булевар Archives - Република https://republika.mk/tema/bulevar/ За подобро да се разбереме Thu, 04 Jul 2024 12:50:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png булевар Archives - Република https://republika.mk/tema/bulevar/ 32 32 Пуштен во употреба булеварот од Гевгелија до граница, почна реконструкција на салата „Партизан“ https://republika.mk/vesti/makedonija/pushten-vo-upotreba-bulevarot-od-gevgelija-do-granitsa-pochna-rekonstruktsija-na-salata-partizan/ Thu, 04 Jul 2024 12:50:36 +0000 https://republika.mk/?p=793424

Премиерот Христијан Мицкоски заедно со министерот за локална самоуправа, Златко Перински и градоначалникот на Гевгелија, Андон Сарамандов, го предадоа во употреба новиот булевар кон Граничниот премин „Богородица“ и го означија почетокот на реконструкцијата на спортската сала „Партизан“ во Гевгелија.

Градоначалникот на Гевгелија, Андон Сарамандов, истакна дека денеска во Гевгелија е означен почетокот и крајот на две капитални инвестиции-новиот булевар и реновирањето на спортската сала.

Новиот булевар е реализиран во две фази лани и оваа година со вкупна вредност од 19 милиони денари од општинскиот буџет. Гевгеличани добиваат нова сообраќајкна врска до ГП „Богородица“, но истовремено овој патен правец е од големо значење за транзитните туристи кои минуваат тука, а ќе се привлечат и нови потенцијални инвеститори, рече Сарамандов.

Додаде дека за реконструкцијата на салата „Партизан“ се обезбедени 16 милиони и 300 илјади денари, во кои Општината учествува со 7,7 милиони денари, а Бирото за рамноменрен регионален развоиј 8,6 милиони денари.

Во изјавата за медиумите, премиерот Мицкоски истакна дека целта на Владата е да работи за граѓанитe, а во случајот да работи за гевгеличани.

После толку години истиот почнува да се реконструира и навистина и оваа капитална инвестиција ќе додаде вредност во животите на гевгеличани. Но, не само тоа очекувам во август да почне и реализацијата на оној проект за кој што цело време зборуваме, а тоа е реалоцирање на средствата од централниот буџет кон општините, со специјална намена за проекти, капитални инвестиции. За овие последни четири месеци од годината Општина Гевгелија ќе добие соодветен буџет, веќе разговаравме со градоначалникот што ќе биде приоритет и каде тие пари ќе бидат искористени. Мислам дека ќе биде едно пријатно изненадување на гевгеличани, рече премиерот.

Додаде дека и во наредната година во Гевгелија ќе има доволен број на проекти кои ќе бидат финансиранин од централниот буџет.

The post Пуштен во употреба булеварот од Гевгелија до граница, почна реконструкција на салата „Партизан“ appeared first on Република.

]]>

Премиерот Христијан Мицкоски заедно со министерот за локална самоуправа, Златко Перински и градоначалникот на Гевгелија, Андон Сарамандов, го предадоа во употреба новиот булевар кон Граничниот премин „Богородица“ и го означија почетокот на реконструкцијата на спортската сала „Партизан“ во Гевгелија. Градоначалникот на Гевгелија, Андон Сарамандов, истакна дека денеска во Гевгелија е означен почетокот и крајот на две капитални инвестиции-новиот булевар и реновирањето на спортската сала.
Новиот булевар е реализиран во две фази лани и оваа година со вкупна вредност од 19 милиони денари од општинскиот буџет. Гевгеличани добиваат нова сообраќајкна врска до ГП „Богородица“, но истовремено овој патен правец е од големо значење за транзитните туристи кои минуваат тука, а ќе се привлечат и нови потенцијални инвеститори, рече Сарамандов.
Додаде дека за реконструкцијата на салата „Партизан“ се обезбедени 16 милиони и 300 илјади денари, во кои Општината учествува со 7,7 милиони денари, а Бирото за рамноменрен регионален развоиј 8,6 милиони денари. Во изјавата за медиумите, премиерот Мицкоски истакна дека целта на Владата е да работи за граѓанитe, а во случајот да работи за гевгеличани.
После толку години истиот почнува да се реконструира и навистина и оваа капитална инвестиција ќе додаде вредност во животите на гевгеличани. Но, не само тоа очекувам во август да почне и реализацијата на оној проект за кој што цело време зборуваме, а тоа е реалоцирање на средствата од централниот буџет кон општините, со специјална намена за проекти, капитални инвестиции. За овие последни четири месеци од годината Општина Гевгелија ќе добие соодветен буџет, веќе разговаравме со градоначалникот што ќе биде приоритет и каде тие пари ќе бидат искористени. Мислам дека ќе биде едно пријатно изненадување на гевгеличани, рече премиерот.
Додаде дека и во наредната година во Гевгелија ќе има доволен број на проекти кои ќе бидат финансиранин од централниот буџет.

The post Пуштен во употреба булеварот од Гевгелија до граница, почна реконструкција на салата „Партизан“ appeared first on Република.

]]>
Муцунски: Граѓаните добиваат нов и реконструиран булевар https://republika.mk/vesti/skopje/mutsunski-graganite-dobivaat-nov-i-rekonstruiran-bulevar/ Sun, 26 Mar 2023 16:10:53 +0000 https://republika.mk/?p=623898

Наскоро треба да финализира една важна инвестиција во Аеродром која се одвива повеќе од две години. Градоначалникот Муцунски на својата фејсбук страна објави дека наскоро се очекува да заврши реализацијата на овој проект кој се реализира со сериозна поддршка и одговорност на општинските служби и потенцираше дека обврска на носителите на јавните функции е да ги исполнуваат проектите ветени пред граѓаните, но и да ги реализираат инвестиции кои се важни за граѓаните.

„Граѓаните на Аеродром и скопјани добиваат нов, модерен и реконструиран булевар „Васко Карангелевски“, проект кој се реализира со средства на градот Скопје, но со сериозна поддршка, високо ниво на одговорност и соработка на општинските служби во Аеродром. Во општина Аеродром нема чекање за одговор на барање, нема одолговлекување на предмети и постапки и нема и не смее да има опструкција на барањата кои се доставени од другите општини, вклучително и градската администрација на Градот Скопје. Ние сме различни во одговорноста и во исполнување не ветувањата кои ги даваме пред граѓаните, напиша градоначалникот Муцунски во својата објава.

Овој проект сериозно ќе го подобри сообраќајот во општината, но и ќе влијае на подигнување на безбедноста во Аеродром.

Се радувам за сите нови инвестиции во Аеродром и верувам дека крајното сообраќајно решение ќе биде добра причина граѓаните да заборават на проблемите кои произлегоа од рекордно долгата реализација на овој проект, заклучи Муцунски.

The post Муцунски: Граѓаните добиваат нов и реконструиран булевар appeared first on Република.

Арсовска: За четири месеци се решени повеќе од двојно спорни предмети за АСНОМ во споредба со претходното раководство за три години https://republika.mk/vesti/skopje/arsovska-za-chetiri-meseci-se-resheni-povekje-od-dvojno-sporni-predmeti-za-asnom-vo-sporedba-so-prethodnoto-rakovodstvo-za-tri-godini/ Fri, 25 Mar 2022 12:22:41 +0000 https://republika.mk/?p=478377

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денес на прес конференција за мостот АСНОМ сподели со јавноста кои се спорните предмети коишто треба да се решат за проектот да може во целост да се реализира, односно посочи дека несоодветното планирање на сите фази на проектот се главната причина за моменталните состојби за кои сега активно се изнаоѓаат решенија за нивно надминување.

Арсовска потенцираше дека тоа е суштината на сите проекти што останаа започнати од претходното раководство, каде е утврдено дека од самиот почеток планиранo е само делумно една фаза од проектот, или еден дел и тука е застанато. Нема еден проект што е оставен без проблеми, односно овие проекти се започнати на брзина без соодветно планирање.

Оние кои опструираат и пласираат неточни информации дека проекти се стопирани и од ова место ќе ги демантитрами ќе повторам уште еднаш како многу пати досега дека ниту еден проект што е добар за скопјани и кој е започнат во нивен интерес нема да биде прекинат.Овој проект е од исклучително значење на граѓаните од Аеродром и Гази Баба и ќе се спроведе до крај, иако тука и самите гледате дека тој што го почнал ни самиот немал однапред соодветно планирано како ќе го заврши затоа што од почеток воопшто не се испланирани соодветно сите фази - изјави градоначалничката Арсовска на денешната прес конференција.

Арсовска истакна дека најголемиот проблем во овој проект се ескпропријациите.

Од 2018 година кога е започнат проектот имало 139 парцели и 136 објекти што треба да се решат или вкупно 275 постапки за експропријација. За три години успеале да решат 31 предмет, a за 8 влегле во постапка на споре. Ние само за четири месеци решивме 82 предмети - додаде градоначалничката Арсовска.

Досега на делот на мостот од ноември до денеска спроведени се градежни активности за асфалтирање на мостот и на дел од улицата, дозатегнување на кабли за преднапрегање на мостот, поставување на осветлување и канделабри, поставување на ограда на мостот и тоа заштитна ограда и еластична ограда, се реши проблемот со регулација на речното корито, се поставија дилатации на мостот, се извршија испитувања за статички и динамички влијанија на мостот, се обложија столбовите со гранитни плочи и од страната на Керамидница се завршени земјени работи, насипување и горен строј. Сите активности поврзани со овој дел на мостот се завршуваат до 10 април годинава точно според предвидената динамика.

Во делот кај Ист Гејт од ноември месец наваму е извршено поврзување на водоводната мрежа, поврзување на крак 1 и крак 2 од атмосферската мрежа, комплетно е изработен северниот коловоз заедно со пешачката и велосипедската патека освен во делот на затекнати неразрешени имотно правни односи, изработени се сите основни елементи за новото осветлување на булеварот и со изведбата на булеварот овозможено е на кабелските оператори и ЕВН да извршат реконструкција и поставување на инсталации - истакна Арсовска.

Тендерирање на последна фаза во делот кај Ќерамидница, ќе се спроведе кон крајот на оваа година. Финалното завршување на бул. АСНОМ со сите три фази се очекува откако ќе ги решиме сите затекнати проблеми, и истиот да биде пуштен во во употреба во втората половина на следната година.

The post Арсовска: За четири месеци се решени повеќе од двојно спорни предмети за АСНОМ во споредба со претходното раководство за три години appeared first on Република.

]]>

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денес на прес конференција за мостот АСНОМ сподели со јавноста кои се спорните предмети коишто треба да се решат за проектот да може во целост да се реализира, односно посочи дека несоодветното планирање на сите фази на проектот се главната причина за моменталните состојби за кои сега активно се изнаоѓаат решенија за нивно надминување. Арсовска потенцираше дека тоа е суштината на сите проекти што останаа започнати од претходното раководство, каде е утврдено дека од самиот почеток планиранo е само делумно една фаза од проектот, или еден дел и тука е застанато. Нема еден проект што е оставен без проблеми, односно овие проекти се започнати на брзина без соодветно планирање.