Бундесбанка Archives - Република https://republika.mk/tema/bundesbanka/ За подобро да се разбереме Mon, 22 Aug 2022 12:00:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Бундесбанка Archives - Република https://republika.mk/tema/bundesbanka/ 32 32 Mногу e веројатно дека ќе има рецесија во Германија, предупредува германската Централна банка https://republika.mk/vesti/svet/mnogu-e-verojatno-deka-kje-ima-recesija-vo-germanija-predupreduva-germanskata-centralna-banka/ Mon, 22 Aug 2022 12:00:29 +0000 https://republika.mk/?p=542834

Германската Централна банка објави дека се поизвесно е оти ќе има рецесија во Германија, најголемата економија во еврозоната, а инфлацијата ќе продолжи да се забрзува и би можела да го достигне својот врв оваа есен и да стигне до над 10 отсто.

Со индустрија, која во голема мера е зависна од рускиот гас, Германија е меѓу најранливите европски земји на какво било нарушување на снабдувањето со енергија, а зголемените трошоци за гас веќе влијаат на производството и се очекува да се влошат.

Падот на економското производство во зимските месеци стана многу поверојатен. Високиот степен на неизвесност околу испораките на гас оваа зима и наглото зголемување на цените веројатно ќе им наштетат на домаќинствата и бизнисите.

 

Вкупно, стапката на инфлација би можела наесен да достигне 10 отсто. Ризикот од зголемување на инфлацијата е висок, особено во случај на целосен прекин на испораките на гас од Русија“, објави Бундесбанката. Ова го зголемува ризикот од брзо зголемување на платите, особено со оглед на рекордно ниската невработеност, која може да го продолжи периодот на висока инфлација преку спирала на раст на платите и цените - се вели во извештајот на германската Централна банка.

ЕЦБ ги зголеми каматните стапки од рекордно ниските нивоа минатиот месец за да се бори против инфлаторните притисоци, но понатамошни зголемувања се речиси сигурни бидејќи не се подобрува ситуацијата во однос на изгледите за раст на цените.

The post Mногу e веројатно дека ќе има рецесија во Германија, предупредува германската Централна банка appeared first on Република.

]]>

Германската Централна банка објави дека се поизвесно е оти ќе има рецесија во Германија, најголемата економија во еврозоната, а инфлацијата ќе продолжи да се забрзува и би можела да го достигне својот врв оваа есен и да стигне до над 10 отсто. Со индустрија, која во голема мера е зависна од рускиот гас, Германија е меѓу најранливите европски земји на какво било нарушување на снабдувањето со енергија, а зголемените трошоци за гас веќе влијаат на производството и се очекува да се влошат.
Падот на економското производство во зимските месеци стана многу поверојатен. Високиот степен на неизвесност околу испораките на гас оваа зима и наглото зголемување на цените веројатно ќе им наштетат на домаќинствата и бизнисите.   Вкупно, стапката на инфлација би можела наесен да достигне 10 отсто. Ризикот од зголемување на инфлацијата е висок, особено во случај на целосен прекин на испораките на гас од Русија“, објави Бундесбанката. Ова го зголемува ризикот од брзо зголемување на платите, особено со оглед на рекордно ниската невработеност, која може да го продолжи периодот на висока инфлација преку спирала на раст на платите и цените - се вели во извештајот на германската Централна банка.
ЕЦБ ги зголеми каматните стапки од рекордно ниските нивоа минатиот месец за да се бори против инфлаторните притисоци, но понатамошни зголемувања се речиси сигурни бидејќи не се подобрува ситуацијата во однос на изгледите за раст на цените.

The post Mногу e веројатно дека ќе има рецесија во Германија, предупредува германската Централна банка appeared first on Република.

]]>