царина Archives - Република https://republika.mk/tema/carina/ За подобро да се разбереме Tue, 12 Nov 2024 11:02:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png царина Archives - Република https://republika.mk/tema/carina/ 32 32 Царинска управа: Спречени обиди за криумчарење кокаин, цигари, офталмолошки производи, облека и нелегален изнес на девизи https://republika.mk/vesti/crna-hronika/tsarinska-uprava-sprecheni-obidi-za-kriumcharene-kokain-tsigari-oftalmoloshki-proizvodi-obleka-i-nelegalen-iznes-na-devizi/ Tue, 12 Nov 2024 11:02:39 +0000 https://republika.mk/?p=836712

Во текот на изминатата недела, царинските службеници на граничните премини и мобилни тимови при Одделението за оперативни работи, Сектор за контрола и истраги спречија обиди за криумчарење кокаин, цигари, офталмолошки производи, облека и друга стока, а спречен е и нелегален изнес на девизи, соопшти Царинската управа.

При контрола на стока наменета за увозник од Гостивар, пријавена за увозно царинење откриени се и производи што не биле опфатени со царинските документи.

- Спречен е обид за криумчарење на околу два килограми кокаин, што граѓанин од Бразил имал намера да го прошверцува по воздушен пат и преку Меѓународен Аеродром Скопје нелегално да го внесе во државава. Дрогата е пронајдена при претрес на лицето и тоа во внатрешноста на еден од двата куфери што ги носел бразилскиот државјанин. Претресот е извршен од страна на Мобилен тим со царинско куче во соработка со полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, СВР Скопје - единица за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи, СВР Скопје - единица за недозволена трговија и Полициската станица за граничен надзор „Меѓународен аеродром- Скопје“. Дрогата е запленета, а од страна на СВР Скопје до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ќе биде поднесена кривична пријава против четири лица инволвирани во организирањето и вршење на транспорт на околу два килограми кокаин. , се наведува во соопштението.

Од Царинска управа информираат дека се спречени обиди за криумчарење на 85 штеки цигари по извршени контроли на гранични премини Меѓународен Аеродром Скопје, Богородица и Меџитлија.

- На излез од државата на Меѓународен Аеродром Скопје, царински службеници спречија криумчарење на 60 штеки цигари, што косовски државјанин сакал нелегално да ги изнесе од државата и по воздушен пат да ги внесе нелегално во Лондон. Штеките цигари се откриени при контрола на багажот на патникот. Цигарите се привремено задржани, а против патникот е поведена прекршочна постапка, велат од Царинска управа.

Оттаму појаснуваат дека 19 штеки цигари без акцизни маркички се откриени при контрола на камион со македонски регистарски таблички, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Богородица. Непријавените цигари пронајдени под креветот во кабината на камионот, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поведена прекршочна постапка.

- Шест штеки цигари без акцизни маркички, се откриени при контрола на камион со македонски регистарски таблички, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Меџитлија. Непријавените цигари, пронајдени во кеси сместени во кабината и во надворешни прегради на влекачот, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поведена прекршочна постапка, се наведува во соопштението.

Царински службеници на граничен премин Богородица спречиле нелегален изнес на девизи. Девизите се откриени при претрес на тројца патници, македонски државјани, коишто патувале со автомобил. При контролата во чантата на еден од сопатниците, како и во џебот од панталоните на возачот биле пронајдени непријавени 10.990 евра, 3.200 американски долари и 500 швајцарски франци, за кои патниците не поседувале ниту документ за потекло. Согласно Законот за девизно работење, на лицата им се вратени средства во противвредност од 2.000 евра, а останатите се задржани. За сторениот девизен прекршок е поведена прекршочна постапка.

- Мобилен тим спречи обид за криумчарење на офталмолошки производи, меѓу коишто 16 леќи, 48 пакувања 360 мл раствор за дезинфекција на леќи, но и 137 делови за моторни пили. Непријавените производи се откриени при контрола на стока наменета за увозник од Гостивар, пријавена за увозно царинење во царинската испостава Тетово. Производите, што не биле опфатени со царинските документи, се запленети, а против увозникот ќе биде поведена прекршочна постапка, велат од Царинска управа.

Оттаму информираат дека 55 парчиња облека се откриени при контрола автомобил со македонски регистарски таблички, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Меџитлија. Непријавените производи, пронајдени во четири куфери и торби сместени во багажникот на возилото се запленети, а против возачот ќе биде поведена прекршочна постапка.

-Вкупно 228 пара женски обувки се откриени при контрола на камион со српски регистарски таблички управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Богородица. Во товарниот дел на камионот, кој бил натоварен со стока наменета за фирма од Србија, покрај пријавената стока биле откриени 19 кутии со женски обувки кои не биле опфатени со царинските документи. Истите се запленети, а против возачот е поведена прекршочна постапка. Вкупно 289 разни производи како часовници, чанти, обувки, парфеми и козметика, при што дел се со потпис на познати модни брендови, се откриени при контрола на автомобил со чешки регистарски таблички, управуван од македонски државјанин пријавен на влез во државата на граничниот премин Табановце. Непријавените производи биле пронајдени во повеќе големи торби сместени во багажникот и на задното седиште. Производите се запленети, а против возачот ќе биде поведена соодветна постапка, се наведува во соопштението.

Од Царинска управа информираат дека 498 литри маслиново масло, 30 шишиња од по 750 мл вино и 450 парчиња женска облека, се откриени при контрола на патничко комбе со германски регистарски таблички, управувано од германски државјанин на граничниот премин Богородица. Непријавените производи, пронајдени во повеќе картонски кутии сместени во багажникот и во внатрешноста на возилото, се запленети, а против возачот ќе биде поведена соодветна постапка.

Царината запленила 71 водни пумпи за автомобили се откриени при контрола на автомбил со хрватски регистарски таблички, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат. Производите, пронајдени во кутија сместена во багажникот на возилото и во кеса сместена на задното седиште, се запленети, а против возачот ќе биде поведена прекршочна постапка.

The post Царинска управа: Спречени обиди за криумчарење кокаин, цигари, офталмолошки производи, облека и нелегален изнес на девизи appeared first on Република.

]]>

Во текот на изминатата недела, царинските службеници на граничните премини и мобилни тимови при Одделението за оперативни работи, Сектор за контрола и истраги спречија обиди за криумчарење кокаин, цигари, офталмолошки производи, облека и друга стока, а спречен е и нелегален изнес на девизи, соопшти Царинската управа. При контрола на стока наменета за увозник од Гостивар, пријавена за увозно царинење откриени се и производи што не биле опфатени со царинските документи. - Спречен е обид за криумчарење на околу два килограми кокаин, што граѓанин од Бразил имал намера да го прошверцува по воздушен пат и преку Меѓународен Аеродром Скопје нелегално да го внесе во државава. Дрогата е пронајдена при претрес на лицето и тоа во внатрешноста на еден од двата куфери што ги носел бразилскиот државјанин. Претресот е извршен од страна на Мобилен тим со царинско куче во соработка со полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, СВР Скопје - единица за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи, СВР Скопје - единица за недозволена трговија и Полициската станица за граничен надзор „Меѓународен аеродром- Скопје“. Дрогата е запленета, а од страна на СВР Скопје до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ќе биде поднесена кривична пријава против четири лица инволвирани во организирањето и вршење на транспорт на околу два килограми кокаин. , се наведува во соопштението. Од Царинска управа информираат дека се спречени обиди за криумчарење на 85 штеки цигари по извршени контроли на гранични премини Меѓународен Аеродром Скопје, Богородица и Меџитлија. - На излез од државата на Меѓународен Аеродром Скопје, царински службеници спречија криумчарење на 60 штеки цигари, што косовски државјанин сакал нелегално да ги изнесе од државата и по воздушен пат да ги внесе нелегално во Лондон. Штеките цигари се откриени при контрола на багажот на патникот. Цигарите се привремено задржани, а против патникот е поведена прекршочна постапка, велат од Царинска управа. Оттаму појаснуваат дека 19 штеки цигари без акцизни маркички се откриени при контрола на камион со македонски регистарски таблички, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Богородица. Непријавените цигари пронајдени под креветот во кабината на камионот, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поведена прекршочна постапка. - Шест штеки цигари без акцизни маркички, се откриени при контрола на камион со македонски регистарски таблички, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Меџитлија. Непријавените цигари, пронајдени во кеси сместени во кабината и во надворешни прегради на влекачот, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поведена прекршочна постапка, се наведува во соопштението. Царински службеници на граничен премин Богородица спречиле нелегален изнес на девизи. Девизите се откриени при претрес на тројца патници, македонски државјани, коишто патувале со автомобил. При контролата во чантата на еден од сопатниците, како и во џебот од панталоните на возачот биле пронајдени непријавени 10.990 евра, 3.200 американски долари и 500 швајцарски франци, за кои патниците не поседувале ниту документ за потекло. Согласно Законот за девизно работење, на лицата им се вратени средства во противвредност од 2.000 евра, а останатите се задржани. За сторениот девизен прекршок е поведена прекршочна постапка. - Мобилен тим спречи обид за криумчарење на офталмолошки производи, меѓу коишто 16 леќи, 48 пакувања 360 мл раствор за дезинфекција на леќи, но и 137 делови за моторни пили. Непријавените производи се откриени при контрола на стока наменета за увозник од Гостивар, пријавена за увозно царинење во царинската испостава Тетово. Производите, што не биле опфатени со царинските документи, се запленети, а против увозникот ќе биде поведена прекршочна постапка, велат од Царинска управа. Оттаму информираат дека 55 парчиња облека се откриени при контрола автомобил со македонски регистарски таблички, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Меџитлија. Непријавените производи, пронајдени во четири куфери и торби сместени во багажникот на возилото се запленети, а против возачот ќе биде поведена прекршочна постапка. -Вкупно 228 пара женски обувки се откриени при контрола на камион со српски регистарски таблички управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Богородица. Во товарниот дел на камионот, кој бил натоварен со стока наменета за фирма од Србија, покрај пријавената стока биле откриени 19 кутии со женски обувки кои не биле опфатени со царинските документи. Истите се запленети, а против возачот е поведена прекршочна постапка. Вкупно 289 разни производи како часовници, чанти, обувки, парфеми и козметика, при што дел се со потпис на познати модни брендови, се откриени при контрола на автомобил со чешки регистарски таблички, управуван од македонски државјанин пријавен на влез во државата на граничниот премин Табановце. Непријавените производи биле пронајдени во повеќе големи торби сместени во багажникот и на задното седиште. Производите се запленети, а против возачот ќе биде поведена соодветна постапка, се наведува во соопштението. Од Царинска управа информираат дека 498 литри маслиново масло, 30 шишиња од по 750 мл вино и 450 парчиња женска облека, се откриени при контрола на патничко комбе со германски регистарски таблички, управувано од германски државјанин на граничниот премин Богородица. Непријавените производи, пронајдени во повеќе картонски кутии сместени во багажникот и во внатрешноста на возилото, се запленети, а против возачот ќе биде поведена соодветна постапка. Царината запленила 71 водни пумпи за автомобили се откриени при контрола на автомбил со хрватски регистарски таблички, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат. Производите, пронајдени во кутија сместена во багажникот на возилото и во кеса сместена на задното седиште, се запленети, а против возачот ќе биде поведена прекршочна постапка.

The post Царинска управа: Спречени обиди за криумчарење кокаин, цигари, офталмолошки производи, облека и нелегален изнес на девизи appeared first on Република.

]]>
Спречени обиди за криумчарење кокаин, цигари, офталмолошки производи, девизи и разна стока https://republika.mk/vesti/crna-hronika/sprecheni-obidi-za-kriumcharene-kokain-tsigari-oftalmoloshki-proizvodi-devizi-i-razna-stoka/ Tue, 12 Nov 2024 10:04:24 +0000 https://republika.mk/?p=836675

Спречен обид за криумчарење на околу два килограми кокаин, што граѓанин од Бразил имал намера да го прошверцува по воздушен пат и преку Меѓународен Аеродром Скопје нелегално да го внесе во државава. Дрогата е пронајдена при претрес на лицето и тоа во внатрешноста на еден од двата куфери што ги носел бразилскиот државјанин. Претресот е извршен од страна на Мобилен тим со царинско куче во соработка со полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, СВР Скопје - единица за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи, СВР Скопје - единица за недозволена трговија и Полициската станица за граничен надзор „Меѓународен аеродром- Скопје“. Дрогата е запленета, а од страна на СВР Скопје до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ќе биде поднесена кривична пријава против четири лица инволвирани во организирањето и вршење на транспорт на околу два килограми кокаин.

https://www.youtube.com/watch?v=RzUd_9RZqao&feature=youtu.be

Спречени обиди за криумчарење на 85 штеки цигари по извршени контроли на гранични премини Меѓународен Аеродром Скопје, Богородица и Меџитлија.

- На излез од државата на Меѓународен Аеродром Скопје, царински службеници спречија криумчарење на 60 штеки цигари, што косовски државјанин сакал нелегално да ги изнесе од државата и по воздушен пат да ги внесе нелегално во Лондон. Штеките цигари се откриени при контрола на багажот на патникот. Цигарите се привремено задржани, а против патникот е поведена прекршочна постапка.

- 19 штеки цигари без акцизни маркички се откриени при контрола на камион со македонски регистарски таблички, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Богородица. Непријавените цигари пронајдени под креветот во кабината на камионот, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поведена прекршочна постапка.

- 6 штеки цигари без акцизни маркички, се откриени при контрола на камион со македонски регистарски таблички, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Меџитлија. Непријавените цигари, пронајдени во кеси сместени во кабината и во надворешни прегради на влекачот, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поведена прекршочна постапка.

Царински службеници на граничен премин Богородица спречија нелегален изнес на девизи. Девизите се откриени при претрес на тројца патници, македонски државјани, коишто патувале со автомобил. При контролата во чантата на еден од сопатниците, како и во џебот од панталоните на возачот биле пронајдени непријавени 10.990 евра, 3.200 американски долари и 500 швајцарски франци, за кои патниците не поседувале ниту документ за потекло. Согласно Законот за девизно работење, на лицата им се  вратени средства во противвредност од 2.000 евра, а останатите се задржани. За сторениот девизен прекршок е поведена прекршочна постапка.

Мобилен тим спречи обид за криумчарење на офталмолошки производи, меѓу коишто 16 леќи, 48 пакувања 360 мл раствор за дезинфекција на леќи, но и 137 делови за моторни пили. Непријавените производи се откриени при контрола на стока наменета за увозник од Гостивар, пријавена за увозно царинење во царинската испостава  Тетово. Производите, што не биле опфатени со царинските документи, се запленети, а против увозникот ќе биде поведена прекршочна постапка.

55 парчиња облека се откриени при контрола автомобил со македонски регистарски таблички, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Меџитлија. Непријавените производи, пронајдени во 4 куфери и торби сместени во багажникот на возилото се запленети, а против возачот ќе биде поведена прекршочна постапка.

228 пара женски обувки се откриени при контрола на камион со српски регистарски таблички управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Богородица. Во товарниот дел на камионот, кој бил натоварен со стока наменета за фирма од Србија,  покрај пријавената стока биле откриени 19 кутии со женски обувки кои не биле опфатени со царинските документи. Истите се запленети, а против возачот е поведена прекршочна постапка.

289 разни производи како часовници, чанти, обувки, парфеми и козметика, при што дел се со потпис на познати модни брендови,  се откриени при контрола на автомобил со чешки регистарски таблички, управуван од македонски државјанин пријавен на влез во државата на граничниот премин Табановце. Непријавените производи биле пронајдени во повеќе големи торби сместени во багажникот и на задното седиште. Производите се запленети, а против возачот ќе биде поведена соодветна постапка.

498 литри маслиново масло, 30 шишиња од по 750 мл вино и 450 парчиња женска облека,  се откриени при контрола на патничко комбе со германски регистарски таблички, управувано од германски државјанин на граничниот премин Богородица. Непријавените производи, пронајдени во повеќе картонски кутии сместени во багажникот и во внатрешноста на возилото, се запленети, а против возачот ќе биде поведена соодветна постапка.

71 водни пумпи за автомобили се откриени при контрола на автомбил со хрватски регистарски таблички, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат. Производите, пронајдени во кутија сместена во багажникот на возилото и во кеса сместена на задното седиште, се запленети, а против возачот ќе биде поведена прекршочна постапка.

The post Спречени обиди за криумчарење кокаин, цигари, офталмолошки производи, девизи и разна стока appeared first on Република.

]]>

Спречен обид за криумчарење на околу два килограми кокаин, што граѓанин од Бразил имал намера да го прошверцува по воздушен пат и преку Меѓународен Аеродром Скопје нелегално да го внесе во државава. Дрогата е пронајдена при претрес на лицето и тоа во внатрешноста на еден од двата куфери што ги носел бразилскиот државјанин. Претресот е извршен од страна на Мобилен тим со царинско куче во соработка со полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, СВР Скопје - единица за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи, СВР Скопје - единица за недозволена трговија и Полициската станица за граничен надзор „Меѓународен аеродром- Скопје“. Дрогата е запленета, а од страна на СВР Скопје до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ќе биде поднесена кривична пријава против четири лица инволвирани во организирањето и вршење на транспорт на околу два килограми кокаин. https://www.youtube.com/watch?v=RzUd_9RZqao&feature=youtu.be

Спречени обиди за криумчарење на 85 штеки цигари по извршени контроли на гранични премини Меѓународен Аеродром Скопје, Богородица и Меџитлија.

- На излез од државата на Меѓународен Аеродром Скопје, царински службеници спречија криумчарење на 60 штеки цигари, што косовски државјанин сакал нелегално да ги изнесе од државата и по воздушен пат да ги внесе нелегално во Лондон. Штеките цигари се откриени при контрола на багажот на патникот. Цигарите се привремено задржани, а против патникот е поведена прекршочна постапка.

- 19 штеки цигари без акцизни маркички се откриени при контрола на камион со македонски регистарски таблички, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Богородица. Непријавените цигари пронајдени под креветот во кабината на камионот, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поведена прекршочна постапка.

- 6 штеки цигари без акцизни маркички, се откриени при контрола на камион со македонски регистарски таблички, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Меџитлија. Непријавените цигари, пронајдени во кеси сместени во кабината и во надворешни прегради на влекачот, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поведена прекршочна постапка.

Царински службеници на граничен премин Богородица спречија нелегален изнес на девизи. Девизите се откриени при претрес на тројца патници, македонски државјани, коишто патувале со автомобил. При контролата во чантата на еден од сопатниците, како и во џебот од панталоните на возачот биле пронајдени непријавени 10.990 евра, 3.200 американски долари и 500 швајцарски франци, за кои патниците не поседувале ниту документ за потекло. Согласно Законот за девизно работење, на лицата им се  вратени средства во противвредност од 2.000 евра, а останатите се задржани. За сторениот девизен прекршок е поведена прекршочна постапка.

Мобилен тим спречи обид за криумчарење на офталмолошки производи, меѓу коишто 16 леќи, 48 пакувања 360 мл раствор за дезинфекција на леќи, но и 137 делови за моторни пили. Непријавените производи се откриени при контрола на стока наменета за увозник од Гостивар, пријавена за увозно царинење во царинската испостава  Тетово. Производите, што не биле опфатени со царинските документи, се запленети, а против увозникот ќе биде поведена прекршочна постапка.

55 парчиња облека се откриени при контрола автомобил со македонски регистарски таблички, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Меџитлија. Непријавените производи, пронајдени во 4 куфери и торби сместени во багажникот на возилото се запленети, а против возачот ќе биде поведена прекршочна постапка. 228 пара женски обувки се откриени при контрола на камион со српски регистарски таблички управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Богородица. Во товарниот дел на камионот, кој бил натоварен со стока наменета за фирма од Србија,  покрај пријавената стока биле откриени 19 кутии со женски обувки кои не биле опфатени со царинските документи. Истите се запленети, а против возачот е поведена прекршочна постапка. 289 разни производи како часовници, чанти, обувки, парфеми и козметика, при што дел се со потпис на познати модни брендови,  се откриени при контрола на автомобил со чешки регистарски таблички, управуван од македонски државјанин пријавен на влез во државата на граничниот премин Табановце. Непријавените производи биле пронајдени во повеќе големи торби сместени во багажникот и на задното седиште. Производите се запленети, а против возачот ќе биде поведена соодветна постапка. 498 литри маслиново масло, 30 шишиња од по 750 мл вино и 450 парчиња женска облека,  се откриени при контрола на патничко комбе со германски регистарски таблички, управувано од германски државјанин на граничниот премин Богородица. Непријавените производи, пронајдени во повеќе картонски кутии сместени во багажникот и во внатрешноста на возилото, се запленети, а против возачот ќе биде поведена соодветна постапка.

71 водни пумпи за автомобили се откриени при контрола на автомбил со хрватски регистарски таблички, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат. Производите, пронајдени во кутија сместена во багажникот на возилото и во кеса сместена на задното седиште, се запленети, а против возачот ќе биде поведена прекршочна постапка.

The post Спречени обиди за криумчарење кокаин, цигари, офталмолошки производи, девизи и разна стока appeared first on Република.

]]>
Мобилен тим со куче откри два килограми кокаин на патник од Бразил на скопскиот аеродром https://republika.mk/vesti/crna-hronika/mobilen-tim-so-kuche-otkri-dva-kilogrami-kokain-na-patnik-od-brazil-na-skopskiot-aerodrom/ Mon, 11 Nov 2024 11:41:03 +0000 https://republika.mk/?p=836317

Спречен обид за криумчарење на околу два килограми кокаин, што граѓанин од Бразил имал намера да го прошверцува по воздушен пат и преку Меѓународен Аеродром Скопје нелегално да го внесе во државава. Дрогата е пронајдена при претрес на лицето и тоа во внатрешноста на еден од двата куфери што ги носел бразилскиот државјанин. Претресот е извршен од страна на Мобилен тим со царинско куче во соработка со полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, СВР Скопје – единица за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи, СВР Скопје – единица за недозволена трговија и Полициската станица за граничен надзор „Меѓународен аеродром- Скопје“.

Извршен е службен разговор со Д.С.А.Д., кој признал дека бил ангажиран од македонски државјанин за надомест од 5.000 евра да го изврши транспортот на дрогата од Сао Паоло до Скопје.

Дрогата е запленета, а од страна на СВР Скопје до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ќе биде поднесена кривична пријава против четири лица инволвирани во организирањето и вршење на транспорт на околу два килограми кокаин.

The post Мобилен тим со куче откри два килограми кокаин на патник од Бразил на скопскиот аеродром appeared first on Република.

]]>

Спречен обид за криумчарење на околу два килограми кокаин, што граѓанин од Бразил имал намера да го прошверцува по воздушен пат и преку Меѓународен Аеродром Скопје нелегално да го внесе во државава. Дрогата е пронајдена при претрес на лицето и тоа во внатрешноста на еден од двата куфери што ги носел бразилскиот државјанин. Претресот е извршен од страна на Мобилен тим со царинско куче во соработка со полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, СВР Скопје – единица за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи, СВР Скопје – единица за недозволена трговија и Полициската станица за граничен надзор „Меѓународен аеродром- Скопје“. Извршен е службен разговор со Д.С.А.Д., кој признал дека бил ангажиран од македонски државјанин за надомест од 5.000 евра да го изврши транспортот на дрогата од Сао Паоло до Скопје. Дрогата е запленета, а од страна на СВР Скопје до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ќе биде поднесена кривична пријава против четири лица инволвирани во организирањето и вршење на транспорт на околу два килограми кокаин.

The post Мобилен тим со куче откри два килограми кокаин на патник од Бразил на скопскиот аеродром appeared first on Република.

]]>
Царината со полни раце работа- спречени обиди за криумчарење на стоматолошки инструменти, импланти за гради, цигари, фалсификувана стока https://republika.mk/vesti/crna-hronika/sprecheni-obidi-za-kriumcharene-na-stomatoloshki-instrumenti-implanti-za-gradi-tsigari-falsifikuvana-stoka-2/ Thu, 07 Nov 2024 15:32:19 +0000 https://republika.mk/?p=835047

Царински службеници и мобилни тимови во текот на изминатите денови спречија обиди за криумчарење на стоматолошки инструменти, импланти за гради, цигари, фалсификувана стока, кабли за електрична инсталација и друга стока, а до едно лице е поведена и прекршочна постапка до надлежен суд заради прекршување на царинската регулатива и одбегнување на плаќање увозни давачки коишто се плаќаат при увоз на возило, информираат денеска од Царинската управа.

На меѓународниот аеродром Скопје се откриени 616 стоматолошки инструменти и четири килограми порцелански прав и основен порцелан за стоматологија, при контрола на куфери во сопственост на турски државјанин кој допатувал со лет од Измир. Откако при рентгенска контрола на куферите на патникот биле забележани неправилности, била извршена детална контрола при што биле пронајдени непријавените производи. Тие се привремено задржани, а против патникот е поведена прекршочна постапка.

Царински службеници на царинска испостава Меѓународен аеродром Скопје, спречиле шверц на девет кутии импланти за гради кои патник, државјанин на Австрија, сакал да ги внесе во државава без да ги пријави. При контрола на патникот, во багажот, во еден од куферите, се откриени непријавените импланти, за кои патникот не поседувал, ниту дозвола за увоз за таков вид на стока од надлежна институција. Против патникот е поднесена соодветна пријава, а имплантите се запленети.

Царинската управа спречила криумчарење на 96 штеки цигари што по воздушен сообраќај македонски државјанин сакал да ги внесе во Лондон. Царински службеници на царинска испостава Меѓународен Аеродром Скопје при контрола на куферот во сопственост на патникот ја пронашле непријавената акцизна стока. Штеките цигари се запленети, а против патникот е поднесена соодветна пријава.

Триесет и три штеки цигари без акцизни маркички, се запленети и при контрола на камион со македонски регистарски таблички, управуван од македонски државјанин пријавен за влез во државата на граничниот премин Богородица. Штеките цигари се пронајдени во фрижидерот во кабината на камионот, во кеса сместена над резервоарот и во надворешна преграда на влекачот.

Во два случаи мобилни тимови при контрола на стока пријавена за увозно царинење наменета за увозници од Скопје откриле поголема количина играчки со ознаки на заштитени трговски марки (вкупно 246). Производите се запленети поради сомневање дека повредуваат права од интелектуална сопственост и истовремено е започната постапка за утврдување на нивната оригиналност. Вредноста на задржаните производи, доколку би се продавале како оригинални, е проценета на околу 759 илјади денари.

Мобилен тим на Царинската управа при контрола на камион пријавен како празен на граничен премин Блаце откриле 180 метри кабел за електрична инсталација. Непријавената стока била откриена во камион со косовски регистарски таблички управуван од македонски државјанин. Против возачот ќе биде поведена соодветна постапка. На влез на граничниот премин Блаце мобилен тим при контрола на автомобил открил и непријавени 114 кутии со термоси за вода. Термосите требало да завршат на македонскиот пазар.

За македонски државјанин е поведена прекршочна постапка до надлежен суд заради прекршување на царинската регулатива и одбегнување на плаќање увозни давачки коишто се плаќаат при увоз на возило.

Имено царински службеници при контрола на автомобил со македонски регистарски таблички управуван од македонски државјанин, пријавен за излез од државата на граничниот премин Делчево, откриле комплет бугарски регистарски таблички и сообраќајна дозвола. Возачот изјавил дека истите се од возило кое го расходувал во Бугарија, но, согласно евиденцијата за влез и излез на возила на Министерството за внатрешни работи, е констатирано дека возилото имало остварено влез во државата во 2019 година, а потоа не е евидентирано на излез од државата. Поради сомневање дека возилото било пуштено во слободен промет без претходно да биде оцаринето и платени увозни давачки, против сопственикот е поведена прекршочна постапка до надлежен суд.

Царинската управа запленила 2 комплети од рачен часовник и бижутерија обетки, прстен и синџирче, откако ниле откриени при контрола на автобус со македонски регистарски таблички кој сообраќал на редовната линија Сплит – Скопје, пријавен за влез во државата на граничниот премин Ќафасан. Непријавените производи, сопственост на македонски државјанин кој патувал со автобусот, биле пронајдени во ранец и две најлонски кеси сместени во просторот за багаж на автобусот. Против патникот е поведена соодветна постапка.

Царински службеници на граничен премин Дојран заплениле 4.320 парчиња реквизити за маскенбал поради сомневање дека повредуваат права од интелектуална сопственост. Вредноста на задржаните производи, доколку би се продавале како оригинални, е проценета на околу 259 илјади денари. Започната постапка за утврдување на нивната оригиналност.

The post Царината со полни раце работа- спречени обиди за криумчарење на стоматолошки инструменти, импланти за гради, цигари, фалсификувана стока appeared first on Република.

]]>

Царински службеници и мобилни тимови во текот на изминатите денови спречија обиди за криумчарење на стоматолошки инструменти, импланти за гради, цигари, фалсификувана стока, кабли за електрична инсталација и друга стока, а до едно лице е поведена и прекршочна постапка до надлежен суд заради прекршување на царинската регулатива и одбегнување на плаќање увозни давачки коишто се плаќаат при увоз на возило, информираат денеска од Царинската управа. На меѓународниот аеродром Скопје се откриени 616 стоматолошки инструменти и четири килограми порцелански прав и основен порцелан за стоматологија, при контрола на куфери во сопственост на турски државјанин кој допатувал со лет од Измир. Откако при рентгенска контрола на куферите на патникот биле забележани неправилности, била извршена детална контрола при што биле пронајдени непријавените производи. Тие се привремено задржани, а против патникот е поведена прекршочна постапка. Царински службеници на царинска испостава Меѓународен аеродром Скопје, спречиле шверц на девет кутии импланти за гради кои патник, државјанин на Австрија, сакал да ги внесе во државава без да ги пријави. При контрола на патникот, во багажот, во еден од куферите, се откриени непријавените импланти, за кои патникот не поседувал, ниту дозвола за увоз за таков вид на стока од надлежна институција. Против патникот е поднесена соодветна пријава, а имплантите се запленети. Царинската управа спречила криумчарење на 96 штеки цигари што по воздушен сообраќај македонски државјанин сакал да ги внесе во Лондон. Царински службеници на царинска испостава Меѓународен Аеродром Скопје при контрола на куферот во сопственост на патникот ја пронашле непријавената акцизна стока. Штеките цигари се запленети, а против патникот е поднесена соодветна пријава. Триесет и три штеки цигари без акцизни маркички, се запленети и при контрола на камион со македонски регистарски таблички, управуван од македонски државјанин пријавен за влез во државата на граничниот премин Богородица. Штеките цигари се пронајдени во фрижидерот во кабината на камионот, во кеса сместена над резервоарот и во надворешна преграда на влекачот. Во два случаи мобилни тимови при контрола на стока пријавена за увозно царинење наменета за увозници од Скопје откриле поголема количина играчки со ознаки на заштитени трговски марки (вкупно 246). Производите се запленети поради сомневање дека повредуваат права од интелектуална сопственост и истовремено е започната постапка за утврдување на нивната оригиналност. Вредноста на задржаните производи, доколку би се продавале како оригинални, е проценета на околу 759 илјади денари. Мобилен тим на Царинската управа при контрола на камион пријавен како празен на граничен премин Блаце откриле 180 метри кабел за електрична инсталација. Непријавената стока била откриена во камион со косовски регистарски таблички управуван од македонски државјанин. Против возачот ќе биде поведена соодветна постапка. На влез на граничниот премин Блаце мобилен тим при контрола на автомобил открил и непријавени 114 кутии со термоси за вода. Термосите требало да завршат на македонскиот пазар. За македонски државјанин е поведена прекршочна постапка до надлежен суд заради прекршување на царинската регулатива и одбегнување на плаќање увозни давачки коишто се плаќаат при увоз на возило. Имено царински службеници при контрола на автомобил со македонски регистарски таблички управуван од македонски државјанин, пријавен за излез од државата на граничниот премин Делчево, откриле комплет бугарски регистарски таблички и сообраќајна дозвола. Возачот изјавил дека истите се од возило кое го расходувал во Бугарија, но, согласно евиденцијата за влез и излез на возила на Министерството за внатрешни работи, е констатирано дека возилото имало остварено влез во државата во 2019 година, а потоа не е евидентирано на излез од државата. Поради сомневање дека возилото било пуштено во слободен промет без претходно да биде оцаринето и платени увозни давачки, против сопственикот е поведена прекршочна постапка до надлежен суд. Царинската управа запленила 2 комплети од рачен часовник и бижутерија обетки, прстен и синџирче, откако ниле откриени при контрола на автобус со македонски регистарски таблички кој сообраќал на редовната линија Сплит – Скопје, пријавен за влез во државата на граничниот премин Ќафасан. Непријавените производи, сопственост на македонски државјанин кој патувал со автобусот, биле пронајдени во ранец и две најлонски кеси сместени во просторот за багаж на автобусот. Против патникот е поведена соодветна постапка. Царински службеници на граничен премин Дојран заплениле 4.320 парчиња реквизити за маскенбал поради сомневање дека повредуваат права од интелектуална сопственост. Вредноста на задржаните производи, доколку би се продавале како оригинални, е проценета на околу 259 илјади денари. Започната постапка за утврдување на нивната оригиналност.

The post Царината со полни раце работа- спречени обиди за криумчарење на стоматолошки инструменти, импланти за гради, цигари, фалсификувана стока appeared first on Република.

]]>
Кина ја тужи ЕУ поради царините за електричните автомобили https://republika.mk/vesti/svet/kina-ja-tuzhi-eu-poradi-tsarinite-za-elektrichnite-avtomobili/ Tue, 05 Nov 2024 14:16:20 +0000 https://republika.mk/?p=834416

Откако Европската унија воведе нови царини за електричните возила од кинеско производство, Кина испрати официјална жалба до Светската трговска организација (СТО) барајќи од Брисел да го промени својот став.

Последниот потег на Пекинг, „тенко прекриен“ на дипломатски јазик, покажува дека Кина нема да седи мирно додека ЕУ го зголемува притисокот врз електричните возила, кои се продаваат на европскиот пазар.

Во тужбата, Кинезите ја обвинуваат ЕУ дека нема „фактичка и правна основа“ за зголемувањето на царините и тврдат дека ги прекршува правилата на СТО со злоупотреба на трговските мерки. Министерството за трговија на Кина додава дека ја поднело тужбата за да ги заштити развојните интереси на индустријата за електрични возила и глобалната соработка за зелена трансформација.

Кина побара консултации со ЕУ и даде рок од 60 дена да се постигне договор пред СТО да интервенира со панелот за спорови.

Портпаролот на министерството изјави за „Блумберг“ дека Кина бара од ЕУ да се соочи со грешките и веднаш да ги исправи своите незаконски практики и заеднички да ја одржуваат стабилноста на глобалниот синџир за снабдување со електрични возила и економската и трговска соработка Кина-ЕУ.

Во месеците по воведувањето на тарифите, кинеските и претставниците на ЕУ одржаа разговори во обид да преговараат за заемно прифатливо решение. Сепак, немаше договор пред воведувањето на тарифите на крајот на октомври. SAIC беше погодена со најголеми зголемувања на царините од сите други, кои изнесуваат 35,3 отсто. Зголемувањето за Geely е 18,8 отсто, додека BYD треба да плати дополнителна давачка од 17 отсто. Овие бројки се во прилог на постојната царина од 10 проценти.

Маркос Шефчовиќ, шефот за трговија на ЕУ, оваа недела е во Кина, што е знак дека Брисел целосно не се откажал од постигнувањето договор.

The post Кина ја тужи ЕУ поради царините за електричните автомобили appeared first on Република.

]]>

Откако Европската унија воведе нови царини за електричните возила од кинеско производство, Кина испрати официјална жалба до Светската трговска организација (СТО) барајќи од Брисел да го промени својот став. Последниот потег на Пекинг, „тенко прекриен“ на дипломатски јазик, покажува дека Кина нема да седи мирно додека ЕУ го зголемува притисокот врз електричните возила, кои се продаваат на европскиот пазар. Во тужбата, Кинезите ја обвинуваат ЕУ дека нема „фактичка и правна основа“ за зголемувањето на царините и тврдат дека ги прекршува правилата на СТО со злоупотреба на трговските мерки. Министерството за трговија на Кина додава дека ја поднело тужбата за да ги заштити развојните интереси на индустријата за електрични возила и глобалната соработка за зелена трансформација. Кина побара консултации со ЕУ и даде рок од 60 дена да се постигне договор пред СТО да интервенира со панелот за спорови. Портпаролот на министерството изјави за „Блумберг“ дека Кина бара од ЕУ да се соочи со грешките и веднаш да ги исправи своите незаконски практики и заеднички да ја одржуваат стабилноста на глобалниот синџир за снабдување со електрични возила и економската и трговска соработка Кина-ЕУ. Во месеците по воведувањето на тарифите, кинеските и претставниците на ЕУ одржаа разговори во обид да преговараат за заемно прифатливо решение. Сепак, немаше договор пред воведувањето на тарифите на крајот на октомври. SAIC беше погодена со најголеми зголемувања на царините од сите други, кои изнесуваат 35,3 отсто. Зголемувањето за Geely е 18,8 отсто, додека BYD треба да плати дополнителна давачка од 17 отсто. Овие бројки се во прилог на постојната царина од 10 проценти. Маркос Шефчовиќ, шефот за трговија на ЕУ, оваа недела е во Кина, што е знак дека Брисел целосно не се откажал од постигнувањето договор.

The post Кина ја тужи ЕУ поради царините за електричните автомобили appeared first on Република.

]]>
Царинска управа: Запленет 109 кг режан тутун, цигари, облека од познати модни брендови https://republika.mk/vesti/crna-hronika/tsarinska-uprava-zaplenet-109-kg-rezhan-tutun-tsigari-obleka-od-poznati-modni-brendovi/ Tue, 29 Oct 2024 12:07:31 +0000 https://republika.mk/?p=832039

Режан тутун во вкупна количина од 109,5 килограми е запленет од страна на мобилен тим во координација со СВР Битола при МВР. Режаниот тутун е одземен од албански државјанин со регулиран престој во Битола, во моментот кога требало да ги преземе кесите со тутун од возачот на автобус на превозна фирма од Битола. Лицето не поседувало документи за потекло и платени акцизни давачки.

Со ова е спречен обид за пуштање во промет акцизна стока за која е избегнато плаќање давачки од 379 илјади денари. Запленетата стока согласно законските прописи ќе биде предадена во Агенцијата за управување со одземен имот, а против лицето ќе биде поднесена кривична пријава заради прекршување на Кривичниот законик.

Спречени се и обиди за криумчарење на 44 штеки цигари, по извршени контроли на камиони на граничен премин Богородица и на Меџитлија. Притоа 38 штеки цигари без акцизни маркички се запленети во два случаи на извршена контрола на товарни моторни возила со македонски регистарски таблички на влез во државата на граничен премин Богородица. Останатите 6 штеки цигари без акцизни маркички се откриени при контрола на камион со македонски регистарски таблички, управувано од македонски државјанин пријавен за влез во државата на граничниот премин Меџитлија. Против сторителите се поведени соодветни постапки.

814 парчиња детска спортска облека со ознаки на заштитени трговски марки, се запленети од страна на мобилни царински тимови, поради сомневање дека повредуваат права од интелектуална сопственост. Случајот е откриен при контрола на стока со потекло од Кина сместена во јавен царински склад, наменета за фирма од Тетово. Поведена е постапка за утврдување на оригиналност на стоката.

105 резервни делови за возила и 8 литри моторно масло, се запленети од страна на мобилен тим на Секторот за контрола и истраги при Царинска управа во соработка со полициски инспектори од Регионалниот центар за гранични работи Исток.

Случајот е откриен при контрола на патничко комбе на магистралниот пат граничен премин Делчево – село Звегор. За непријавените автоделови за кои возачот изјавил дека се негова сопственост, истиот не поседувал документи за потекло и платени увозни давачки. Против возачот ќе биде поведена соодветна постапка.

34 парчиња резервни делови и 29,5 литри течност за чистење за машини за прехрана, се запленети од страна на царински службеници на граничен премин Богородица по контрола на автомобил со грчки регистарски таблички, управуван од грчки државјанин, пријавен за влез во државата. Против возачот е поведена прекршочна постапка.

157 пакувања витамини и суплементи, храна и разна опрема за домашни миленици, и 5 штеки цигари со вкупна вредност од 156 илјади денари се запленети по извршена контрола на автомобил со косовски регистарски таблички, управуван од косовски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Меџитлија. Против возачот е поднесена соодветна постапка.

Спречен нелегален изнес на 3.800 евра кои македонски државјанин сакал без да ги пријави да ги изнесе од државата преку граничен премин Блаце. Имено при извршена контрола во соработка со полициски службеници, во чантата на патникот биле пронајдени 5.800 евра за кои лицето не поседувало документ за потекло. Согласно законските прописи на возачот му биле вратени 2.000 евра. За сторениот девизен прекршок против возачот е поведена прекршочна постапка.

113 парчиња разни производи, меѓу коишто облека, обувки, рачни часовници, козметички производи, автогалантерија и друго се откриени при контрола на автомобил со македонски регистарски таблички, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Блаце. На прашање на царинските службеници дали има нешто да пријави за царинска контрола, возачот одговорил негативно и инсистирал побргу да биде пуштен да ја премине граничната линија. Поради сомнение е извршена детална контрола, при што во багажникот биле пронајдени непријавените производи спакувани како поштенски пратки.

Производите се привремено задржани, а против возачот е поведена соодветна постапка.

The post Царинска управа: Запленет 109 кг режан тутун, цигари, облека од познати модни брендови appeared first on Република.

]]>

Режан тутун во вкупна количина од 109,5 килограми е запленет од страна на мобилен тим во координација со СВР Битола при МВР. Режаниот тутун е одземен од албански државјанин со регулиран престој во Битола, во моментот кога требало да ги преземе кесите со тутун од возачот на автобус на превозна фирма од Битола. Лицето не поседувало документи за потекло и платени акцизни давачки. Со ова е спречен обид за пуштање во промет акцизна стока за која е избегнато плаќање давачки од 379 илјади денари. Запленетата стока согласно законските прописи ќе биде предадена во Агенцијата за управување со одземен имот, а против лицето ќе биде поднесена кривична пријава заради прекршување на Кривичниот законик. Спречени се и обиди за криумчарење на 44 штеки цигари, по извршени контроли на камиони на граничен премин Богородица и на Меџитлија. Притоа 38 штеки цигари без акцизни маркички се запленети во два случаи на извршена контрола на товарни моторни возила со македонски регистарски таблички на влез во државата на граничен премин Богородица. Останатите 6 штеки цигари без акцизни маркички се откриени при контрола на камион со македонски регистарски таблички, управувано од македонски државјанин пријавен за влез во државата на граничниот премин Меџитлија. Против сторителите се поведени соодветни постапки. 814 парчиња детска спортска облека со ознаки на заштитени трговски марки, се запленети од страна на мобилни царински тимови, поради сомневање дека повредуваат права од интелектуална сопственост. Случајот е откриен при контрола на стока со потекло од Кина сместена во јавен царински склад, наменета за фирма од Тетово. Поведена е постапка за утврдување на оригиналност на стоката. 105 резервни делови за возила и 8 литри моторно масло, се запленети од страна на мобилен тим на Секторот за контрола и истраги при Царинска управа во соработка со полициски инспектори од Регионалниот центар за гранични работи Исток. Случајот е откриен при контрола на патничко комбе на магистралниот пат граничен премин Делчево – село Звегор. За непријавените автоделови за кои возачот изјавил дека се негова сопственост, истиот не поседувал документи за потекло и платени увозни давачки. Против возачот ќе биде поведена соодветна постапка. 34 парчиња резервни делови и 29,5 литри течност за чистење за машини за прехрана, се запленети од страна на царински службеници на граничен премин Богородица по контрола на автомобил со грчки регистарски таблички, управуван од грчки државјанин, пријавен за влез во државата. Против возачот е поведена прекршочна постапка. 157 пакувања витамини и суплементи, храна и разна опрема за домашни миленици, и 5 штеки цигари со вкупна вредност од 156 илјади денари се запленети по извршена контрола на автомобил со косовски регистарски таблички, управуван од косовски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Меџитлија. Против возачот е поднесена соодветна постапка. Спречен нелегален изнес на 3.800 евра кои македонски државјанин сакал без да ги пријави да ги изнесе од државата преку граничен премин Блаце. Имено при извршена контрола во соработка со полициски службеници, во чантата на патникот биле пронајдени 5.800 евра за кои лицето не поседувало документ за потекло. Согласно законските прописи на возачот му биле вратени 2.000 евра. За сторениот девизен прекршок против возачот е поведена прекршочна постапка. 113 парчиња разни производи, меѓу коишто облека, обувки, рачни часовници, козметички производи, автогалантерија и друго се откриени при контрола на автомобил со македонски регистарски таблички, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Блаце. На прашање на царинските службеници дали има нешто да пријави за царинска контрола, возачот одговорил негативно и инсистирал побргу да биде пуштен да ја премине граничната линија. Поради сомнение е извршена детална контрола, при што во багажникот биле пронајдени непријавените производи спакувани како поштенски пратки. Производите се привремено задржани, а против возачот е поведена соодветна постапка.

The post Царинска управа: Запленет 109 кг режан тутун, цигари, облека од познати модни брендови appeared first on Република.

]]>
Николовски: Зајакнување на односите со инвеститорите клучно за зголемување на економската конкурентност и вработеноста во државата https://republika.mk/vesti/ekonomija/nikolovski-zajaknuvane-na-odnosite-so-investitorite-kluchno-za-zgolemuvane-na-ekonomskata-konkurentnost-i-vrabotenosta-vo-drzhavata-2/ Fri, 25 Oct 2024 09:26:51 +0000 https://republika.mk/?p=830853

Воспоставување на редовна комуникација и соработка со странските инвеститори со цел нивно запознавање со царинските постапки, вклучително постапките со економски ефект и поедноставените постапки е од големо значење за побрзо отпочнување на планираните инвестиции во државата, истакнал директорот на Царинска управа, Бобан Николовски, на средбата со менаџментот на Јилдирим групацијата (Yildirim Group of Companies) и управниот партнер во PwC Р. Македонија, Мирослав Марчев.

Тој посочил дека Царинската управа посветува големо внимание на негување цврсти односи со бизнис заедницата со цел зголемување на инвестициите и вработеноста во државата.

Како што соопшти Царинската управа, генералниот менаџер за Балканот, Џемил Ачар, како претставник на групацијата којашто годинава се стекна со сопственост врз имотот на Еуроникел Кавадарци, истакнал дека фабриката ќе се рестартира под името „Голден Игл Никел“ и оти веќе започнале со организација и реструктуирање со цел да може да се рестартира производството во фабриката за фероникел во Кавадарци со потенцијално вработување на 800 лица од кавадаречкиот регион.

Тој на состанокот ги презентирал нивните краткорочни и среднорочни планови за зајакнување на нивното присуство на македонскиот пазар.

The post Николовски: Зајакнување на односите со инвеститорите клучно за зголемување на економската конкурентност и вработеноста во државата appeared first on Република.

]]>

Воспоставување на редовна комуникација и соработка со странските инвеститори со цел нивно запознавање со царинските постапки, вклучително постапките со економски ефект и поедноставените постапки е од големо значење за побрзо отпочнување на планираните инвестиции во државата, истакнал директорот на Царинска управа, Бобан Николовски, на средбата со менаџментот на Јилдирим групацијата (Yildirim Group of Companies) и управниот партнер во PwC Р. Македонија, Мирослав Марчев. Тој посочил дека Царинската управа посветува големо внимание на негување цврсти односи со бизнис заедницата со цел зголемување на инвестициите и вработеноста во државата. Како што соопшти Царинската управа, генералниот менаџер за Балканот, Џемил Ачар, како претставник на групацијата којашто годинава се стекна со сопственост врз имотот на Еуроникел Кавадарци, истакнал дека фабриката ќе се рестартира под името „Голден Игл Никел“ и оти веќе започнале со организација и реструктуирање со цел да може да се рестартира производството во фабриката за фероникел во Кавадарци со потенцијално вработување на 800 лица од кавадаречкиот регион. Тој на состанокот ги презентирал нивните краткорочни и среднорочни планови за зајакнување на нивното присуство на македонскиот пазар.

The post Николовски: Зајакнување на односите со инвеститорите клучно за зголемување на економската конкурентност и вработеноста во државата appeared first on Република.

]]>
Директорот на Царинската управа се сретна со претставници од Одделението за економски и трговски врски при Амбасадата на Грција https://republika.mk/vesti/ekonomija/direktorot-na-tsarinskata-uprava-se-sretna-so-pretstavnitsi-od-oddelenieto-za-ekonomski-i-trgovski-vrski-pri-ambasadata-na-grtsija/ Wed, 16 Oct 2024 09:27:24 +0000 https://republika.mk/?p=827498

Зајакнување на соработката и спроведување реформски политики за олеснување на легалната трговијата ќе придонесе за подобрување на условите за водење бизнис и зголемување на трговската размена помеѓу РС Македонија и Грција. Ова беа темите на кои се дискутираше на средбата помеѓу директорот Бобан Николовски и заменик директорот Гарип Каба со советник за економски и трговски прашања при амбасадата на Република Грција, Дукас Маринополус и секретарот за економски и трговски прашања Василис Гаѕарас.

„Партнерствата помагаат да се зајакне соработката, се отвораме кон сите земји во регионот при што нашата интенција е унапредување на комуникациите со Царинските управи во регионот се со цел зголемување на конкурентноста, но и сузбивање на криминалот преку размена на информации и мечирање на податоците“, истакна директорот Николовски.

На средбата воедно се разговараше за преземените активности од Царинска управа, за отворање на нов граничен премин Маркова Нога како и за можноста за размена на информации во реално време во рамки на SEED системот од грчка страна.

The post Директорот на Царинската управа се сретна со претставници од Одделението за економски и трговски врски при Амбасадата на Грција appeared first on Република.

]]>

Зајакнување на соработката и спроведување реформски политики за олеснување на легалната трговијата ќе придонесе за подобрување на условите за водење бизнис и зголемување на трговската размена помеѓу РС Македонија и Грција. Ова беа темите на кои се дискутираше на средбата помеѓу директорот Бобан Николовски и заменик директорот Гарип Каба со советник за економски и трговски прашања при амбасадата на Република Грција, Дукас Маринополус и секретарот за економски и трговски прашања Василис Гаѕарас.
„Партнерствата помагаат да се зајакне соработката, се отвораме кон сите земји во регионот при што нашата интенција е унапредување на комуникациите со Царинските управи во регионот се со цел зголемување на конкурентноста, но и сузбивање на криминалот преку размена на информации и мечирање на податоците“, истакна директорот Николовски.
На средбата воедно се разговараше за преземените активности од Царинска управа, за отворање на нов граничен премин Маркова Нога како и за можноста за размена на информации во реално време во рамки на SEED системот од грчка страна.

The post Директорот на Царинската управа се сретна со претставници од Одделението за економски и трговски врски при Амбасадата на Грција appeared first on Република.

]]>
Директорот на Царинска управа Николовски: пофалба за секој што заслужил, но и санкционирање на секој што заслужил https://republika.mk/vesti/ekonomija/direktorot-na-tsarinska-uprava-nikolovski-pofalba-za-sekoj-shto-zasluzhil-no-i-sanktsionirane-na-sekoj-shto-zasluzhil/ Tue, 15 Oct 2024 16:55:34 +0000 https://republika.mk/?p=827262

„Со личен пример сакам да покажам дека е потребен многу поголем искрен ангажман. Работиме на менување на свеста на царинските службеници и ќе функционираме по систем „пофалба за секој што заслужил, но и санкционирање на секој што заслужил“, вели директорот на Царинска управа, Бобан Николовски, во интервју за магазинот за туризам и менаџмент.

„Царинските службеници на граничните линии се тие кои се грижат за безбедноста на нашите граѓани штитејќи ги финансиските интереси на државата. За жал во некои одредени сегменти се забележани коруптивни појави, при што во моментов работиме на конкретни механизми на нивно сузбивање. Една од овие мерки е носењето на боди камери, за што е обезбедена донација од американска амбасада“, истакна тој.

На граничните премини и терминали, поставен e новиот систем за видео надзор и препознавање на регистарски таблички, а податоците од истиот ќе се користат при истрагите што ги води Управата, вклучувајќи ги и оние во делот на корупцијата.

Истовремено, како што информира Николовски, Царинската управа интензивно работи на отпочнување на проектот за автоматизација на терминалите. Во рамки на самиот проект овој систем ќе се поврзе со системот за видео надзор, а во иднина и со останатите системи. Разговарано е податоците од истиот да може да ги гледа и МВР, а се со цел заедничко делување против криминалот и корупцијата. Ова се само дел од активностите кои значително ќе придонесат за сузбивање на криминалот и корупцијата и заштита на финансиските интереси на државата.

Вчера директорот Николовски на настан пред дел од државниот врв, претставници на бизнис заедницата и претставници од меѓународни организации ги презентираше резултатите од 100те дена. Зголемена наплата на приходи за 9,2 проценти, зголемени случаи на заплени за над 60 проценти, отпочнување и интензивирање на капитални проекти со цел зголемување на конкурентноста на македонската економија беа само дел од презентираните резултати.

На настанот свое обраќање имаше и министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска која истакна дека резултатите јасно кажуваат дека Царинската управа не се штеди, работи согласно закон и дека кога сакаме можеме.

„Приходите од увозните давачки во јули бележат раст од 23,7%, во август 8,9% и во септември 24,5%, додека на акцизите во јули раст од 16,6%, август 11,9% и септември 25,9%. Ова јасно кажува дека Царинската управа не се штеди, работи согласно закон и дека кога сакаме можеме. Тоа значи дека нема повеќе увози коишто ќе бидат нелегални или увози кои ќе подразбираат процена на пониска вредност. Царината е првата контрола на увозот на стока во државата и од Вас понатаму зависи се. Приоритет е почитување на законите и да кажеме стоп на корупцијата и криминалот“, рече министерката Димитриеска Кочоска.

The post Директорот на Царинска управа Николовски: пофалба за секој што заслужил, но и санкционирање на секој што заслужил appeared first on Република.

]]>

„Со личен пример сакам да покажам дека е потребен многу поголем искрен ангажман. Работиме на менување на свеста на царинските службеници и ќе функционираме по систем „пофалба за секој што заслужил, но и санкционирање на секој што заслужил“, вели директорот на Царинска управа, Бобан Николовски, во интервју за магазинот за туризам и менаџмент.
„Царинските службеници на граничните линии се тие кои се грижат за безбедноста на нашите граѓани штитејќи ги финансиските интереси на државата. За жал во некои одредени сегменти се забележани коруптивни појави, при што во моментов работиме на конкретни механизми на нивно сузбивање. Една од овие мерки е носењето на боди камери, за што е обезбедена донација од американска амбасада“, истакна тој.
На граничните премини и терминали, поставен e новиот систем за видео надзор и препознавање на регистарски таблички, а податоците од истиот ќе се користат при истрагите што ги води Управата, вклучувајќи ги и оние во делот на корупцијата. Истовремено, како што информира Николовски, Царинската управа интензивно работи на отпочнување на проектот за автоматизација на терминалите. Во рамки на самиот проект овој систем ќе се поврзе со системот за видео надзор, а во иднина и со останатите системи. Разговарано е податоците од истиот да може да ги гледа и МВР, а се со цел заедничко делување против криминалот и корупцијата. Ова се само дел од активностите кои значително ќе придонесат за сузбивање на криминалот и корупцијата и заштита на финансиските интереси на државата. Вчера директорот Николовски на настан пред дел од државниот врв, претставници на бизнис заедницата и претставници од меѓународни организации ги презентираше резултатите од 100те дена. Зголемена наплата на приходи за 9,2 проценти, зголемени случаи на заплени за над 60 проценти, отпочнување и интензивирање на капитални проекти со цел зголемување на конкурентноста на македонската економија беа само дел од презентираните резултати. На настанот свое обраќање имаше и министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска која истакна дека резултатите јасно кажуваат дека Царинската управа не се штеди, работи согласно закон и дека кога сакаме можеме.
„Приходите од увозните давачки во јули бележат раст од 23,7%, во август 8,9% и во септември 24,5%, додека на акцизите во јули раст од 16,6%, август 11,9% и септември 25,9%. Ова јасно кажува дека Царинската управа не се штеди, работи согласно закон и дека кога сакаме можеме. Тоа значи дека нема повеќе увози коишто ќе бидат нелегални или увози кои ќе подразбираат процена на пониска вредност. Царината е првата контрола на увозот на стока во државата и од Вас понатаму зависи се. Приоритет е почитување на законите и да кажеме стоп на корупцијата и криминалот“, рече министерката Димитриеска Кочоска.

The post Директорот на Царинска управа Николовски: пофалба за секој што заслужил, но и санкционирање на секој што заслужил appeared first on Република.

]]>
Митева: Значителен напредок во Царинската управа, за само 3 месеци пораст на наплатата на приходите за 3 милијарди денари, или 9,2 % повеќе од истиот период лани https://republika.mk/vesti/ekonomija/miteva-znachitelen-napredok-vo-tsarinskata-uprava-za-samo-3-mesetsi-porast-na-naplatata-na-prihodite-za-3-milijardi-denari-ili-9-2-poveke-od-istiot-period-lani/ Tue, 15 Oct 2024 11:22:56 +0000 https://republika.mk/?p=827113

Со огромно задоволство како Влада сакаме да споделиме значајни достигнувања во Царинската управа. Во текот на изминативе три месеци, видовме значителен напредок во нашите операции кои се клучни за економската стабилност и интегритет на нашата држава, рече Митева на денешната прес конференција.

https://www.youtube.com/watch?v=6L290mbn3Fc

Најпрво, сакам да потенцирам дека Царинската управа успеа да собере над 24 отсто повеќе приходи од увозни давачки и акцизи во однос на претходниот квартал. Ова зголемување е јасен показател за нашата посветеност да го подобриме создавањето приходи и да обезбедиме ефикасно спроведување на нашите економски политики.

Второ и исто така многу важен податок е состојбата со наплатата која бележи раст. Имено, од 1 јули до 8 октомври има забележителен пораст на наплатата на приходите кои изнесуваат над 35 милијарди денари. Оваа бројка претставува зголемување од 3 милијарди денари, што бележи пораст од 9,2 отсто во однос на истиот период минатата година.

Овој раст ги нагласува нашите ефективни стратегии за начинот на работата и создавањето приходи. Подобрувањата направени во оперативните процеси, не само што ја подобруваат усогласеноста, туку и ја зајакнуваат нашата фискална позиција.

Дополнително, направени се значителни подобрувања во мерките за спроведување и регулатива. Заострените контроли доведоа до импресивно зголемување на изречените казни за 186 отсто. Ова пак, го покажува нашиот пристап на нулта толеранција кон прекршувањата и нашата посветеност на одржување на фер трговско опкружување.

Почитувани, овие достигнувања не се само бројки, тие ја претставуваат нашата посветеност на транспарентноста, отчетноста и заштитата на нашата економија.

Владата продолжува неуморно да работи за поттикнување на фер пазар и спречување недозволени активности.

Продолжиме да инвестираме во нашите системи кои ќе се прошират и во иднина.

The post Митева: Значителен напредок во Царинската управа, за само 3 месеци пораст на наплатата на приходите за 3 милијарди денари, или 9,2 % повеќе од истиот период лани appeared first on Република.

]]>

Со огромно задоволство како Влада сакаме да споделиме значајни достигнувања во Царинската управа. Во текот на изминативе три месеци, видовме значителен напредок во нашите операции кои се клучни за економската стабилност и интегритет на нашата држава, рече Митева на денешната прес конференција. https://www.youtube.com/watch?v=6L290mbn3Fc
Најпрво, сакам да потенцирам дека Царинската управа успеа да собере над 24 отсто повеќе приходи од увозни давачки и акцизи во однос на претходниот квартал. Ова зголемување е јасен показател за нашата посветеност да го подобриме создавањето приходи и да обезбедиме ефикасно спроведување на нашите економски политики. Второ и исто така многу важен податок е состојбата со наплатата која бележи раст. Имено, од 1 јули до 8 октомври има забележителен пораст на наплатата на приходите кои изнесуваат над 35 милијарди денари. Оваа бројка претставува зголемување од 3 милијарди денари, што бележи пораст од 9,2 отсто во однос на истиот период минатата година. Овој раст ги нагласува нашите ефективни стратегии за начинот на работата и создавањето приходи. Подобрувањата направени во оперативните процеси, не само што ја подобруваат усогласеноста, туку и ја зајакнуваат нашата фискална позиција. Дополнително, направени се значителни подобрувања во мерките за спроведување и регулатива. Заострените контроли доведоа до импресивно зголемување на изречените казни за 186 отсто. Ова пак, го покажува нашиот пристап на нулта толеранција кон прекршувањата и нашата посветеност на одржување на фер трговско опкружување. Почитувани, овие достигнувања не се само бројки, тие ја претставуваат нашата посветеност на транспарентноста, отчетноста и заштитата на нашата економија. Владата продолжува неуморно да работи за поттикнување на фер пазар и спречување недозволени активности. Продолжиме да инвестираме во нашите системи кои ќе се прошират и во иднина.

The post Митева: Значителен напредок во Царинската управа, за само 3 месеци пораст на наплатата на приходите за 3 милијарди денари, или 9,2 % повеќе од истиот период лани appeared first on Република.

]]>
Го издал беџот од Саемот за накит: Цариниците го фатиле со џебови полни злато https://republika.mk/vesti/crna-hronika/go-izdal-bedhot-od-saemot-za-nakit-tsarinitsite-go-fatile-so-dhebovi-polni-zlato/ Tue, 15 Oct 2024 08:01:35 +0000 https://republika.mk/?p=826907

Во текот на минатата недела, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани златен накит, лекови, облека, електроинсталациони производи, цигари и фалсификати.

Како што соопштија денеска од Царинската управа запленети се 19 парчиња златен накит и еден златен рачен часовник, откриени при контрола на автобус со турски регистарски таблички кој сообраќал на редовна линија на релација Истанбул-Печ, пријавен за влез во државата на граничниот премин Деве Баир. При преглед на автобусот и багажот на патниците, во ранец на косовски државјанин, патник во автобусот, бил пронајден беџ за посета на саем за накит во Истанбул.

 

При личен претрес на патникот, во џеб од неговите фармерки биле пронајдени 10 златни приврзоци со син камен, 1 прстен бело злато со бел камен, 1 златен прстен со виолетов камен, 2 златни прстени со зелен камен, 2 обетки од бело злато, 3 златни нараквици и 1 златен часовник марка GENEVE, а во неговиот паричник била пронајдена една златна монета. Истите се привремено задржани а против патникот ќе биде поведена соодветна постапка, соопштија од Царина.

Од лекови запленети се  56 пакетчиња DYSPORT 500 mg, 18 парчиња Оxymetholone, 150 инекции тестостерон TITANS и 50 таблети тестостерон ТITANS, откриени во два одвоени случаи од страна на мобилните царински тимови.

Во првиот случај, на бензинска пумпа на регионалниот пат Скопје – Блаце, покрај паркиран автобус со турски регистарски таблички, било забележано лице како префрла производи од најлонска кеса во кутија од стиропор со мраз. При извршената контрола било утврдено дека се работи за 56 пакетчиња со лекови DYSPORT 500 mg, кои возачот, турски државјанин, имал намера да ги пренесе во Косово. Автобусот сообраќал на релација Истанбул – Призрен.

Во вториот случај, при контрола на такси возило, сопрено на влезот во Скопје кај клучката во Хиподром, биле откриени 18 парчиња Оxymetholone, 150 инекции тестостерон TITANS и 50 таблети тестостерон ТITANS. Како што стои во соопштението, лековите биле пронајдени во чанта сместена на задното седиште и во вреќа сместена на подот зад предните седишта.

Во двата случаи, лековите се привремено задржани а против возачите ќе бидат поведени прекршочни постапки.

Од облека се откриени женска бунда, 2 машки костуми, 2 женски чанти и 2 батерии за дрон, откриени при контрола на автобус со македонски регистарски таблички пријавен за влез во  државата на граничниот премин Табановце. Непријавените производи, кои имале ознаки на познати светски брендови и чија вредност е проценета на 3,9 милиони денари а избегнатите давачки изнесуваат 1,2 милиони денари, биле пронајдени во куфер сместен во тоалетот на автобусот.

Возачот изјавил дека куферот го преземал како пратка од лице од Италија и не знаел што има внатре. Производите се привремено задржани а против возачот ќе биде поведена соодветна постапка, се појаснува во соопштението.

Потоа 197 парчиња женска облека, откриени се од страна на Службата за мобилни скенери при контрола на македонски автобус кој сообраќал на релација Белгија – Македонија, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат. При скенирање на автобусот биле забележани неправилности во просторот за багаж, по што била извршена физичка контрола. Притоа, во една торба и неколку кеси биле пронајдени непријавените производи, со вредност од 147 илјади денари и избегнати давачки од околу 59 илјади денари. Истите се привремено задржаниа против возачот, македонски државјанин ќе биде поведена прекршочна постапка.

Други 156 парчиња женска и машка облека откриени при контрола на патничко моторно возило со македонски регистарски таблички, со кое за влез во државата на граничниот премин Богродица, се пријавиле две возрасни и две малолетни лица, сите македонски државјани. Непријавените производи, пронајдени во црни вреќи сместени во багажникот и во просторот помеѓу предните и задните седишта, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поведена прекршочна постапка.

Вредноста на производите е проценета на 70.600 денари, а избегнатите давачки инесуваат 27.268 денари.

Од електроинсталациони производи пронајдени се 691 електроинсталациони производи (светилки, конектори, приклучници и напојувања) и 3.971 метри кабел за електрични инсталации, откриени при контрола на стока од испраќач од Турција наменета за увозник од Скопје, пријавена за увозно царинење во царинската испостава Скопје 3. Непријавената стока, која не била опфатена со царинските документи, е привремено задржана а против увозникот ќе биде поведена прекршочна постапка.

Царината пронашла и 16 штеки цигари, откриени при контрола на автомобил со македонски регистарски таблички, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Богородица. При извршениот преглед покрај пријавените три штеки цигари пронајдени се 12 штеки цигари PS и 4 штеки цигари WINSTON.

Непријавените цигари се привремено задржани а против возачот ќе биде поведена прекршочна постапка.

Од производи за кои постои сомневање дека повредуваат права од интелектуална сопственост откриени се 314 звучници и 9.000 светилки за патнички возила со ознаки на заштитени трговски марки, откриени од страна на мобилните царински тимови при контрола на стока со потекло од Кина сместена во јавен царински склад наменета за фирма увозник од Скопје. Производите се привремено задржани поради сомневање дека повредуваат права на интелектуална сопственост, и согласно законските прописи поведена е постапка за утврдување на нивната оригиналност. Вредноста на производите, доколку би се продавале како оригинални, е проценета на околу 2,2 милиони денари.

Пронајдени се и 30.000 запалки, 13.000 батерии и 1.440 пакувања жилети со ознаки на заштитени трговски марки, откриени при контрола на товарно возило со македонски регистарски таблички, пријавено за влез во државата на граничниот премин Дојран. Возилото било натоварено со стока со потекло од Кина, наменета за увозник од Косово.

Сомнителните производи, се вели во соопштението од Царинската управа, чија вредност доколку би се продавале како оригинални се проценува на околу 3,2 милиони денари, се привремено задржани, и согласно законските прописи започната е постапка за утврдување на нивната оригиналност.

The post Го издал беџот од Саемот за накит: Цариниците го фатиле со џебови полни злато appeared first on Република.

]]>

Во текот на минатата недела, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани златен накит, лекови, облека, електроинсталациони производи, цигари и фалсификати. Како што соопштија денеска од Царинската управа запленети се 19 парчиња златен накит и еден златен рачен часовник, откриени при контрола на автобус со турски регистарски таблички кој сообраќал на редовна линија на релација Истанбул-Печ, пријавен за влез во државата на граничниот премин Деве Баир. При преглед на автобусот и багажот на патниците, во ранец на косовски државјанин, патник во автобусот, бил пронајден беџ за посета на саем за накит во Истанбул.  
При личен претрес на патникот, во џеб од неговите фармерки биле пронајдени 10 златни приврзоци со син камен, 1 прстен бело злато со бел камен, 1 златен прстен со виолетов камен, 2 златни прстени со зелен камен, 2 обетки од бело злато, 3 златни нараквици и 1 златен часовник марка GENEVE, а во неговиот паричник била пронајдена една златна монета. Истите се привремено задржани а против патникот ќе биде поведена соодветна постапка, соопштија од Царина.
Од лекови запленети се  56 пакетчиња DYSPORT 500 mg, 18 парчиња Оxymetholone, 150 инекции тестостерон TITANS и 50 таблети тестостерон ТITANS, откриени во два одвоени случаи од страна на мобилните царински тимови. Во првиот случај, на бензинска пумпа на регионалниот пат Скопје – Блаце, покрај паркиран автобус со турски регистарски таблички, било забележано лице како префрла производи од најлонска кеса во кутија од стиропор со мраз. При извршената контрола било утврдено дека се работи за 56 пакетчиња со лекови DYSPORT 500 mg, кои возачот, турски државјанин, имал намера да ги пренесе во Косово. Автобусот сообраќал на релација Истанбул – Призрен. Во вториот случај, при контрола на такси возило, сопрено на влезот во Скопје кај клучката во Хиподром, биле откриени 18 парчиња Оxymetholone, 150 инекции тестостерон TITANS и 50 таблети тестостерон ТITANS. Како што стои во соопштението, лековите биле пронајдени во чанта сместена на задното седиште и во вреќа сместена на подот зад предните седишта. Во двата случаи, лековите се привремено задржани а против возачите ќе бидат поведени прекршочни постапки. Од облека се откриени женска бунда, 2 машки костуми, 2 женски чанти и 2 батерии за дрон, откриени при контрола на автобус со македонски регистарски таблички пријавен за влез во  државата на граничниот премин Табановце. Непријавените производи, кои имале ознаки на познати светски брендови и чија вредност е проценета на 3,9 милиони денари а избегнатите давачки изнесуваат 1,2 милиони денари, биле пронајдени во куфер сместен во тоалетот на автобусот.
Возачот изјавил дека куферот го преземал како пратка од лице од Италија и не знаел што има внатре. Производите се привремено задржани а против возачот ќе биде поведена соодветна постапка, се појаснува во соопштението.
Потоа 197 парчиња женска облека, откриени се од страна на Службата за мобилни скенери при контрола на македонски автобус кој сообраќал на релација Белгија – Македонија, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат. При скенирање на автобусот биле забележани неправилности во просторот за багаж, по што била извршена физичка контрола. Притоа, во една торба и неколку кеси биле пронајдени непријавените производи, со вредност од 147 илјади денари и избегнати давачки од околу 59 илјади денари. Истите се привремено задржаниа против возачот, македонски државјанин ќе биде поведена прекршочна постапка. Други 156 парчиња женска и машка облека откриени при контрола на патничко моторно возило со македонски регистарски таблички, со кое за влез во државата на граничниот премин Богродица, се пријавиле две возрасни и две малолетни лица, сите македонски државјани. Непријавените производи, пронајдени во црни вреќи сместени во багажникот и во просторот помеѓу предните и задните седишта, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поведена прекршочна постапка. Вредноста на производите е проценета на 70.600 денари, а избегнатите давачки инесуваат 27.268 денари. Од електроинсталациони производи пронајдени се 691 електроинсталациони производи (светилки, конектори, приклучници и напојувања) и 3.971 метри кабел за електрични инсталации, откриени при контрола на стока од испраќач од Турција наменета за увозник од Скопје, пријавена за увозно царинење во царинската испостава Скопје 3. Непријавената стока, која не била опфатена со царинските документи, е привремено задржана а против увозникот ќе биде поведена прекршочна постапка. Царината пронашла и 16 штеки цигари, откриени при контрола на автомобил со македонски регистарски таблички, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Богородица. При извршениот преглед покрај пријавените три штеки цигари пронајдени се 12 штеки цигари PS и 4 штеки цигари WINSTON. Непријавените цигари се привремено задржани а против возачот ќе биде поведена прекршочна постапка. Од производи за кои постои сомневање дека повредуваат права од интелектуална сопственост откриени се 314 звучници и 9.000 светилки за патнички возила со ознаки на заштитени трговски марки, откриени од страна на мобилните царински тимови при контрола на стока со потекло од Кина сместена во јавен царински склад наменета за фирма увозник од Скопје. Производите се привремено задржани поради сомневање дека повредуваат права на интелектуална сопственост, и согласно законските прописи поведена е постапка за утврдување на нивната оригиналност. Вредноста на производите, доколку би се продавале како оригинални, е проценета на околу 2,2 милиони денари. Пронајдени се и 30.000 запалки, 13.000 батерии и 1.440 пакувања жилети со ознаки на заштитени трговски марки, откриени при контрола на товарно возило со македонски регистарски таблички, пријавено за влез во државата на граничниот премин Дојран. Возилото било натоварено со стока со потекло од Кина, наменета за увозник од Косово. Сомнителните производи, се вели во соопштението од Царинската управа, чија вредност доколку би се продавале како оригинални се проценува на околу 3,2 милиони денари, се привремено задржани, и согласно законските прописи започната е постапка за утврдување на нивната оригиналност.

The post Го издал беџот од Саемот за накит: Цариниците го фатиле со џебови полни злато appeared first on Република.

]]>
Приходите на Царината зголемени за 9,2 проценти, бројот на заплени за над 60 проценти споредбено со лани https://republika.mk/vesti/ekonomija/prihodite-na-tsarinata-zgolemeni-za-9-2-protsenti-brojot-na-zapleni-za-nad-60-protsenti-sporedbeno-so-lani/ Mon, 14 Oct 2024 11:37:27 +0000 https://republika.mk/?p=826571

Царинска управа во периодот од први јули заклучно со 8 октомври наплати вкупни приходи од 35,4 милијарди денари (576,4 милиони евра), што е за 3 милијарди денари (48,7 милиони евра) или 9,2 проценти повеќе од истиот период минатата година. Бројот на случаи на заплени во овој период е зголемен за 60,2 проценти, а бројот на пријави за сторени кривични дела поднесени од страна на Царинската управа е зголемен за речиси три пати. Унапредена е соработката со бизнис заедницата и меѓуинституционалната соработка, но и меѓународната соработка, се со цел подобрување на условите за водење бизнис и зголемување на конкурентноста на македонската економија. Ова го истакна директорот Бобан Николовски, на настан на кој пред бизнис заедницата и висок државен врв беа презентирани резултатите од 100 дена од работата на Царинската управа. На настанот свое обраќање имаше и министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска.

Директорот Николовски истакна дека учеството на вкупно наплатените приходи од страна на Царинска управа во вкупните приходите од Буџетот на државата е 41%, а доколку се издвои учеството во даночните приходи – уделот на Царинската управа е 73%.

Николовски воедно го поздрави успехот од работата на царинските службеници на ниво на Царинарниците, при што бројот на записници за непријавена стока споредено со лани е зголемен за 80 проценти. Ги издвои записниците за стока со сомневање дека повредува права на интелектуална сопственост кои се зголемени за 72 проценти во однос на истиот период минатата година. Притоа изречени се вкупно 1.213 мандатни казни што е за 186 проценти повеќе од истиот период минатата година.

Во делот на заложбите за унапредување на партнерските односи со бизнис заедницата преку подобрување на работата на Царинската управа, Николовски потенцира дека во изминатиот период е спроведен Анкетен лист во кој учествуваа сите стопански комори, здруженија и асоцијации. Мислењата и предлозите ќе бидат основа за унапредување на царинската политика.

Притоа како главни идентификувани потреби на деловната заедница се понатамошна примена на поедноставените постапки и поедноставување на постапката за добивање на одобренија; понатамошна дигитализација и обуки за новините во царинското работење; соодветни приоритетни ленти на граничните премини и eдукација за подобрување на интегритетот и професионалноста на царинските службеници.

 

„Нашите идни планови опфаќаат усвојување на нова Стратегија за интегритет со конкретни мерки за менување на свеста и перцепцијата за царинските службеници, одговорност, професионалност и отчетност; надградување на системот за обуки за сите нивоа; интензивирање на активностите на започнатите проекти и нивно навремено завршување; успешен почеток и имплементација на новите планирани проекти – за целосна дигитализација на процесите и надградба на инфраструктурните капацитети; целосно усогласување со законодавството на ЕУ, пред се на Царинскиот закон и Уредбата за спроведување; но и придонес за усогласување на сите други закони и акти по кои постапува Царинската управа како и градење на стабилна меѓународна соработка“, истакна Николовски.

Министерката, Гордана Димитриеска-Кочоска, истакна дека резултатите покажуваат колку успешно работела Царината во изминатиот период.

„Приходите од увозните давачки во јули бележат раст од 23,7%, во август 8,9% и во септември 24,5%, додека на акцизите во јули раст од 16,6%, август 11,9% и септември 25,9%. Ова јасно кажува дека Царинската управа не се штеди, работи согласно закон и дека кога сакаме можеме. Тоа значи дека нема повеќе увози коишто ќе бидат нелегални или увози кои ќе подразбираат процена на пониска вредност. Царината е првата контрола на увозот на стока во државата и од Вас понатаму зависи се. Приоритет е почитување на законите и да кажеме стоп на корупцијата и криминалот“, рече министерката Димитриеска Кочоска.

На настанот помошник директорот на Секторот за контрола и истраги Влатко Лакордов ги презентираше оперативните резултати во делот на борбата со криминалот. Помошник директорот посебно се осврна на новиот интегриран систем за видео надзор и системот за автоматско препознавање на регистарски таблички.

Воедно помошникот директор за меѓународна соработка и ЕУ интеграции Слаѓана Дамјаноска ги презентираше проектите чија цел е подобрување и модернизација на инфраструктурните капацитети. Александар Проданов шеф на службата во ИКТ ги презентираше проектите коишто имаат за цел понатамошна дигитализација на постапките.

The post Приходите на Царината зголемени за 9,2 проценти, бројот на заплени за над 60 проценти споредбено со лани appeared first on Република.

]]>

Царинска управа во периодот од први јули заклучно со 8 октомври наплати вкупни приходи од 35,4 милијарди денари (576,4 милиони евра), што е за 3 милијарди денари (48,7 милиони евра) или 9,2 проценти повеќе од истиот период минатата година. Бројот на случаи на заплени во овој период е зголемен за 60,2 проценти, а бројот на пријави за сторени кривични дела поднесени од страна на Царинската управа е зголемен за речиси три пати. Унапредена е соработката со бизнис заедницата и меѓуинституционалната соработка, но и меѓународната соработка, се со цел подобрување на условите за водење бизнис и зголемување на конкурентноста на македонската економија. Ова го истакна директорот Бобан Николовски, на настан на кој пред бизнис заедницата и висок државен врв беа презентирани резултатите од 100 дена од работата на Царинската управа. На настанот свое обраќање имаше и министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска. Директорот Николовски истакна дека учеството на вкупно наплатените приходи од страна на Царинска управа во вкупните приходите од Буџетот на државата е 41%, а доколку се издвои учеството во даночните приходи – уделот на Царинската управа е 73%. Николовски воедно го поздрави успехот од работата на царинските службеници на ниво на Царинарниците, при што бројот на записници за непријавена стока споредено со лани е зголемен за 80 проценти. Ги издвои записниците за стока со сомневање дека повредува права на интелектуална сопственост кои се зголемени за 72 проценти во однос на истиот период минатата година. Притоа изречени се вкупно 1.213 мандатни казни што е за 186 проценти повеќе од истиот период минатата година. Во делот на заложбите за унапредување на партнерските односи со бизнис заедницата преку подобрување на работата на Царинската управа, Николовски потенцира дека во изминатиот период е спроведен Анкетен лист во кој учествуваа сите стопански комори, здруженија и асоцијации. Мислењата и предлозите ќе бидат основа за унапредување на царинската политика. Притоа како главни идентификувани потреби на деловната заедница се понатамошна примена на поедноставените постапки и поедноставување на постапката за добивање на одобренија; понатамошна дигитализација и обуки за новините во царинското работење; соодветни приоритетни ленти на граничните премини и eдукација за подобрување на интегритетот и професионалноста на царинските службеници.   „Нашите идни планови опфаќаат усвојување на нова Стратегија за интегритет со конкретни мерки за менување на свеста и перцепцијата за царинските службеници, одговорност, професионалност и отчетност; надградување на системот за обуки за сите нивоа; интензивирање на активностите на започнатите проекти и нивно навремено завршување; успешен почеток и имплементација на новите планирани проекти – за целосна дигитализација на процесите и надградба на инфраструктурните капацитети; целосно усогласување со законодавството на ЕУ, пред се на Царинскиот закон и Уредбата за спроведување; но и придонес за усогласување на сите други закони и акти по кои постапува Царинската управа како и градење на стабилна меѓународна соработка“, истакна Николовски. Министерката, Гордана Димитриеска-Кочоска, истакна дека резултатите покажуваат колку успешно работела Царината во изминатиот период. „Приходите од увозните давачки во јули бележат раст од 23,7%, во август 8,9% и во септември 24,5%, додека на акцизите во јули раст од 16,6%, август 11,9% и септември 25,9%. Ова јасно кажува дека Царинската управа не се штеди, работи согласно закон и дека кога сакаме можеме. Тоа значи дека нема повеќе увози коишто ќе бидат нелегални или увози кои ќе подразбираат процена на пониска вредност. Царината е првата контрола на увозот на стока во државата и од Вас понатаму зависи се. Приоритет е почитување на законите и да кажеме стоп на корупцијата и криминалот“, рече министерката Димитриеска Кочоска. На настанот помошник директорот на Секторот за контрола и истраги Влатко Лакордов ги презентираше оперативните резултати во делот на борбата со криминалот. Помошник директорот посебно се осврна на новиот интегриран систем за видео надзор и системот за автоматско препознавање на регистарски таблички. Воедно помошникот директор за меѓународна соработка и ЕУ интеграции Слаѓана Дамјаноска ги презентираше проектите чија цел е подобрување и модернизација на инфраструктурните капацитети. Александар Проданов шеф на службата во ИКТ ги презентираше проектите коишто имаат за цел понатамошна дигитализација на постапките.

The post Приходите на Царината зголемени за 9,2 проценти, бројот на заплени за над 60 проценти споредбено со лани appeared first on Република.

]]>
Директорот на Царинска управа од Софија: Силно сме посветени во остварување на заедничките цели во борбата со нелегалната трговија со дрога https://republika.mk/vesti/makedonija/direktorot-na-tsarinska-uprava-od-sofija-silno-sme-posveteni-vo-ostvaruvane-na-zaednichkite-tseli-vo-borbata-so-nelegalnata-trgovija-so-droga/ Thu, 10 Oct 2024 09:26:11 +0000 https://republika.mk/?p=825088

Царинските управи имаат важна водечка улога за националната безбедност, но и меѓународната безбедност. Легалните аеродроми во моментов се таргет за криминалците, при што целта им е забранетите супстанци да стигнат на таргетираните аеродроми и потоа да ја дистрибуираат на разни пазари. Наша задача е преку зголемена соработка, размена на искуства и вложување во зајакнување на институционалните капацитети да ги сузбиеме криминалните мрежи.

Притоа фокус треба да ни бидат карго пратките земајќи ги предвид количините кои подлежат на контрола, како и повеќекратните чекори во синџирот на снабдување, истакна директорот Бобан Николовски на дводневниот настан за зголемување на регионална соработка и борба со трговијата со дрога по воздушен пат во организација на Групацијата за меѓународна соработка на Советот на Европа за дроги и зависности и националната Царинска агенција на Бугарија позната како Помпиду групација. Настанот беше организиран како дел од 10тиот состанок на Организацијата за соработка на аеродроми во Југоисточна Европа во рамки на Помпиду Групацијата (AIRSEE). На настанот учествуваа високи претставници на царински управи, гранични полиции, министерства за внатрешни работи, СЕЛЕК, како високи претставници од Групацијата за меѓународна соработка на Советот на Европа за дроги и зависности.

Силно сме посветени во остварување на заедничките цели во борбата со нелегалната трговија со дрога преку зголемување на соработката, размена на знаења и искуства, заеднички обуки како и размена на разузнавачки информации во реално време, рече Николовски истакнувајќи дека Царинската управа оди чекор напред при што имплементира системи со високо интелигентни аналитички функции, а како дел од определбата и цврстата решеност за побрза интеграција кон единствениот пазар на ЕУ.

Во рамки на настанот учесниците разменија искуства во делот на утврдување на процена на ризик и користење на интелигентни системи за сузбивање на криминалот.

Oд аспект на преземените активности како дел од постојаната борба со трговијата со дрога и други забранети супстанци по воздушен пат, Николовски го истакна случајот во кој царинските службеници на царинска испостава Меѓународен Аеродром Скопје спречија меѓународен канал на нелегална трговија со анаболични стероиди за што беше добиено и признание од Светската антидопинг агенција.

Во рамки на настанот учесниците во Организацијата за соработка на аеродроми во Југоисточна Европа ја усвоија заедничката декларација со што се согласија да ја зајакнат улогата на Организацијата како регионална платформа за начин на дејствување, да се работи на развој на и усогласување на алатки и системи за подобрување на откривањето дрога на аеродромите во Југоисточна Европа, да се подобруваат оперативните капацитети преку специфични технички состаноци како и оперативните резултати поврзани со борбата против недозволена трговија со дрога преку навремена размена на информации, да се продолжи со спроведувањето на заедничките операции насочени кон недозволено снабдување со дрога и забранети супстанци, како и да се воспостават заеднички индикатори за идентификување на трендовите и ризиците на регионално ниво.

На маргините на настанот директорот оствари средби со директори и заменици директори на Царински управи од Југоисточна Европа, на коишто беше истакната потребата од зголемување на меѓусебната соработка со цел олеснување на легалната трговија и сузбивање на криминалот, но и унапредување на царинските постапки.

The post Директорот на Царинска управа од Софија: Силно сме посветени во остварување на заедничките цели во борбата со нелегалната трговија со дрога appeared first on Република.

]]>

Царинските управи имаат важна водечка улога за националната безбедност, но и меѓународната безбедност. Легалните аеродроми во моментов се таргет за криминалците, при што целта им е забранетите супстанци да стигнат на таргетираните аеродроми и потоа да ја дистрибуираат на разни пазари. Наша задача е преку зголемена соработка, размена на искуства и вложување во зајакнување на институционалните капацитети да ги сузбиеме криминалните мрежи. Притоа фокус треба да ни бидат карго пратките земајќи ги предвид количините кои подлежат на контрола, како и повеќекратните чекори во синџирот на снабдување, истакна директорот Бобан Николовски на дводневниот настан за зголемување на регионална соработка и борба со трговијата со дрога по воздушен пат во организација на Групацијата за меѓународна соработка на Советот на Европа за дроги и зависности и националната Царинска агенција на Бугарија позната како Помпиду групација. Настанот беше организиран како дел од 10тиот состанок на Организацијата за соработка на аеродроми во Југоисточна Европа во рамки на Помпиду Групацијата (AIRSEE). На настанот учествуваа високи претставници на царински управи, гранични полиции, министерства за внатрешни работи, СЕЛЕК, како високи претставници од Групацијата за меѓународна соработка на Советот на Европа за дроги и зависности. Силно сме посветени во остварување на заедничките цели во борбата со нелегалната трговија со дрога преку зголемување на соработката, размена на знаења и искуства, заеднички обуки како и размена на разузнавачки информации во реално време, рече Николовски истакнувајќи дека Царинската управа оди чекор напред при што имплементира системи со високо интелигентни аналитички функции, а како дел од определбата и цврстата решеност за побрза интеграција кон единствениот пазар на ЕУ. Во рамки на настанот учесниците разменија искуства во делот на утврдување на процена на ризик и користење на интелигентни системи за сузбивање на криминалот. Oд аспект на преземените активности како дел од постојаната борба со трговијата со дрога и други забранети супстанци по воздушен пат, Николовски го истакна случајот во кој царинските службеници на царинска испостава Меѓународен Аеродром Скопје спречија меѓународен канал на нелегална трговија со анаболични стероиди за што беше добиено и признание од Светската антидопинг агенција. Во рамки на настанот учесниците во Организацијата за соработка на аеродроми во Југоисточна Европа ја усвоија заедничката декларација со што се согласија да ја зајакнат улогата на Организацијата како регионална платформа за начин на дејствување, да се работи на развој на и усогласување на алатки и системи за подобрување на откривањето дрога на аеродромите во Југоисточна Европа, да се подобруваат оперативните капацитети преку специфични технички состаноци како и оперативните резултати поврзани со борбата против недозволена трговија со дрога преку навремена размена на информации, да се продолжи со спроведувањето на заедничките операции насочени кон недозволено снабдување со дрога и забранети супстанци, како и да се воспостават заеднички индикатори за идентификување на трендовите и ризиците на регионално ниво. На маргините на настанот директорот оствари средби со директори и заменици директори на Царински управи од Југоисточна Европа, на коишто беше истакната потребата од зголемување на меѓусебната соработка со цел олеснување на легалната трговија и сузбивање на криминалот, но и унапредување на царинските постапки.

The post Директорот на Царинска управа од Софија: Силно сме посветени во остварување на заедничките цели во борбата со нелегалната трговија со дрога appeared first on Република.

]]>
Николовски од Ќафасан: Вложуваме во модернизација на премините и зајакнување на контролите, но очекуваме и поголема ефективност на откривачките функции https://republika.mk/vesti/makedonija/nikolovski-od-kafasan-vlozhuvame-vo-modernizatsija-na-preminite-i-zajaknuvane-na-kontrolite-no-ochekuvame-i-pogolema-efektivnost-na-otkrivachkite-funktsii/ Wed, 02 Oct 2024 09:23:09 +0000 https://republika.mk/?p=821690

Вложувањето во инфраструктурата на граничните премини, зајакнувањето на надзорот преку воведување интелигентен систем за видео надзор и препознавање на регистарските таблички, како и проектот за автоматизација на терминалите што треба да се имплементира во наредниот период, очекуваме значително да придонесе во подобрување на резултатите и од аспект на прибирање приходи и од аспект на сузбивање на криминалот, истакна директорот на царина, Бобан Николовски при работната посета на граничниот премин Ќафасан.

Николовски уште еднаш пред царинските службеници потенцира дека е многу важно да се работи на менување на свеста во насока на поголема професионализација на службата, бидејќи нивното секојдневно вложување значи вложување во подобрување на условите за живот на сите граѓани.

Во моментов на Ќафасан во тек се градежни активности за реконструкција и надградба на преминот, а како дел од Проектот за олеснување на трговијата и транспортот во Западен Балкан на Светска банка

The post Николовски од Ќафасан: Вложуваме во модернизација на премините и зајакнување на контролите, но очекуваме и поголема ефективност на откривачките функции appeared first on Република.

]]>

Вложувањето во инфраструктурата на граничните премини, зајакнувањето на надзорот преку воведување интелигентен систем за видео надзор и препознавање на регистарските таблички, како и проектот за автоматизација на терминалите што треба да се имплементира во наредниот период, очекуваме значително да придонесе во подобрување на резултатите и од аспект на прибирање приходи и од аспект на сузбивање на криминалот, истакна директорот на царина, Бобан Николовски при работната посета на граничниот премин Ќафасан. Николовски уште еднаш пред царинските службеници потенцира дека е многу важно да се работи на менување на свеста во насока на поголема професионализација на службата, бидејќи нивното секојдневно вложување значи вложување во подобрување на условите за живот на сите граѓани. Во моментов на Ќафасан во тек се градежни активности за реконструкција и надградба на преминот, а како дел од Проектот за олеснување на трговијата и транспортот во Западен Балкан на Светска банка

The post Николовски од Ќафасан: Вложуваме во модернизација на премините и зајакнување на контролите, но очекуваме и поголема ефективност на откривачките функции appeared first on Република.

]]>
„Само слатки за децата“ им рекол на цариниците пред да го фатат со пет нови „ајфони“ на скопскиот аеродром https://republika.mk/vesti/crna-hronika/samo-slatki-za-detsata-im-rekol-na-tsarinitsite-pred-da-go-fatat-so-pet-novi-ajfoni-na-skopskiot-aerodrom/ Mon, 30 Sep 2024 18:32:17 +0000 https://republika.mk/?p=820987

 Во текот на минатата недела, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење, при што привремено се задржани рачни часовници, мобилни телефони, девизи, лекови, козметички производи, цигари и други работи, информираат денеска од Царинската управа.

Запленети биле пет мобилни телефони „ајфон 16“, откриени на Меѓународниот аеродром - Скопје, при контрола на патните торби на македонски државјанин, кој допатувал со лет од Истанбул. На прашање на царинските службеници, дали има нешто за пријавување за царинска контрола, патникот, кој се пријавил за влез во државата на ВИП-терминалот, одговорил дека носи само слатки за децата. Сепак, била извршена контрола на неговите патни куфери, при што, биле пронајдени мобилните телефони.

Непријавените телефони биле привремено задржани, а против патникот ќе биде поведена прекршочна постапка.

Потоа, четири рачни часовници марка „ролекс“, откриени на Меѓународниот аеродром - Скопје, при контрола на патните торби на македонска државјанка која имала намера да отпатува со лет за Милано. Откако била извршена контрола на багажот, во внатрешноста на ранецот на патничката биле пронајдени часовниците. Непријавените часовници се привремено задржани, а против патничката ќе биде поведена соодветна постапка, се наведува во соопштението на Царинската управа.

Кога станува збор за девизи, 16.250 евра биле откриени во три одвоени случаи од страна на мобилните царински тимови, кај тројца македонски државјани, пријавени за излез од државата на граничниот премин „Табановце“ - автопат.

Во првиот случај, во паричник на патник во автобус со македонски регистарски таблички, биле пронајдени 8.300 евра за кои не поседувал документ за потекло. Согласно законските прописи на патникот му биле вратени 2.000 евра, износ што резидент може слободно да го изнесе од државата, а 6.300 евра биле привремено задржани. Во вториот случај, во џеб од панталоните на возачот на автомобил со македонски регистарски таблички, биле пронајдени 7.850 евра за кои не поседувал документ за потекло. Согласно законските прописи, на патникот му биле вратени 2.000 евра, а 5.850 евра биле привремено задржани. Во третиот случај, во преден џеб од фармерките на возачот на автомобил со македонски регистарски таблички како и во преградата пред совозачкото седиште, биле пронајдени вкупно 6.100 евра за кои не поседувал документ за потекло. Согласно законските прописи на возачот му биле вратени 2.000 евра, а 4.100 евра биле привремено задржани, се појаснува во соопштението.

Во сите три случаи, против патниците ќе бидат поведени прекршочни пријави.

Кога станува збор за лекови, 20.184 таблети - XARELTO, JARDIANCE, NEXIUM, LAROXYL, DAROB, BEKONIS, PLAGUENIL, GLAVUS MET, 2.880 капсули - МUSCOFLEX, QALYUIZ, URSACTIVE, 159 инјекции - LANTUS SOLO STAR, RIF, 35 пакувања креми - FUCIDIN 2%, DERMOVATE 0.05%, FOSTER, METRIN 5%, 12 туби гел - VOLTAREN EMUL GEL %1, FENISTIL, 37 спрејови - MOMETIX AQ 0.05%, VENTOLIN, 36 ампули NOOTROPIL, 28 пакувања сирупи - CONVULEX, TEGRETOL, VENTOLIN, NOOTROPIL, ZIMAKS, AERIUS и 14 лосиони MOMECON 0.15%, биле откриени при контрола на автобус со турски регистарски таблички, што сообраќал на релација Истанбул - Призрен, пријавен за влез во државата на граничниот премин „Деве Баир“. При контрола на автобусот, во фабрична празнина под резервоарот, биле пронајдени непријавените лекови. Истите се привремено задржани, а против водичот, косовски државјанин кој се пријавил како сопственик на лековите, ќе биде поведена соодветна постапка.

 

Запленети биле и уметнички слики. Станувало збор за 16 уметнички слики, масло на платно, без потпис од авторот и без рамка, откриени при контрола на автомобил со македонски регистарски таблички, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин „Деве Баир“. На прашање на царинските службеници  дали има да пријави нешто за царина, возачот одговорил негативно. Сепак бил извршен преглед на возилото, при што во багажниот простор биле пронајдени сликите завиткани во картонска ролна. Непријавените слики биле привремено задржани, а против возачот ќе биде поднесено барање за поведување прекршочна постапка.

Запленета е и друга стока.

- Запленети се 480 парчиња мамки за риболов и 980 држачи за трски за риболов, откриени од страна на Службата со мобилен скенер, при контрола на товарно возило со македонски регистарски таблички, пријавено за влез во државата на граничниот премин „Табановце“ - автопат. Непријавените производи биле пронајдени во кутии сместени на креветот во кабината на возилото. Истите се привремено задржани, а против возачот, македонски државјнин, ќе биде поведена прекршочна постапка. Три употребувани технички производи, еден употребуван моторцикл и еден нов пневматик, откриени од страна на Службата за мобилни скенери при контрола на товарно возило за транспорт на возила со словенечки регистарски таблички, пријавено за влез во државата на граничниот премин „Табановце“ - автопат. При контрола, во внатрешноста на едно од натоварените возила биле пронајдени еден употребуван компресор за перење возила, две употребувани автоматски правосмукалки и еден употрбуван миникрос моторцикл и еден нов пневматик за моторцикл. Непријавените производи се привремено задржани, а против возачот ќе биде поведена прекршочна постапка. Потоа, 278 порцелански плочки за гравирање со разни димензии, откриени од страна на Службата за мобилни скенери при контрола на товарно возило со српски регистарски таблички управувано од српски државјанин, пријавено за влез во државата на граничниот премин „Табановце“ - автопат. При контрола на возилото, помеѓу седиштата биле пронајдени три пакети со порцелански плочки. Непријавените производи се привремено задржани, а против возачот е поведена прекршочна постапка, се додава во соопштението.

Запленети биле 203 парчиња облека - маици, хеланки, тренерки, блузи, кошули, елеци, чорапи и друго, 21 пара спортски обувки и 16 ранци, откриени при контрола на товарно возило со бугарски регистарски таблички управувано од македонски државјанин, пријавено за влез во државата на граничниот премин „Табановце“ - автопат. Непријавените производи, пронајдени над горниот кревет во кабината на камионот, биле привремено задржани, а против возачот ќе биде поведена соодветна пријава. Исто така, запленети биле и 1.941 парче козметички производи, откриени од страна на Службата за мобилни скенери при контрола на товарно возило со македонски регистарски таблички, управувано од македонски државјанин, пријавено за влез во државата на граничниот премин „Табановце“ - автопат. При контрола на возилото во 11 пакети сместени на креветот и позади совозачкото седиште, биле пронајдени 1.851 крема за лице против флеки и пеги, 30 креми за лице ANTIAGE и 30 руменила за усни DON JUAN. Непријавените производи биле привремено задржани, а против возачот ќе биде поведена прекршочна постапка.

Потоа, 12 штеки цигари без акцизни маркички, откриени при контрола на товарно возило со македонски регистарски таблички, пријавено за влез во државата на граничниот премин „Богородица“. Возилото било натоварено со хартија наменета за увозник од Радовиш. При контрола на товарот, покрај пријавената стока биле пронајдени и шест штеки цигари MARLBORO и шест штеки цигари LEDER, за кои возачот, македонски државјанин, изјавил дека ги набавил во фри-шоп. Непријавените цигари биле привремено задржани, а против возачот ќе биде поведена прекршочна постапка.

- Производи за кои постои сомневање дека повредуваат права од интелектуална сопственост: 1.183 детски собни влечки со ознаки на заштитена трговска марка, откриени  од страна на мобилните царински тимови, при контрола на стока од испраќач од Турција, наменета за фирма од Скопје, пријавена за увозно царинење во царинската испостава Скопје 3. Потоа, 1.536 детски чизми со ознака на заштитена трговска марка, откриени при контрола на товарно возило со македонски регистарски таблички, пријавено за влез во државата на граничниот премин „Богородица“. Возилото било натоварено со стока од испраќач од Грција, наменета за фирма од Косово. Во двата случаја, производите се привремено задржани поради сомневање дека повредуваат права од интелектуална сопственост и согласно законските прописи, ќе бидат поведени постапки за утврдување на нивната оригиналност, се појаснува во соопштението.

The post „Само слатки за децата“ им рекол на цариниците пред да го фатат со пет нови „ајфони“ на скопскиот аеродром appeared first on Република.

]]>

 Во текот на минатата недела, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење, при што привремено се задржани рачни часовници, мобилни телефони, девизи, лекови, козметички производи, цигари и други работи, информираат денеска од Царинската управа. Запленети биле пет мобилни телефони „ајфон 16“, откриени на Меѓународниот аеродром - Скопје, при контрола на патните торби на македонски државјанин, кој допатувал со лет од Истанбул. На прашање на царинските службеници, дали има нешто за пријавување за царинска контрола, патникот, кој се пријавил за влез во државата на ВИП-терминалот, одговорил дека носи само слатки за децата. Сепак, била извршена контрола на неговите патни куфери, при што, биле пронајдени мобилните телефони. Непријавените телефони биле привремено задржани, а против патникот ќе биде поведена прекршочна постапка.
Потоа, четири рачни часовници марка „ролекс“, откриени на Меѓународниот аеродром - Скопје, при контрола на патните торби на македонска државјанка која имала намера да отпатува со лет за Милано. Откако била извршена контрола на багажот, во внатрешноста на ранецот на патничката биле пронајдени часовниците. Непријавените часовници се привремено задржани, а против патничката ќе биде поведена соодветна постапка, се наведува во соопштението на Царинската управа.
Кога станува збор за девизи, 16.250 евра биле откриени во три одвоени случаи од страна на мобилните царински тимови, кај тројца македонски државјани, пријавени за излез од државата на граничниот премин „Табановце“ - автопат.
Во првиот случај, во паричник на патник во автобус со македонски регистарски таблички, биле пронајдени 8.300 евра за кои не поседувал документ за потекло. Согласно законските прописи на патникот му биле вратени 2.000 евра, износ што резидент може слободно да го изнесе од државата, а 6.300 евра биле привремено задржани. Во вториот случај, во џеб од панталоните на возачот на автомобил со македонски регистарски таблички, биле пронајдени 7.850 евра за кои не поседувал документ за потекло. Согласно законските прописи, на патникот му биле вратени 2.000 евра, а 5.850 евра биле привремено задржани. Во третиот случај, во преден џеб од фармерките на возачот на автомобил со македонски регистарски таблички како и во преградата пред совозачкото седиште, биле пронајдени вкупно 6.100 евра за кои не поседувал документ за потекло. Согласно законските прописи на возачот му биле вратени 2.000 евра, а 4.100 евра биле привремено задржани, се појаснува во соопштението.
Во сите три случаи, против патниците ќе бидат поведени прекршочни пријави. Кога станува збор за лекови, 20.184 таблети - XARELTO, JARDIANCE, NEXIUM, LAROXYL, DAROB, BEKONIS, PLAGUENIL, GLAVUS MET, 2.880 капсули - МUSCOFLEX, QALYUIZ, URSACTIVE, 159 инјекции - LANTUS SOLO STAR, RIF, 35 пакувања креми - FUCIDIN 2%, DERMOVATE 0.05%, FOSTER, METRIN 5%, 12 туби гел - VOLTAREN EMUL GEL %1, FENISTIL, 37 спрејови - MOMETIX AQ 0.05%, VENTOLIN, 36 ампули NOOTROPIL, 28 пакувања сирупи - CONVULEX, TEGRETOL, VENTOLIN, NOOTROPIL, ZIMAKS, AERIUS и 14 лосиони MOMECON 0.15%, биле откриени при контрола на автобус со турски регистарски таблички, што сообраќал на релација Истанбул - Призрен, пријавен за влез во државата на граничниот премин „Деве Баир“. При контрола на автобусот, во фабрична празнина под резервоарот, биле пронајдени непријавените лекови. Истите се привремено задржани, а против водичот, косовски државјанин кој се пријавил како сопственик на лековите, ќе биде поведена соодветна постапка.   Запленети биле и уметнички слики. Станувало збор за 16 уметнички слики, масло на платно, без потпис од авторот и без рамка, откриени при контрола на автомобил со македонски регистарски таблички, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин „Деве Баир“. На прашање на царинските службеници  дали има да пријави нешто за царина, возачот одговорил негативно. Сепак бил извршен преглед на возилото, при што во багажниот простор биле пронајдени сликите завиткани во картонска ролна. Непријавените слики биле привремено задржани, а против возачот ќе биде поднесено барање за поведување прекршочна постапка. Запленета е и друга стока. - Запленети се 480 парчиња мамки за риболов и 980 држачи за трски за риболов, откриени од страна на Службата со мобилен скенер, при контрола на товарно возило со македонски регистарски таблички, пријавено за влез во државата на граничниот премин „Табановце“ - автопат. Непријавените производи биле пронајдени во кутии сместени на креветот во кабината на возилото. Истите се привремено задржани, а против возачот, македонски државјнин, ќе биде поведена прекршочна постапка. Три употребувани технички производи, еден употребуван моторцикл и еден нов пневматик, откриени од страна на Службата за мобилни скенери при контрола на товарно возило за транспорт на возила со словенечки регистарски таблички, пријавено за влез во државата на граничниот премин „Табановце“ - автопат. При контрола, во внатрешноста на едно од натоварените возила биле пронајдени еден употребуван компресор за перење возила, две употребувани автоматски правосмукалки и еден употрбуван миникрос моторцикл и еден нов пневматик за моторцикл. Непријавените производи се привремено задржани, а против возачот ќе биде поведена прекршочна постапка. Потоа, 278 порцелански плочки за гравирање со разни димензии, откриени од страна на Службата за мобилни скенери при контрола на товарно возило со српски регистарски таблички управувано од српски државјанин, пријавено за влез во државата на граничниот премин „Табановце“ - автопат. При контрола на возилото, помеѓу седиштата биле пронајдени три пакети со порцелански плочки. Непријавените производи се привремено задржани, а против возачот е поведена прекршочна постапка, се додава во соопштението. Запленети биле 203 парчиња облека - маици, хеланки, тренерки, блузи, кошули, елеци, чорапи и друго, 21 пара спортски обувки и 16 ранци, откриени при контрола на товарно возило со бугарски регистарски таблички управувано од македонски државјанин, пријавено за влез во државата на граничниот премин „Табановце“ - автопат. Непријавените производи, пронајдени над горниот кревет во кабината на камионот, биле привремено задржани, а против возачот ќе биде поведена соодветна пријава. Исто така, запленети биле и 1.941 парче козметички производи, откриени од страна на Службата за мобилни скенери при контрола на товарно возило со македонски регистарски таблички, управувано од македонски државјанин, пријавено за влез во државата на граничниот премин „Табановце“ - автопат. При контрола на возилото во 11 пакети сместени на креветот и позади совозачкото седиште, биле пронајдени 1.851 крема за лице против флеки и пеги, 30 креми за лице ANTIAGE и 30 руменила за усни DON JUAN. Непријавените производи биле привремено задржани, а против возачот ќе биде поведена прекршочна постапка. Потоа, 12 штеки цигари без акцизни маркички, откриени при контрола на товарно возило со македонски регистарски таблички, пријавено за влез во државата на граничниот премин „Богородица“. Возилото било натоварено со хартија наменета за увозник од Радовиш. При контрола на товарот, покрај пријавената стока биле пронајдени и шест штеки цигари MARLBORO и шест штеки цигари LEDER, за кои возачот, македонски државјанин, изјавил дека ги набавил во фри-шоп. Непријавените цигари биле привремено задржани, а против возачот ќе биде поведена прекршочна постапка. - Производи за кои постои сомневање дека повредуваат права од интелектуална сопственост: 1.183 детски собни влечки со ознаки на заштитена трговска марка, откриени  од страна на мобилните царински тимови, при контрола на стока од испраќач од Турција, наменета за фирма од Скопје, пријавена за увозно царинење во царинската испостава Скопје 3. Потоа, 1.536 детски чизми со ознака на заштитена трговска марка, откриени при контрола на товарно возило со македонски регистарски таблички, пријавено за влез во државата на граничниот премин „Богородица“. Возилото било натоварено со стока од испраќач од Грција, наменета за фирма од Косово. Во двата случаја, производите се привремено задржани поради сомневање дека повредуваат права од интелектуална сопственост и согласно законските прописи, ќе бидат поведени постапки за утврдување на нивната оригиналност, се појаснува во соопштението.

The post „Само слатки за децата“ им рекол на цариниците пред да го фатат со пет нови „ајфони“ на скопскиот аеродром appeared first on Република.

]]>
Царината заплени рачни часовници, мобилни телефони, девизи, лекови https://republika.mk/vesti/crna-hronika/tsarinata-zapleni-rachni-chasovnitsi-mobilni-telefoni-devizi-lekovi/ Mon, 30 Sep 2024 11:20:10 +0000 https://republika.mk/?p=821014

Во текот на минатата недела, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење, при што привремено се задржани рачни часовници, мобилни телефони, девизи, лекови, козметички производи, цигари и друго.

Како што соопштуваат од Царинската управа, пет мобилни телефони I phone 16, откриени на Меѓународниот аеродром Скопје, при контрола на патните торби на македонски државјанин кој допатувал со лет од Истанбул.

Четири рачни часовници марка ROLEX, се откриени на Меѓународниот аеродром Скопје, при контрола на патните торби на македонска државјанка која имала намера да отпатува со лет за Милано.

Царината отрки и 16.250 евра, во три одвоени случаи од страна на мобилните царински тимови, кај тројца македонски државјани пријавени за излез од државата на граничниот премин Табановце автопат.

Царината заплени и 20.184 таблети, 2.880 капсули, 35 пакувања креми, 12 туби гел, 37 спрејови, 36 ампули, 28 пакувања сирупи и 14 лосиони откриени при контрола на автобус со турски регистарски таблички, кој сообраќал на релација Истанбул – Призрен, пријавен за влез во државата на граничниот премин Деве Баир.

The post Царината заплени рачни часовници, мобилни телефони, девизи, лекови appeared first on Република.

]]>

Во текот на минатата недела, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење, при што привремено се задржани рачни часовници, мобилни телефони, девизи, лекови, козметички производи, цигари и друго. Како што соопштуваат од Царинската управа, пет мобилни телефони I phone 16, откриени на Меѓународниот аеродром Скопје, при контрола на патните торби на македонски државјанин кој допатувал со лет од Истанбул. Четири рачни часовници марка ROLEX, се откриени на Меѓународниот аеродром Скопје, при контрола на патните торби на македонска државјанка која имала намера да отпатува со лет за Милано. Царината отрки и 16.250 евра, во три одвоени случаи од страна на мобилните царински тимови, кај тројца македонски државјани пријавени за излез од државата на граничниот премин Табановце автопат. Царината заплени и 20.184 таблети, 2.880 капсули, 35 пакувања креми, 12 туби гел, 37 спрејови, 36 ампули, 28 пакувања сирупи и 14 лосиони откриени при контрола на автобус со турски регистарски таблички, кој сообраќал на релација Истанбул – Призрен, пријавен за влез во државата на граничниот премин Деве Баир.

The post Царината заплени рачни часовници, мобилни телефони, девизи, лекови appeared first on Република.

]]>
Николовски: Спроведуваме проекти што ќе ја олеснат работатата на превозниците https://republika.mk/vesti/ekonomija/nikolovski-sproveduvame-proekti-shto-ke-ja-olesnat-rabotatata-na-prevoznitsite/ Thu, 26 Sep 2024 13:16:53 +0000 https://republika.mk/?p=819906

Директорот на Царинската управа Бобан Николовски, денес присуствуваше на традиционална средба со превозниците во организација на Асоцијацијата Макам-Транс.

Во своето обраќање пред присутните, Николовски ја поздрави добрата соработка со Макам – Транс и со останатите Стопански комори и асоцијации, што неодамна беше потврдена на состанокот за реактивирање на Советодавното тело во Царинската управа. Исто така, информираше за неколку тековни проекти што значително ќе ја олеснат работатата на превозниците.

Воведувањето на Системот за видео надзор и препознавање на таблички, автоматски ќе алармира кога одредена лента на граничен премин е преоптоварена и ќе овозможи брза реакција и намалување на времето за чекање на граница. Во тек е воведување на телесни камери за царинските службеници, со цел дополнително следење на завршување на постапките и контролите, а со тоа намалување на корупцијата. Интензивно се работи на започнување на проект за Автоматизација на терминалите, којшто вклучува целосна замена на постоечките ваги и рампи со нови дигитални ваги и автоматизирани рампи, а во тек се реконструкции на повеќе гранични премини. Усогласени се смените со Агенција за храна и ветеринарство, што за превозниците значи значително забрзување на протокот на стоки на клучните гранични премини - истакна тој.

Од август оваа година воспоствен е директен линк на модулот на Макам-Транс за пријавување мито, корупција и мигранти со Царинскиот дежурен оперативен центар, што овозмува да се реагира во реално време и да се спречат коруптивни појави и недозволени дејства.

Директорот Николовски истакна дека очекува соработката со економските оператори да се одвива во континуитет, со посветеност и разбирање на сите нивоа од страна на Царинска управа и од страна на стопанството.

На настанот свое обраќање имаа и генералниот секретар на Макам – Транс Биљана Муратовска, заменик министер за транспорт и врски Калтрина Зеколи Шаќири и директорката на Консалтинг за стратешки развој Кристина Хаџи Василева.

The post Николовски: Спроведуваме проекти што ќе ја олеснат работатата на превозниците appeared first on Република.

]]>

Директорот на Царинската управа Бобан Николовски, денес присуствуваше на традиционална средба со превозниците во организација на Асоцијацијата Макам-Транс. Во своето обраќање пред присутните, Николовски ја поздрави добрата соработка со Макам – Транс и со останатите Стопански комори и асоцијации, што неодамна беше потврдена на состанокот за реактивирање на Советодавното тело во Царинската управа. Исто така, информираше за неколку тековни проекти што значително ќе ја олеснат работатата на превозниците.
Воведувањето на Системот за видео надзор и препознавање на таблички, автоматски ќе алармира кога одредена лента на граничен премин е преоптоварена и ќе овозможи брза реакција и намалување на времето за чекање на граница. Во тек е воведување на телесни камери за царинските службеници, со цел дополнително следење на завршување на постапките и контролите, а со тоа намалување на корупцијата. Интензивно се работи на започнување на проект за Автоматизација на терминалите, којшто вклучува целосна замена на постоечките ваги и рампи со нови дигитални ваги и автоматизирани рампи, а во тек се реконструкции на повеќе гранични премини. Усогласени се смените со Агенција за храна и ветеринарство, што за превозниците значи значително забрзување на протокот на стоки на клучните гранични премини - истакна тој.
Од август оваа година воспоствен е директен линк на модулот на Макам-Транс за пријавување мито, корупција и мигранти со Царинскиот дежурен оперативен центар, што овозмува да се реагира во реално време и да се спречат коруптивни појави и недозволени дејства. Директорот Николовски истакна дека очекува соработката со економските оператори да се одвива во континуитет, со посветеност и разбирање на сите нивоа од страна на Царинска управа и од страна на стопанството. На настанот свое обраќање имаа и генералниот секретар на Макам – Транс Биљана Муратовска, заменик министер за транспорт и врски Калтрина Зеколи Шаќири и директорката на Консалтинг за стратешки развој Кристина Хаџи Василева.

The post Николовски: Спроведуваме проекти што ќе ја олеснат работатата на превозниците appeared first on Република.

]]>
Очила Долче и Габана и Луј Витон, чанти, парфеми заплени Царина https://republika.mk/zivot/servisi/ochila-dolche-i-gabana-i-luj-viton-chanti-parferi-zapleni-tsarina/ Mon, 23 Sep 2024 15:22:09 +0000 https://republika.mk/?p=819053

Во текот на минатата недела Царината откри и спречи повеќе обиди за криумчарење, при што привремено се задржани облека, обувки, бижутерија, чанти, очила, рачни часовници, камагра, жилети, парфеми, техничка стока и друго.

Од облека, обувки и модни додатоци царината заплени:

113 пара очила и 13 рачни часовници од познати светски марки, откриени на Меѓународниот аеродром Скопје, при контрола на багажот на македонски државјанин кој допатувал со лет од Истанбул. Патникот се упатил кон зелениот канал каде поминуваат патници кои немаат што да пријават за царинска контрола, но при преглед на неговите два куфери со скенер биле пронајдени непријавените производи кои се привремено задржани, а против патникот ќе биде поведена соодветна постапка.

318 парчиња накит-бижутерија (обетки, синџирчиња, нараквици и прстени), откриени на граничниот премин Богородица, при контрола на автомобил со македонски регистарски таблички, со кој за влез во државата се пријавиле еден македонски државјанин, како возач, и еден српски државјанин како сопатник, Непријавените производи, пронајдени во преградите под предните седишта на автомобилот, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поведена прекршочна постапка.

– 197 парчиња детска облека (скафандери, јакни, бањарки, пижами и боди) откриенa на граничниот премин Табановце автопат, при контрола на комбе со македонски регистарски таблички, со кое за влез во државата се пријавил македонски државјанин. Непријавените производи се привремено задржани, а против возачот ќе биде поведена соодветна постапка.

– 124 парчиња облека (елеци, панталони, џемпери, јакни, здолништа, фустани, фармерки, кошули, блузи, маици и друго), 3 чанти и 20 парчиња накит-бижутерија, откриени од страна на царинските службеници од граничниот премин Дојран, при контрола на автомобил со македонски регистарски таблички, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата. Непријавените производи биле пронајдени во 8 кеси сместени во багажниот простор и под совозачкото седиште. Истите се привремено задржани а против возачот ќе биде поведена прекршочна постапка. Покрај тоа, поради сомневање дека дел од производите повредуваат права од интелектуална сопственост, ќе биде поведена и постапка за утврдување на нивната оригиналност.

The post Очила Долче и Габана и Луј Витон, чанти, парфеми заплени Царина appeared first on Република.

]]>

Во текот на минатата недела Царината откри и спречи повеќе обиди за криумчарење, при што привремено се задржани облека, обувки, бижутерија, чанти, очила, рачни часовници, камагра, жилети, парфеми, техничка стока и друго. Од облека, обувки и модни додатоци царината заплени:
113 пара очила и 13 рачни часовници од познати светски марки, откриени на Меѓународниот аеродром Скопје, при контрола на багажот на македонски државјанин кој допатувал со лет од Истанбул. Патникот се упатил кон зелениот канал каде поминуваат патници кои немаат што да пријават за царинска контрола, но при преглед на неговите два куфери со скенер биле пронајдени непријавените производи кои се привремено задржани, а против патникот ќе биде поведена соодветна постапка. 318 парчиња накит-бижутерија (обетки, синџирчиња, нараквици и прстени), откриени на граничниот премин Богородица, при контрола на автомобил со македонски регистарски таблички, со кој за влез во државата се пријавиле еден македонски државјанин, како возач, и еден српски државјанин како сопатник, Непријавените производи, пронајдени во преградите под предните седишта на автомобилот, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поведена прекршочна постапка. – 197 парчиња детска облека (скафандери, јакни, бањарки, пижами и боди) откриенa на граничниот премин Табановце автопат, при контрола на комбе со македонски регистарски таблички, со кое за влез во државата се пријавил македонски државјанин. Непријавените производи се привремено задржани, а против возачот ќе биде поведена соодветна постапка. – 124 парчиња облека (елеци, панталони, џемпери, јакни, здолништа, фустани, фармерки, кошули, блузи, маици и друго), 3 чанти и 20 парчиња накит-бижутерија, откриени од страна на царинските службеници од граничниот премин Дојран, при контрола на автомобил со македонски регистарски таблички, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата. Непријавените производи биле пронајдени во 8 кеси сместени во багажниот простор и под совозачкото седиште. Истите се привремено задржани а против возачот ќе биде поведена прекршочна постапка. Покрај тоа, поради сомневање дека дел од производите повредуваат права од интелектуална сопственост, ќе биде поведена и постапка за утврдување на нивната оригиналност.

The post Очила Долче и Габана и Луј Витон, чанти, парфеми заплени Царина appeared first on Република.

]]>
Канада воведува царина од 100 отсто за кинеските електрични автомобили https://republika.mk/vesti/svet/kanada-voveduva-tsarina-od-100-otsto-za-kineskite-elektrichni-avtomobili/ Tue, 27 Aug 2024 10:10:21 +0000 https://republika.mk/?p=810536

Канадската влада објави дека воведува царина од 100 отсто за увоз на електрични возила од кинеско производство, за што претходно одлучија САД.

Премиерот Џастин Трудо, исто така, најави дека Канада ќе воведе царина од 25 отсто на кинескиот увоз на челик и алуминиум.

Актерите како Кина избраа да си дадат неправедна предност на глобалниот пазар, рече Трудо на состанокот на владата во Халифакс, Нова Шкотска.

Владата на Трудо започна 30-дневни консултации за ова прашање ова лето за да се спротивстави, според вицепремиерката Кристиа Фриланд, „јасен напор на кинеските компании да го преплават глобалниот пазар со понуда“.

Потегот на Канада доаѓа неколку недели откако и САД и Европската комисија објавија зголемени царини за увоз на кинески електрични возила.

Советникот за национална безбедност на американскиот претседател Џејк Саливан ја охрабри Канада да го стори истото за време на средбата со Трудо во Халифакс.

Од електричните возила од кинеско производство, единствени кои моментално се увезуваат во Канада се оние од Tesla, кои се произведуваат во фабриката на компанијата во Шангај. Во моментов во Канада не се продаваат или увезуваат електрични возила од кинеска марка.

 

The post Канада воведува царина од 100 отсто за кинеските електрични автомобили appeared first on Република.

]]>

Канадската влада објави дека воведува царина од 100 отсто за увоз на електрични возила од кинеско производство, за што претходно одлучија САД. Премиерот Џастин Трудо, исто така, најави дека Канада ќе воведе царина од 25 отсто на кинескиот увоз на челик и алуминиум.
Актерите како Кина избраа да си дадат неправедна предност на глобалниот пазар, рече Трудо на состанокот на владата во Халифакс, Нова Шкотска.
Владата на Трудо започна 30-дневни консултации за ова прашање ова лето за да се спротивстави, според вицепремиерката Кристиа Фриланд, „јасен напор на кинеските компании да го преплават глобалниот пазар со понуда“. Потегот на Канада доаѓа неколку недели откако и САД и Европската комисија објавија зголемени царини за увоз на кинески електрични возила. Советникот за национална безбедност на американскиот претседател Џејк Саливан ја охрабри Канада да го стори истото за време на средбата со Трудо во Халифакс. Од електричните возила од кинеско производство, единствени кои моментално се увезуваат во Канада се оние од Tesla, кои се произведуваат во фабриката на компанијата во Шангај. Во моментов во Канада не се продаваат или увезуваат електрични возила од кинеска марка.  

The post Канада воведува царина од 100 отсто за кинеските електрични автомобили appeared first on Република.

]]>
Николовски – Јанев: Жестока борба и целосно сузбивање на криминалот преку заедничко делување на Царина и БЈБ https://republika.mk/vesti/makedonija/nikolovski-janev-zhestoka-borba-i-tselosno-suzbivane-na-kriminalot-preku-zaednichko-deluvane-na-tsarina-i-bjb/ Thu, 22 Aug 2024 13:11:35 +0000 https://republika.mk/?p=809116

Жестока борба и целосно сузбивање на криминалот преку унапредување на соработката со Бирото за јавна безбедност. Директорот на Царинска управа, Бобан Николовски и директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, одржаа состанок на којшто беше договорено двете страни да почнат да работат на нов Меморандум за соработка помеѓу двете институции како и Протокол за негово спроведување.

Преку јасно дефинирање на ингеренциите и подобрување на размената на информации, се очекува побрза интервенција, но и асистенција при гонење на криминалот на двете институции.

Директорот Бобан Николовски истакна дека борбата со криминалот бара менување на свеста на царинските службеници дека секој треба да придонесе во борбата со криминалот.

„Експертизата и разузнавачките информации со коишто располагаат Царината и Бирото за јавна безбедност обезбедуваат клучни елементи за откривање и разбивање на криминалните организации. Со унапредување на соработката и размената на податоци, но и побрзата интервенција и асистенција на меѓусекторско и меѓуинституционално ниво, очекуваме целосно сузбивање на криминалот“, вели Николовски.

Директорот на Бирото за јавна безбедност Јанев истакна дека Бирото е непоколебливо во решеноста да се стави ред и да се обезбеди сигурност за сите граѓани на нашата држава.

„Само преку заедничко делување, следење на трендовите во областа на техниката и технологијата и целосно подигнување на професионалноста во работењето во целост ќе застанеме на патот на организираниот прекуграничен криминал“, потенцира Јанев.

 

The post Николовски – Јанев: Жестока борба и целосно сузбивање на криминалот преку заедничко делување на Царина и БЈБ appeared first on Република.

]]>

Жестока борба и целосно сузбивање на криминалот преку унапредување на соработката со Бирото за јавна безбедност. Директорот на Царинска управа, Бобан Николовски и директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, одржаа состанок на којшто беше договорено двете страни да почнат да работат на нов Меморандум за соработка помеѓу двете институции како и Протокол за негово спроведување. Преку јасно дефинирање на ингеренциите и подобрување на размената на информации, се очекува побрза интервенција, но и асистенција при гонење на криминалот на двете институции. Директорот Бобан Николовски истакна дека борбата со криминалот бара менување на свеста на царинските службеници дека секој треба да придонесе во борбата со криминалот. „Експертизата и разузнавачките информации со коишто располагаат Царината и Бирото за јавна безбедност обезбедуваат клучни елементи за откривање и разбивање на криминалните организации. Со унапредување на соработката и размената на податоци, но и побрзата интервенција и асистенција на меѓусекторско и меѓуинституционално ниво, очекуваме целосно сузбивање на криминалот“, вели Николовски. Директорот на Бирото за јавна безбедност Јанев истакна дека Бирото е непоколебливо во решеноста да се стави ред и да се обезбеди сигурност за сите граѓани на нашата држава. „Само преку заедничко делување, следење на трендовите во областа на техниката и технологијата и целосно подигнување на професионалноста во работењето во целост ќе застанеме на патот на организираниот прекуграничен криминал“, потенцира Јанев.  

The post Николовски – Јанев: Жестока борба и целосно сузбивање на криминалот преку заедничко делување на Царина и БЈБ appeared first on Република.

]]>