го следново: На самиот премин има грчка царинарница, гледаат низ прозор и на секој што излегува од продавницата после го застануваат за преглед на автомобилот.  Главно бараат цигари или алкохол. Ме претресоа бидејќи видоа дека сум излегол, но имав купено само благо за ќерка ми. Бараат и сметка за да видат дали на неа има цигари или алкохол. И во самиот фришоп ве предупредуваат не враќаат пари и производи, ако царината не дозволи да се внесат, објасни тој во објава на фејсбук-страницата „Grčka info“. Grčka Во коментарите под неговата објава, слични искуства споделија и други Срби. Желбата да заштедат пари или едноставно да не го менуваат тутунот што го користат, им се вратила над глава на неколкумина. Пример, како што напиша Лидија, за двете штеки цигари кои ги имале со себе ѝ била наплатена казна од 150 евра.   https://republika.mk/zivot/patuvanja/ako-planirate-odmor-vo-grtsija-vnimavajte-na-granitsa-eve-shto-mozhe-a-shto-ne-treba-da-nosite-vo-bagazhot/

The post „Штом видат дека излегувате од фришоп, ви ја претресуваат колата“, предупредува Србин за ГП „Дојран“ appeared first on Република.

]]>
Запленети 22 часовници вредни 272 илјади денари https://republika.mk/vesti/crna-hronika/zapleneti-22-chasovnitsi-vredni-272-iljadi-denari/ Wed, 05 Jun 2024 09:06:42 +0000 https://republika.mk/?p=784874

Царинските службеници на Меѓународен Аеродром Скопје при контрола на куферите на еден патник од Турција открија дури 22 часовници од брендот „Ника“ во вкупна вредност од 27илјади денари кои патникот не ги пријавил при влез во државата.

Патникот кој пристигнал со лет од Истанбул, саатчија по професија, на прашање на царинските службеници дали има нешто за пријавување одговорил дека нема ништо по што бил упатен на контрола со скенер.

Часовниците се запленети, а против патникот ќе биде поведена прекршочна постапка.

The post Запленети 22 часовници вредни 272 илјади денари appeared first on Република.

]]>

Царинските службеници на Меѓународен Аеродром Скопје при контрола на куферите на еден патник од Турција открија дури 22 часовници од брендот „Ника“ во вкупна вредност од 27илјади денари кои патникот не ги пријавил при влез во државата.

Патникот кој пристигнал со лет од Истанбул, саатчија по професија, на прашање на царинските службеници дали има нешто за пријавување одговорил дека нема ништо по што бил упатен на контрола со скенер.

Часовниците се запленети, а против патникот ќе биде поведена прекршочна постапка.

The post Запленети 22 часовници вредни 272 илјади денари appeared first on Република.

]]>
Полицијата апси полицајци и цариници на Табановце https://republika.mk/vesti/crna-hronika/policijata-apsi-policajci-i-carinici-na-tabanovce/ Sun, 25 Dec 2022 19:35:36 +0000 https://republika.mk/?p=589812

Во моментов се проведува полициска акција на ГП „Табановце“. Неофицијално, опфатени се полициски и царински службеници од преминот. МВР во координација со ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција спроведуваат заедничка акција на ГП Табановце, се апсат полицајци инволвирани во коруптивни дејства.

Подетални информации подоцна.

Засега нема делтали за акцијата, но се знае дека постои застој на преминот, се чека и по 3 часа. Кулминира нервозата кај патниците кои чекаат и кои се обидуваат да извршат притисок врз граничарите.

Во овој период од годината на ГП „Табановце“ има зголемен промет, со оглед на тоа што голем број се враќаат во родниот крај за празниците.

The post Полицијата апси полицајци и цариници на Табановце appeared first on Република.

]]>

Во моментов се проведува полициска акција на ГП „Табановце“. Неофицијално, опфатени се полициски и царински службеници од преминот. МВР во координација со ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција спроведуваат заедничка акција на ГП Табановце, се апсат полицајци инволвирани во коруптивни дејства. Подетални информации подоцна. Засега нема делтали за акцијата, но се знае дека постои застој на преминот, се чека и по 3 часа. Кулминира нервозата кај патниците кои чекаат и кои се обидуваат да извршат притисок врз граничарите. Во овој период од годината на ГП „Табановце“ има зголемен промет, со оглед на тоа што голем број се враќаат во родниот крај за празниците.

The post Полицијата апси полицајци и цариници на Табановце appeared first on Република.

]]>
Двајца цариници и двајца полицајци меѓу седум уапсени за шверц на граничниот премин Ќафасан кон Албанија https://republika.mk/vesti/balkan/dvajca-carinici-i-dvajca-policajci-megju-sedum-uapseni-za-shverc-na-granichniot-premin-kjafasan-kon-albanija/ Wed, 22 Jun 2022 10:57:01 +0000 https://republika.mk/?p=518407

На граничниот премин Ќафасан, на албанско-македонската граница кај Струга, уапсени се седум лица кои дозволиле или вршеле шверц на стока набавена во Македонија.

Притворени се двајца полициски службеници, двајца цариници и три лица жители на пограничниот град Либражд, за злоупотреба на службената положба, корупција и шверц. По добиени сознанија дека се дозволува минување на стока од македонска на албанска страна избегнувајќи ги царинските давачки, спроведената истрага која го потврдила тоа - информира албанската полиција.

Според истиот извор, истрагата покажала дека полициски службеници на споменатиот премин, во соработка со царинските службеници, во замена за поголема сума пари, фаворизирале три лица да ја преминат шверцуваната стока без спроведување на постапката за царинење.

Како материјален доказ се одземени три возила, девет мобилни телефони, одредена количина парични средства нелегално стекнати нелегално од корупција на работно место, значителна количина разновидна храна и пијалаци, како и друга стока.

Поради пониските цени на прехранбените и други производи, како и горивото, голем број албански граѓани, но и тамошни трговци од пограничните населени места, на големо вршат набавка во Дебар, Струга, Охрид и Ресен.

The post Двајца цариници и двајца полицајци меѓу седум уапсени за шверц на граничниот премин Ќафасан кон Албанија appeared first on Република.

]]>

На граничниот премин Ќафасан, на албанско-македонската граница кај Струга, уапсени се седум лица кои дозволиле или вршеле шверц на стока набавена во Македонија.
Притворени се двајца полициски службеници, двајца цариници и три лица жители на пограничниот град Либражд, за злоупотреба на службената положба, корупција и шверц. По добиени сознанија дека се дозволува минување на стока од македонска на албанска страна избегнувајќи ги царинските давачки, спроведената истрага која го потврдила тоа - информира албанската полиција.
Според истиот извор, истрагата покажала дека полициски службеници на споменатиот премин, во соработка со царинските службеници, во замена за поголема сума пари, фаворизирале три лица да ја преминат шверцуваната стока без спроведување на постапката за царинење. Како материјален доказ се одземени три возила, девет мобилни телефони, одредена количина парични средства нелегално стекнати нелегално од корупција на работно место, значителна количина разновидна храна и пијалаци, како и друга стока. Поради пониските цени на прехранбените и други производи, како и горивото, голем број албански граѓани, но и тамошни трговци од пограничните населени места, на големо вршат набавка во Дебар, Струга, Охрид и Ресен.

The post Двајца цариници и двајца полицајци меѓу седум уапсени за шверц на граничниот премин Ќафасан кон Албанија appeared first on Република.

]]>
Двајца цариници добија по шест години затвор https://republika.mk/vesti/crna-hronika/dvajca-carinici-dobija-po-shest-godini-zatvor/ Thu, 09 Jun 2022 15:30:03 +0000 https://republika.mk/?p=513238

Двајца од осумте цариниците кои овозможиле шверц на лекови за производство на екстази осудени се на 6 години затвор, а двајца се осудени со условна казна од 6 месеци.
Вчера во Кривичниот суд во Скопјечетворица од осумте обвинети цариници признаа вина за делото криумчарење, објави Алсат.

Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција кое го отвори случајот најави жалба на овие пресуди, соопштија од обвинителството.

Истрагата беше отворена лани во декември, во која според обвинителството, се утврди дека цариници, полицајци и други лица во два наврати организирале неовластено пренесување на таблети, а четворицата царински службеници овозможиле прекурсорите да поминат на граница. Судската постапка продолжува за оние кои не признаа вина.

The post Двајца цариници добија по шест години затвор appeared first on Република.

]]>

Двајца од осумте цариниците кои овозможиле шверц на лекови за производство на екстази осудени се на 6 години затвор, а двајца се осудени со условна казна од 6 месеци. Вчера во Кривичниот суд во Скопјечетворица од осумте обвинети цариници признаа вина за делото криумчарење, објави Алсат. Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција кое го отвори случајот најави жалба на овие пресуди, соопштија од обвинителството. Истрагата беше отворена лани во декември, во која според обвинителството, се утврди дека цариници, полицајци и други лица во два наврати организирале неовластено пренесување на таблети, а четворицата царински службеници овозможиле прекурсорите да поминат на граница. Судската постапка продолжува за оние кои не признаа вина.

The post Двајца цариници добија по шест години затвор appeared first on Република.

]]>